јавен долг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-dolg/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 13:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавен долг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-dolg/ 32 32 Стојаноски: Од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, јавниот долг опаѓа на 56,9% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-od-koga-e-vmro-dpmne-na-vlast-javniot-dolg-opaga-na-56-9/ Mon, 18 Nov 2024 13:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=839187

На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, јавниот долг во третиот квартал опаѓа на 56,9%.

-На отворени финансии, за кои што Вие пред малку излажавте дека за 10% е покачен долгот, знаете што кажува? Квартал три од кога ВМРО-ДПМНЕ ја преземала власта, на отворени финансии е 56,9%. Јавниот долг паѓа. Еве отворени финансии, истото тоа што Вие го исцитиравте’, потенцираше Стојаноски.

Пратеникот додаде дека буџетот не може да „пукне’’, поради тоа што има зголемување на даноците и приходите.

-Велите за плати и пензии. Плати 10 милијарди денари повеќе, нема институција во која што не се зголемуваат платите. Пензии, 15 милијарди повеќе. Пет илјади денари секој пензионер ќе добие повеќе средства. Кажувате како е возможно надуваниот буџет да не пукне. Многу просто. Приходите се зголемени за 16%, даноците за 12,3%, така ќе ги штедат граѓаните повеќе, појасни Стојаноски.

The post Стојаноски: Од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, јавниот долг опаѓа на 56,9% appeared first on Република.

]]>

Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ne-veruvam-deka-do-krajot-na-godinata-ke-ima-namaluvane-na-javniot-dolg/ Fri, 04 Oct 2024 14:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=822803

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти.

- Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг, изјави Димитриеска-Кочоска.

Прашана за реакциите од одредени компании дека немаат редовен поврат на ДДВ, Димитриеска-Кочоска рече дека неможе да се согласи дека фирмите чекаат долг период.

- Ние секој месец вршиме поврат на ДДВ. Има компании кај коишто можеби подолго се чека, затоа што има одредени ситуации што дополнително треба да се испитаат. Идејата е дека најголемата злоупотреба што се случувала во изминатите седум години била токму во делот на повратот на ДДВ што значи дека во тој дел, одиме внимателно, уште еднаш со дополнителни проверки. Да не заборавиме од претходното раководство во Управата за јавни приходи има отворени налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари по основ на стари предмети, посочи Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека заедно со тим од Управата за јавни приходи работат на ваквите предмети и како што завршуваат, така и се врши повратот на ДДВ на фирмите.

За следната година во буџетот, како што изјави денеска Димитриеска-Кочоска, не се предвидени пари за ЕСМ. Се согласува дека ЕСМ е во страшно лоша состојба но, како што посочи, до крајот на наредната недела се чека да се склучи договор со домашните банки за кредитирање преку кои ќе ги затворат постоечките долгови, кои се повеќе од 100 милиони евра.

- Најважно од се е дека менаџментот на ЕСМ работи посветено и компанијата ќе има обезбедено подобри услови за идниот период за да си го сервисира кредитот што сега го зема, вели Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти. - Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг, изјави Димитриеска-Кочоска. Прашана за реакциите од одредени компании дека немаат редовен поврат на ДДВ, Димитриеска-Кочоска рече дека неможе да се согласи дека фирмите чекаат долг период. - Ние секој месец вршиме поврат на ДДВ. Има компании кај коишто можеби подолго се чека, затоа што има одредени ситуации што дополнително треба да се испитаат. Идејата е дека најголемата злоупотреба што се случувала во изминатите седум години била токму во делот на повратот на ДДВ што значи дека во тој дел, одиме внимателно, уште еднаш со дополнителни проверки. Да не заборавиме од претходното раководство во Управата за јавни приходи има отворени налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари по основ на стари предмети, посочи Димитриеска-Кочоска. Истакна дека заедно со тим од Управата за јавни приходи работат на ваквите предмети и како што завршуваат, така и се врши повратот на ДДВ на фирмите. За следната година во буџетот, како што изјави денеска Димитриеска-Кочоска, не се предвидени пари за ЕСМ. Се согласува дека ЕСМ е во страшно лоша состојба но, како што посочи, до крајот на наредната недела се чека да се склучи договор со домашните банки за кредитирање преку кои ќе ги затворат постоечките долгови, кои се повеќе од 100 милиони евра. - Најважно од се е дека менаџментот на ЕСМ работи посветено и компанијата ќе има обезбедено подобри услови за идниот период за да си го сервисира кредитот што сега го зема, вели Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>
Буџетот е во лоша кондиција, висок јавен долг, корупција и сива економија: Академик Фити ги лоцираше приоритетите на новата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/budhetot-e-vo-losha-konditsija-visok-javen-dolg-koruptsija-i-siva-ekonomija-akademik-fiti-gi-lotsirashe-prioritetite-na-novata-vlada/ Wed, 29 May 2024 10:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=782747

Забрзување на економскиот раст и развој, продолжување на евроинтеграцискиот процес и борба против корупцијата, се трите клучни приоритети на кои треба да се фокусира новата влада, смета академик Таки Фити.

Тој денеска порача дека мора да продолжат и реформите, а треба, како што изјави, и да се отвори широк фронт на борба против сивата економија.

Фити не сакаше да го коментира најавениот заем од 1 милијарда евра зашто околу тоа, рече, се уште нема никакви информации.

Во однос на инфлацијата, рече дека монетарната и фискалната политика мора да се координираат. Ако има фискална недисциплина и ако буџетот троши многу, оцени, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ние тука, рече академик Фити, имаме проблем – големи буџетски дефицити поради кризата, големи трошења, зголемување на просечната и минималната плата надвор од движењата на продуктивноста, голема увозна зависност и поголема инфлација во однос на земјите од регионот,…

Не може да одржиме висока ценовна, макроекономска и финансиска стабилност без дисциплинирана фискална политика. Новата влада мора да води сметка за тоа. Нејзиниот приоритет треба да биде, прво, да се забрза економскиот раст и развој, второ, да продолжи евроинтеграцискиот процес и трето, борба против корупцијата. Тоа се основните приоритети и се сосема добро профилирани или ставени на маса високо во агендата на програмата на идната влада. Голема врева меѓу економистите крена прашањето за едната милијарда. Често ме прашуваат за мислење, јас им реков – немам коментар околу тоа, а не е ни многу коректно. Новинарите инсистираат, ги прашуваат професорите, бидејќи немаме никакви информации што и како е тоа. Не е коректно многу да се прашува и за самата влада зашто веднаш почнаа да го врзуваат луѓето со милијардата од Тајван, незнаејќи за што станува збор. Не знаеме тоа што е, но ќе видиме. Тоа не би го коментирал, но се разбира дека владата треба да продолжи со реформите – подвлече Фити.

Според него, буџетот е во тешка ситуација.

Имаме висок долг, треба да се отвори широк фронт на борба против сивата економија. Таму има огромен потенцијал да ги зголемиме буџетските приходи за да може владата полесно да управува со фискалната политика, а тоа може да ја олесни координацијата со монетарната политика – истакна академик Фити.

Се што се случува надвор, на макроекономски план, укажа, има големо значење и висока релевантност за земјава.

Клучните предизвици за македонската економија се поврзани со она што се случи по кризата од 2007 – 2009 година. По оваа криза следуваа нови удари и падови. Кризата од 2007 – 2009 година во ЕУ се трансформираше во должничка криза, а потоа и во криза на еврото. ЕУ е битна за нас зашто е наше релевантно подрачје на увоз и извоз, но и курсот на денарот е врзан со еврото. Следуваше КОВИД-19 што направи големо затворање и на се тоа се надоврза енергетската криза. Македонија по 2008 година го изгуби фискалниот простор. До 2007-ма имавме учество на јавниот долг во БДП околу 23%, па за 5-6 години дојдовме на 26%. Денес, како резултат на двете кризи, преку 60% е учеството на јавниот долг. Прашањето е дали и колку е одржлив, што треба да правиме за да стане одржлив и кои фискални правила се применуваат – рече Фити.

Негова препорака е Фискаланиот совет да контролира како се трошат буџетските средства, дали и колку се почитуваат основните буџетски правила – долгот да не биде поголем од 60 отсто, буџетските дефицити да се сведат на два до три проценти, за пет-шест години да дојдеме до нормално ниво на задолженост,…

Како што рече Фити, монетарната политика нема голема зависност.

Врзани сме со централната банка, но тука има многу сериозни прашања. Кога се јави енергетската криза инфлацијата во светски размери се зголеми, каматните стапки пораснаа секаде, па и кај нас. Сега има големи дилеми кога ќе почнат да се намалуваат каматните стапки што е битно за бизнисот и за заживување на економијата. Американската централна банка е во големи тензии, тие имаат скоро 5,5 референтна каматна стапка, бизнисот таму очекуваше годинава да се намали за 1,5 процентен поен и да дојде до 4, но најавите се дека нема да се намали повеќе од 0,5 %. Европската централна банка рече дека ќе почне со намалување, но и тие се плашат да не проработи инфлацијата повторно. Ако тие почнат со намалување, нормално дека тоа нашата Централна банка ќе го следи. Од тоа што таму се случува, зависи каква ќе биде и нашата монетарна политика – објасни Фити.

Научната расправа на тема „Макроекономијата по Големата рецесија 2007 – 2009 година – релевантноста на промените за економската наука и за македонската економија“ ја организира Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Дискусиите од расправата, откако ќе бидат авторизирани од страна на учесниците, МАНУ ќе ги објави во посебен Зборник на трудови од научната расправа.

The post Буџетот е во лоша кондиција, висок јавен долг, корупција и сива економија: Академик Фити ги лоцираше приоритетите на новата влада appeared first on Република.

]]>

Забрзување на економскиот раст и развој, продолжување на евроинтеграцискиот процес и борба против корупцијата, се трите клучни приоритети на кои треба да се фокусира новата влада, смета академик Таки Фити. Тој денеска порача дека мора да продолжат и реформите, а треба, како што изјави, и да се отвори широк фронт на борба против сивата економија. Фити не сакаше да го коментира најавениот заем од 1 милијарда евра зашто околу тоа, рече, се уште нема никакви информации. Во однос на инфлацијата, рече дека монетарната и фискалната политика мора да се координираат. Ако има фискална недисциплина и ако буџетот троши многу, оцени, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ние тука, рече академик Фити, имаме проблем – големи буџетски дефицити поради кризата, големи трошења, зголемување на просечната и минималната плата надвор од движењата на продуктивноста, голема увозна зависност и поголема инфлација во однос на земјите од регионот,…
Не може да одржиме висока ценовна, макроекономска и финансиска стабилност без дисциплинирана фискална политика. Новата влада мора да води сметка за тоа. Нејзиниот приоритет треба да биде, прво, да се забрза економскиот раст и развој, второ, да продолжи евроинтеграцискиот процес и трето, борба против корупцијата. Тоа се основните приоритети и се сосема добро профилирани или ставени на маса високо во агендата на програмата на идната влада. Голема врева меѓу економистите крена прашањето за едната милијарда. Често ме прашуваат за мислење, јас им реков – немам коментар околу тоа, а не е ни многу коректно. Новинарите инсистираат, ги прашуваат професорите, бидејќи немаме никакви информации што и како е тоа. Не е коректно многу да се прашува и за самата влада зашто веднаш почнаа да го врзуваат луѓето со милијардата од Тајван, незнаејќи за што станува збор. Не знаеме тоа што е, но ќе видиме. Тоа не би го коментирал, но се разбира дека владата треба да продолжи со реформите – подвлече Фити.
Според него, буџетот е во тешка ситуација.
Имаме висок долг, треба да се отвори широк фронт на борба против сивата економија. Таму има огромен потенцијал да ги зголемиме буџетските приходи за да може владата полесно да управува со фискалната политика, а тоа може да ја олесни координацијата со монетарната политика – истакна академик Фити.
Се што се случува надвор, на макроекономски план, укажа, има големо значење и висока релевантност за земјава.
Клучните предизвици за македонската економија се поврзани со она што се случи по кризата од 2007 – 2009 година. По оваа криза следуваа нови удари и падови. Кризата од 2007 – 2009 година во ЕУ се трансформираше во должничка криза, а потоа и во криза на еврото. ЕУ е битна за нас зашто е наше релевантно подрачје на увоз и извоз, но и курсот на денарот е врзан со еврото. Следуваше КОВИД-19 што направи големо затворање и на се тоа се надоврза енергетската криза. Македонија по 2008 година го изгуби фискалниот простор. До 2007-ма имавме учество на јавниот долг во БДП околу 23%, па за 5-6 години дојдовме на 26%. Денес, како резултат на двете кризи, преку 60% е учеството на јавниот долг. Прашањето е дали и колку е одржлив, што треба да правиме за да стане одржлив и кои фискални правила се применуваат – рече Фити.
Негова препорака е Фискаланиот совет да контролира како се трошат буџетските средства, дали и колку се почитуваат основните буџетски правила – долгот да не биде поголем од 60 отсто, буџетските дефицити да се сведат на два до три проценти, за пет-шест години да дојдеме до нормално ниво на задолженост,… Како што рече Фити, монетарната политика нема голема зависност.
Врзани сме со централната банка, но тука има многу сериозни прашања. Кога се јави енергетската криза инфлацијата во светски размери се зголеми, каматните стапки пораснаа секаде, па и кај нас. Сега има големи дилеми кога ќе почнат да се намалуваат каматните стапки што е битно за бизнисот и за заживување на економијата. Американската централна банка е во големи тензии, тие имаат скоро 5,5 референтна каматна стапка, бизнисот таму очекуваше годинава да се намали за 1,5 процентен поен и да дојде до 4, но најавите се дека нема да се намали повеќе од 0,5 %. Европската централна банка рече дека ќе почне со намалување, но и тие се плашат да не проработи инфлацијата повторно. Ако тие почнат со намалување, нормално дека тоа нашата Централна банка ќе го следи. Од тоа што таму се случува, зависи каква ќе биде и нашата монетарна политика – објасни Фити.
Научната расправа на тема „Макроекономијата по Големата рецесија 2007 – 2009 година – релевантноста на промените за економската наука и за македонската економија“ ја организира Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Дискусиите од расправата, откако ќе бидат авторизирани од страна на учесниците, МАНУ ќе ги објави во посебен Зборник на трудови од научната расправа.

The post Буџетот е во лоша кондиција, висок јавен долг, корупција и сива економија: Академик Фити ги лоцираше приоритетите на новата влада appeared first on Република.

]]>
Јавниот долг на крајот на првиот квартал e 58,6 отсто од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/javniot-dolg-na-krajot-na-prviot-kvartal-e-58-6-otsto-od-bdp/ Tue, 30 Apr 2024 21:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=772850

Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци, јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6 отсто од БДП.

Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од 175,5 милион евра по основ на склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, како што е повлекувањето на втората транша од ММФ од кредитната линија за претпазливост и ликвидност и 57,6 милиони евра по основ заеми за јавни претпријатија и АД основани од државата и општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје. При тоа извршена е и исплата на обврски по основ на главнина за надворешен долг во износ од 82,7 милиони евра, се вели во соопштението.

Министерството за финансии ја објавува состојбата на јавниот долг на квартално ниво, а при пресметката на јавениот долг во однос на БДП се користени податоци за вредноста на БДП за период 2005 - 2024 година, за 2022 година користен е податок за вредност на БДП објавен на веб-страната на Државниот завод за статистика, додека податоците за 2023 се прелиминарни податоци на Државниот завод за статистика, а 2024 година е проектирана вредност на БДП на Министерство за финансии.

Согласно утврдената динамика, Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на државниот долг кој заклучно со 31 март 2024 година изнесува 7.544 милиони евра што претставува 50,4 отсто од БДП. Состојбата на државниот долг се објавува на месечно ниво.

Министерството за финансии транспарентно ги објавува овие податоци на својата веб-страница. Последниот податок, како што се наведува, укажува дека јавниот долг е во дефинираните граници со новиот Закон за буџети. Со новиот Закон за буџети е воспоставено правило со кое јавниот долг не треба да надминува 60 отсто од БДП, што е согласно и со Мастришките критериуми.

Министерството за финансии останува на определбата за одржување на јавниот долг на стабилно ниво и во рамки на утврдените критериуми, велат од Министерството.

The post Јавниот долг на крајот на првиот квартал e 58,6 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци, јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6 отсто од БДП.
Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од 175,5 милион евра по основ на склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, како што е повлекувањето на втората транша од ММФ од кредитната линија за претпазливост и ликвидност и 57,6 милиони евра по основ заеми за јавни претпријатија и АД основани од државата и општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје. При тоа извршена е и исплата на обврски по основ на главнина за надворешен долг во износ од 82,7 милиони евра, се вели во соопштението.
Министерството за финансии ја објавува состојбата на јавниот долг на квартално ниво, а при пресметката на јавениот долг во однос на БДП се користени податоци за вредноста на БДП за период 2005 - 2024 година, за 2022 година користен е податок за вредност на БДП објавен на веб-страната на Државниот завод за статистика, додека податоците за 2023 се прелиминарни податоци на Државниот завод за статистика, а 2024 година е проектирана вредност на БДП на Министерство за финансии.
Согласно утврдената динамика, Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на државниот долг кој заклучно со 31 март 2024 година изнесува 7.544 милиони евра што претставува 50,4 отсто од БДП. Состојбата на државниот долг се објавува на месечно ниво.   Министерството за финансии транспарентно ги објавува овие податоци на својата веб-страница. Последниот податок, како што се наведува, укажува дека јавниот долг е во дефинираните граници со новиот Закон за буџети. Со новиот Закон за буџети е воспоставено правило со кое јавниот долг не треба да надминува 60 отсто од БДП, што е согласно и со Мастришките критериуми.   Министерството за финансии останува на определбата за одржување на јавниот долг на стабилно ниво и во рамки на утврдените критериуми, велат од Министерството.

The post Јавниот долг на крајот на првиот квартал e 58,6 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>
Економска катастрофа: Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomska-katastrofa-rast-od-samo-1-a-javniot-dolg-nadmina-62-od-bdp/ Tue, 12 Mar 2024 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=753991

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:

-Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.

-Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.

-Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.

-Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.

Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.

Оставаат опасна економска катастрофа.

Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, велат пд ВМРО ДПМНЕ.

The post Економска катастрофа: Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДС/ДУИ во 2023 година: -Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст. -Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%. -Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред. -Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%. Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство. Оставаат опасна економска катастрофа. Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, велат пд ВМРО ДПМНЕ.

The post Економска катастрофа: Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Не е страшно кога јавниот долг е поголем, страшно е кога се користи за криминал и корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ne-e-strashno-koga-javniot-dolg-e-pogolem-strashno-e-koga-se-koristi-za-kriminal-i-koruptsija/ Mon, 27 Nov 2023 07:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=716414

Јавниот долг е тема која не мачи сите нас затоа што се што позајмува Република Македонија се обврски кои нема да ги вратиме само ние, туку ги оставаме и на идните генерации. И не е исто да оставите долг од 10 илјади евра на вашите деца или да оставите долг од 50 илјади евра, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема Економски принципи која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените.“

Димитриеска Кочоска направи споредба како било претходно со јавниот долг како е сега со оваа Влада.

„Кога имаше јавен долг од 48,8 проценти во однос на БДП тогаш некој зборуваше дека сме пред банкрот, дека не можеме да опстанеме, пишуваа писма до меѓународни финансиски институции. Прво,  важно е колку во апсолутен износ е зголемен јавниот долг или за 10 години пораснал за 2 милијарди и 900 милиони евра, а за жал денес за нешто помалку од 7 години јавниот долг е пораснат за 3 милијарди и 300 милиони евра. Замислете да се на власт уште следни три години уште за колку ќе ја задолжат државата“, рече Димитриеска Кочоска.

Според потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, вториот проблем е многу посериозен.

„Тоа е прашањето зошто ги позајмуваме парите, ако парите се позајмуваат и наменски се трошат тогаш има логика затоа што ќе додадете вредност на целокупната економија и врз основа на тоа ако очекувате поголем економски развој. Во еден изминат период се правеа патишта, се купуваше опрема за болници, се правеа спортски сали, се градеа училишта итн. Ние денес зборуваме за нов јавен долг, но ништо не гледаме со голо око. Еден автопат од Кичево до Охрид се уште не е завршен, а пари се трошат. Е тоа е болката и е голем проблем кој ќе остави големи траги за економијата“, кажа Димитриеска Кочоска.

Потпретседателката се осврна и на еврообврзницата и укажа дека следните години од 2025, 2026, 2027,2028 година доспеваат 500 милиони евра, потоа 700 милиони евра, па 500 милиони евра, 700  милиони евра.

Тоа, рече таа, се еврообврзници издавани од 2018 година наваму и тоа остава траги на економијата.

Димитриеска Кочоска кажа дека некогаш е оправдано ако имате поголемо задолжување, ама ако има економска оправданост.

„Да заклучам не е страшно кога јавниот долг е и поголем, страшно е кога се користи за криминал и корупција, ако оди правилно насочен кон проекти тогаш нема од што да се плашиме, туку да im веруваме на луѓето кои работат и да очекуваме позитивни резултати“, заклучи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Не е страшно кога јавниот долг е поголем, страшно е кога се користи за криминал и корупција appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг е тема која не мачи сите нас затоа што се што позајмува Република Македонија се обврски кои нема да ги вратиме само ние, туку ги оставаме и на идните генерации. И не е исто да оставите долг од 10 илјади евра на вашите деца или да оставите долг од 50 илјади евра, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема Економски принципи која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените.“ Димитриеска Кочоска направи споредба како било претходно со јавниот долг како е сега со оваа Влада.
„Кога имаше јавен долг од 48,8 проценти во однос на БДП тогаш некој зборуваше дека сме пред банкрот, дека не можеме да опстанеме, пишуваа писма до меѓународни финансиски институции. Прво,  важно е колку во апсолутен износ е зголемен јавниот долг или за 10 години пораснал за 2 милијарди и 900 милиони евра, а за жал денес за нешто помалку од 7 години јавниот долг е пораснат за 3 милијарди и 300 милиони евра. Замислете да се на власт уште следни три години уште за колку ќе ја задолжат државата“, рече Димитриеска Кочоска.
Според потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, вториот проблем е многу посериозен.
„Тоа е прашањето зошто ги позајмуваме парите, ако парите се позајмуваат и наменски се трошат тогаш има логика затоа што ќе додадете вредност на целокупната економија и врз основа на тоа ако очекувате поголем економски развој. Во еден изминат период се правеа патишта, се купуваше опрема за болници, се правеа спортски сали, се градеа училишта итн. Ние денес зборуваме за нов јавен долг, но ништо не гледаме со голо око. Еден автопат од Кичево до Охрид се уште не е завршен, а пари се трошат. Е тоа е болката и е голем проблем кој ќе остави големи траги за економијата“, кажа Димитриеска Кочоска.
Потпретседателката се осврна и на еврообврзницата и укажа дека следните години од 2025, 2026, 2027,2028 година доспеваат 500 милиони евра, потоа 700 милиони евра, па 500 милиони евра, 700  милиони евра. Тоа, рече таа, се еврообврзници издавани од 2018 година наваму и тоа остава траги на економијата. Димитриеска Кочоска кажа дека некогаш е оправдано ако имате поголемо задолжување, ама ако има економска оправданост.
„Да заклучам не е страшно кога јавниот долг е и поголем, страшно е кога се користи за криминал и корупција, ако оди правилно насочен кон проекти тогаш нема од што да се плашиме, туку да im веруваме на луѓето кои работат и да очекуваме позитивни резултати“, заклучи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Не е страшно кога јавниот долг е поголем, страшно е кога се користи за криминал и корупција appeared first on Република.

]]>
Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/ Mon, 24 Jul 2023 09:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=664651

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат.

Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП.

Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.

The post Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП. Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.

The post Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>
Јавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/javniot-dolg-na-albanija-iznesuva-63-27-otsto-od-bdp/ Tue, 04 Jul 2023 16:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=658110

Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на денешната прес-конференција изјави дека на крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на Албанија достигнал ниво од 63,27 отсто од Бруто домашниот производ (БДП).

- Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помал од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годинава. Во однос на Бруто домашниот производ на крајот на 2022 година, јавниот долг изнесуваше 66,97 отсто, рече Ибрахимај.

Таа додаде дека на крајот на првото тромесечје јавниот долг се намалил за 3,7 отсто.

- Од кога го изготвивме буџетот за 2023 година изјавивме дека главната фискална политика на Министерството за финансии и економија ќе биде политиката на фискална консолидација, каде што имаме за цел намалување на јавниот долг и дефицитот, како и главните показатели за фискалната одржливост, што ќе ни овозможи во иднина да го имаме потребниот простор да се соочиме со секакво неочекувано нешто што може да ни се појави. Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помалку од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годината. На крајот на првиот квартал од годинава долгот достигна ниво од 63,27 отсто од БДП, изјави министерката.

Нашата основна цел, посочи таа, беше, од една страна, да ги зголемиме инвестициските приходи на албанските граѓани, а од друга страна, да ја зголемиме побарувачката за инвестиции, влијаејќи на забавување на каматните стапки.

- Токму тоа се одрази и се случи. Сметаме дека политиката што ја следевме во однос на издавањето обврзници, во леки и во евра, е правилна политика и очекуваме намалувањето на каматните стапки за леки да ја поттикне побарувачката за кредити, и побарувачката на потрошувачите и онаа за инвестициите, оцени Ибрахимај.

Таа додаде дека отворањето на шалтерите на Централна банка на Албанија за инвестиции во државни обврзници имало за цел да ги поттикне инвестициите на физичките лица во државни хартии од вредност, инвестиции со минимален ризик и кои би влијаеле на зголемување на побарувачката за владините инструменти.

Надолниот тренд на нивото на јавниот долг, очекува министерката, да се забрза во наредните години.

Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година.

The post Јавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на денешната прес-конференција изјави дека на крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на Албанија достигнал ниво од 63,27 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). - Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помал од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годинава. Во однос на Бруто домашниот производ на крајот на 2022 година, јавниот долг изнесуваше 66,97 отсто, рече Ибрахимај. Таа додаде дека на крајот на првото тромесечје јавниот долг се намалил за 3,7 отсто.
- Од кога го изготвивме буџетот за 2023 година изјавивме дека главната фискална политика на Министерството за финансии и економија ќе биде политиката на фискална консолидација, каде што имаме за цел намалување на јавниот долг и дефицитот, како и главните показатели за фискалната одржливост, што ќе ни овозможи во иднина да го имаме потребниот простор да се соочиме со секакво неочекувано нешто што може да ни се појави. Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помалку од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годината. На крајот на првиот квартал од годинава долгот достигна ниво од 63,27 отсто од БДП, изјави министерката.
Нашата основна цел, посочи таа, беше, од една страна, да ги зголемиме инвестициските приходи на албанските граѓани, а од друга страна, да ја зголемиме побарувачката за инвестиции, влијаејќи на забавување на каматните стапки. - Токму тоа се одрази и се случи. Сметаме дека политиката што ја следевме во однос на издавањето обврзници, во леки и во евра, е правилна политика и очекуваме намалувањето на каматните стапки за леки да ја поттикне побарувачката за кредити, и побарувачката на потрошувачите и онаа за инвестициите, оцени Ибрахимај. Таа додаде дека отворањето на шалтерите на Централна банка на Албанија за инвестиции во државни обврзници имало за цел да ги поттикне инвестициите на физичките лица во државни хартии од вредност, инвестиции со минимален ризик и кои би влијаеле на зголемување на побарувачката за владините инструменти. Надолниот тренд на нивото на јавниот долг, очекува министерката, да се забрза во наредните години. Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година.

The post Јавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-sds-im-ja-odzema-perspektivata-na-mladite-javniot-dolg-7-64-milijardi-evra/ Fri, 11 Nov 2022 08:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=572628

СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра. Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти, велат од ВМРО ДПМНЕ.

И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува.

Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит. Економијата со СДС е се поранлива и по зависна. Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра. Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти, велат од ВМРО ДПМНЕ. И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува.
Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит. Економијата со СДС е се поранлива и по зависна. Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Задолжувањето се зголемува: Се приближува ли Македонија кон грчко сценарио? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zadolzuvanjeto-se-zgolemuva-se-priblizuva-li-makedonija-kon-grchko-scenario/ Mon, 17 Oct 2022 12:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=562086

Парите се трошат побрзо од очекуваното, а Македонија е се поблизу до толку непосакуваното грчко сценарио на финансиски план. Пред пет години, СДСМ по пауза од 11 години конечно дојде на власт со помпезни најави дека на Порта Македонија ќе постави бројчаник кој во реално време ќе ги покажува вратените пари кај граѓаните кои според партијата претходната власт ги украла од населението, анализира „Алфа“.

Тогашниот премиер Заев го купи бројчаникот од сопствени пари, но тој беше наместен дури една година подоцна и имаше краток век.

За да собере пак во државната каса повеќе пари од фирмите и граѓаните, партијата направи мини даночна реформа. Зголеми даноци, а неколку пати ги покачи и акцизите на горивата, и тоа најмногу на дизелот. И покрај противењето на мнозинството, како крупна реформа пројде воведувањето прогресија кај персоналниот данок. На големо се промовираше како правичен данок, кој ќе го намалел јазот меѓу богатите и сиромашните.

За волја на вистината, Тевдовски успеа да врати дел од старите долгови или пак да ги репрограмира со пониски каматни стапки. Таман фирмите кои не се преселија во други држави, се навикнаа колку-толку на новото оптоварување, за само 10 месеци, Владата рече „Пу-пу не важи“. Главниот креатор на економската програма Тевдовски, буквално „го пуштија низ вода“, реформата траеше само неколку месеци, а политички неискусната нова министерка Нина Ангеловска требаше да го „гаси пожарот“

Ангеловска не издржа ниту една година. Си замина откако навреме си ги повлече парите од заштедата од сега веќе пропаднатата „Еуростандард банка“. Во 2020-та, поради пандемијата, долгот го проби плафонот, го надмина Мастришкиот критериум и достигна 61%. Токму годинава кога финансиите требаше да се стабилизираат, војната во Украина ги уништи сите планови. Експертите уште пролетта ургираа Владата час поскоро да најде евтини пари, бидејќи се очекуваше тие од ден на ден да станат се поскапи.

Бесими не сакаше ниту навреме да го помогне населението, ниту пак навреме поевтино да се задолжи.

Помошта за граѓаните наместо во мај беше објавена едвај минатата недела, а онаа за бизнисот ќе почека до крајот на месецов. 900 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит се најдоа дури во октомври. За да се покрие дупката за следната година има се помалку простор за маневар.

Петгодишниот епилог е следен: Јавниот долг од 47,7% се искачи на дури 61% пред две години, за сега да изнесува 55,4% од БДП. И додека Бесими наоколу се фали дека успеал во ваква криза да го намали долгот, експертите предупредуваат – ништо не е намалено, туку тоа е едноставно ефектот на превисоката инфлација од речиси 19%. Во апсолутни бројки, Владата на СДСМ и ДУИ, јавниот долг од 4,7 милијарди евра го зголемиле на рекордни 7,2 милијарди евра. Тоа значи дека за само 5 години, владата го зголемила јавниот долг за дури две и пол милијарди евра. Со оглед на тоа што парите не се потрошени за нов Клинички центар, за Чебрен и Галиште или пак за бројни капитални проекти кои СДСМ толку многу ги ветуваше за да се дограба до власта, се чини бројчаникот никогаш нема да проработи, бидејќи ако светнат дигиталните бројки на екранот, дефинитивно ќе им се стемни и на премиерот и на чуварот на државната каса.

Извор: Алфа

The post Задолжувањето се зголемува: Се приближува ли Македонија кон грчко сценарио? appeared first on Република.

]]>

Парите се трошат побрзо од очекуваното, а Македонија е се поблизу до толку непосакуваното грчко сценарио на финансиски план. Пред пет години, СДСМ по пауза од 11 години конечно дојде на власт со помпезни најави дека на Порта Македонија ќе постави бројчаник кој во реално време ќе ги покажува вратените пари кај граѓаните кои според партијата претходната власт ги украла од населението, анализира „Алфа“. Тогашниот премиер Заев го купи бројчаникот од сопствени пари, но тој беше наместен дури една година подоцна и имаше краток век. За да собере пак во државната каса повеќе пари од фирмите и граѓаните, партијата направи мини даночна реформа. Зголеми даноци, а неколку пати ги покачи и акцизите на горивата, и тоа најмногу на дизелот. И покрај противењето на мнозинството, како крупна реформа пројде воведувањето прогресија кај персоналниот данок. На големо се промовираше како правичен данок, кој ќе го намалел јазот меѓу богатите и сиромашните. За волја на вистината, Тевдовски успеа да врати дел од старите долгови или пак да ги репрограмира со пониски каматни стапки. Таман фирмите кои не се преселија во други држави, се навикнаа колку-толку на новото оптоварување, за само 10 месеци, Владата рече „Пу-пу не важи“. Главниот креатор на економската програма Тевдовски, буквално „го пуштија низ вода“, реформата траеше само неколку месеци, а политички неискусната нова министерка Нина Ангеловска требаше да го „гаси пожарот“ Ангеловска не издржа ниту една година. Си замина откако навреме си ги повлече парите од заштедата од сега веќе пропаднатата „Еуростандард банка“. Во 2020-та, поради пандемијата, долгот го проби плафонот, го надмина Мастришкиот критериум и достигна 61%. Токму годинава кога финансиите требаше да се стабилизираат, војната во Украина ги уништи сите планови. Експертите уште пролетта ургираа Владата час поскоро да најде евтини пари, бидејќи се очекуваше тие од ден на ден да станат се поскапи. Бесими не сакаше ниту навреме да го помогне населението, ниту пак навреме поевтино да се задолжи. Помошта за граѓаните наместо во мај беше објавена едвај минатата недела, а онаа за бизнисот ќе почека до крајот на месецов. 900 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит се најдоа дури во октомври. За да се покрие дупката за следната година има се помалку простор за маневар. Петгодишниот епилог е следен: Јавниот долг од 47,7% се искачи на дури 61% пред две години, за сега да изнесува 55,4% од БДП. И додека Бесими наоколу се фали дека успеал во ваква криза да го намали долгот, експертите предупредуваат – ништо не е намалено, туку тоа е едноставно ефектот на превисоката инфлација од речиси 19%. Во апсолутни бројки, Владата на СДСМ и ДУИ, јавниот долг од 4,7 милијарди евра го зголемиле на рекордни 7,2 милијарди евра. Тоа значи дека за само 5 години, владата го зголемила јавниот долг за дури две и пол милијарди евра. Со оглед на тоа што парите не се потрошени за нов Клинички центар, за Чебрен и Галиште или пак за бројни капитални проекти кои СДСМ толку многу ги ветуваше за да се дограба до власта, се чини бројчаникот никогаш нема да проработи, бидејќи ако светнат дигиталните бројки на екранот, дефинитивно ќе им се стемни и на премиерот и на чуварот на државната каса. Извор: Алфа

The post Задолжувањето се зголемува: Се приближува ли Македонија кон грчко сценарио? appeared first on Република.

]]>
Русите доцнат со плаќање на странскиот долг, првпат по еден век https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-docnat-so-plakjanje-na-stranskiot-dolg-prvpat-po-eden-vek/ Mon, 27 Jun 2022 08:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=520137

Русија првпат по повеќе од сто години не го плати навреме надворешниот долг, пишува Блумберг. Русите треба да платат 94,6 милиони евра и се спремни да ја платат таа сума, но спречени се од санкциите, кои ги оневозможуваат плаќањата до меѓународните кредитори.

Кремљ беше решен да го спречи таквото сценарио, а рускиот министер за финансии Антон Силуанов ситуацијата ја нарече фарса. Каматата од 94,6 милиони евра доспеа на 27 мај.

Русите тврдат дека ги испратиле парите до Еуроклиар, банката што требаше да ја распредели исплатата до инвеститорите. Меѓутоа, таму парите заглавиле, а доверителите не ги примиле парите, пишува Блумберг.

Во меѓувреме, некои тајвански сопственици на руски обврзници не примиле исплати на каматите, според Ројтерс, цитирајќи два извори. Парите не стигнале во рок од триесет дена од доспевањето, односно до синоќа. Еуроклиар не сакал да потврди дека плаќањето е блокирано, но рече дека ги почитува сите санкции.

Оваа ситуација последен пат се случи во 1918 година за време на болшевичката револуција кога новиот комунистички лидер Владимир Ленин одбил да ги плати долговите на Руската Империја.

Министерот за финансии Антон Силуанов призна дека странските инвеститори нема да можат да примаат исплати.

„Постојат две причини. Првата е што на странската инфраструктура ѝ е забрането да врши каква било работа поврзана со Русија. Втората е дека на странските инвеститори изрично им е забрането да примаат уплати од нас“, рече Силуанов

.
Тој посочи дека Русија сака да го плати долгот и дека има доволно пари да го исплати надворешниот долг.

„Целата оваа ситуација е фарса“, рече рускиот министер.

Би-би-си пишува дека неисполнувањето на обврските е симболичен удар за Русија, но дека ќе има многу малку директни последици.

The post Русите доцнат со плаќање на странскиот долг, првпат по еден век appeared first on Република.

]]>

Русија првпат по повеќе од сто години не го плати навреме надворешниот долг, пишува Блумберг. Русите треба да платат 94,6 милиони евра и се спремни да ја платат таа сума, но спречени се од санкциите, кои ги оневозможуваат плаќањата до меѓународните кредитори. Кремљ беше решен да го спречи таквото сценарио, а рускиот министер за финансии Антон Силуанов ситуацијата ја нарече фарса. Каматата од 94,6 милиони евра доспеа на 27 мај. Русите тврдат дека ги испратиле парите до Еуроклиар, банката што требаше да ја распредели исплатата до инвеститорите. Меѓутоа, таму парите заглавиле, а доверителите не ги примиле парите, пишува Блумберг. Во меѓувреме, некои тајвански сопственици на руски обврзници не примиле исплати на каматите, според Ројтерс, цитирајќи два извори. Парите не стигнале во рок од триесет дена од доспевањето, односно до синоќа. Еуроклиар не сакал да потврди дека плаќањето е блокирано, но рече дека ги почитува сите санкции. Оваа ситуација последен пат се случи во 1918 година за време на болшевичката револуција кога новиот комунистички лидер Владимир Ленин одбил да ги плати долговите на Руската Империја. Министерот за финансии Антон Силуанов призна дека странските инвеститори нема да можат да примаат исплати.
„Постојат две причини. Првата е што на странската инфраструктура ѝ е забрането да врши каква било работа поврзана со Русија. Втората е дека на странските инвеститори изрично им е забрането да примаат уплати од нас“, рече Силуанов
. Тој посочи дека Русија сака да го плати долгот и дека има доволно пари да го исплати надворешниот долг.
„Целата оваа ситуација е фарса“, рече рускиот министер.
Би-би-си пишува дека неисполнувањето на обврските е симболичен удар за Русија, но дека ќе има многу малку директни последици.

The post Русите доцнат со плаќање на странскиот долг, првпат по еден век appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Со одговорните политики јавниот долг намален за дополнителни 2,2 процентни поени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-so-odgovornite-politiki-javniot-dolg-namalen-za-dopolnitelni-2-2-procentni-poeni/ Tue, 14 Jun 2022 14:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=514911

И во време на светска економска криза, ефикасните и навремени политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата е стабилна иако е силно погодена од глобалната криза. Во првиот квартал од 2022 јавниот долг е намален за 2,2 процентни поени и изнесува 54,9 отсто од БДП. Во истиот период намален е и државниот долг за 1,9 процентни поени и тој изнесува 46,8 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ова е потврда за одговорност во реализацијата на економски политики, односно добро поставената фискална политика од страна на Владата на СДСМ и потврда за успешното управување со јавните финансии во време на светска економска криза.

По усвојување на ребалансот на буџетот следуваат нови прилагодени мерки за помош на граѓаните и стопанството, но и повеќе пари за капитални инвестиции и за производство на храна, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Со одговорните политики јавниот долг намален за дополнителни 2,2 процентни поени appeared first on Република.

]]>

И во време на светска економска криза, ефикасните и навремени политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата е стабилна иако е силно погодена од глобалната криза. Во првиот квартал од 2022 јавниот долг е намален за 2,2 процентни поени и изнесува 54,9 отсто од БДП. Во истиот период намален е и државниот долг за 1,9 процентни поени и тој изнесува 46,8 отсто, се вели во соопштението од СДСМ. Од партијата додаваат дека ова е потврда за одговорност во реализацијата на економски политики, односно добро поставената фискална политика од страна на Владата на СДСМ и потврда за успешното управување со јавните финансии во време на светска економска криза. По усвојување на ребалансот на буџетот следуваат нови прилагодени мерки за помош на граѓаните и стопанството, но и повеќе пари за капитални инвестиции и за производство на храна, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Со одговорните политики јавниот долг намален за дополнителни 2,2 процентни поени appeared first on Република.

]]>
Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-na-48-javen-dolg-sdsm-velea-deka-ne-cheka-grchko-scenario-sega-kakvo-scenario-ne-cheka/ Tue, 14 Jun 2022 09:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=514927

Од она што можеше да го види и слушне македонската јавност очигледно е дека пратениците од владеачкото мнозинство не живеат во реалноста, рече на денешната прес-конференција пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, пред вториот ден од расправата по Ребалансот на буџетот за 2022 година.

Според Здравковски, овој ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа граѓаните осиромашуваат.

Македонија во 2022 година ќе пробие уште една психолошка граница и јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра. Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? Македонија е една од земјите која има највисок пораст на јавниот долг од периодот пред корона кризата. Од кога се дојдени на власт, јуни 2017, па до крајот на оваа година ќе направиат нов нето долг од над 3,5 милијарди евра, а капиталните расходи никогаш не биле пониски, вели Здравковски.

Тој потенцираше дека Владата со ребалансот ја намалува проекцијата за економскиот раст од 4,6% на 3,2%, но она што не успеваат да ја убедат јавноста е дека и тие проекции ќе ги оставарат.

Еве да го земеме првиот квартал од 2022 година, економски раст 2,4%, а сеуште не се почуствуваа последиците од војната во Украина. Каде е вториот квартал и втората половина од годината? Дали некој верува дека оваа Влада е способна да креира економска политика за раст и развој? За јавноста една споредба со земјите од регионот за прв квартал: растот во Србија е 4,4%, во Бугарија 5%, Романија 6,5%, Словенија 9,8%, Хрватска 7%, вели тој.

Здравковски сподели изјава од претседателот на една од стопанските комори околу владините мерки за поддршка на бизнис секторот:

„Ние треба отворено да кажеме дека државата се наоѓа во тешка ситуација, нешто што го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби коишто дефинитивно констатирани можат многу тешко да ја погодат економската активност и да дојде до затворање на компаниите и намалување на работните места. Чуствуваме дека Владата не е насочена кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален.“.

И ова е реалноста,потенцира Здравковски.

Нека не се обидуваат од власта да замајуваат. Реалниот сектор е на раб до колапс, а власта нема слух. Власта нема слух ни за синдикатите, нема слух ни за здравствените работници, власта нема слух за никој освен за своите апетити.
Претстојат тешки месеци за граѓаните и стопанството. Во исчекување сме за колку проценти повторно ќе поскапи струјата, а со тоа и на сите други производи. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ кризата само ќе се продлабочува и тие не знаат како да се справат со истата. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, напротив, Македонија ќе продолжи да тони уште повеќе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро за доброто на граѓаните и иднината на државата, рече пратеникот.

The post Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? appeared first on Република.

]]>

Од она што можеше да го види и слушне македонската јавност очигледно е дека пратениците од владеачкото мнозинство не живеат во реалноста, рече на денешната прес-конференција пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, пред вториот ден од расправата по Ребалансот на буџетот за 2022 година. Според Здравковски, овој ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа граѓаните осиромашуваат.
Македонија во 2022 година ќе пробие уште една психолошка граница и јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра. Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? Македонија е една од земјите која има највисок пораст на јавниот долг од периодот пред корона кризата. Од кога се дојдени на власт, јуни 2017, па до крајот на оваа година ќе направиат нов нето долг од над 3,5 милијарди евра, а капиталните расходи никогаш не биле пониски, вели Здравковски.
Тој потенцираше дека Владата со ребалансот ја намалува проекцијата за економскиот раст од 4,6% на 3,2%, но она што не успеваат да ја убедат јавноста е дека и тие проекции ќе ги оставарат.
Еве да го земеме првиот квартал од 2022 година, економски раст 2,4%, а сеуште не се почуствуваа последиците од војната во Украина. Каде е вториот квартал и втората половина од годината? Дали некој верува дека оваа Влада е способна да креира економска политика за раст и развој? За јавноста една споредба со земјите од регионот за прв квартал: растот во Србија е 4,4%, во Бугарија 5%, Романија 6,5%, Словенија 9,8%, Хрватска 7%, вели тој.
Здравковски сподели изјава од претседателот на една од стопанските комори околу владините мерки за поддршка на бизнис секторот: „Ние треба отворено да кажеме дека државата се наоѓа во тешка ситуација, нешто што го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби коишто дефинитивно констатирани можат многу тешко да ја погодат економската активност и да дојде до затворање на компаниите и намалување на работните места. Чуствуваме дека Владата не е насочена кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален.“. И ова е реалноста,потенцира Здравковски.
Нека не се обидуваат од власта да замајуваат. Реалниот сектор е на раб до колапс, а власта нема слух. Власта нема слух ни за синдикатите, нема слух ни за здравствените работници, власта нема слух за никој освен за своите апетити. Претстојат тешки месеци за граѓаните и стопанството. Во исчекување сме за колку проценти повторно ќе поскапи струјата, а со тоа и на сите други производи. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ кризата само ќе се продлабочува и тие не знаат како да се справат со истата. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, напротив, Македонија ќе продолжи да тони уште повеќе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро за доброто на граѓаните и иднината на државата, рече пратеникот.

The post Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? appeared first on Република.

]]>
МФ: Јавниот долг 54,9 отсто од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-javniot-dolg-54-9-otsto-od-bdp/ Mon, 13 Jun 2022 17:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=514669

Јавниот долг забележува 2,2 процентни поени намалување. Денеска објавените податоци покажуваат дека заклучно со првиот квартал од 2022 година јавниот долг се спушти на ниво од 54,9 отсто од БДП. Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и е за 1,9 процентни поени понизок, соопшти Министерството за финанси.

Оттаму наведуваат дека фискалната политика останува на орпеделбата за натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Клучни елементи на фискална политика во наредниот период се редизајнирањето и подобрената структура на јавните финансии, преку зголемено учество на капиталните расходи, како и етапната фискална консолидација. Буџетскиот дефицит во 2020 година изнесуваше 8,2 отсто од БДП, во 2021 година 5,4 отсто од БДП. Годинава продолжува тој тренд на намалување. Во првите четири месеци, односно јануари-април 2022 година остварен е за 44 отсто помал дефицит во однос на тој период минатата година - велат од министерство за финанси.

Од министерството велат дека за годинава е проектиран дефицит од 5,3 отсто од БДП, 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 отсто во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3,0 отсто во 2026 година и 2,8 проценти во 2027 година.

Истовремено, од МФ додаваат дека останува определбата за натамошно намалување на јавниот долг и негово спуштање под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП. Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, на среден рок, според министерството до 2027 година јавниот долг ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,6 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,2 проценти

The post МФ: Јавниот долг 54,9 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг забележува 2,2 процентни поени намалување. Денеска објавените податоци покажуваат дека заклучно со првиот квартал од 2022 година јавниот долг се спушти на ниво од 54,9 отсто од БДП. Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и е за 1,9 процентни поени понизок, соопшти Министерството за финанси. Оттаму наведуваат дека фискалната политика останува на орпеделбата за натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.
Клучни елементи на фискална политика во наредниот период се редизајнирањето и подобрената структура на јавните финансии, преку зголемено учество на капиталните расходи, како и етапната фискална консолидација. Буџетскиот дефицит во 2020 година изнесуваше 8,2 отсто од БДП, во 2021 година 5,4 отсто од БДП. Годинава продолжува тој тренд на намалување. Во првите четири месеци, односно јануари-април 2022 година остварен е за 44 отсто помал дефицит во однос на тој период минатата година - велат од министерство за финанси.
Од министерството велат дека за годинава е проектиран дефицит од 5,3 отсто од БДП, 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 отсто во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3,0 отсто во 2026 година и 2,8 проценти во 2027 година. Истовремено, од МФ додаваат дека останува определбата за натамошно намалување на јавниот долг и негово спуштање под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП. Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, на среден рок, според министерството до 2027 година јавниот долг ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,6 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,2 проценти

The post МФ: Јавниот долг 54,9 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>
Црни прогнози: Aко СДСМ остане на власт до крајот на годината, долгот ќе биде над 8 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/crni-prognozi-ako-sdsm-ostane-na-vlast-do-krajot-na-godinata-dolgot-kje-bide-nad-8-milijardi-evra/ Fri, 27 May 2022 09:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=507518

Долгот во 2017 година беше 4.7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра. За 5 години СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Моментално јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70%.

За 5 години долгот е енормно зголемен без да има еден проект, ниту инвестиција.

Сите капитални проекти стојат во место. Нема Клиничка болница во Штип, ниту Клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка, стои во партиското соопштение и се додава:

„Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнираше, туку и изгуби чекор со регионот, каде забрзано се инвестира во инфраструктура.

Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“.

The post Црни прогнози: Aко СДСМ остане на власт до крајот на годината, долгот ќе биде над 8 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Долгот во 2017 година беше 4.7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра. За 5 години СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Моментално јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70%. За 5 години долгот е енормно зголемен без да има еден проект, ниту инвестиција. Сите капитални проекти стојат во место. Нема Клиничка болница во Штип, ниту Клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка, стои во партиското соопштение и се додава: „Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнираше, туку и изгуби чекор со регионот, каде забрзано се инвестира во инфраструктура.
Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“.

The post Црни прогнози: Aко СДСМ остане на власт до крајот на годината, долгот ќе биде над 8 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Власта на СДСМ и ДУИ ќе се задолжи со 900 милиони евра за да ја закрпи буџетската дупка – ете на кое дереџе дојде Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-na-sdsm-i-dui-kje-se-zadolzi-so-900-milioni-evra-za-da-ja-zakrpi-budzetskata-dupka-ete-na-koe-deredze-dojde-makedonija/ Tue, 03 May 2022 06:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=496605

Владата на СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат народните пари. Затоа економијата е во колапс и затоа долгот на Македонија вртоглаво расте, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра кое што нема да служи за развој туку за буџетска ликвидност. Тоа значи дека овој долг од скоро 1 милијарда евра е само за да се закрпи буџетската дупка. Ете на кое дереџе дојде Македонија. За 5 години потрошија над 20 милијарди евра, а ништо не направија. За 5 години долгот порасна од 4,7 милијарди евра на над 7 милијарди евра и уште ќе расте до речиси 8 милијарди евра до крајот на годината. Ова значи дека оваа власт ја задолжи државата колку сите власти претходно, стои во партиското соопштение и се додава:

„Резултат од задолжувањето на Македонија нема. Над 35% се во ризик од сиромаштија, а државата е во топ 5 најсиромашни земји во Европа. Последни сме во регионот по економски раст, последни сме по привлекување на странски инвестиции, а нема ниту домашни капитални инвестиции. Нема ништо од најавуваните нови клинички болници, автопати, училишта и слични ветувања. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, цената на струјата за кратко време се покачи за 30%, горивата за 80%, килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за 107%, а литар млеко е 47% поскап.

Парите од буџетот и од задолжувањата власта на СДСМ и ДУИ ги троши за милионски криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, набавки на мебел, цвеќе, службени возила и жардињери.

Ова тонење на Македонија мора да престане. Мора да се оди на избори што поскоро бидејќи оваа власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку само создава нови“.

The post Власта на СДСМ и ДУИ ќе се задолжи со 900 милиони евра за да ја закрпи буџетската дупка – ете на кое дереџе дојде Македонија appeared first on Република.

]]>

Владата на СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат народните пари. Затоа економијата е во колапс и затоа долгот на Македонија вртоглаво расте, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра кое што нема да служи за развој туку за буџетска ликвидност. Тоа значи дека овој долг од скоро 1 милијарда евра е само за да се закрпи буџетската дупка. Ете на кое дереџе дојде Македонија. За 5 години потрошија над 20 милијарди евра, а ништо не направија. За 5 години долгот порасна од 4,7 милијарди евра на над 7 милијарди евра и уште ќе расте до речиси 8 милијарди евра до крајот на годината. Ова значи дека оваа власт ја задолжи државата колку сите власти претходно, стои во партиското соопштение и се додава: „Резултат од задолжувањето на Македонија нема. Над 35% се во ризик од сиромаштија, а државата е во топ 5 најсиромашни земји во Европа. Последни сме во регионот по економски раст, последни сме по привлекување на странски инвестиции, а нема ниту домашни капитални инвестиции. Нема ништо од најавуваните нови клинички болници, автопати, училишта и слични ветувања. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, цената на струјата за кратко време се покачи за 30%, горивата за 80%, килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за 107%, а литар млеко е 47% поскап. Парите од буџетот и од задолжувањата власта на СДСМ и ДУИ ги троши за милионски криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, набавки на мебел, цвеќе, службени возила и жардињери. Ова тонење на Македонија мора да престане. Мора да се оди на избори што поскоро бидејќи оваа власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку само создава нови“.

The post Власта на СДСМ и ДУИ ќе се задолжи со 900 милиони евра за да ја закрпи буџетската дупка – ете на кое дереџе дојде Македонија appeared first on Република.

]]>
Владата на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-na-sdsm-i-dui-za-5-godini-vlast-ja-zadolzi-makedonija-rechisi-kolku-site-vladi-zaedno/ Tue, 26 Apr 2022 10:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=493722

Неодговорноста, неспособноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економски колапс, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, нагласувајќи дека последната најава за ново задолжување од речиси една милијарда евра само го потврдува тоа.

Митева потенцира дека ова задолжување кое го најавува власта не е за развој, не е за изградба, не е за нови капитални инвестиции, туку за покривање на дупки и обезбедување на ликвидност.

Тоа е поразително. Според информациите во јавноста власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски, поради катастрофалната состојба со буџетот. Досегашната состојба со долгот и така беше катастрофална, а сега уште повеќе ќе се влошува. Ако долгот до сега беше над 60% од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми на над 63%. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од над 8 милијарди евра долг, рече Митева.

Митева додава дека оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно.

Кога дојдоа на власт долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг кој е еквивалентен на 1.250 евра по граѓанин.

Во исто време ја заковаа Македонија на дното од земјите во регионот по странски директни инвестиции, реализација на капитални инвестиции и раст на БДП нема. Со други зборови се што собраа од даноци и се што се задолжија отиде на покривање на елементарни државни функции и на многу криминални тендери, физибилити студии, непродуктивни трошоци за службени возила, позлатени прибори, фстаци, режани цвеќиња, жардињери, мебел и слични луксузи.

Ова мора да престане. Ваквата состојба мора да се смени. Тоа е можно само со нови предвремени избори кога главните виновници за економскиот колапс, СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени, потенцира Митева.

https://youtu.be/En5J8rDp82U

The post Владата на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно appeared first on Република.

]]>

Неодговорноста, неспособноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економски колапс, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, нагласувајќи дека последната најава за ново задолжување од речиси една милијарда евра само го потврдува тоа. Митева потенцира дека ова задолжување кое го најавува власта не е за развој, не е за изградба, не е за нови капитални инвестиции, туку за покривање на дупки и обезбедување на ликвидност.
Тоа е поразително. Според информациите во јавноста власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски, поради катастрофалната состојба со буџетот. Досегашната состојба со долгот и така беше катастрофална, а сега уште повеќе ќе се влошува. Ако долгот до сега беше над 60% од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми на над 63%. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од над 8 милијарди евра долг, рече Митева.
Митева додава дека оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно.
Кога дојдоа на власт долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг кој е еквивалентен на 1.250 евра по граѓанин. Во исто време ја заковаа Македонија на дното од земјите во регионот по странски директни инвестиции, реализација на капитални инвестиции и раст на БДП нема. Со други зборови се што собраа од даноци и се што се задолжија отиде на покривање на елементарни државни функции и на многу криминални тендери, физибилити студии, непродуктивни трошоци за службени возила, позлатени прибори, фстаци, режани цвеќиња, жардињери, мебел и слични луксузи. Ова мора да престане. Ваквата состојба мора да се смени. Тоа е можно само со нови предвремени избори кога главните виновници за економскиот колапс, СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени, потенцира Митева.
https://youtu.be/En5J8rDp82U  

The post Владата на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно appeared first on Република.

]]>
Зголемувањето на јавниот долг значи дека плаќаме многу повеќе за камати, поскапо задолжување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemuvanjeto-na-javniot-dolg-znachi-deka-plakjame-mnogu-povekje-za-kamati-poskapo-zadolzuvanje/ Thu, 17 Mar 2022 07:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=474027

Најдобро би било да не сме во ситуација да позајмуваме од надвор затоа што позајмуваме дали за преживување дали за тековни трошоци, а не за вложување во инфраструктура и зголемување на производствената моќ на економијата, изјави универзитетскиот професор и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески, во вечерашното интервју во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М.

Славески вели дека загрижува фактот што не се зборува доволно зголемувањето на јавниот долг, укажувајќи дека претходно се кревало фама ако јавниот долг од 30 се зголемил на 35 проценти, а сега како што рече тој како да е нормално зголемување на јавниот долг на 60 проценти.

Знаеме дека немаме некоја заштеда или резерва која што служи за вакви тешки времиња, немавме ни пред почетокот на пандемијата, па го зголемија јавниот долг за најмалку 10 процентни поени. Мене ме загрижува една работа што некако го умртвија оној критички став кон задолжувањето и растот на јавниот долг во земјата, додаде тој.

Толку се возбудуваа кога јавниот долг порасна од 30 на 35 проценти, а сега некако како да е нормално дали е 50, 55 или 60 проценти, посочи Славески.

Славески потенцираше дека зголемувањето на јавниот долг значи дека државата плаќа повисоки камати за сервисирање на долгот, нагласувајќи дека секое зголемување кај јавниот долг всушност значи поскапо задолжување кај банките кои ја ценат кредитната состојба.

Зголемувањето на јавниот долг всушност значи дека плаќаме многу повеќе за камати, за сервисирање на долгот, мислам дека беше изнесен и податок дека 1,5 проценти од БДП одат за отплата на камати, ние толку не трошиме за народна одбрана на земјата како членка на НАТО. Второ секое зголемување на јавниот долг кај кредиторите кон кои ќе се обраќате во иднина, кога банките ја ценат кредитната способност секако нели ќе ја зголемуваат она премија за ризик што ја наплаќаат, односно ќе значи поскапо задолжување, рече Славески.

The post Зголемувањето на јавниот долг значи дека плаќаме многу повеќе за камати, поскапо задолжување appeared first on Република.

Aлбанија се задолжува повеќе дури и од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-se-zadolzuva-povekje-duri-i-od-makedonija/ Mon, 28 Feb 2022 10:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=465155

Албанија се движи со побавно темпо од соседите во однос на фискалната консолидација, што значи бавно намалување на јавниот долг на среден рок, стои во анализата на весникот „Монитор“.

Се додава дека во последниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати, во 2023 година се очекува земјата да има ниво на јавен долг од 73,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што се проценува дека е највисок во регионот, надминувајќи ја и Црна Гора, која досега го држеше рекордот.

Во 2020 година, кога пандемијата го зафати светот, сите земји го зголемија својот јавен долг бидејќи владите ги зголемија трошоците за да ги надоместат загубите направени од економијата во услови на строго ограничувачки мерки, со цел спречување ширење на вирусот. Во регионот највисоко ниво на долг постигна Црна Гора, 105,3 отсто од БДП, а потоа Албанија, со околу 76 отсто од БДП.

-Иако нашата земја имаше втор највисок јавен долг во регионот и раст од околу 10 процентни поени во 2020 година, во однос на претходната година, повторно помошта за бизнисите и поединците во однос на големината на економијата е помала во Европа, на околу еден отстоод БДП, според процените на Меѓународниот монетарен фонд

(ММФ). По надминувањето на вонредната фаза предизвикана од Ковид-19, сите земји се движат кон фискална консолидација, што значи ограничување на непотребното трошење и подобрување на ефикасноста на приходите, оценува Монитор.

Додава дека според Европската комисија Црна Гора предвидува намалување на јавен долг во 2023 година, на 71,7 отсто од БДП, намалувајќи го со побрзо темпо од Албанија. Другите земји во регионот, пак, се во поповолна положба, бидејќи имаат помали долгови, како што се Косово 22 отсто од БДП, Босна и Херцеговина 35 , Србија 54 и Македонија 58 отсто, според очекувањата за 2023 година, објавени од Европската комисија.

Во 2021 година, според албанското министерство за финансии јавниот долг на земјата достигнал исторски рекорд од 78,1 отсто од БДП и изнесува 1,38 трилијарди лека или зголемување за 1,5 милијарди лека (1,3 милијарди евра) споредено со претходната година, што е и највисок раст и на годишно ниво до сега.

На крајот на 2021 година долгот по глава на жител во Албанија изнесувал 3.850 евра

The post Aлбанија се задолжува повеќе дури и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Албанија се движи со побавно темпо од соседите во однос на фискалната консолидација, што значи бавно намалување на јавниот долг на среден рок, стои во анализата на весникот „Монитор“. Се додава дека во последниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати, во 2023 година се очекува земјата да има ниво на јавен долг од 73,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што се проценува дека е највисок во регионот, надминувајќи ја и Црна Гора, која досега го држеше рекордот. Во 2020 година, кога пандемијата го зафати светот, сите земји го зголемија својот јавен долг бидејќи владите ги зголемија трошоците за да ги надоместат загубите направени од економијата во услови на строго ограничувачки мерки, со цел спречување ширење на вирусот. Во регионот највисоко ниво на долг постигна Црна Гора, 105,3 отсто од БДП, а потоа Албанија, со околу 76 отсто од БДП. -Иако нашата земја имаше втор највисок јавен долг во регионот и раст од околу 10 процентни поени во 2020 година, во однос на претходната година, повторно помошта за бизнисите и поединците во однос на големината на економијата е помала во Европа, на околу еден отстоод БДП, според процените на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). По надминувањето на вонредната фаза предизвикана од Ковид-19, сите земји се движат кон фискална консолидација, што значи ограничување на непотребното трошење и подобрување на ефикасноста на приходите, оценува Монитор. Додава дека според Европската комисија Црна Гора предвидува намалување на јавен долг во 2023 година, на 71,7 отсто од БДП, намалувајќи го со побрзо темпо од Албанија. Другите земји во регионот, пак, се во поповолна положба, бидејќи имаат помали долгови, како што се Косово 22 отсто од БДП, Босна и Херцеговина 35 , Србија 54 и Македонија 58 отсто, според очекувањата за 2023 година, објавени од Европската комисија. Во 2021 година, според албанското министерство за финансии јавниот долг на земјата достигнал исторски рекорд од 78,1 отсто од БДП и изнесува 1,38 трилијарди лека или зголемување за 1,5 милијарди лека (1,3 милијарди евра) споредено со претходната година, што е и највисок раст и на годишно ниво до сега. На крајот на 2021 година долгот по глава на жител во Албанија изнесувал 3.850 евра

The post Aлбанија се задолжува повеќе дури и од Македонија appeared first on Република.

]]>
Јавниот долг достигна ниво од 60 отсто од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/javniot-dolg-dostigna-nivo-od-60-otsto-od-bdp/ Wed, 16 Feb 2022 09:41:47 +0000 https://republika.mk/?p=459193

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република Македонија.

Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година.

Во услови на Ковид-пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП и долгот е зголемен за 15 процентни поени. Во Република Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг - наведуваат од ДЗР.

Целосниот извештај може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/62_Upravuvanje_so_javen_dolg_Zadolzuvanje_na%20RSM_2021_1.pdf. 

The post Јавниот долг достигна ниво од 60 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република Македонија. Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година.