јапонска донација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonska-donacija/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 17:27:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јапонска донација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonska-donacija/ 32 32 Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/japonija-donira-nad-80-000-evra-za-rekonstruktsija-na-osnovno-uchilishte-vo-kichevo/ Mon, 11 Sep 2023 17:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=681020

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска присуствуваше на церемонија на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.

Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште „Д-р Владимир Поледжиноски" во Кичево. Со висина од 80.593 евра сменети се вратите и прозорците во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во ова основно училиште се значително подобрени, се наведува во соопштението од Амбасадата на Јапонија.

Амбасадорот Отцука  во својот говор рече дека веруваат оти инвестирање во образованието е инвестиција во иднината.  - И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ, истакна амбасадорот Отцука.

Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон Јапонскиот народ.

Директорот на училиштето Горан Карафилоски ги претстави резултатите од реконструкцијата на гостите, по што беше проследена изведба на учениците  подготвена за оваа прилика.

Преку ГГП програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.

-Севкупно, Јапонија ја поддржа Македонија во различни сектори како што се развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието, животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга нефинансиска поддршка, се наведува во соопштението.

The post Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска присуствуваше на церемонија на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.
Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште „Д-р Владимир Поледжиноски" во Кичево. Со висина од 80.593 евра сменети се вратите и прозорците во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во ова основно училиште се значително подобрени, се наведува во соопштението од Амбасадата на Јапонија.
Амбасадорот Отцука  во својот говор рече дека веруваат оти инвестирање во образованието е инвестиција во иднината.  - И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ, истакна амбасадорот Отцука. Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон Јапонскиот народ. Директорот на училиштето Горан Карафилоски ги претстави резултатите од реконструкцијата на гостите, по што беше проследена изведба на учениците  подготвена за оваа прилика. Преку ГГП програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.
-Севкупно, Јапонија ја поддржа Македонија во различни сектори како што се развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието, животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга нефинансиска поддршка, се наведува во соопштението.

The post Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево appeared first on Република.

]]>
Донација од Јапонија за постковид-пациенти на Инфективната клиника, КАРИЛ и ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/donacija-od-japonija-za-postkovid-pacienti-na-infektivnata-klinika-karil-i-gob-8-septemvri/ Mon, 14 Mar 2022 14:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=472739

Министерот за здравство, Беким Сали заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, денеска ги посетија Хируршките клиники по повод примопредавањето нова опрема од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија.

Со овој настан, ја заокружуваме првата фаза од социо-економскиот гранд за медицинска опрема во вредност од 813 илјади евра. Ова е програма создадена од јапонската влада наменета за помош за пријателските земји. Поконкретно, станува збор за опрема наменета за третман на пост-ковид пациенти, која се состои од дефибрилатори, електро-кардиограми, анализатори за крв, централни монитори, мобилни рендген апарати, медицински фрижидери и мобилни ехо апарати. Оваа опрема е наменета за дел од универзитетските клиники и тоа Инфективната клиника, КАРИЛ и ГОБ „8 Септември“, соопшти министерот за здравство Сали.

Тој посочи дека дел од опремата е веќе инсталирана и ставена во употреба во КАРИЛ и во Инфективната клиника, каде се третираат пациенти со специфична и комплексна пост ковид состојба. А до крајот на годината треба да пристигне и другата опрема која ќе биде инсталирана на другите клиники.

Во следниот период очекуваме да пристигнат три дефибрилатори за КАРИЛ, Инфективна клиника и ГОБ „8 Септември“, како и два мобилни ехо апарати за КАРИЛ и Клиниката за кардиологија, информира Сали.

Тој упати благодарност до јапонската амбасада, како и лично до амбасадор на Јапонија, за нивната несебична помош и заложба за унапредување на условите во јавни здравствените установи.

Токму како резултат на успешната соработка со јапонската Влада изминатите три години се вложени повеќе од милион евра за нова опрема во јавни здравствените установи низ државата. Тоа претставува значително зајакнување на капацитетите на установите со нова најсовремена медицинска опрема како и, подигнување на квалитетот на здравствената заштита на повисоко ниво, рече Сали, кој истакна дека само заедно можеме да излеземе од ковид-кризата.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ истакна дека јапонскиот гранд е уште доказ за успешната и пријателска соработка меѓу Јапонија и Македонија.

Набавената медицинска опрема за клиниките од „Мајка Тереза“ и за ГОБ „8 Септември“ во износ од 813 илјади евра, носи директен бенефит за нашата земја и граѓаните, како помош за зајакнување на нашиот здравствен систем и унапредување на здравствените услуги кон нашите граѓани. Пандемијата со КОВИД-19 ја промени глобалната слика на светот, наметна нови правила и потврди дека блиската соработка меѓу земјите е единствениот начин за справување со глобалните предизвици, рече Маричиќ.

Тој потенцира дека Јапонија е наш традиционален поддржувач уште од осамостојувањето на државата.

Јапонија е секогаш покрај нас кога ни е потребна помош, како што беше мигрантската криза, кога ни обезбеди 4,7 милиони евра, поплавите во Скопје во 2017 година, кога донираше опрема, како и сега во услови на пандемија. Преведено во средстава, тоа би значело вкупно околу 421 милион евра, пари на даночните обврзници на Јапонија, кои се имплементирани преку финансирање на разни проекти за подобрување на животот на нашите граѓани, рече Маричиќ, кој упати благодарност до Амбасадата на Јапонија, до јапонската Влада и особено до јапонскиот амбасадор во нашата земја Хиронори Савада.

Јапонскиот амбасадор, говорејќи на македонски јазик, истакна дека му претставува голема чест што присуствува на церемонијата на која тој ја предава донацијата, со која се зајакнува пријателството меѓу двете држави.

Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да обезбеди подобри услови на граѓаните. Се надевам дека светот што побрзо ќе ја надмине пандемијата и нашите земји ќе имаат посилно партнерство на различни полиња, изјави јапонскиот амбасадор Савада, кој се заблагодари за организацијата на церемонијата за примопредавање на јапонската помош.

The post Донација од Јапонија за постковид-пациенти на Инфективната клиника, КАРИЛ и ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/japonska-grant-pomosh-za-nabavka-na-oprema-za-infektivnata-klinika-i-karil-nov-angiograf-kje-dobie-gob-8-septemvri/ Mon, 07 Feb 2022 13:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=455177

Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.

Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со Ковид во износ од над 800.000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија, напиша Сали.

Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA), како што посочува министерот, се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100.886 евра.

Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции. Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство, објави Сали.

The post Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.