Јариње Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jarinje/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 08:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јариње Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jarinje/ 32 32 По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-rechisi-eden-mesets-utrovo-otvoren-granichniot-premin-megu-kosovo-i-srbija-kaj-jarine/ Wed, 18 Oct 2023 08:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=692391

Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот.

Граничниот премин во Јариње, како и оној во Берњак – кои се наоѓаат на косовскиот север, населен со мнозинство Срби - беа затворени од косовските власти на 24 септември, по вооружениот напад на српска група врз косовската полиција, во кој загина еден полицаец и тројца од напаѓачите. Овој напад косовските власти го окарактеризираа како терористички и го обвинија официјален Белград за неговата подготовка и реализација.

Берњак веќе беше отворен за влез/излез на 4 октомври, додека Јариња беше блокиран за влез во Косово, а беше отворен само за излез.

The post По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње appeared first on Република.

]]>

Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот. Граничниот премин во Јариње, како и оној во Берњак – кои се наоѓаат на косовскиот север, населен со мнозинство Срби - беа затворени од косовските власти на 24 септември, по вооружениот напад на српска група врз косовската полиција, во кој загина еден полицаец и тројца од напаѓачите. Овој напад косовските власти го окарактеризираа како терористички и го обвинија официјален Белград за неговата подготовка и реализација. Берњак веќе беше отворен за влез/излез на 4 октомври, додека Јариња беше блокиран за влез во Косово, а беше отворен само за излез.

The post По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње appeared first on Република.

]]>
КФОР го засили присуството на Јариње од безбедносни причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-go-zasili-prisustvoto-na-jarinje-od-bezbednosni-prichini/ Sun, 18 Dec 2022 20:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=587350

КФОР соопшти дека го зголемил присуството на административниот премин Јариње од превентивни безбедносни причини.

Од таа мисија посочуваат дека засилувањето на војниците било извршено поради можното присуство, како што се наведува, на криминални групи меѓу демонстрантите.

Во близина на административниот премин Јариње на страната на централна Србија денеска се одржа собир на десничарски организации со цел, како што наведоа, „да се деблокира преминот за Србите од Косово и Метохија“.

Како што јави агенцијата Срна, учесниците на состанокот дошле од централна Србија, Црна Гора и Република Српска.

Припадниците на КФОР развлекле бодликава жица зад административната линија, на косовската страна, додека на страната на централна Србија бил формиран српски полициски кордон, кој ги спречил демонстрантите да стигнат до самиот административен премин.

The post КФОР го засили присуството на Јариње од безбедносни причини appeared first on Република.

]]>

КФОР соопшти дека го зголемил присуството на административниот премин Јариње од превентивни безбедносни причини. Од таа мисија посочуваат дека засилувањето на војниците било извршено поради можното присуство, како што се наведува, на криминални групи меѓу демонстрантите.
Во близина на административниот премин Јариње на страната на централна Србија денеска се одржа собир на десничарски организации со цел, како што наведоа, „да се деблокира преминот за Србите од Косово и Метохија“.
Како што јави агенцијата Срна, учесниците на состанокот дошле од централна Србија, Црна Гора и Република Српска. Припадниците на КФОР развлекле бодликава жица зад административната линија, на косовската страна, додека на страната на централна Србија бил формиран српски полициски кордон, кој ги спречил демонстрантите да стигнат до самиот административен премин.

The post КФОР го засили присуството на Јариње од безбедносни причини appeared first on Република.

]]>
Koj ќе контролира сега? Српските цариници од премините Јариње и Брњак поднесоа оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koj-kje-kontrolira-sega-srpskite-carinici-od-preminite-jarinje-i-brnjak-podnesoa-ostavka/ Thu, 10 Nov 2022 15:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=572404

Портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци денеска потврди дека единаесет цариници, Срби кои работеле на  премините Јариње и Брњак, поднесоа оставка, јави српската новининска агенција Бета.

– Единаесет српски членови на косовската царина поднесоа оставки. Тие работеа на Јариње и Брењак. Нивната замена ќе се изврши со цариници од други контролни пунктови, истакна рече Ставилеци.

[caption id="attachment_570498" align="alignnone" width="640"] (фото: Танјуг)[/caption]

Оставките на вработените во косовската царина уследија по оставките што претходно ги поднесоа пратениците од Српската листа, четворица градоначалници и советници од Српската листа во општините во северниот дел на  Косово, судии и обвинители и административни работници и припадници на косовската полиција од српската заедница.

Оставката беше поради незадоволство од одлуката на Владата на Косово за спроведување на трифазен план за пререгистрација на автомобили со косовски регистерски таблички и по суспензијата на директорот на Регионалната полиција за северот на Косово, Ненад Ѓуриќ.

Специјалните претставници на Германија и Словенија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и Анжеј Франгеш денеска во Косовска Митровица разговараа со лидерите на Српската листа за политичко-безбедносната состојба на Косово. Сарацин и Франгеш разговарале со претседателот и потпретседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и Игор Симиќ, неколку дена по напуштањето на Србите од косовските институции. На средбата присуствуваа и амбасадорите на Германија и Словенија во Приштина, Јерн Роде и Минца Бенедејчиќ, објави Српска листа

The post Koj ќе контролира сега? Српските цариници од премините Јариње и Брњак поднесоа оставка appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци денеска потврди дека единаесет цариници, Срби кои работеле на  премините Јариње и Брњак, поднесоа оставка, јави српската новининска агенција Бета.
– Единаесет српски членови на косовската царина поднесоа оставки. Тие работеа на Јариње и Брењак. Нивната замена ќе се изврши со цариници од други контролни пунктови, истакна рече Ставилеци.
[caption id="attachment_570498" align="alignnone" width="640"] (фото: Танјуг)[/caption] Оставките на вработените во косовската царина уследија по оставките што претходно ги поднесоа пратениците од Српската листа, четворица градоначалници и советници од Српската листа во општините во северниот дел на  Косово, судии и обвинители и административни работници и припадници на косовската полиција од српската заедница. Оставката беше поради незадоволство од одлуката на Владата на Косово за спроведување на трифазен план за пререгистрација на автомобили со косовски регистерски таблички и по суспензијата на директорот на Регионалната полиција за северот на Косово, Ненад Ѓуриќ. Специјалните претставници на Германија и Словенија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и Анжеј Франгеш денеска во Косовска Митровица разговараа со лидерите на Српската листа за политичко-безбедносната состојба на Косово. Сарацин и Франгеш разговарале со претседателот и потпретседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и Игор Симиќ, неколку дена по напуштањето на Србите од косовските институции. На средбата присуствуваа и амбасадорите на Германија и Словенија во Приштина, Јерн Роде и Минца Бенедејчиќ, објави Српска листа

The post Koj ќе контролира сега? Српските цариници од премините Јариње и Брњак поднесоа оставка appeared first on Република.

]]>
Во целосна воена опрема: Косовски специјалци се распоредиле на Јариње https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-celosna-voena-oprema-kosovski-specijalci-se-rasporedile-na-jarinje/ Wed, 31 Aug 2022 12:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=546075

На новиот контролен пункт, кој се наоѓа на помалку од половина километар од административниот премин меѓу Косово и Србија, Јариње, пристигнале три хамери и неколку џипови со припадници на специјалните сили на косовската полиција во полна борбена опрема.

На овој пункт, кој се уште е во изградба (се проширува асфалтот) во текот на верашниот ден „дежурал“ екипаж со едно оклопно возило, а утрово само утринската смена на Граничната полиција, објавуваат српските медиуми.

Според пишувањата, новите сили на косовски полицајци и постојаните патролирања по патиштата на северот на Косово и Метохија внесуваат немир кај српското население. Тензиите се речиси опипливи и покрај постигнатиот договор за личните документи и уверувањата на меѓународните посредници дека мирот мора да се зачува и дека Приштина нема да ја повлече едностраната примена на мерката за регистарски таблички.

Не им веруваме и нема да им веруваме. Доколку Приштина немаше некаков план, немаше да натрупува вооружени специјалци овде - е неподеленото мислење на Србите во северните косметски општини, пишува „Новости“.

Соговорниците на „Новости“ велат дека понекогаш и две оклопни возила застануваат пред нивните куќи, излегуваат со извадено оружје на патот, ги запираат возилата и ги проверуваат.

Заедно со специјалните сили испратени на северот, во овој дел на Косово е зголемено и присуството на КФОР. На два километри од новата база на специјалните полициски сили кон Лепосавиќ, дежураат американски припадници на меѓународните сили. Тие изгледаат речиси незаинтересирани дури и кога автомобилите застануваат на нивниот контролен пункт.

The post Во целосна воена опрема: Косовски специјалци се распоредиле на Јариње appeared first on Република.

]]>

На новиот контролен пункт, кој се наоѓа на помалку од половина километар од административниот премин меѓу Косово и Србија, Јариње, пристигнале три хамери и неколку џипови со припадници на специјалните сили на косовската полиција во полна борбена опрема. На овој пункт, кој се уште е во изградба (се проширува асфалтот) во текот на верашниот ден „дежурал“ екипаж со едно оклопно возило, а утрово само утринската смена на Граничната полиција, објавуваат српските медиуми. Според пишувањата, новите сили на косовски полицајци и постојаните патролирања по патиштата на северот на Косово и Метохија внесуваат немир кај српското население. Тензиите се речиси опипливи и покрај постигнатиот договор за личните документи и уверувањата на меѓународните посредници дека мирот мора да се зачува и дека Приштина нема да ја повлече едностраната примена на мерката за регистарски таблички.
Не им веруваме и нема да им веруваме. Доколку Приштина немаше некаков план, немаше да натрупува вооружени специјалци овде - е неподеленото мислење на Србите во северните косметски општини, пишува „Новости“.
Соговорниците на „Новости“ велат дека понекогаш и две оклопни возила застануваат пред нивните куќи, излегуваат со извадено оружје на патот, ги запираат возилата и ги проверуваат. Заедно со специјалните сили испратени на северот, во овој дел на Косово е зголемено и присуството на КФОР. На два километри од новата база на специјалните полициски сили кон Лепосавиќ, дежураат американски припадници на меѓународните сили. Тие изгледаат речиси незаинтересирани дури и кога автомобилите застануваат на нивниот контролен пункт.

The post Во целосна воена опрема: Косовски специјалци се распоредиле на Јариње appeared first on Република.

]]>
КФОР го зголеми военото присуство на Јариње и Брњак https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-go-zgolemi-voenoto-prisustvo-na-jarinje-i-brnjak/ Sat, 20 Aug 2022 12:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=542318

КФОР го зголеми своето присуство и патролирање на административните премини Јариње и Брњак и е подготвен да интервенира доколку е потребно, изјавија денеска за Танјуг во КФОР.

Воедно од КФОР изјавиле дека активноста кога станува збор за патролирањето е зголемена во оваа област, со цел да се зголеми свеста за ситауцијата, и неодамнешните тензии кои резултираа со блокади токму на овие два гранични премини пред речиси еден месец.

Во одговорот до „Танјуг“, од КФОР велат дека овие мерки се преземаат со цел доколку има потреба, да се реагира брзо на секој безбедносен предизвик, а мисијата КФОР предводена од НАТО, која произлегува од Резолуцијата 1244 на СБСБ од 1999 година, е да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти пред два дена остварија средба во Брисел, на која присуствуваа и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој по средбата кажа дека договор помеѓу двете страни нема, но разговорите ќе продолжат и понатаму, а посочи и дека најважни точки на агендата на разговорите меѓу двете страни, под посредство на ЕУ, биле неодамнешните тензии околу примената на реципроцитетните мерки на косовската влада за регистарските таблички и личните документи, која беше одложена за 1 септември. Борел исто така посочи дека меѓународната заедница не сака да има нови тензии во наредниот период и повтори дека двете страни ќе бидат целосно одговорни за каква било ескалација на теренот.

The post КФОР го зголеми военото присуство на Јариње и Брњак appeared first on Република.

]]>

КФОР го зголеми своето присуство и патролирање на административните премини Јариње и Брњак и е подготвен да интервенира доколку е потребно, изјавија денеска за Танјуг во КФОР. Воедно од КФОР изјавиле дека активноста кога станува збор за патролирањето е зголемена во оваа област, со цел да се зголеми свеста за ситауцијата, и неодамнешните тензии кои резултираа со блокади токму на овие два гранични премини пред речиси еден месец. Во одговорот до „Танјуг“, од КФОР велат дека овие мерки се преземаат со цел доколку има потреба, да се реагира брзо на секој безбедносен предизвик, а мисијата КФОР предводена од НАТО, која произлегува од Резолуцијата 1244 на СБСБ од 1999 година, е да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти пред два дена остварија средба во Брисел, на која присуствуваа и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој по средбата кажа дека договор помеѓу двете страни нема, но разговорите ќе продолжат и понатаму, а посочи и дека најважни точки на агендата на разговорите меѓу двете страни, под посредство на ЕУ, биле неодамнешните тензии околу примената на реципроцитетните мерки на косовската влада за регистарските таблички и личните документи, која беше одложена за 1 септември. Борел исто така посочи дека меѓународната заедница не сака да има нови тензии во наредниот период и повтори дека двете страни ќе бидат целосно одговорни за каква било ескалација на теренот.

The post КФОР го зголеми военото присуство на Јариње и Брњак appeared first on Република.

]]>
Барикадите на Косово се повлекуваат, двата премина остануваат затворени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/barikadite-na-kosovo-se-povlekuvaat-dvata-premina-ostanuvaat-zatvoreni/ Mon, 01 Aug 2022 13:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=535764

На северот на Косово се отстранети барикадите од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот телевизијата Н1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени.

Србите,коишто живеат во оваа област ги поставија барикадите пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

Барикадите на Косово се отстранети, но двата премини остануваат затворени

 15:26

На северот на Косово, барикадите се отстранети од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот N1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени.

Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

По притисокот на меѓународната заедница, Владата на Косово се согласи да го одложи спроведувањето на тие мерки за 30 дена.

Преминот Јариње се уште е затворен и не може да се помине дури и пеш. Од двете страни на преминот се формирани колони возила.

Слична е состојбата и на преминот Брњак, додека на преминот Мердаре сообраќајот се одвива нормално, со тоа што на сите со српски лични карти и натаму им се издаваат пропратни документи за влез-излез.

Косовската полиција претходно соопшти дека премините Брњак и Јариње ќе бидат пуштени за сообраќај веднаш по отстранувањето на сите барикади, а на овие премини нема да се применува уредбата на косовската Влада со која се забранува влез на територијата на Косово со српска лична карта.

The post Барикадите на Косово се повлекуваат, двата премина остануваат затворени appeared first on Република.

]]>

На северот на Косово се отстранети барикадите од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот телевизијата Н1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени. Србите,коишто живеат во оваа област ги поставија барикадите пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

Барикадите на Косово се отстранети, но двата премини остануваат затворени

 15:26
На северот на Косово, барикадите се отстранети од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот N1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени. Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.
По притисокот на меѓународната заедница, Владата на Косово се согласи да го одложи спроведувањето на тие мерки за 30 дена.
Преминот Јариње се уште е затворен и не може да се помине дури и пеш. Од двете страни на преминот се формирани колони возила. Слична е состојбата и на преминот Брњак, додека на преминот Мердаре сообраќајот се одвива нормално, со тоа што на сите со српски лични карти и натаму им се издаваат пропратни документи за влез-излез. Косовската полиција претходно соопшти дека премините Брњак и Јариње ќе бидат пуштени за сообраќај веднаш по отстранувањето на сите барикади, а на овие премини нема да се применува уредбата на косовската Влада со која се забранува влез на територијата на Косово со српска лична карта.

The post Барикадите на Косово се повлекуваат, двата премина остануваат затворени appeared first on Република.

]]>