јавен превоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-prevoz/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 19:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавен превоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-prevoz/ 32 32 Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-se-vrakaat-na-skopskite-ulitsi-nova-tsena-po-izvozen-kilometar-ochekuvaat-od-nova-godina/ Sat, 30 Nov 2024 19:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=843505

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.

Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.

-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.

Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници.

На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.

-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.

Координаторот на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, Мартин Стојановски, на фејсбук објави дека присуствувал на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје, координаторите на советничките групи и приватните превозници, но ја напуштил таа средба откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив вчерашната одлука е легитимна.

-Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ,Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница Советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар, стои во објавата на Мартин Стојановски

The post Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар. Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.
-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.
Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници. На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.
-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.
Координаторот на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, Мартин Стојановски, на фејсбук објави дека присуствувал на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје, координаторите на советничките групи и приватните превозници, но ја напуштил таа средба откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив вчерашната одлука е легитимна.
-Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ,Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница Советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар, стои во објавата на Мартин Стојановски

The post Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година appeared first on Република.

]]>
Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ni-avtobusite-od-eu-nema-da-go-reshat-problemot-so-javniot-prevoz-vo-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 07:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=842101

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината.

На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот  „ЕУ за чист воздух“  ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните.

null

-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.

И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот.

-МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити.

Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта.

- Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени - оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет...Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање.

За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета.

null

- Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.

Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа.

- Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска.

Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите.

Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови.

Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно.

null

Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот.

Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање.  Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

The post Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината. На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот  „ЕУ за чист воздух“  ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните. null
-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.
И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот. -МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити. Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта. - Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени - оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет...Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање. За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета. null
- Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.
Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа. - Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска. Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите. Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови. Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно. null Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот. Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање.  Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

The post Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-ochekuvam-do-slednata-letna-ili-esenska-sezona-da-ima-novi-100-do-120-elektrichni-avtobusi-za-javen-gradski-prevoz/ Sun, 24 Nov 2024 14:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=841299

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требаше веќе го направиле.

На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.
Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.
Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје. За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требаше веќе го направиле.
На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз appeared first on Република.

]]>
Владата најави можност за набавка на нови електрични автобуси за одржлив и стабилен јавен градски превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vladata-najavi-mozhnost-za-nabavka-na-novi-elektrichni-avtobusi-za-odrzhliv-i-stabilen-javen-gradski-prevoz/ Sat, 23 Nov 2024 07:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=841003

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани денеска најавија прес-конференција на која ќе го изнесат нивното мислење за состојбата со јавниот превоз во Град Скопје, кој два дена беше во колапс.

Во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски синоќа од Белград најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, туку и за општини каде што има организиран јавен градски превоз.

Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз, рече Мицкоски кој беше покровител на Македонската вечер во рамки на Саемот Винска визија на Отворен Балкан во Белград, на новинарско прашање во контекст на одлуката на Владата за интервентно доделување нафта од државните резерви за ЈСП за надминување на проблемот со јавниот градски превоз.

Од информациите со коишто располага од страна на Бирото за јавни набавки Мицкоски рече дека е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

Најпрвин сакам да кажам дека овие количини, овие 250.000 литри се веќе доставени до депоата на ЈСП Скопје. Денеска е нормализирана состојбата. И овие се позајмени количини. Затоа што во текот на вчерашниот ден менаџментот на ЈСП до Бирото за јавни набавки достави барање за реализирање на итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање и од информациите со коишто располагам од страна на Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно. Така што, ЈСП треба час поскоро да влезе во овој процес и да ги набави количините коишто се потребни за нормално функционирање на компанијата, бидејќи овие 250.000 литра ќе бидат доволни за 10 дена, две недели, три недели, но нема трајно да го реши проблемот. Од тие причини мислам дека направивме навистина еден потег којшто овозможува да не се случува тоа што се случуваше претходниот ден и да се надминат политичките разлики и да се испорача за граѓаните, рече премиерот Мицкоски.

На прашањето зошто три години точката за набавка на нови автобуси не била ставена на гласање на Совет на град Скопје, и за тврдењата на градоначалничката дека сите опции биле дадени на располагање дури и власта да ги постави условите, а таа само да го потпише договорот, Мицкоски вели дека тоа што се нудело на маса не е решение.

Тоа не е точно. Прво, ние не сме мнозинство во Град Скопје, мнозинството се таму други коалициони партнери, таму има директори на градските претпријатија коишто доаѓаат од политичката партија Левица, или блиски до политичката ДУИ, блиску до поранешен градоначалник на една скопска општина, директори кои се поставени од други моќници кои сега не се присутни во градот Скопје итн. Таму е многу, би рекол сложена ситуацијата, така што тоа не е решение. Тоа кое што се нуди на маса да се позајми треба и да се земе и да се купат 20-30 автобуси тоа не е решение. Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок. Тоа го нудиме ние, рече Мицкоски.

Проблемот со автобускиот превоз во град Скопје, со одлука на Владата, донесена на завчерашната вонредна седница, да интервенира со нафта од државните резерви за седум дена, вчера, беше времено нормализиран. Вонредна седница завчера одржа и Советот на Град Скопје, на која координаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Возниот ред се менува во зависност со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на лет

Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски, во изјава за МИА, потврди дека автобускиот сообраќај во Скопје вчера е нормализиран. Посочи дека количините на нафта не се испорачани целосно, туку се испорачуваат сукцесивноно, и дека испораката засега е доволна.

Сите линии сообраќаат, исто како и претходно, односно исто како пред да се појави проблемот со недостиг на горивото. Сите автобуси кои се во возна состојба редовно сообраќаат, рече Кушовски.

Јавен протест поради состојбата со превозот во градот, вчера, пред бараките на Град Скопје одржаа жителите на Општина Шуто Оризари, а на протест излегоа и студентите од УКИМ.

Citizens of Shuto Orizari municipality, high school and university students held a protest on Friday in front of the offices of the City of Skopje, expressing dissatisfaction from the state o

Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека граѓаните на Шуто Оризари 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Според него, расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е 40 000 граѓани две години да немаат јавен превоз. Тој побара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно да постапи по возниот ред, објавен на страната на ЈСП и од денеска да возат автобуси по улиците на Општина Шуто Оризари.

Итно да се ревидира одлуката на ЈСП и градот, во која се наложува во Шуто Оризари да возат над 90 отсто од приватни превозници. Итно да си ги подмирите долговите кон приватните превозници и да им овозможите услови да продолжат да возат во Шуто Оризари. Итно да пуштите нови автобуси да возат во Општина Шуто Оризари. Итно да се обезбедат услови за редовно собирање на смет од домаќинствата во Општина Шуто Оризари и на дивите депони. Да обезбедите одржливост на донесените одлуки и да не се доведете во ситуација пак да ви дојдеме со истите барања после еден месец, рече Дудуш.

Претседателот на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски на протестот изјави дека од спроведената анкета на над 3500 студенти, 85 отсто од студентите во последниве две недели чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65 отсто повеќе од 20 минути. Дополнително, како што рече, 95 отсто од студентите не се задоволни со услугите коишто ги нуди Градот Скопје во однос на јавниот градски превоз.

Универзитеското студентско собрание се приклучи на овој протест, поради тоа што сметаме дека од лични интереси, партиски или политички препукувања студентите и средношколците не смеат да трпат товар. Затоа, бараме да престане злопупотребата и паѓањето на благосостојбата на студентите и срендошколците во текот на колоквиумската испитна сесија, рече Николовски.

Одговорноста за колапсот со јавниот превоз меѓусебно си ја префрлаат секоја од страните која има каква било надлежност.

Одговорноста во врска со кризата што настана со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, од Град Скопје ја префрлија на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите, а од Бирото за јавни набавки соопштија дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна.

Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак посочуваат дека тие досега ги изгласале сите програми за Град Скопје, вклучително и за ЈСП, но дека надминувањето на кризата зависи од менаџирањето од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие.

Јавниот превоз во Скопје два дена, во средата и четвртокот, беше редуциран поради недостиг на нафта, односно беа пуштени околу триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаа резерви на нафта. Подебелиот крај го извлекоа граѓаните, учениците и студентите кои на минусни температури беа принудени долго да чекаат на јавниот превоз или да користат такси превоз за да стигнат во училиште, односно на своите работни места. 

The post Владата најави можност за набавка на нови електрични автобуси за одржлив и стабилен јавен градски превоз appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани денеска најавија прес-конференција на која ќе го изнесат нивното мислење за состојбата со јавниот превоз во Град Скопје, кој два дена беше во колапс. Во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски синоќа од Белград најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, туку и за општини каде што има организиран јавен градски превоз.
Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз, рече Мицкоски кој беше покровител на Македонската вечер во рамки на Саемот Винска визија на Отворен Балкан во Белград, на новинарско прашање во контекст на одлуката на Владата за интервентно доделување нафта од државните резерви за ЈСП за надминување на проблемот со јавниот градски превоз.
Од информациите со коишто располага од страна на Бирото за јавни набавки Мицкоски рече дека е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.
Најпрвин сакам да кажам дека овие количини, овие 250.000 литри се веќе доставени до депоата на ЈСП Скопје. Денеска е нормализирана состојбата. И овие се позајмени количини. Затоа што во текот на вчерашниот ден менаџментот на ЈСП до Бирото за јавни набавки достави барање за реализирање на итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање и од информациите со коишто располагам од страна на Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно. Така што, ЈСП треба час поскоро да влезе во овој процес и да ги набави количините коишто се потребни за нормално функционирање на компанијата, бидејќи овие 250.000 литра ќе бидат доволни за 10 дена, две недели, три недели, но нема трајно да го реши проблемот. Од тие причини мислам дека направивме навистина еден потег којшто овозможува да не се случува тоа што се случуваше претходниот ден и да се надминат политичките разлики и да се испорача за граѓаните, рече премиерот Мицкоски.
На прашањето зошто три години точката за набавка на нови автобуси не била ставена на гласање на Совет на град Скопје, и за тврдењата на градоначалничката дека сите опции биле дадени на располагање дури и власта да ги постави условите, а таа само да го потпише договорот, Мицкоски вели дека тоа што се нудело на маса не е решение.
Тоа не е точно. Прво, ние не сме мнозинство во Град Скопје, мнозинството се таму други коалициони партнери, таму има директори на градските претпријатија коишто доаѓаат од политичката партија Левица, или блиски до политичката ДУИ, блиску до поранешен градоначалник на една скопска општина, директори кои се поставени од други моќници кои сега не се присутни во градот Скопје итн. Таму е многу, би рекол сложена ситуацијата, така што тоа не е решение. Тоа кое што се нуди на маса да се позајми треба и да се земе и да се купат 20-30 автобуси тоа не е решение. Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок. Тоа го нудиме ние, рече Мицкоски.
Проблемот со автобускиот превоз во град Скопје, со одлука на Владата, донесена на завчерашната вонредна седница, да интервенира со нафта од државните резерви за седум дена, вчера, беше времено нормализиран. Вонредна седница завчера одржа и Советот на Град Скопје, на која координаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. Возниот ред се менува во зависност со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на лет Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски, во изјава за МИА, потврди дека автобускиот сообраќај во Скопје вчера е нормализиран. Посочи дека количините на нафта не се испорачани целосно, туку се испорачуваат сукцесивноно, и дека испораката засега е доволна.
Сите линии сообраќаат, исто како и претходно, односно исто како пред да се појави проблемот со недостиг на горивото. Сите автобуси кои се во возна состојба редовно сообраќаат, рече Кушовски.
Јавен протест поради состојбата со превозот во градот, вчера, пред бараките на Град Скопје одржаа жителите на Општина Шуто Оризари, а на протест излегоа и студентите од УКИМ. Citizens of Shuto Orizari municipality, high school and university students held a protest on Friday in front of the offices of the City of Skopje, expressing dissatisfaction from the state o Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека граѓаните на Шуто Оризари 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Според него, расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е 40 000 граѓани две години да немаат јавен превоз. Тој побара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно да постапи по возниот ред, објавен на страната на ЈСП и од денеска да возат автобуси по улиците на Општина Шуто Оризари.
Итно да се ревидира одлуката на ЈСП и градот, во која се наложува во Шуто Оризари да возат над 90 отсто од приватни превозници. Итно да си ги подмирите долговите кон приватните превозници и да им овозможите услови да продолжат да возат во Шуто Оризари. Итно да пуштите нови автобуси да возат во Општина Шуто Оризари. Итно да се обезбедат услови за редовно собирање на смет од домаќинствата во Општина Шуто Оризари и на дивите депони. Да обезбедите одржливост на донесените одлуки и да не се доведете во ситуација пак да ви дојдеме со истите барања после еден месец, рече Дудуш.
Претседателот на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски на протестот изјави дека од спроведената анкета на над 3500 студенти, 85 отсто од студентите во последниве две недели чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65 отсто повеќе од 20 минути. Дополнително, како што рече, 95 отсто од студентите не се задоволни со услугите коишто ги нуди Градот Скопје во однос на јавниот градски превоз.
Универзитеското студентско собрание се приклучи на овој протест, поради тоа што сметаме дека од лични интереси, партиски или политички препукувања студентите и средношколците не смеат да трпат товар. Затоа, бараме да престане злопупотребата и паѓањето на благосостојбата на студентите и срендошколците во текот на колоквиумската испитна сесија, рече Николовски.
Одговорноста за колапсот со јавниот превоз меѓусебно си ја префрлаат секоја од страните која има каква било надлежност. Одговорноста во врска со кризата што настана со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, од Град Скопје ја префрлија на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите, а од Бирото за јавни набавки соопштија дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак посочуваат дека тие досега ги изгласале сите програми за Град Скопје, вклучително и за ЈСП, но дека надминувањето на кризата зависи од менаџирањето од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие. Јавниот превоз во Скопје два дена, во средата и четвртокот, беше редуциран поради недостиг на нафта, односно беа пуштени околу триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаа резерви на нафта. Подебелиот крај го извлекоа граѓаните, учениците и студентите кои на минусни температури беа принудени долго да чекаат на јавниот превоз или да користат такси превоз за да стигнат во училиште, односно на своите работни места. 

The post Владата најави можност за набавка на нови електрични автобуси за одржлив и стабилен јавен градски превоз appeared first on Република.

]]>
Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/ Thu, 21 Nov 2024 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=840162

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.

Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.

Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.

The post Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.
Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.
Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.
Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.
Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров. Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.  

The post Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз appeared first on Република.

]]>
Нема јавен превоз низ цело Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 06:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=840113

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште.

Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести.

Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.

Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште. Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести. Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град. Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>
Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatni-prevoznitsi-na-dnevno-nivo-nedostigaat-od-160-do-200-avtobusi-za-da-bide-ispolnet-zimskiot-vozen-red/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=839966

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси.

Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси. Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>
Зарем се очекуваше нешто друго: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zarem-se-ochekuvashe-neshto-drugo-makedonija-megu-zemjite-so-najlosh-javen-prevoz-vo-evropa/ Tue, 15 Oct 2024 09:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=827021

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува истражувањето кое го спроведе Еуроњуз. Истражувањето покажува дека седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.

Иако во нашата земја, односно во главниот град за јавен превоз се достапни само автобуси, сепак Македонија е меѓу најлошите земји со јавен превоз во Европа. Само 47 проценти од Македонците се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија.

Како што покажува истражувањето, најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија – 91 отсто.

Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од Јужна и Источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

The post Зарем се очекуваше нешто друго: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа appeared first on Република.

]]>

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува истражувањето кое го спроведе Еуроњуз. Истражувањето покажува дека седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови. Иако во нашата земја, односно во главниот град за јавен превоз се достапни само автобуси, сепак Македонија е меѓу најлошите земји со јавен превоз во Европа. Само 47 проценти од Македонците се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија. Како што покажува истражувањето, најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија – 91 отсто. Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион. Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од Јужна и Источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

The post Зарем се очекуваше нешто друго: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа appeared first on Република.

]]>
Солзите на возачот ја отворија Пандорината кутија – колку е безбеден јавниот превоз во Скопје? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/solzite-na-vozachot-ja-otvorija-pandorinata-kutija-kolku-e-bezbeden-javniot-prevoz-vo-skopje/ Thu, 11 Jul 2024 10:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=795738

Солзите на возачот кој удри во жардиниера и рече дека расипаните автобуси никој не ги поправа го отвори прашањето колку е безбеден јавниот превоз во Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/istiot-avtobus-vozeshe-za-vodno-zamislete-tamu-da-zakocheshe-volanot/

Само вчера, при редовна контрола, полицијата открила два автобуси кои возеле, а не биле исправни.

На вонреден технички преглед упатени се два автобуси кои вршат јавен превоз на патници од кои еден сопственост на ЈСП – Скопје и еден сопственост на приватните превозници кај кои при извршената контрола констатирана е техничка неисправност, при што истите се исклучени од сообраќај, велат од МВР за „Сител“.

Од ЈСП за телевизијата велат дека секое возило на ЈСП Скопје вклучено во јавниот превоз по враќање од линија, односно по повлекување во гаража е подложно на т.н. дневна нега, која, меѓудругото подразбира и мини технички преглед, што значи, практично, исправноста на возилата се прегледува секојдневно.

За три месеца возилата на ЈСП имале дури 49 сообраќајки. Според извештајот на јавното претпријатие, за период од јануари до крајот на март годинава, 9 од незгодите се случиле по вина на возачите, а во 19 виновен бил друг учесник во сообраќајот. Интересно е тоа што во најголем дел од случаите, стои дека не е утврдена вина. Во незгодите вкупно повредени биле 10 лица.

The post Солзите на возачот ја отворија Пандорината кутија – колку е безбеден јавниот превоз во Скопје? appeared first on Република.

]]>

Солзите на возачот кој удри во жардиниера и рече дека расипаните автобуси никој не ги поправа го отвори прашањето колку е безбеден јавниот превоз во Скопје. https://republika.mk/vesti/skopje/istiot-avtobus-vozeshe-za-vodno-zamislete-tamu-da-zakocheshe-volanot/ Само вчера, при редовна контрола, полицијата открила два автобуси кои возеле, а не биле исправни.
На вонреден технички преглед упатени се два автобуси кои вршат јавен превоз на патници од кои еден сопственост на ЈСП – Скопје и еден сопственост на приватните превозници кај кои при извршената контрола констатирана е техничка неисправност, при што истите се исклучени од сообраќај, велат од МВР за „Сител“.
Од ЈСП за телевизијата велат дека секое возило на ЈСП Скопје вклучено во јавниот превоз по враќање од линија, односно по повлекување во гаража е подложно на т.н. дневна нега, која, меѓудругото подразбира и мини технички преглед, што значи, практично, исправноста на возилата се прегледува секојдневно. За три месеца возилата на ЈСП имале дури 49 сообраќајки. Според извештајот на јавното претпријатие, за период од јануари до крајот на март годинава, 9 од незгодите се случиле по вина на возачите, а во 19 виновен бил друг учесник во сообраќајот. Интересно е тоа што во најголем дел од случаите, стои дека не е утврдена вина. Во незгодите вкупно повредени биле 10 лица.

The post Солзите на возачот ја отворија Пандорината кутија – колку е безбеден јавниот превоз во Скопје? appeared first on Република.

]]>
Приватните автобуси во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот наутро https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-avtobusi-vo-skopje-do-petok-ke-vozat-samo-do-10-chasot-nautro/ Wed, 03 Jul 2024 10:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=793027

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени пари за услугата што ја даваат.

Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.

До петок ќе возиме само до 10 часот наутро, а потоа ќе решиме што ќе правиме, изјави за МИА Оливер Петрушевски.

The post Приватните автобуси во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот наутро appeared first on Република.

]]>

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени пари за услугата што ја даваат. Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.
До петок ќе возиме само до 10 часот наутро, а потоа ќе решиме што ќе правиме, изјави за МИА Оливер Петрушевски.

The post Приватните автобуси во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот наутро appeared first on Република.

]]>
Низ Тетово се возат неисправни комбиња и автобуси кои вршат јавен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/niz-tetovo-se-vozat-neispravni-kombina-i-avtobusi-koi-vrshat-javen-prevoz/ Tue, 19 Dec 2023 15:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=724610

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 декември) од 08.00 до 14.00 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани биле 1 возило со неисправни сопирачки, 1 со истечена регистрација, 5 со неизвршен вонреден технички преглед и 1 со недостиг на потребната опрема, сите на гостиварското подрачје. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, додека 2 од возилата веднаш биле исклучени од сообраќајот. Во рамките на вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-11).

The post Низ Тетово се возат неисправни комбиња и автобуси кои вршат јавен превоз appeared first on Република.

Арсовска се премисли, сепак ќе се гради БРТ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-premisli-sepak-ke-se-gradi-brt-vo-skopje/ Thu, 09 Nov 2023 12:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=699916

По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект. Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочува и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да не сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието. Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно се што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град, се вели во соопштението.

The post Арсовска се премисли, сепак ќе се гради БРТ во Скопје appeared first on Република.

Штип доби јавен превоз, граѓаните задоволни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtip-dobi-javen-prevoz-graganite-zadovolni/ Fri, 01 Sep 2023 13:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=677935

Над 1.500 граѓани до пладне се возеа со градскиот линиски превоз во Штип кој почна да функционира од утринава. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски на денешната прес-конференција истакна дека интересот од страна на граѓаните голем, а за тоа зборува и сликата на терен.

-Сите возила од утринава тргнаа на време, без никакви проблеми. Имаме огромен одзив од граѓаните. Ако денот по утрото се познава,  ова ќе биде успешен проект за сите, вели Стефановски.

Граѓаните кои денеска се превезуваа на линијата Трговски центар до населба Баби велат дека ако за такси превоз од нивната населба  до центарот на градот плаќале 100 до 120 денари  во еден правец, сега ќе се плаќа автобуска карта од 30 денари. Забележуваат дека со ова ќе имаат можност да одат до центгарот за помалку пари.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван  Јорданов апелираше јавниот превоз да се користи со цел да се намалт трошоците на граѓаните, но и да се намали гужвата во сообраќајот.

-Да ги смениме навиките на граѓаните за да придонесеме често да се користи јавниот превоз, пред се да се намали сообраќајниот метеж, намалување на трошоците на граѓаните, ова е само почеток,  вели Јорданов.

На шест линии ќе возат  седум автобуси,во приградските штипски населби и до Општина Карбинци. Но и покрај апелот и денеска автомобили имаше паркирано на автобуските постројки.  Автобуските постројки кај Трговскиот центар, ООУ „Ванчо Прке“, Домот на култура и Градскиот пазар се само дел од севкупниот број кои се узурпирани од паркирани автомобили. На дел од нив новите автобуси воопшто и не можат да застанат, па влегувањето во и излегувањето на патници од автобусите предизвикува дополнителен сообраќаен метеж.

Градоначалникот,Јорданов, посочи дека за решавање на ваквиот проблем во следниот период ќе има позачестени контроли во соработка со сообраќајната полиција

The post Штип доби јавен превоз, граѓаните задоволни appeared first on Република.

]]>

Над 1.500 граѓани до пладне се возеа со градскиот линиски превоз во Штип кој почна да функционира од утринава. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски на денешната прес-конференција истакна дека интересот од страна на граѓаните голем, а за тоа зборува и сликата на терен. -Сите возила од утринава тргнаа на време, без никакви проблеми. Имаме огромен одзив од граѓаните. Ако денот по утрото се познава,  ова ќе биде успешен проект за сите, вели Стефановски. Граѓаните кои денеска се превезуваа на линијата Трговски центар до населба Баби велат дека ако за такси превоз од нивната населба  до центарот на градот плаќале 100 до 120 денари  во еден правец, сега ќе се плаќа автобуска карта од 30 денари. Забележуваат дека со ова ќе имаат можност да одат до центгарот за помалку пари. Градоначалникот на Општина Штип, Иван  Јорданов апелираше јавниот превоз да се користи со цел да се намалт трошоците на граѓаните, но и да се намали гужвата во сообраќајот. -Да ги смениме навиките на граѓаните за да придонесеме често да се користи јавниот превоз, пред се да се намали сообраќајниот метеж, намалување на трошоците на граѓаните, ова е само почеток,  вели Јорданов. На шест линии ќе возат  седум автобуси,во приградските штипски населби и до Општина Карбинци. Но и покрај апелот и денеска автомобили имаше паркирано на автобуските постројки.  Автобуските постројки кај Трговскиот центар, ООУ „Ванчо Прке“, Домот на култура и Градскиот пазар се само дел од севкупниот број кои се узурпирани од паркирани автомобили. На дел од нив новите автобуси воопшто и не можат да застанат, па влегувањето во и излегувањето на патници од автобусите предизвикува дополнителен сообраќаен метеж. Градоначалникот,Јорданов, посочи дека за решавање на ваквиот проблем во следниот период ќе има позачестени контроли во соработка со сообраќајната полиција

The post Штип доби јавен превоз, граѓаните задоволни appeared first on Република.

]]>
Јавниот превоз утре по неделен возен ред, сите билетарници на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/javniot-prevoz-utre-po-nedelen-vozen-red-site-biletarnitsi-na-jsp-skopje-ke-bidat-zatvoreni/ Tue, 01 Aug 2023 09:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=667539

Поради државниот празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени.

Како што информира ЈСП „Скопје“, жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

The post Јавниот превоз утре по неделен возен ред, сите билетарници на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

Поради државниот празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени. Како што информира ЈСП „Скопје“, жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

The post Јавниот превоз утре по неделен возен ред, сите билетарници на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Возеле патници без дозволи за вршење превоз: Казнети три тетовски комбиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozele-patnitsi-bez-dozvoli-za-vrshene-prevoz-kazneti-tri-tetovski-kombina/ Thu, 23 Mar 2023 19:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=623017

На 22.03.2023 во рамките на акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз во Полошкиот регион, на регионалниот пат Тетово-Пирок биле запрени три комбиња „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, што ги управувале Н.Н.(58) од тетовско Боговиње, М.М.(52) од тетовско Горно Палчиште и М.С.(63) од тетовско Долно Палчиште.

Тројцата возачи не поседувале документи за вршење јавен превоз и ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.

The post Возеле патници без дозволи за вршење превоз: Казнети три тетовски комбиња appeared first on Република.

]]>

На 22.03.2023 во рамките на акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз во Полошкиот регион, на регионалниот пат Тетово-Пирок биле запрени три комбиња „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, што ги управувале Н.Н.(58) од тетовско Боговиње, М.М.(52) од тетовско Горно Палчиште и М.С.(63) од тетовско Долно Палчиште. Тројцата возачи не поседувале документи за вршење јавен превоз и ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.

The post Возеле патници без дозволи за вршење превоз: Казнети три тетовски комбиња appeared first on Република.

]]>
Јавниот превоз да биде бесплатен за сите ученици, бараат од Сојузот на средношколци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javniot-prevoz-da-bide-besplaten-za-site-uchenitsi-baraat-od-sojuzot-na-srednoshkoltsi/ Mon, 13 Mar 2023 12:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=619160

Сојузот на средношколци денеска во Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, во членот што се однесува на правото на превоз на учениците, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта.

Претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ соопшти дека се работи за околу две илјади од вкупно 71 илјада средношколци во државава и информираше за сите активности што ги презеле во остварувањето на оваа цел во изминатата година, вклучително и средби со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и вицепремиерката Славица Грковска, како и со претставници на Клубот на млади пратеници.

Тој рече дека Предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се однесува само на приватните училишта, туку со него се бара бесплатниот превоз да важи и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, како за учениците што живеат на помалку од два и пол километри од училиштето.

Исто така, со предлогот се бара јавниот превоз да биде бесплатен и на лето зашто учениците од државните стручни училишта имаат феријална пракса за време на летниот и на зимскиот распуст.

Според сегашниот закон, иако одат на пракса да работат како дел од дуалното образование, тие својот превоз го плаќаат, рече Павиќевиќ.

Измените што ги предлагаат, додаде, се ажурирани и креирани со тоа што се внесени сите конструктивни забелешки од претставници со кои имале средба, и дека со предлогот правото на бесплатен превоз ќе стане универзално за средношколците.

Овој закон предвидува крај на дискриминацијата врз основа на растојанието од домот како и на типот на училиштето – државно или приватно. Понатаму, се обезбедува превоз и за учениците кои посетуваат феријална пракса за време на распустите, а се гарантираат и правата на учениците со попреченост. Законот овозможува превозот да стане праведен за сите средношколци во нашата земја, додаде претседателот на Сојузот на средношколци.

The post Јавниот превоз да биде бесплатен за сите ученици, бараат од Сојузот на средношколци appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци денеска во Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, во членот што се однесува на правото на превоз на учениците, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта. Претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ соопшти дека се работи за околу две илјади од вкупно 71 илјада средношколци во државава и информираше за сите активности што ги презеле во остварувањето на оваа цел во изминатата година, вклучително и средби со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и вицепремиерката Славица Грковска, како и со претставници на Клубот на млади пратеници. Тој рече дека Предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се однесува само на приватните училишта, туку со него се бара бесплатниот превоз да важи и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, како за учениците што живеат на помалку од два и пол километри од училиштето. Исто така, со предлогот се бара јавниот превоз да биде бесплатен и на лето зашто учениците од државните стручни училишта имаат феријална пракса за време на летниот и на зимскиот распуст.
Според сегашниот закон, иако одат на пракса да работат како дел од дуалното образование, тие својот превоз го плаќаат, рече Павиќевиќ.
Измените што ги предлагаат, додаде, се ажурирани и креирани со тоа што се внесени сите конструктивни забелешки од претставници со кои имале средба, и дека со предлогот правото на бесплатен превоз ќе стане универзално за средношколците.
Овој закон предвидува крај на дискриминацијата врз основа на растојанието од домот како и на типот на училиштето – државно или приватно. Понатаму, се обезбедува превоз и за учениците кои посетуваат феријална пракса за време на распустите, а се гарантираат и правата на учениците со попреченост. Законот овозможува превозот да стане праведен за сите средношколци во нашата земја, додаде претседателот на Сојузот на средношколци.
 
The post Јавниот превоз да биде бесплатен за сите ученици, бараат од Сојузот на средношколци appeared first on Република.

]]>
Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-i-grad-skopje-postignaa-dogovor/ Wed, 01 Mar 2023 10:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=614573

Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра, повтрди за МИА од членот на приватните превозници Јовица Зафировски.

Тој потенцита дека повеќе детали ќе објавува на денешната прес-конференцијата закажана за во 11 часот.

Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

Јавниот градски превоз, во меѓувреме продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

The post Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра, повтрди за МИА од членот на приватните превозници Јовица Зафировски. Тој потенцита дека повеќе детали ќе објавува на денешната прес-конференцијата закажана за во 11 часот. Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право. Јавниот градски превоз, во меѓувреме продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

The post Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор appeared first on Република.

]]>
Штип ќе добие јавен градски превоз, најави градоначалникот Иван Јорданов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtip-ke-dobie-javen-gradski-prevoz-najavi-gradonachalnikot-ivan-jordanov/ Mon, 06 Feb 2023 10:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=605372

Иван Јорданов, градоначалник на Штип во своето гостување во „Утрински печат“ зборуваше за решавање на сообраќајниот метеж каде најави неколку проекти за решавање на овој проблем.

Започнавме со одредени проекти поврзани со решавањето на сообраќајниот метеж. Паркинг местата кои што се бараат исто така се наш приоритет. Започнавме со проширување на двете главни сообраќајнци во централното градско подрачје со цел да се зголеми паркинг просторот во централното градско подрачје. Исто така во следна фаза како проект е конзолите на река Отиња и катните гаражи кои што очекувам да бидат веќе започнати со градба се со цел да дојде до намалување на сообраќајниот метеж, рече Јорданов.

Градоначалникот Јорданов во текот на своето гостување се пофали и со тоа што после 20 години градот Штип ќе добие јавен градски превоз каде првично ќе бидат набавени 6 автобуси.

Во насока на ова очекувам следниот месец да се распише тендер за набавка на 6 нови автобуси и конечно да се воспостави јавен градски превоз во општина Штип. Јавното претпријатие кое што опстојува до сега и функционира доби дејност на претходната седница на советот за управување со јавниот градски превоз. Веќе сме во постапка на тендерирање на 6 нови автобуси кои што ќе се обраќаат на 6 линии во 8 периоди од денот кои што ќе ги опфаќаат најголем дел од населбите во град Штип. Примарно подалечните населби во време кога имаме зголемени такси услуги, кога имаме инфлација и кога имаме зголемена цена на нафтата сметам дека е крајно време да во Штип се воспостави овој јавен градски превоз кој ќе допринесе и до намалување на сообраќајниот метеж, додаде Јорданов.

The post Штип ќе добие јавен градски превоз, најави градоначалникот Иван Јорданов appeared first on Република.

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/drzhavata-nema-nikakvi-ingerentsii-vo-delot-na-javniot-prevoz-veli-kovachevski/ Tue, 31 Jan 2023 11:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=602950

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи за должничко-доверителни односи и оти тие меѓусебно мораат да најдат решение.

Приватните автобуски превозници вчера пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ излегоа со барање за средба со директорот за решавање на нивниот проблем со долгот, со цел да можат повторно да почнат со работа, но беа одбиени со образложение дека тој не е присутен и е на друг состанок.

Тие кажаа дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот.

The post Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје. Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи за должничко-доверителни односи и оти тие меѓусебно мораат да најдат решение. Приватните автобуски превозници вчера пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ излегоа со барање за средба со директорот за решавање на нивниот проблем со долгот, со цел да можат повторно да почнат со работа, но беа одбиени со образложение дека тој не е присутен и е на друг состанок. Тие кажаа дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот.

The post Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Еден ден траеше мерката на Град Скопје, од утре нема бесплатен јавен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/eden-den-traeshe-merkata-na-grad-skopje-od-utre-nema-besplaten-javen-prevoz/ Tue, 27 Dec 2022 18:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=590687

Од утре претставува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа попладнево од ЈСП.

Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението.

The post Еден ден траеше мерката на Град Скопје, од утре нема бесплатен јавен превоз appeared first on Република.