јапонска култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonska-kultura/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 07:19:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јапонска култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonska-kultura/ 32 32 Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontserti-balet-film-panel-diskusii-za-japonskata-kultura-vecherva-na-sakura-festivalot-vo-mkts/ Sat, 01 Jun 2024 08:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=783740

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе се одржи Фестивалот за јапонска култура - Сакура фестивал, како заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија, по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи. Фестивалот има богата програма која вклучува случувања од сите аспекти на културата, поп-културата и субкултурните текови.

Како што најавија организаторите, за време на самото отворање, обраќање ќе имаат директорката на Директорат за билатерални односи со воневропски држави при МНР како и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја, кој подоцна ќе одржи мал концерт на класична гитара.

Од организацијата „Јапанетмк“ соопштија дека на агендата на фестивалот се три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инсириран од јапонски буто танц, три панел дискусии за јапонска култура и природа, архитектура и филм.

Исто така, во рамките на фестивалот ќе се одржи и претставување на пет јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, четири натпревари во гејминг, четири модни дизајнери, два ресторани со јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација, и мануелно принтање во живо.

-Овој фестивал е создаден со вклучување на заедницата и голем број млади луѓе, заедничко помагање и соработка на поединци, кои ја сакаат јапонската култура и имаат заедничка цел да ја унапредат нашата, велат организаторите.

Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“, што е поврзано и со самото име на фестивалот Сакура - црешов цвет, и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш.

Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи „немој да го трошиш она што е вредно“.

Од организацијата ги повикуваат сите кои ја сакаат оваа древна, но модерна култура, ја ценат општествената одговорност, се борат за повозвишена општа култура и сакаат иднина во склад со природата да го посетат утрешниот фестивал и да ја прослават убавината заедно.

The post Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе се одржи Фестивалот за јапонска култура - Сакура фестивал, како заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија, по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи. Фестивалот има богата програма која вклучува случувања од сите аспекти на културата, поп-културата и субкултурните текови. Како што најавија организаторите, за време на самото отворање, обраќање ќе имаат директорката на Директорат за билатерални односи со воневропски држави при МНР како и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја, кој подоцна ќе одржи мал концерт на класична гитара. Од организацијата „Јапанетмк“ соопштија дека на агендата на фестивалот се три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инсириран од јапонски буто танц, три панел дискусии за јапонска култура и природа, архитектура и филм. Исто така, во рамките на фестивалот ќе се одржи и претставување на пет јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, четири натпревари во гејминг, четири модни дизајнери, два ресторани со јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација, и мануелно принтање во живо. -Овој фестивал е создаден со вклучување на заедницата и голем број млади луѓе, заедничко помагање и соработка на поединци, кои ја сакаат јапонската култура и имаат заедничка цел да ја унапредат нашата, велат организаторите. Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“, што е поврзано и со самото име на фестивалот Сакура - црешов цвет, и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш. Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи „немој да го трошиш она што е вредно“. Од организацијата ги повикуваат сите кои ја сакаат оваа древна, но модерна култура, ја ценат општествената одговорност, се борат за повозвишена општа култура и сакаат иднина во склад со природата да го посетат утрешниот фестивал и да ја прослават убавината заедно.

The post Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна… https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festival-na-japonska-kultura-vo-mala-stanitsa-rabotilnitsi-izlozhbi-modna-revija-degustatsija-na-hrana/ Tue, 16 May 2023 09:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=641275

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица.

За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех.

Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија.

Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања.

Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека.

Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик.

Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци.

Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

The post Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна… appeared first on Република.

]]>

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица. За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех. Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија. Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања. Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека. Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик. Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци. Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk. Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

The post Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна… appeared first on Република.

]]>
Хаику, оригами, изложба и концерт во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/haiku-origami-izlozba-i-koncert-vo-bukva/ Mon, 20 Jun 2022 08:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=517491

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи настан на кој организаторот, Japan@mk ќе претстави дел од јапонската култура и естетика во Македонија.

Продолжуваме со промоција на јапонска култура во Македонија и овој настан ќе го искористиме да го испратиме нашиот драг помагач и донатор Такеши Мацунага. Тој пред да се врати во земјата на изгрејсонцето, ќе ни презентира уште една специфична традиционална јапонска церемонија, овој пат на мириси, наречена Кодо, вели организаторот.

Планирано е да се чита хаику поезија од Николина Андова Шопова, Владимир Мартиновски и
Искра Донева. Присутните може да се запознаат со кинцуги колекцијата на Надица Атанасова, Мила Симовска ќе презентира како се прави модуларен оригами модел.
Бендот„Rolling Ethnos“ при институтот за етнологија и антропологија на ПМФ ќе имаат специјална акустична изведба.

The post Хаику, оригами, изложба и концерт во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи настан на кој организаторот, Japan@mk ќе претстави дел од јапонската култура и естетика во Македонија.
Продолжуваме со промоција на јапонска култура во Македонија и овој настан ќе го искористиме да го испратиме нашиот драг помагач и донатор Такеши Мацунага. Тој пред да се врати во земјата на изгрејсонцето, ќе ни презентира уште една специфична традиционална јапонска церемонија, овој пат на мириси, наречена Кодо, вели организаторот.
Планирано е да се чита хаику поезија од Николина Андова Шопова, Владимир Мартиновски и Искра Донева. Присутните може да се запознаат со кинцуги колекцијата на Надица Атанасова, Мила Симовска ќе презентира како се прави модуларен оригами модел. Бендот„Rolling Ethnos“ при институтот за етнологија и антропологија на ПМФ ќе имаат специјална акустична изведба.

The post Хаику, оригами, изложба и концерт во „Буква“ appeared first on Република.

]]>