јасеновац Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jasenovac/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јасеновац Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jasenovac/ 32 32 Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kongo-ruanda-jasenovats-za-ovie-genotsidi-nemashe-rezolutsii/ Mon, 03 Jun 2024 08:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=784244

Резолуцијата за Сребреница  предизвика бурни реакции во Србија и регионот. Многумина истакнуваат дека оваа резолуција неправедно означува цела нација како геноцидна, додека историјата покажува дека бројни големи светски нации со текот на времето извршиле злосторства од слични или поголеми размери, анализира „Борба.ме“

Германија: Холокаустот

Еден од најстрашните геноциди во историјата се случи за време на Втората светска војна кога нацистичките сили во Германија систематски убиваа шест милиони Евреи, како и милиони други, вклучително и Роми и политички противници. Холокаустот е пример за геноцид кој е темелно документиран и широко признат низ целиот свет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/

Турција: Ерменски геноцид

За време на Првата светска војна, Отоманската империја (чиј наследник е модерна Турција) изврши геноцид врз Ерменците. Околу 1,5 милиони Ерменци беа убиени преку масовни убиства, депортации и маршеви на принудна смрт. Овој настан е широко признат како геноцид, и покрај контроверзите и негирањата од страна на турската влада.

Хрватска: Злосторства во Втората светска војна

За време на Втората светска војна, усташкиот режим во Независна Држава Хрватска изврши масовни злосторства врз Србите, Евреите и Ромите. Логорот Јасеновац беше местото каде што беа убиени стотици илјади луѓе, што се смета за едно од најбруталните злосторства во Европа во тоа време.

Белгија: Конго

Белгискиот крал Леополд II владеел со Конго како приватен имот, каде што неговите режими и експлоатација резултирале со смрт на околу 10 милиони Африканци преку принудна работа, глад и болести. Овој период на белгиско колонијално владеење е еден од најозлогласените примери на колонијална бруталност.

извор Борба.ме

The post Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции appeared first on Република.

]]>

Резолуцијата за Сребреница  предизвика бурни реакции во Србија и регионот. Многумина истакнуваат дека оваа резолуција неправедно означува цела нација како геноцидна, додека историјата покажува дека бројни големи светски нации со текот на времето извршиле злосторства од слични или поголеми размери, анализира „Борба.ме“ Германија: Холокаустот Еден од најстрашните геноциди во историјата се случи за време на Втората светска војна кога нацистичките сили во Германија систематски убиваа шест милиони Евреи, како и милиони други, вклучително и Роми и политички противници. Холокаустот е пример за геноцид кој е темелно документиран и широко признат низ целиот свет. https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/ Турција: Ерменски геноцид За време на Првата светска војна, Отоманската империја (чиј наследник е модерна Турција) изврши геноцид врз Ерменците. Околу 1,5 милиони Ерменци беа убиени преку масовни убиства, депортации и маршеви на принудна смрт. Овој настан е широко признат како геноцид, и покрај контроверзите и негирањата од страна на турската влада. Хрватска: Злосторства во Втората светска војна За време на Втората светска војна, усташкиот режим во Независна Држава Хрватска изврши масовни злосторства врз Србите, Евреите и Ромите. Логорот Јасеновац беше местото каде што беа убиени стотици илјади луѓе, што се смета за едно од најбруталните злосторства во Европа во тоа време. Белгија: Конго Белгискиот крал Леополд II владеел со Конго како приватен имот, каде што неговите режими и експлоатација резултирале со смрт на околу 10 милиони Африканци преку принудна работа, глад и болести. Овој период на белгиско колонијално владеење е еден од најозлогласените примери на колонијална бруталност. извор Борба.ме

The post Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции appeared first on Република.

]]>
Хрватски генерал го опцу Васко Ефтов и ја напушти емисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/ Mon, 03 Jun 2024 07:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=784264

Ќе ти мавнам шамар и ќе ти избијам два заба. Ма.. ти е...“ извика хрватскиот генерал Анте Пркачин во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов.

Пркачин е хрватски генерал кој беше осомничен за воени злосторства се изнервира за прашањето поврзано со логорот Јасеновац во Втората светска војна.

Ефтов го праша дали таму Хрвати убивале Срби или Србите самите се убивале на што генералот стана, го опцу и ја напушти емисијата.

 

The post Хрватски генерал го опцу Васко Ефтов и ја напушти емисијата appeared first on Република.

]]>

Ќе ти мавнам шамар и ќе ти избијам два заба. Ма.. ти е...“ извика хрватскиот генерал Анте Пркачин во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов. Пркачин е хрватски генерал кој беше осомничен за воени злосторства се изнервира за прашањето поврзано со логорот Јасеновац во Втората светска војна. Ефтов го праша дали таму Хрвати убивале Срби или Србите самите се убивале на што генералот стана, го опцу и ја напушти емисијата.  

The post Хрватски генерал го опцу Васко Ефтов и ја напушти емисијата appeared first on Република.

]]>
Јасеновац – единствениот логор во Европа со специјален камп за деца: На денешен ден 1.073 логараши тргнаа во крвав пробој за слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jasenovats-edinstveniot-logor-vo-evropa-so-spetsijalen-kamp-za-detsa-na-deneshen-den-1-073-logarashi-trgnaa-vo-krvav-proboj-za-sloboda/ Mon, 22 Apr 2024 18:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=769319

На денешен ден - 22 април, 1945 годинаа, затворениците во усташкиот логор Јасеновац се дале во очајнички јуриш врз стражарите со цел да дојдат до слобода, при што од 1.073 луѓе, само 169 успеале да побегнат.

Логорот Јасеновац беше најголемиот логор на смртта во тогашната фашистичка Независна држава Хрватска. Во таа најголема „фабрика на смртта“ на Балканот, усташите убија стотици илјади Срби.

Логорот е формиран во август 1941 година, а го дизајнираше еден од најголемите воени злосторници од таа ера, Макс Лубуриќ, кој беше и првиот командант на логорот.

Кампот бил уништен од усташите во април 1945 година со цел да ги сокријат трагите од своите злосторства.

https://republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-megu-srbija-i-hrvatska-otkako-srpski-minister-bil-izbrkan-od-jasenovats/

„Работниот логор Јасеновац“, како што го нарекува хрватската државна управа, бил убиствен терен за Србите од сите возрасти, полови, возрасти, социјални, образовни и други профили.

Професор Гидеон Грајф, историчар специјализизран за Холокаустот и автор на исклучително значајната монографија „Јасеновац - Аушвиц на Балканот - Усташка империја на суровоста“ наведува дека: „Јасеновац бил далеку побрутален од Аушвиц“.

Во процесот на „прочистување на хрватската нација“ спроведуван во логорот, беа убивани и деца, заедно со возрасните. Во текот на четири години, помеѓу април 1941 година и мај 1945 година, во усташката НДХ биле убиени 73.316 деца. За време на Втората светска војна, единственото место во цела Европа каде што имало специјални кампови за деца беше тогашната Независна Држава Хрватска.

Од декември 1941 до април 1942 година, усташите убија 19.544 момчиња и девојчиња од српска националност. Според сведоштвата, ги убивале на најстрашни начини, а децата умирале и повеќе од возрасните од болести, глад, жед и смрзнување.

Хрватската национална комисија, формирана во 1945 година, во својот извештај до Меѓународниот воен суд во Нирнберг наведува дека бројот на жртвите бил меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.

Германските генерали од Втората светска војна, пак, даваат различни податоци за бројот на убиени Срби во НДХ, но сите споменуваат стотици илјади жртви.

Во 1943 година Александар Лер зборувал за 400.000 убиени Срби, Лотар Рендули, германски генерал, наведува дека биле убиени околу „500.000 православни“, генералот Херман Нојбахер споменува „повеќе од 750.000 убиени“, а Ернст Фик спомнува борјка од 600.000.

The post Јасеновац – единствениот логор во Европа со специјален камп за деца: На денешен ден 1.073 логараши тргнаа во крвав пробој за слобода appeared first on Република.

]]>

На денешен ден - 22 април, 1945 годинаа, затворениците во усташкиот логор Јасеновац се дале во очајнички јуриш врз стражарите со цел да дојдат до слобода, при што од 1.073 луѓе, само 169 успеале да побегнат. Логорот Јасеновац беше најголемиот логор на смртта во тогашната фашистичка Независна држава Хрватска. Во таа најголема „фабрика на смртта“ на Балканот, усташите убија стотици илјади Срби. Логорот е формиран во август 1941 година, а го дизајнираше еден од најголемите воени злосторници од таа ера, Макс Лубуриќ, кој беше и првиот командант на логорот. Кампот бил уништен од усташите во април 1945 година со цел да ги сокријат трагите од своите злосторства. https://republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-megu-srbija-i-hrvatska-otkako-srpski-minister-bil-izbrkan-od-jasenovats/ „Работниот логор Јасеновац“, како што го нарекува хрватската државна управа, бил убиствен терен за Србите од сите возрасти, полови, возрасти, социјални, образовни и други профили. Професор Гидеон Грајф, историчар специјализизран за Холокаустот и автор на исклучително значајната монографија „Јасеновац - Аушвиц на Балканот - Усташка империја на суровоста“ наведува дека: „Јасеновац бил далеку побрутален од Аушвиц“. Во процесот на „прочистување на хрватската нација“ спроведуван во логорот, беа убивани и деца, заедно со возрасните. Во текот на четири години, помеѓу април 1941 година и мај 1945 година, во усташката НДХ биле убиени 73.316 деца. За време на Втората светска војна, единственото место во цела Европа каде што имало специјални кампови за деца беше тогашната Независна Држава Хрватска. Од декември 1941 до април 1942 година, усташите убија 19.544 момчиња и девојчиња од српска националност. Според сведоштвата, ги убивале на најстрашни начини, а децата умирале и повеќе од возрасните од болести, глад, жед и смрзнување. Хрватската национална комисија, формирана во 1945 година, во својот извештај до Меѓународниот воен суд во Нирнберг наведува дека бројот на жртвите бил меѓу 500.000 и 700.000 луѓе. Германските генерали од Втората светска војна, пак, даваат различни податоци за бројот на убиени Срби во НДХ, но сите споменуваат стотици илјади жртви. Во 1943 година Александар Лер зборувал за 400.000 убиени Срби, Лотар Рендули, германски генерал, наведува дека биле убиени околу „500.000 православни“, генералот Херман Нојбахер споменува „повеќе од 750.000 убиени“, а Ернст Фик спомнува борјка од 600.000.

The post Јасеновац – единствениот логор во Европа со специјален камп за деца: На денешен ден 1.073 логараши тргнаа во крвав пробој за слобода appeared first on Република.

]]>
Нови тензии меѓу Србија и Хрватска, откако српски министер бил избркан од Јасеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-megu-srbija-i-hrvatska-otkako-srpski-minister-bil-izbrkan-od-jasenovats/ Mon, 15 Apr 2024 06:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=766089

На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ денеска му беше забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што беше протеран од таму, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Милиќевиќ на нивна покана беше во работна посета на Србите во околината на Новска.

По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите соработници се упатија кон меморијалниот парк во Јасеновац, со цел да им оддадат почит на убиените Срби во злогласниот логор на НДХ, се наведува во соопштението од кабинетот на Милиќевиќ.

Но, на самиот влез во спомен-комплексот комбето во кое се наоѓаше министерот беше запрено од хрватски полицајци кои го опколија возилото на министерот со три свои автомобили.

Според соопштенеито, полицаецот, кој не се претставил, наредил комбето со министерот и неговите соработници веднаш да го напушти Јасеновац.

Свртете го возилото и веднаш упатете се кон граничниот премин Бајаково, без застанување на територијата на Република Хрватска, нагласил овој полицаец, додавајќи дека „има наредба од врвот“, се вели во соопштението.

Министерот Милиќевиќ потоа излегол од комбето и побарал само да го фотографира спомен-комплексот, при што бил опкружен од неколку полицајци кои го повториле барањето, придружуван од нив веднаш да тргне на граничниот премин со Србија, се додава во соопштението.

The post Нови тензии меѓу Србија и Хрватска, откако српски министер бил избркан од Јасеновац appeared first on Република.

]]>

На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ денеска му беше забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што беше протеран од таму, јави дописникот на МИА од Белград. Министерот Милиќевиќ на нивна покана беше во работна посета на Србите во околината на Новска.
По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите соработници се упатија кон меморијалниот парк во Јасеновац, со цел да им оддадат почит на убиените Срби во злогласниот логор на НДХ, се наведува во соопштението од кабинетот на Милиќевиќ.
Но, на самиот влез во спомен-комплексот комбето во кое се наоѓаше министерот беше запрено од хрватски полицајци кои го опколија возилото на министерот со три свои автомобили. Според соопштенеито, полицаецот, кој не се претставил, наредил комбето со министерот и неговите соработници веднаш да го напушти Јасеновац.
Свртете го возилото и веднаш упатете се кон граничниот премин Бајаково, без застанување на територијата на Република Хрватска, нагласил овој полицаец, додавајќи дека „има наредба од врвот“, се вели во соопштението.
Министерот Милиќевиќ потоа излегол од комбето и побарал само да го фотографира спомен-комплексот, при што бил опкружен од неколку полицајци кои го повториле барањето, придружуван од нив веднаш да тргне на граничниот премин со Србија, се додава во соопштението.

The post Нови тензии меѓу Србија и Хрватска, откако српски министер бил избркан од Јасеновац appeared first on Република.

]]>
Србија и Хрватска повторно ги затегнаа односите поради забраната Вучиќ да го посети приватно Јасеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-i-hrvatska-povtorno-gi-zategnaa-odnosite-poradi-zabranata-vuchikj-da-go-poseti-privatno-jasenovac/ Sun, 17 Jul 2022 11:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=530287

Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.

Ова е застрашувачка одлука на хрватската влада, а Владата на Србија ќе донесе одлука за контрамерките што ќе бидат воведени, кажа министерот Селаковиќ.

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ ја откажа официјалната посета на Загреб поради забраната на Хрватска на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерката Михајловиќ, таа во вторник во Загреб требаше да се сретне со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, каде главна тема на разговор требаше да бидат регионалната соработка и гасната интерконекција.

Средбата беше организирана со цел да се разговара за тоа како да работиме на зголемување на енергетската безбедност на целиот регион преку конкретни проекти и соработка и заеднички да одговориме на предизвиците на 21 век. Наместо да покажеме почит кон сите жртви и да бараме начини да изградиме заедничка подобра иднина, како што тоа го прави Србија, со ваквите потези само се враќаме во минатото и го спречуваме подобрувањето на односите меѓу двете земји во областите каде што има реална потреба за соработка, се наведува во соопштението на Михајловиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм објави фотографија од споменикот во Јасеновац со коментар „Само вие работите си ја својата работа. Српскиот народ ќе живее и никогаш нема да заборави“.

Споменикот Камен цвет е монументален споменик посветен на сите жртви кои беа убиени од усташите во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна.

Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во врска со оваа состојба Вучиќ утре ќе ѝ се обрати на јавноста.

The post Србија и Хрватска повторно ги затегнаа односите поради забраната Вучиќ да го посети приватно Јасеновац appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција. Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.
Ова е застрашувачка одлука на хрватската влада, а Владата на Србија ќе донесе одлука за контрамерките што ќе бидат воведени, кажа министерот Селаковиќ.
Потпретседателот на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ ја откажа официјалната посета на Загреб поради забраната на Хрватска на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац. Како што се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерката Михајловиќ, таа во вторник во Загреб требаше да се сретне со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, каде главна тема на разговор требаше да бидат регионалната соработка и гасната интерконекција.
Средбата беше организирана со цел да се разговара за тоа како да работиме на зголемување на енергетската безбедност на целиот регион преку конкретни проекти и соработка и заеднички да одговориме на предизвиците на 21 век. Наместо да покажеме почит кон сите жртви и да бараме начини да изградиме заедничка подобра иднина, како што тоа го прави Србија, со ваквите потези само се враќаме во минатото и го спречуваме подобрувањето на односите меѓу двете земји во областите каде што има реална потреба за соработка, се наведува во соопштението на Михајловиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм објави фотографија од споменикот во Јасеновац со коментар „Само вие работите си ја својата работа. Српскиот народ ќе живее и никогаш нема да заборави“.
Споменикот Камен цвет е монументален споменик посветен на сите жртви кои беа убиени од усташите во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна. Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во врска со оваа состојба Вучиќ утре ќе ѝ се обрати на јавноста.

The post Србија и Хрватска повторно ги затегнаа односите поради забраната Вучиќ да го посети приватно Јасеновац appeared first on Република.

]]>
Објавена целосната забрана забраната на хрватското министерство доставена до Србија по повод посетата на Вучиќ на Јасеновац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/objavena-celosnata-zabrana-zabranata-na-hrvatskoto-ministerstvo-dostavena-do-srbija-po-povod-posetata-na-vuchikj-na-jasenovac/ Sun, 17 Jul 2022 10:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=530266

Како што објавуваат српските медиуми, на 15 јули Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испратило нота со која ја информира Амбасадата на Србија за причините за забраната за пристигнување на претседателот Александар Вучиќ.

„Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска изразува почит до Амбасадата на Република Србија во Република Хрватска и по повод информациите од неофицијални извори за можна посета на претседателот на Републиката Србија г. Александар Вучиќ во Република Хрватска, областа Јасеновац и Пакрац, на 17 јули 2022 година, има чест да го истакне следново:

Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска потсетува дека при планирање на каква било посета на странски претставници, времето, природата и програмата на посетата треба да бидат предмет на официјална комуникација и договор од двете страни. Неприфатливо е тоа што хрватската страна официјално не е информирана за намерата за евентуална посета на Република Хрватска“.

Од хрватското МНР посочуваат и дека посетата на висок претставник на странска држава на Меморијалниот простор Јасеновац не може да биде од приватен карактер. Во моментот кога ќе се создадат услови за ваква посета, за што во оваа прилика официјално не се информирани властите на Република Хрватска, тоа ќе биде договорено по вообичаените дипломатски канали.

– Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска ја користи оваа прилика да ја повтори својата лична почит кон Амбасадата на Република Србија во Република Хрватска – било наведено во писмото.

Како што веќе на големо се пишува, хрватските власти не му дозволија на Вучиќ да влезе во земјата, а премиерката Ана Брнабиќ одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, ја оцени како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска.

– Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење на слободата на движење. Да не анализираме колку тоа кажува за непочитувањето на српските жртви – изјави Брнабиќ во гостувањето на ТВ Пинк.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, најави дека од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и објаснат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим.

Како што е најавено, Вучиќ за ова ќе зборува утре по консултациите во врска со новата влада, а министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ најави итна прес-конференција.

Како што пишува Јутарњи лист, повикувајќи се на извори од хрватската влада, Вучиќ без официјална најава од хрватските власти и без координација со амбасадата сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска и околу 11 часот да пристигне во Јасеновац, а потоа околу 14 часот и во Пакрац.

Од хрватската влада неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, дека сакал се да направи надвор од процедурите и правилата на дипломатските односи и дека „со своите ТВ екипи“ сакал да ја премине хрватската граница и таму „да прави што сака“.

Меѓутоа, според Јутарњи лист, властите во Загреб јасно му рекле „не“ и му порачале дека идејата за „српски свет“ во Хрватска нема да помине.

The post Објавена целосната забрана забраната на хрватското министерство доставена до Србија по повод посетата на Вучиќ на Јасеновац appeared first on Република.

]]>

Како што објавуваат српските медиуми, на 15 јули Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испратило нота со која ја информира Амбасадата на Србија за причините за забраната за пристигнување на претседателот Александар Вучиќ.
„Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска изразува почит до Амбасадата на Република Србија во Република Хрватска и по повод информациите од неофицијални извори за можна посета на претседателот на Републиката Србија г. Александар Вучиќ во Република Хрватска, областа Јасеновац и Пакрац, на 17 јули 2022 година, има чест да го истакне следново: Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска потсетува дека при планирање на каква било посета на странски претставници, времето, природата и програмата на посетата треба да бидат предмет на официјална комуникација и договор од двете страни. Неприфатливо е тоа што хрватската страна официјално не е информирана за намерата за евентуална посета на Република Хрватска“.
Од хрватското МНР посочуваат и дека посетата на висок претставник на странска држава на Меморијалниот простор Јасеновац не може да биде од приватен карактер. Во моментот кога ќе се создадат услови за ваква посета, за што во оваа прилика официјално не се информирани властите на Република Хрватска, тоа ќе биде договорено по вообичаените дипломатски канали.
– Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска ја користи оваа прилика да ја повтори својата лична почит кон Амбасадата на Република Србија во Република Хрватска – било наведено во писмото.
Како што веќе на големо се пишува, хрватските власти не му дозволија на Вучиќ да влезе во земјата, а премиерката Ана Брнабиќ одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, ја оцени како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска.
– Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење на слободата на движење. Да не анализираме колку тоа кажува за непочитувањето на српските жртви – изјави Брнабиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, најави дека од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и објаснат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим. Како што е најавено, Вучиќ за ова ќе зборува утре по консултациите во врска со новата влада, а министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ најави итна прес-конференција. Како што пишува Јутарњи лист, повикувајќи се на извори од хрватската влада, Вучиќ без официјална најава од хрватските власти и без координација со амбасадата сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска и околу 11 часот да пристигне во Јасеновац, а потоа околу 14 часот и во Пакрац. Од хрватската влада неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, дека сакал се да направи надвор од процедурите и правилата на дипломатските односи и дека „со своите ТВ екипи“ сакал да ја премине хрватската граница и таму „да прави што сака“. Меѓутоа, според Јутарњи лист, властите во Загреб јасно му рекле „не“ и му порачале дека идејата за „српски свет“ во Хрватска нема да помине.

The post Објавена целосната забрана забраната на хрватското министерство доставена до Србија по повод посетата на Вучиќ на Јасеновац appeared first on Република.

]]>
Хрватска му забрани на Вучиќ да го посети Јасеновац, Србија најави посебен контролен режим за сите хрватски официјални лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-mu-zabrani-na-vuchikj-da-go-poseti-jasenovac-srbija-najavi-poseben-kontrolen-rezim-za-site-hrvatski-oficijalni-lica/ Sun, 17 Jul 2022 09:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=530239

Српскиот претседател Александар Вучиќ планирал денеска приватно да ги посети Јасеновац и Пакрац, но хрватските власти нема да му дозволат да влезе во земјата, пишува „Јутарњи лист“ повикувајќи се на извори блиски до хрватската влада.

Премиерката Ана Брнабиќ ја оцени одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска.

Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење на слободата на движење. Да не анализираме колку тоа кажува за непочитувањето на српските жртви - изјави Брнабиќ во гостувањето на ТВ Пинк.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, пак, најави дека од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и објаснат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим.

Како што е најавено, Вучиќ за ова ќе зборува утре по консултациите во врска со новата влада, а министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ најави итна прес-конференција.

Како што пишува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на извори од хрватската влада, Вучиќ без официјална најава од хрватските власти и без координација со амбасадата сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска и околу 11 часот да пристигне во Јасеновац, а потоа околу 14 часот и во Пакрац.

Од хрватската влада неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, дека сакал се да направи надвор од процедурите и правилата на дипломатските односи и дека „со своите ТВ екипи“ сакал да ја премине хрватската граница и таму „да прави што сака“.

Сепак, според „Јутарњи лист“, властите во Загреб јасно му рекле „не“ и му порачале дека идејата за „српски свет“ во Хрватска нема да помине.

The post Хрватска му забрани на Вучиќ да го посети Јасеновац, Србија најави посебен контролен режим за сите хрватски официјални лица appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ планирал денеска приватно да ги посети Јасеновац и Пакрац, но хрватските власти нема да му дозволат да влезе во земјата, пишува „Јутарњи лист“ повикувајќи се на извори блиски до хрватската влада. Премиерката Ана Брнабиќ ја оцени одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска.
Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење на слободата на движење. Да не анализираме колку тоа кажува за непочитувањето на српските жртви - изјави Брнабиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, пак, најави дека од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и објаснат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим. Како што е најавено, Вучиќ за ова ќе зборува утре по консултациите во врска со новата влада, а министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ најави итна прес-конференција. Како што пишува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на извори од хрватската влада, Вучиќ без официјална најава од хрватските власти и без координација со амбасадата сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска и околу 11 часот да пристигне во Јасеновац, а потоа околу 14 часот и во Пакрац. Од хрватската влада неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, дека сакал се да направи надвор од процедурите и правилата на дипломатските односи и дека „со своите ТВ екипи“ сакал да ја премине хрватската граница и таму „да прави што сака“. Сепак, според „Јутарњи лист“, властите во Загреб јасно му рекле „не“ и му порачале дека идејата за „српски свет“ во Хрватска нема да помине.

The post Хрватска му забрани на Вучиќ да го посети Јасеновац, Србија најави посебен контролен режим за сите хрватски официјални лица appeared first on Република.

]]>