јапонска амбасада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonska-ambasada/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 17:27:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јапонска амбасада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonska-ambasada/ 32 32 Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/japonija-donira-nad-80-000-evra-za-rekonstruktsija-na-osnovno-uchilishte-vo-kichevo/ Mon, 11 Sep 2023 17:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=681020

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска присуствуваше на церемонија на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.

Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште „Д-р Владимир Поледжиноски" во Кичево. Со висина од 80.593 евра сменети се вратите и прозорците во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во ова основно училиште се значително подобрени, се наведува во соопштението од Амбасадата на Јапонија.

Амбасадорот Отцука  во својот говор рече дека веруваат оти инвестирање во образованието е инвестиција во иднината.  - И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ, истакна амбасадорот Отцука.

Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон Јапонскиот народ.

Директорот на училиштето Горан Карафилоски ги претстави резултатите од реконструкцијата на гостите, по што беше проследена изведба на учениците  подготвена за оваа прилика.

Преку ГГП програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.

-Севкупно, Јапонија ја поддржа Македонија во различни сектори како што се развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието, животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга нефинансиска поддршка, се наведува во соопштението.

The post Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска присуствуваше на церемонија на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.
Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште „Д-р Владимир Поледжиноски" во Кичево. Со висина од 80.593 евра сменети се вратите и прозорците во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во ова основно училиште се значително подобрени, се наведува во соопштението од Амбасадата на Јапонија.
Амбасадорот Отцука  во својот говор рече дека веруваат оти инвестирање во образованието е инвестиција во иднината.  - И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ, истакна амбасадорот Отцука. Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон Јапонскиот народ. Директорот на училиштето Горан Карафилоски ги претстави резултатите од реконструкцијата на гостите, по што беше проследена изведба на учениците  подготвена за оваа прилика. Преку ГГП програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.
-Севкупно, Јапонија ја поддржа Македонија во различни сектори како што се развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието, животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга нефинансиска поддршка, се наведува во соопштението.

The post Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево appeared first on Република.

]]>
По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pauza-od-25-godini-oddelot-za-pedijatrija-vo-bitolskata-bolnica-dobi-nov-eho-aparat-donacija-od-japonskata-ambasada/ Mon, 21 Nov 2022 13:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=576528

Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра.

Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на болницата Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.

Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата, изјави Обедниковски.

Амбасадорот Савада истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со Коњановски и Обедниковски, на која тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa, се наведува во соопштението на Амбасадата на Јапонија.

The post По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>

Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра. Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на болницата Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.
Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата, изјави Обедниковски.
Амбасадорот Савада истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства. Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со Коњановски и Обедниковски, на која тие разговараа за можностите за идна соработка. Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa, се наведува во соопштението на Амбасадата на Јапонија.

The post По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>