јапонец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonec/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 07:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јапонец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/japonec/ 32 32 Вртел над 1.300 пати на Брза помош и им дишел во слушалка: Јапонец така си го смирувал мозокот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrtel-nad-1-300-pati-na-brza-pomosh-i-im-dishel-vo-slushalka-japonets-taka-si-go-smiruval-mozokot/ Thu, 10 Oct 2024 13:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=824986

Јапонец бил уапсен поради тоа што го повикал бројот за итни случаи во Токио повеќе од 1.000 пати, молчејќи по воспоставувањето телефонска врска. Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти.

Тој повик ми го смирува мозокот! – рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата.

Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција.

Покрај повиците наведени во предметниот извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични злоупотреби други броеви за итни случаи.

The post Вртел над 1.300 пати на Брза помош и им дишел во слушалка: Јапонец така си го смирувал мозокот appeared first on Република.

]]>

Јапонец бил уапсен поради тоа што го повикал бројот за итни случаи во Токио повеќе од 1.000 пати, молчејќи по воспоставувањето телефонска врска. Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти. Тој повик ми го смирува мозокот! – рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата. Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција. Покрај повиците наведени во предметниот извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични злоупотреби други броеви за итни случаи.

The post Вртел над 1.300 пати на Брза помош и им дишел во слушалка: Јапонец така си го смирувал мозокот appeared first on Република.

]]>
Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonski-drzhavjanin-uapsen-vo-belorusija-poradi-shpionazha/ Fri, 06 Sep 2024 16:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=813906

Јапонски државјанин е уапсен во Белорусија под обвинение дека фотографирал воена и цивилна инфраструктура во близина на границата со Украина за јапонската тајна служба.

Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина.

Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет.

Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. паг/

 

The post Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа appeared first on Република.

]]>

Јапонски државјанин е уапсен во Белорусија под обвинение дека фотографирал воена и цивилна инфраструктура во близина на границата со Украина за јапонската тајна служба. Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина. Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет. Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. паг/  

The post Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа appeared first on Република.

]]>
Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oficijalno-tokio-ja-potvrdi-prvata-japonska-zrtva-vo-vojnata-vo-ukraina/ Fri, 11 Nov 2022 08:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=572619

Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија.

Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата.

Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт со неговото семејство и ќе му ја пружат целата потребна помош“.

Јапонските власти не откриваат повеќе детали.

Јапонија со месеци ги повикува нејзините државјани да ја напуштат Украина и да не патуваат во земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари отворено ги повика странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“, што се бори против Русија во неговата татковина.

Околу 20.000 меѓународни волонтери, мнозинството од европски земји, одговорија на повикот на Киев во март, информираше тогаш за Си-ен-ен, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Москва, што овие борци ги нарекува платеници, во јуни оцени дека ги има 7.000 и утврди оти убиени се 2.000 од почетокот на конфликтот. Странски борци има и меѓу заробениците.

Минатата недела, властите на Тајпеј информираа дека во борба е убиен 25-годишен Тајванец, кој се борел во Украина против руските сили, што е прва позната жртва од Тајван.

The post Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија. Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата. Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт со неговото семејство и ќе му ја пружат целата потребна помош“. Јапонските власти не откриваат повеќе детали. Јапонија со месеци ги повикува нејзините државјани да ја напуштат Украина и да не патуваат во земјата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари отворено ги повика странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“, што се бори против Русија во неговата татковина. Околу 20.000 меѓународни волонтери, мнозинството од европски земји, одговорија на повикот на Киев во март, информираше тогаш за Си-ен-ен, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Москва, што овие борци ги нарекува платеници, во јуни оцени дека ги има 7.000 и утврди оти убиени се 2.000 од почетокот на конфликтот. Странски борци има и меѓу заробениците. Минатата недела, властите на Тајпеј информираа дека во борба е убиен 25-годишен Тајванец, кој се борел во Украина против руските сили, што е прва позната жртва од Тајван.

The post Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Јапонец на 83-годишна возраст сам го преплови Тихиот Океан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonec-na-83-godishna-vozrast-sam-go-preplovi-tihiot-okean/ Sun, 05 Jun 2022 10:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=511346

Jапонецот Кеничи Хори е најстариот човек кој сам со непрекината пловидба го поминал Тихиот Океан.

На 83-годишниот Хори му беа потребни 69 дена за пловидба преку Пацификот.

Само што ја поминав целта. Уморен сум - напиша Хори на својот блог по пристигнувањето во Јапонија.

Тој вплови во теснецот Ки во близина на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето транспацифичко патување. На патувањето тргна во март годинава кога го напушти пристаништето за јахти во Сан Франциско.

Хори во 1962 година стана првиот човек во светот кој сам успешно го заврши непрекинато пловење низ Пацификот, но тојпат од Јапонија до Сан Франциско. Шеесет години подоцна, со својата едрилица тој ја помина истата рута во спротивна насока.

Хори има голем број пловидби на долги релации, вклучително и пловење околу светот во 1974 година.

The post Јапонец на 83-годишна возраст сам го преплови Тихиот Океан appeared first on Република.

]]>

Jапонецот Кеничи Хори е најстариот човек кој сам со непрекината пловидба го поминал Тихиот Океан. На 83-годишниот Хори му беа потребни 69 дена за пловидба преку Пацификот.
Само што ја поминав целта. Уморен сум - напиша Хори на својот блог по пристигнувањето во Јапонија.
Тој вплови во теснецот Ки во близина на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето транспацифичко патување. На патувањето тргна во март годинава кога го напушти пристаништето за јахти во Сан Франциско. Хори во 1962 година стана првиот човек во светот кој сам успешно го заврши непрекинато пловење низ Пацификот, но тојпат од Јапонија до Сан Франциско. Шеесет години подоцна, со својата едрилица тој ја помина истата рута во спротивна насока. Хори има голем број пловидби на долги релации, вклучително и пловење околу светот во 1974 година.

The post Јапонец на 83-годишна возраст сам го преплови Тихиот Океан appeared first on Република.

]]>