јавен обвинител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-obvinitel/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 21:20:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавен обвинител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-obvinitel/ 32 32 По налог на Јавен обвинител се апсат граѓани кои расчистувале црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-nalog-na-javen-obvinitel-se-apsat-gragani-koi-raschistuvale-tsrkva/ Mon, 09 Sep 2024 21:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=814763

По пријава на Јавен обвинител, доцна поладнево интервентна полиција апсела граѓани од гостиварско. Како што е објавено на социјалните мрежи, граѓаните работеле на расчистување на црква во атар на селото Галате. На видеото се гледа багер кој работи на расчистување на теренот, полиција и неколку полициски возила, меѓу кои и марица.

Или ќе не приведат сите или ниеден. Сакаат да не приведат, сме узурпирале место- коментираат насобраните граѓани.

Тие велат дека ја средуваат црквата, но полицијата добила насоки од обвинител сите да бидат приведени.

Се очекуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден

The post По налог на Јавен обвинител се апсат граѓани кои расчистувале црква appeared first on Република.

]]>

По пријава на Јавен обвинител, доцна поладнево интервентна полиција апсела граѓани од гостиварско. Како што е објавено на социјалните мрежи, граѓаните работеле на расчистување на црква во атар на селото Галате. На видеото се гледа багер кој работи на расчистување на теренот, полиција и неколку полициски возила, меѓу кои и марица.
Или ќе не приведат сите или ниеден. Сакаат да не приведат, сме узурпирале место- коментираат насобраните граѓани.
Тие велат дека ја средуваат црквата, но полицијата добила насоки од обвинител сите да бидат приведени. Се очекуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден

The post По налог на Јавен обвинител се апсат граѓани кои расчистувале црква appeared first on Република.

]]>
Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/emilija-mizo-dimkov-nominirana-za-javen-obvinitel-za-sledene-krivichni-dela-od-omraza-i-diskriminatsija/ Sat, 08 Jun 2024 08:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=785669

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.

Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.

Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.

The post Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација appeared first on Република.

]]>

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација. Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.
Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.
Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.

The post Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација appeared first on Република.

]]>
Американската амбасадорка Агелер во посета на новиот јавен обвините Љупчо Коцевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/amerikanskata-ambasadorka-ageler-vo-poseta-na-noviot-javen-obvinite-lupcho-kotsevski/ Thu, 07 Mar 2024 18:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=752394

Состојбите во Јавното обвинителство и предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси, биле теми на дискусија на денешната средба на јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Коцевски, како што соопшти ЈОРСМ, се заблагодарил за поддршката што САД ја даваат за Обвинителството, особено за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Амбасадорката Агелер истакнала дека поддршката на САД ќе продолжи на сите нивоа кон сите поединци што работат со интегритет и тие кои се посветени да ги дадат најдобрите услуги на граѓаните, додавајќи дека од воспоставувањето на стратешкото партнерство на САД со нашата земја, американската финансиска поддршка за целокупниот систем за владеење на правото изнесува околу половина милијарда долари.

Во соопштението се наведува дека амбасадорката Агелер остварила средба и со сите обвинители во републичкото обвинителство, при што се информирала за тековните активности со следење на евентуални нерегуларности поврзани со претстојниот изборен процес. д

The post Американската амбасадорка Агелер во посета на новиот јавен обвините Љупчо Коцевски appeared first on Република.

]]>

Состојбите во Јавното обвинителство и предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси, биле теми на дискусија на денешната средба на јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер. Коцевски, како што соопшти ЈОРСМ, се заблагодарил за поддршката што САД ја даваат за Обвинителството, особено за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Амбасадорката Агелер истакнала дека поддршката на САД ќе продолжи на сите нивоа кон сите поединци што работат со интегритет и тие кои се посветени да ги дадат најдобрите услуги на граѓаните, додавајќи дека од воспоставувањето на стратешкото партнерство на САД со нашата земја, американската финансиска поддршка за целокупниот систем за владеење на правото изнесува околу половина милијарда долари. Во соопштението се наведува дека амбасадорката Агелер остварила средба и со сите обвинители во републичкото обвинителство, при што се информирала за тековните активности со следење на евентуални нерегуларности поврзани со претстојниот изборен процес. д

The post Американската амбасадорка Агелер во посета на новиот јавен обвините Љупчо Коцевски appeared first on Република.

]]>
Ѝ влегле во гаража: Намерно запален автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vlegle-vo-garazha-namerno-zapalen-avtomobilot-na-obvinitelkata-marjana-ilieska/ Thu, 22 Feb 2024 14:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=747057

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија од Основното јавно обвинителство.

Од таму посочуваат дека веднаш по настанот извршен е увид на лице место, обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Според првичните сознанија на ОЈО, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Од Јавното обвинителство и од Здружението на јавни обвинители велат дека силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

The post Ѝ влегле во гаража: Намерно запален автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија од Основното јавно обвинителство. Од таму посочуваат дека веднаш по настанот извршен е увид на лице место, обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. Според првичните сознанија на ОЈО, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета. Од Јавното обвинителство и од Здружението на јавни обвинители велат дека силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

The post Ѝ влегле во гаража: Намерно запален автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска appeared first on Република.

]]>
Тошковски на средба со државниот јавен обвинител Коцевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-na-sredba-so-drzhavniot-javen-obvinitel-kotsevski/ Tue, 20 Feb 2024 16:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=746227

Државниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски, остварил средба со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се дискутирало за повеќе тековни активности, соопштија од Јавното обвинителство.

Коцевски го запознал Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на претстојните избори, како и со дадените насоки до сите јавни обвинителства за приоритетно постапување во сите предмети поврзани со нарушување на изборниот процес. Притоа, стои во соопштението, била нагласена потребата од тесна координација и соработка со Министерството за внатрешни работи и со Оперативниот штаб во МВР за следење на текот на изборите.

Министерот за внатрешни работи го извести Јавниот обвинител за проблемот со издавањето на личните документи и за напорите за негово надминување. Тошковски најави дека ќе направи внатрешна анализа на постапките и чекорите во рамките на МВР и ќе ја достави до обвинителството заедно со целокупната документација поврзана со активностите кои довеле до неможност за навремена замена на личните документи на граѓаните. Коцевски нагласи дека обвинителството ги следи состојбите, ги проверува наводите во поднесените кривични пријави и доколку бидат утврдени обележја на кривично дело ќе постапи согласно своите законски надлежности, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Тошковски на средба со државниот јавен обвинител Коцевски appeared first on Република.

]]>

Државниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски, остварил средба со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се дискутирало за повеќе тековни активности, соопштија од Јавното обвинителство. Коцевски го запознал Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на претстојните избори, како и со дадените насоки до сите јавни обвинителства за приоритетно постапување во сите предмети поврзани со нарушување на изборниот процес. Притоа, стои во соопштението, била нагласена потребата од тесна координација и соработка со Министерството за внатрешни работи и со Оперативниот штаб во МВР за следење на текот на изборите.
Министерот за внатрешни работи го извести Јавниот обвинител за проблемот со издавањето на личните документи и за напорите за негово надминување. Тошковски најави дека ќе направи внатрешна анализа на постапките и чекорите во рамките на МВР и ќе ја достави до обвинителството заедно со целокупната документација поврзана со активностите кои довеле до неможност за навремена замена на личните документи на граѓаните. Коцевски нагласи дека обвинителството ги следи состојбите, ги проверува наводите во поднесените кривични пријави и доколку бидат утврдени обележја на кривично дело ќе постапи согласно своите законски надлежности, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Тошковски на средба со државниот јавен обвинител Коцевски appeared first on Република.

]]>
Не се избра државен јавен обвинител, не се знае кога пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-izbra-drzhaven-javen-obvinitel-ne-se-znae-koga-pratenitsite-ke-ja-prodolzhat-raspravata-vo-sobranieto/ Thu, 08 Feb 2024 18:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=741974

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 140-тата седница расправаше по Предлогот за именување на јавен обвинител на Република Македонија. За продолжението на седницата пратениците дополнително ќе бидат известени.

Во текот на расправата за збор се јавуваа само пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија за бројни злоупотреби во Јавното обвинителство од претходниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој, како што рекоа, застапувал само партиски интереси и значајно придонел за урнисувањето на довербата во судството.

Според нив, на власта и се брза пред изборите да ја пополнат и оваа висока јавна позиција со партиски кандидат. Како што посочија, за функцијата се јавиле тројца кандидати од кои само еден – Љупчо Коцевски го поминал филтерот на партијата на власт. Тој сега е единствен кандидат за избор на оваа висока позиција иако е сосема непознат за јавноста и не се знае ништо за неговата стручност за функцијата што треба да ја извршува во наредните шест години. Покрај тоа, додадоа, е веќе и пред пензија, а и експертската јавност даде препорака дека не ги исполнува критериумите за позицијата државен јавен обвинител.

Ниту еден од пратениците од владејачкото мнозинство не се јави за збор или за реплика.

 

The post Не се избра државен јавен обвинител, не се знае кога пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 140-тата седница расправаше по Предлогот за именување на јавен обвинител на Република Македонија. За продолжението на седницата пратениците дополнително ќе бидат известени. Во текот на расправата за збор се јавуваа само пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија за бројни злоупотреби во Јавното обвинителство од претходниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој, како што рекоа, застапувал само партиски интереси и значајно придонел за урнисувањето на довербата во судството. Според нив, на власта и се брза пред изборите да ја пополнат и оваа висока јавна позиција со партиски кандидат. Како што посочија, за функцијата се јавиле тројца кандидати од кои само еден – Љупчо Коцевски го поминал филтерот на партијата на власт. Тој сега е единствен кандидат за избор на оваа висока позиција иако е сосема непознат за јавноста и не се знае ништо за неговата стручност за функцијата што треба да ја извршува во наредните шест години. Покрај тоа, додадоа, е веќе и пред пензија, а и експертската јавност даде препорака дека не ги исполнува критериумите за позицијата државен јавен обвинител. Ниту еден од пратениците од владејачкото мнозинство не се јави за збор или за реплика.  

The post Не се избра државен јавен обвинител, не се знае кога пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се избере в.д. републички јавен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-se-izbere-v-d-republichki-javen-obvinitel/ Fri, 22 Dec 2023 07:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=725522

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи деведесет и третата седница, на чиј дневен ред е донесување одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Мандатот на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува на 25 декември, а постапката за избор на негов наследник е во тек, а вршителот на должност кој ќе се избере од редот на републичките обвинители, ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител.

На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.

Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.

Владата, на седница на 19 декември донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Македонија.

Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.

Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

The post Денеска ќе се избере в.д. републички јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи деведесет и третата седница, на чиј дневен ред е донесување одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Македонија. Мандатот на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува на 25 декември, а постапката за избор на негов наследник е во тек, а вршителот на должност кој ќе се избере од редот на републичките обвинители, ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител. На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ. Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител. Владата, на седница на 19 декември донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење. Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието. Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

The post Денеска ќе се избере в.д. републички јавен обвинител appeared first on Република.

]]>
Утре се бира наследник на Јовески, има тројца кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-se-bira-naslednik-na-joveski-ima-trojtsa-kandidati/ Thu, 21 Dec 2023 10:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=725210

Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот.

Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за кого постапката е во тек. На огласот пријавени се тројца кандидати – Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски.

Инаку, на денешната седница на Советот на јавни обвинители обвинителката од ОЈО ГОКК Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Покрај Стефанова, избран е и Наум Пановски од скопското Вишо обвинителство.

Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а во моментот единствен активен предмет кој го води е „Титаник“.

The post Утре се бира наследник на Јовески, има тројца кандидати appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот. Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за кого постапката е во тек. На огласот пријавени се тројца кандидати – Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски. Инаку, на денешната седница на Советот на јавни обвинители обвинителката од ОЈО ГОКК Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Покрај Стефанова, избран е и Наум Пановски од скопското Вишо обвинителство. Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а во моментот единствен активен предмет кој го води е „Титаник“.

The post Утре се бира наследник на Јовески, има тројца кандидати appeared first on Република.

]]>
АА: Обвинувањата на опозицијата дека го штитиме јавниот обвинител се комичен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-obvinuvanata-na-opozitsijata-deka-go-shtitime-javniot-obvinitel-se-komichen-teatar/ Wed, 04 Oct 2023 16:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=687942

Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити Јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува комичен театар, поднесувајќи интерпелација за главен обвинител на кој сега му истекува мандатот, додека министерот за правда Кренар Лога испратил информација до Владата, со која и официјално го започна процесот за избор на новиот главен обвинител, реагираат од Алијанса за Албанците.

Од партијата ја пренесуваат постапката и роковите за избор на Јавен обвинител според законските одредби кои мора да се почитуваат:

„Постапката за именување на Јавниот обвинител на Република Македонија е уредена во член 64 од Законот за јавното обвинителство. Во член 63 ставот 1 од наведениот закон е пропишано дека Јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Постапката за именување на Јавен обвинител на Република Македонија започнува со огласувањето на именувањето. Имено, во членот 64 во ставот 1 е пропишано дека Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија го огласува именувањето на Jавниот обвинител на Република Македонија во „Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнувањето на местото. Јавниот обвинител на Република Македонија е должен да ја извести Владата на Република Македонија за истекот на мандатот најдоцна во рок од три месеци пред истекот на истиот.

Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Во ставот 3 е пропишано дека Советот на јавни обвинители на Република Македонија, на барање на Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата на Република Македонија доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон.

Ставот 4 уредува дека Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставува предлог за именување на Jавен обвинител на Република Македонија од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители на Република Македонија дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за Jавен обвинител на Република Македонија, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Доколку Советот на јавни обвинители став 5 од оправдани причини во рокот од ставот (3) на овој член не достави мислење до Владата на Република Македонија, рокот од ставот (3) на овој член се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители на Република Македонија не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Исто така, ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на Jавен обвинител на Република Македонија и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот од ставот (1) на овој член.

Согласно наведеното, а врз основа на член 64 од Закон за јавното обвинителство, потребно е по добивањето на известувањето од Јавниот обвинител на Република Македонија за истекот на неговиот мандат, Владата на Република Македонија до Собранието да достави предлог за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија“, информираат од Алијанса за Албанците.

The post АА: Обвинувањата на опозицијата дека го штитиме јавниот обвинител се комичен театар appeared first on Република.

]]>

Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити Јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува комичен театар, поднесувајќи интерпелација за главен обвинител на кој сега му истекува мандатот, додека министерот за правда Кренар Лога испратил информација до Владата, со која и официјално го започна процесот за избор на новиот главен обвинител, реагираат од Алијанса за Албанците. Од партијата ја пренесуваат постапката и роковите за избор на Јавен обвинител според законските одредби кои мора да се почитуваат: „Постапката за именување на Јавниот обвинител на Република Македонија е уредена во член 64 од Законот за јавното обвинителство. Во член 63 ставот 1 од наведениот закон е пропишано дека Јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување. Постапката за именување на Јавен обвинител на Република Македонија започнува со огласувањето на именувањето. Имено, во членот 64 во ставот 1 е пропишано дека Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија го огласува именувањето на Jавниот обвинител на Република Македонија во „Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнувањето на местото. Јавниот обвинител на Република Македонија е должен да ја извести Владата на Република Македонија за истекот на мандатот најдоцна во рок од три месеци пред истекот на истиот. Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Во ставот 3 е пропишано дека Советот на јавни обвинители на Република Македонија, на барање на Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата на Република Македонија доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Ставот 4 уредува дека Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставува предлог за именување на Jавен обвинител на Република Македонија од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители на Република Македонија дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за Jавен обвинител на Република Македонија, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Доколку Советот на јавни обвинители став 5 од оправдани причини во рокот од ставот (3) на овој член не достави мислење до Владата на Република Македонија, рокот од ставот (3) на овој член се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители на Република Македонија не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно. Исто така, ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на Jавен обвинител на Република Македонија и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот од ставот (1) на овој член. Согласно наведеното, а врз основа на член 64 од Закон за јавното обвинителство, потребно е по добивањето на известувањето од Јавниот обвинител на Република Македонија за истекот на неговиот мандат, Владата на Република Македонија до Собранието да достави предлог за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија“, информираат од Алијанса за Албанците.

The post АА: Обвинувањата на опозицијата дека го штитиме јавниот обвинител се комичен театар appeared first on Република.

]]>
Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-raspushtaneto-na-sudskiot-sovet-ke-odi-preku-institutsiite-oglas-za-nov-republichki-javen-obvinitel-vo-septemvri-2/ Tue, 22 Aug 2023 12:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=674613

Распуштањето на Судскиот совет, останува како можност и тоа ќе се одвива постепено преку институциите на системот и не наеднаш, рече министерот за правда, Кренар Лога во одговорот на новинарско прашање во врска со неговиот став за распуштање на актуелниот состав.

Ставот и можноста за распуштање остануваат. Но тоа нема да биде трауматичен процес, туку постепено кој треба да биде обезбеден од институциите, рече Лога.

Во врска со смената на првиот човек на државното обвинителство, министерот Лога појасни дека имал разговор во вторникот со премиерот на кој го информирал за истекување на мандатот на актуелниот обвинител и објавувањето на оглас.

Со оглед дека мандатот му истекува во декември, верувам дека во септември ќе ја почнеме постапката за избор на нов републички јавен обвинител, рече Лога.

На новинарското прашање во врска со Судскиот совет и дали е најдено решение во услови кога ЕУ го проверува работењето на Судскиот совет, министерот појасни дека имал средба со претставник на ЕУа а доуредувањето на законот е опфатено во Стратегијата 23-27.

Предвидено е како се избираат и кому одговараат и даваат отчет членовите на Судски совет. Нацртот е пуштен и до ВМРО-ДПМНЕ и ние бараме од нив да се изјаснат, бидејќи ова е процес што бара двотретинско мнозинство. Не за назначување или за разрешување членовите, така што верувам дека заедно и со процесот што го предвидува ЕУ со оценувачката мисија ќе имаме решение за тоа како ќе се движиме, подвлече министерот за правда Кренар Лога.

Во врска со случајот за модуларната болница во Тетово, министерот имал средба со обвинителот Љубомир Јовески. На средбата бил информиран за тоа колку предмети се отворени и како се водат.

- Како што веќе знаете има еден предмет во Основен суд во Тетово кој ја има добиено првата пресуда, вториот предмет е во ОЈО ГОКК во Скопје. Имав средба и со шефот на тоа јавно обвинителство и е во предистражна постапка и верувам дека во следните денови и недели ќе имаме и за тоа разрешница, како што ме информираше јавниот обвинител и обвинителот од ОЈО ГОКК имаат некои постапки што верувам дека за неколку недели ќе имаме разрешница, рече Лога

The post Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември appeared first on Република.

]]>

Распуштањето на Судскиот совет, останува како можност и тоа ќе се одвива постепено преку институциите на системот и не наеднаш, рече министерот за правда, Кренар Лога во одговорот на новинарско прашање во врска со неговиот став за распуштање на актуелниот состав.
Ставот и можноста за распуштање остануваат. Но тоа нема да биде трауматичен процес, туку постепено кој треба да биде обезбеден од институциите, рече Лога.
Во врска со смената на првиот човек на државното обвинителство, министерот Лога појасни дека имал разговор во вторникот со премиерот на кој го информирал за истекување на мандатот на актуелниот обвинител и објавувањето на оглас.
Со оглед дека мандатот му истекува во декември, верувам дека во септември ќе ја почнеме постапката за избор на нов републички јавен обвинител, рече Лога.
На новинарското прашање во врска со Судскиот совет и дали е најдено решение во услови кога ЕУ го проверува работењето на Судскиот совет, министерот појасни дека имал средба со претставник на ЕУа а доуредувањето на законот е опфатено во Стратегијата 23-27.
Предвидено е како се избираат и кому одговараат и даваат отчет членовите на Судски совет. Нацртот е пуштен и до ВМРО-ДПМНЕ и ние бараме од нив да се изјаснат, бидејќи ова е процес што бара двотретинско мнозинство. Не за назначување или за разрешување членовите, така што верувам дека заедно и со процесот што го предвидува ЕУ со оценувачката мисија ќе имаме решение за тоа како ќе се движиме, подвлече министерот за правда Кренар Лога.
Во врска со случајот за модуларната болница во Тетово, министерот имал средба со обвинителот Љубомир Јовески. На средбата бил информиран за тоа колку предмети се отворени и како се водат. - Како што веќе знаете има еден предмет во Основен суд во Тетово кој ја има добиено првата пресуда, вториот предмет е во ОЈО ГОКК во Скопје. Имав средба и со шефот на тоа јавно обвинителство и е во предистражна постапка и верувам дека во следните денови и недели ќе имаме и за тоа разрешница, како што ме информираше јавниот обвинител и обвинителот од ОЈО ГОКК имаат некои постапки што верувам дека за неколку недели ќе имаме разрешница, рече Лога

The post Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември appeared first on Република.

]]>
Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri/ Thu, 06 Oct 2022 10:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=557959

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје. Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>