Јасен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jasen/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 12:08:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јасен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jasen/ 32 32 Чешки хеликоптер „Блек хок“ го гаснеше пожарот во близина на Јасен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cheshki-helikopter-blek-hok-go-gasneshe-pozharot-vo-blizina-na-jasen/ Sun, 04 Aug 2024 11:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=803228

Чешки хеликоптер „Блек хок“ моментално дејствува на пожарот во атарот на с. Брезница и Тажево, пожар што зафаќа голема површина и е многу тежок за гаснење, но од огнот не е зафатено ловиштето Јасен, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

-Проблемот е што мора да се симне на помала надморска височина, да полета, да се искачи горе на повеќе од 1400 метри да ја истури водата и пак да се врати. Благодарност до храбрите пилоти од Чешка. Пожарот е во атарот на селата Тажево и Брезница со крак кон Јасен, но ловиштето Јасен не е зафатено од пожар. Вработените во Јасен не дозволија пожарот да навлезе на територија на територија на ловиштето Јасен, рече Ангелов.

Покрај овој пожар, додаде, го имаме и пожарот на Илинска планина којшто трае неколку дена, и исклучително е тежок за гаснење затоа што зафаќа голема површина и создава црн и темен чад што ја отежнува работата на воздухопловите.

-Третиот пожар којшто за жал е активен во овој момент е пожарот што започна кај охридското село Косел што се движи нагоре кон планината и за којшто имаме концентрирано повеќе сили рано утрово. Благодарност до локалната самоуправа, до Градот Охрид којшто дава се од себе со поддршка на локалните пожарникари и месното население да го стават пожарот под контрола, истакна тој.

За жал, дополни Ангелов, пожарот што вчера избувна во атарот на Богданци отиде кон ветерниците и се уште е активен. -Рано утрово таму пративме хеликоптери, но истите поради силниот ветер не беа во состојба да дејствуваат, рече Ангелов.

Истакна дека пожарот на територија на Општина Пробиштип во атарот на с. Зеленград се уште е активен иако е делумна контрола, но не ја загрозува Пониква и викенд населбата што се наоѓа таму.

https://www.youtube.com/watch?v=Oma_mlQAChE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

Повтори дека четири пожари се под контрола - во Општина Кочани кај селото Пресека, во Општина Свети Николе кај селото Патетино, во Општина Пласница, селата Пласница и Латово, Македонски Брод и во Општина Македонска Каменица кај селото Дулица.

 

The post Чешки хеликоптер „Блек хок“ го гаснеше пожарот во близина на Јасен appeared first on Република.

]]>

Чешки хеликоптер „Блек хок“ моментално дејствува на пожарот во атарот на с. Брезница и Тажево, пожар што зафаќа голема површина и е многу тежок за гаснење, но од огнот не е зафатено ловиштето Јасен, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
-Проблемот е што мора да се симне на помала надморска височина, да полета, да се искачи горе на повеќе од 1400 метри да ја истури водата и пак да се врати. Благодарност до храбрите пилоти од Чешка. Пожарот е во атарот на селата Тажево и Брезница со крак кон Јасен, но ловиштето Јасен не е зафатено од пожар. Вработените во Јасен не дозволија пожарот да навлезе на територија на територија на ловиштето Јасен, рече Ангелов.
Покрај овој пожар, додаде, го имаме и пожарот на Илинска планина којшто трае неколку дена, и исклучително е тежок за гаснење затоа што зафаќа голема површина и создава црн и темен чад што ја отежнува работата на воздухопловите. -Третиот пожар којшто за жал е активен во овој момент е пожарот што започна кај охридското село Косел што се движи нагоре кон планината и за којшто имаме концентрирано повеќе сили рано утрово. Благодарност до локалната самоуправа, до Градот Охрид којшто дава се од себе со поддршка на локалните пожарникари и месното население да го стават пожарот под контрола, истакна тој.
За жал, дополни Ангелов, пожарот што вчера избувна во атарот на Богданци отиде кон ветерниците и се уште е активен. -Рано утрово таму пративме хеликоптери, но истите поради силниот ветер не беа во состојба да дејствуваат, рече Ангелов.
Истакна дека пожарот на територија на Општина Пробиштип во атарот на с. Зеленград се уште е активен иако е делумна контрола, но не ја загрозува Пониква и викенд населбата што се наоѓа таму. https://www.youtube.com/watch?v=Oma_mlQAChE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE Повтори дека четири пожари се под контрола - во Општина Кочани кај селото Пресека, во Општина Свети Николе кај селото Патетино, во Општина Пласница, селата Пласница и Латово, Македонски Брод и во Општина Македонска Каменица кај селото Дулица.  

The post Чешки хеликоптер „Блек хок“ го гаснеше пожарот во близина на Јасен appeared first on Република.

]]>
Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/politsiskite-helikopteri-isfrlija-nad-65-toni-voda-vrz-pozharite-kaj-seloto-tazhevo-i-jasen/ Thu, 25 Jul 2024 17:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=800288

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.

Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница, селото Тажево и националниот парк Јасен.

The post Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“ appeared first on Република.

]]>

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен. Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница, селото Тажево и националниот парк Јасен.

The post Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“ appeared first on Република.

]]>
Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-asfaltirane-zabrana-za-soobrakaj-niz-natsionalniot-park-jasen/ Fri, 30 Jun 2023 06:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=656697

Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ.

Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга - Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 - асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.07.2023.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“ appeared first on Република.

]]>

Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ. Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга - Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 - асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.07.2023. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“ appeared first on Република.

]]>