Јанушев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janushev/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Dec 2023 13:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јанушев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janushev/ 32 32 Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-do-spasovski-znaevte-deka-poradi-nestruchnost-i-nefikasna-rabota-dojde-do-tragichnata-likvidatsija-na-dvajtsa-sogragani-zoshto-lazhevte/ Thu, 28 Dec 2023 13:29:51 +0000 https://republika.mk/?p=727540

Речиси две недели Спасовски не одговара дали постои соодветен правен акт со кој се регулира процедурата и постапувањето при потраги за исчезнати лица, ќе започнам оттаму. Спасовски, дали упатството за начинот на распишување промена, запирање и објaвување на потрага по лица и предмети од 2007 година е сеуште на сила, праша Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања.

Тој во текот на своето обраќање се повика на упаството од 2007 година и го запраша Спасовски кои се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

-Во членот 2 од ова упатство е наведено дека трагањето по лица претствува организирано преземање на оперативно-тактички мерки кои ги превзема полицијата и полициските службениците можат меѓудругото да повикуваат и да собираат потребни известувања од граѓани и да соберат и извршат преглед и претрес на лица и превозни средства. Кои оперативно-тактички технички мерки ги превземавте во последната потрага? Во членот 12 од упатството е наведено дека при превземање на посложени оперативно тактички технички мерки одделение за потраги, може да го превземе координирањето и организирањето на потрагата, па следствено на тоа Спасовски ве прашувам дали и кого одделението за потраги ја превзема потрагата.Понатаму во членот 28 е предвидено, Секторот за внатрешни работи да ја следи реализиацијата на предложените мерки за потребите на потрагата, да изводи план за мерки и активности, да организира и прибира сознанија за предметот на потрагата и по добиените сознанија може да предлага превземања на други и активности, па затоа ве прашувам кој се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата. Во интерес на јавноста ќе кажам ова упаство на кое се повикувам е донесено во 2007 година и оттогаш има две измени и дополнувања и тоа во 2008 година и 2014 година, рече тој и додаде:

-Затоа ќе го прашам Спасовски дали смета упаството од 2007 година, 16 години старо требало барем еднаш да биде изменето во неговото 9 годишно министерување со цел да се приспособи кон нованастанатите околности, развојот на технологиите, праксaта од современите држави и така натаму, особено ако се има во предвид фактот дека со оваа телеграма од 03.02.2023, на девет страни детално се даваат инструкции во 29 точки за пропустите со кои се соочува МВР.

Јанушев исто така посочи дека Оливер Спасовски знаел дека полициските службеници не се придржуваат на упаството и дека нестручно и неефикасно се работи и се прават грешки и тоа на крајот резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани.

-Овие постапки и каде што е наведено „Од страна на инспекторите по потраги задолжително и во целост од нив се бараат да се придржуваат до споменатото упатство како и до погоре дадените насоки и инструкции со кои би се надминало нестручното работење во самата проблематика, а со цел да се зголеми ефикасноста и точноста на постапувањето како и запазувањето на постапките и чекорите кои ги налагаат и потекнуваат од самите подрачнидејствија, значи Спасовски знаел дека полициските службениците не се придржуваат на упатството. Спасовски и те како си знаел и си бил несвесен дека нестручно се работи и дека се крајно неефикасни и сте знаеле дека се прават грешки и чекори и во однос на форма и во однос на содржина, ама за 9 години не сте превземале ништо, за што за жал резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани од кои едното е 14 годишно девојче, вели Јанушев.

Тој понатаму потсети на сите факти во врска со оваа истрага.

-Затоа пишував и ги наведов фактите, СВР Велес на 24.11 ги известува сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на комшијата, на 22 околу 11 часот. Исто така контстатирано е дека возилото на Панче цитроен го нема и контстатирале дека Панче заминал со возилото. Ова го констатира полицијата во телеграма од 24.11.Дали е сосема нормално Спасовски да се прати телеграма на 24.11, истио ден на 24, следниот на 25.11 возилото да го има на камерите на Сејф Сити, а полицијата да не го бара, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото. Возило кое го поминало цело Скопје, кое на денот на трагедијата 27 се движело на улица Орце Николов во Дебар Маало, поминало пред општина Центар, ја извозило пола Партизанска, па преку Александар Палас се упатило кон Качанички пат и тоа никој не го забележал и тоа еден ден пред официјалното започнување на Самитот на ОБСЕ, буквално во областа за која тврдевте дека е обезбдена на највисоко можно ниво, најобезбеденото место во тој момент во цела држава, а можеби и во Европа и во светот, потсети тој.

На крај Јанушев го запраша Спасовски што друго крие и за што друго лаже во врска со ова двојно убиство.

-Истото возило кое е најдено опожарено на 27.11, а објавата за потрага за возилото е напревена истиот ден на 27.11 во 19 и 9 минути, цел ден по пронаоѓање на опожареното возило. Зошто Спасовски се чекало речиси 4 дена за да се почне со потрага по возилото на Панче? Дали со непостапувањето на вас и на МВР дојде до втората ликвидација? Одоговорт лежи погоре и пред малку го дадов. Знаевте дека полициските службеници не се придржуваат до упатството, знаевте дека нестручно се работи, дека сте крајно неефикасни, ама за 9 месеци не преземвате ништо. Што друго криете и за што друго лажете Спасовски, праша Јанушев.

The post Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте? appeared first on Република.

]]>

Речиси две недели Спасовски не одговара дали постои соодветен правен акт со кој се регулира процедурата и постапувањето при потраги за исчезнати лица, ќе започнам оттаму. Спасовски, дали упатството за начинот на распишување промена, запирање и објaвување на потрага по лица и предмети од 2007 година е сеуште на сила, праша Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања. Тој во текот на своето обраќање се повика на упаството од 2007 година и го запраша Спасовски кои се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. -Во членот 2 од ова упатство е наведено дека трагањето по лица претствува организирано преземање на оперативно-тактички мерки кои ги превзема полицијата и полициските службениците можат меѓудругото да повикуваат и да собираат потребни известувања од граѓани и да соберат и извршат преглед и претрес на лица и превозни средства. Кои оперативно-тактички технички мерки ги превземавте во последната потрага? Во членот 12 од упатството е наведено дека при превземање на посложени оперативно тактички технички мерки одделение за потраги, може да го превземе координирањето и организирањето на потрагата, па следствено на тоа Спасовски ве прашувам дали и кого одделението за потраги ја превзема потрагата.Понатаму во членот 28 е предвидено, Секторот за внатрешни работи да ја следи реализиацијата на предложените мерки за потребите на потрагата, да изводи план за мерки и активности, да организира и прибира сознанија за предметот на потрагата и по добиените сознанија може да предлага превземања на други и активности, па затоа ве прашувам кој се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата. Во интерес на јавноста ќе кажам ова упаство на кое се повикувам е донесено во 2007 година и оттогаш има две измени и дополнувања и тоа во 2008 година и 2014 година, рече тој и додаде: -Затоа ќе го прашам Спасовски дали смета упаството од 2007 година, 16 години старо требало барем еднаш да биде изменето во неговото 9 годишно министерување со цел да се приспособи кон нованастанатите околности, развојот на технологиите, праксaта од современите држави и така натаму, особено ако се има во предвид фактот дека со оваа телеграма од 03.02.2023, на девет страни детално се даваат инструкции во 29 точки за пропустите со кои се соочува МВР. Јанушев исто така посочи дека Оливер Спасовски знаел дека полициските службеници не се придржуваат на упаството и дека нестручно и неефикасно се работи и се прават грешки и тоа на крајот резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани. -Овие постапки и каде што е наведено „Од страна на инспекторите по потраги задолжително и во целост од нив се бараат да се придржуваат до споменатото упатство како и до погоре дадените насоки и инструкции со кои би се надминало нестручното работење во самата проблематика, а со цел да се зголеми ефикасноста и точноста на постапувањето како и запазувањето на постапките и чекорите кои ги налагаат и потекнуваат од самите подрачнидејствија, значи Спасовски знаел дека полициските службениците не се придржуваат на упатството. Спасовски и те како си знаел и си бил несвесен дека нестручно се работи и дека се крајно неефикасни и сте знаеле дека се прават грешки и чекори и во однос на форма и во однос на содржина, ама за 9 години не сте превземале ништо, за што за жал резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани од кои едното е 14 годишно девојче, вели Јанушев. Тој понатаму потсети на сите факти во врска со оваа истрага. -Затоа пишував и ги наведов фактите, СВР Велес на 24.11 ги известува сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на комшијата, на 22 околу 11 часот. Исто така контстатирано е дека возилото на Панче цитроен го нема и контстатирале дека Панче заминал со возилото. Ова го констатира полицијата во телеграма од 24.11.Дали е сосема нормално Спасовски да се прати телеграма на 24.11, истио ден на 24, следниот на 25.11 возилото да го има на камерите на Сејф Сити, а полицијата да не го бара, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото. Возило кое го поминало цело Скопје, кое на денот на трагедијата 27 се движело на улица Орце Николов во Дебар Маало, поминало пред општина Центар, ја извозило пола Партизанска, па преку Александар Палас се упатило кон Качанички пат и тоа никој не го забележал и тоа еден ден пред официјалното започнување на Самитот на ОБСЕ, буквално во областа за која тврдевте дека е обезбдена на највисоко можно ниво, најобезбеденото место во тој момент во цела држава, а можеби и во Европа и во светот, потсети тој. На крај Јанушев го запраша Спасовски што друго крие и за што друго лаже во врска со ова двојно убиство. -Истото возило кое е најдено опожарено на 27.11, а објавата за потрага за возилото е напревена истиот ден на 27.11 во 19 и 9 минути, цел ден по пронаоѓање на опожареното возило. Зошто Спасовски се чекало речиси 4 дена за да се почне со потрага по возилото на Панче? Дали со непостапувањето на вас и на МВР дојде до втората ликвидација? Одоговорт лежи погоре и пред малку го дадов. Знаевте дека полициските службеници не се придржуваат до упатството, знаевте дека нестручно се работи, дека сте крајно неефикасни, ама за 9 месеци не преземвате ништо. Што друго криете и за што друго лажете Спасовски, праша Јанушев.

The post Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте? appeared first on Република.

]]>
Јанушев: Зошто полицијата реагирала предоцна, Спасовски да си поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-zoshto-politsijata-reagirala-predotsna-spasovski-da-si-podnese-ostavka/ Mon, 04 Dec 2023 12:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=719418

Денешната прес конференција требаше да биде посветена на основаните сомневања за нелегалното следење на комуникации и злоупотребите кои се прават од безбедносните служби, Министерството за внатрешни работи и ЈО, а за кои власта упорно молчи, рече Јанушев на денешната прес конференција.

И колку и да е страшен и голем тој скандал, ништо не е пострашно и поголемо од трагичниот крај во случајот со младата Вања и грозоморното двократно убиство.

Дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младата Вања и Панче. Бог да ги прости.

Оваа прес конференција се однесува на неодговорените прашања за овој случај и за потребата од одговорност на човекот чие име повеќе од 8 години се врзува со криминал, корупција и неспособност – Оливер Спасовски. Додека Оливер Спасовски организираше Самит во Скопје и се фалеше дека ја гарантира безбедноста на учесниците, рекетарско -криминална група од неколку членови харала низ Скопје и убивала невини луѓе, убија дете!

Главните и суштински прашања за Спасовски се – кога истрагата дознала за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Зошто полицијата на Спасовски реагирала предоцна? Дали е нормално за ваков траорен настан да ја информираат јавноста за трагичните настани преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и за што им требаше време од објавување на веста до одржување на прес конференција?

Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена! Зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација?!?

Како може неколку дена да има исчезнато лице со неговото сопствено возило, кое потоа убијците го користат за киднапирање на друго лице и со него вршат ново кривично дело – киднапирање и убиство?

Каде му е на Спасовски „Safe City“ системот, кога возилото на исчезнатиот Велешанец со денови се наоѓало во Скопје?

Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!?

Недозволиво е 8 години ова раководство на МВР кое овозможува и соучествува во неказнивост и релативизирање на криминалот секој нареден ден после огромните трагедии пак да е власт во Македонија. Токму нивното раководење со институциите доведе до вакви ненормални и недозволени појави во општеството.

За недела дена од денес, Оливер Спасовски пак ќе облече елече на СДС и „рамо до рамо“ со другите како него бесрамно ќе бара поддршка од граѓаните.

Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Среде хотел во Скопје криминалци, меѓу кои и полицајци се пресметуваа со огнено оружје. Се убива секаде низ улиците на Скопје, во центарот на градот, по трговски центри. Јавна тајна е дека истите тие криминалци работат за изборите за владејачките гарнитури. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушкување и нелегално следење на комуникации ... криминалци поминуваа неказнети кога избркаа полицајци од полициска станица во Арачиново и редица други скандали.

Спасовски е срам и брука за полицијата! Бараме Спасовски да си поднесе оставка веднаш. Неговото име е синоним за скандали и криминал.

Оставка веднаш за министерот кој е другар на криминалот. И бараме како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија конечно неспособните од власта да се сетат и да прогласат ден на жалост.

The post Јанушев: Зошто полицијата реагирала предоцна, Спасовски да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Денешната прес конференција требаше да биде посветена на основаните сомневања за нелегалното следење на комуникации и злоупотребите кои се прават од безбедносните служби, Министерството за внатрешни работи и ЈО, а за кои власта упорно молчи, рече Јанушев на денешната прес конференција.
И колку и да е страшен и голем тој скандал, ништо не е пострашно и поголемо од трагичниот крај во случајот со младата Вања и грозоморното двократно убиство. Дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младата Вања и Панче. Бог да ги прости. Оваа прес конференција се однесува на неодговорените прашања за овој случај и за потребата од одговорност на човекот чие име повеќе од 8 години се врзува со криминал, корупција и неспособност – Оливер Спасовски. Додека Оливер Спасовски организираше Самит во Скопје и се фалеше дека ја гарантира безбедноста на учесниците, рекетарско -криминална група од неколку членови харала низ Скопје и убивала невини луѓе, убија дете! Главните и суштински прашања за Спасовски се – кога истрагата дознала за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Зошто полицијата на Спасовски реагирала предоцна? Дали е нормално за ваков траорен настан да ја информираат јавноста за трагичните настани преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и за што им требаше време од објавување на веста до одржување на прес конференција? Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена! Зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација?!? Како може неколку дена да има исчезнато лице со неговото сопствено возило, кое потоа убијците го користат за киднапирање на друго лице и со него вршат ново кривично дело – киднапирање и убиство? Каде му е на Спасовски „Safe City“ системот, кога возилото на исчезнатиот Велешанец со денови се наоѓало во Скопје? Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!? Недозволиво е 8 години ова раководство на МВР кое овозможува и соучествува во неказнивост и релативизирање на криминалот секој нареден ден после огромните трагедии пак да е власт во Македонија. Токму нивното раководење со институциите доведе до вакви ненормални и недозволени појави во општеството. За недела дена од денес, Оливер Спасовски пак ќе облече елече на СДС и „рамо до рамо“ со другите како него бесрамно ќе бара поддршка од граѓаните. Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Среде хотел во Скопје криминалци, меѓу кои и полицајци се пресметуваа со огнено оружје. Се убива секаде низ улиците на Скопје, во центарот на градот, по трговски центри. Јавна тајна е дека истите тие криминалци работат за изборите за владејачките гарнитури. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушкување и нелегално следење на комуникации ... криминалци поминуваа неказнети кога избркаа полицајци од полициска станица во Арачиново и редица други скандали. Спасовски е срам и брука за полицијата! Бараме Спасовски да си поднесе оставка веднаш. Неговото име е синоним за скандали и криминал. Оставка веднаш за министерот кој е другар на криминалот. И бараме како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија конечно неспособните од власта да се сетат и да прогласат ден на жалост.

The post Јанушев: Зошто полицијата реагирала предоцна, Спасовски да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Јанушев: Ултра скандал, власта набавила систем за следење на комуникациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-ultra-skandal-vlasta-nabavila-sistem-za-sledene-na-komunikatsiite/ Sat, 02 Dec 2023 11:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=718640

Во Македонија се случува не мега, тука ултра скандал од највисок степен поврзан со следење на комуникациите на граѓаните, рече Јанушев.

„Големиот брат“, односно нелегалното следење и надзор на комуникации се случува и поминаа 20 часа од ова мое тврдење и се уште нема демант на овие основани сомневања.

Како што објавив вчера од собраниската говорница, од страна на власта набавен е систем за следење на комуникациите, преку кој имаат можност за пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице – приватно или службено, како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“.

Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР!

МВР нема издадено такво одобрение! И постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение!

Понатаму, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2!

МВР нема извршено никаква контрола! И Спасовски лаже дека одговорил на сите писмени барања кои му се упатени во врска со овој случај бидејки пред околу 2 месеца лично јас му пратив барање за оваа информација на која се уште нема одговорено!

Има сериозни индиции дека Министерот Спасовски е запознаен со предметот на набавката и имал увид до техничката спецификација на истата, а наводно и бил лично брифиран за истото на состанок кој се одржал во просториите на ОТА и на кој покрај Спасовски присуствувале и претставници на ЈО и лично Јовевски!

Значи, МВР и Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија!

Исто така, запознаено е и ЈО и Јовевски и не само што немаат отворено истрага, туку информациите посочуваат на сериозни сомневања дека се обидуваат да го прикријат случајот!

Се сомневаме дека овој систем веќе е во употреба речиси една година и истиот се користи за нелегално прислушкување.

Оградувањето дека станува збор за класифицирани информации е само криење и паника бидејќи се фатени на дело!

Имено, согласно член 20 од Законот за класифицирани информации – „информацијата која е одредена со степен на класификација, нема да се смета за класифицирана информација, ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“!

Во овој конкретен случај се исполнети сите услови од членот 20 – оваа набавка е кривично дело со тоа што е спроведена на незаконит начин бидејќи е спроведена без одобрение на МВР што е задолжителен елемент и без кој не ни смеела да почне постапката за набавка, понатаму – имаме и пречекорување и злоупотреба на функцијата од оние кои ја потпишале, односно одобриле и спровеле набавката, а прекршени се и неколку други одредби од Законот за следење на комуникациите – особено што со овој систем се дава можност за масовно прислушување и прекршување на основните човекови права на ниво кое што до сега не е видено во Македонија.

Спасовски и Ковачевски треба веднаш да излезат пред македонската јавност и да дадат одговори пред народот, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=kfuKrT2-2dg

The post Јанушев: Ултра скандал, власта набавила систем за следење на комуникациите appeared first on Република.

]]>

Во Македонија се случува не мега, тука ултра скандал од највисок степен поврзан со следење на комуникациите на граѓаните, рече Јанушев.

„Големиот брат“, односно нелегалното следење и надзор на комуникации се случува и поминаа 20 часа од ова мое тврдење и се уште нема демант на овие основани сомневања. Како што објавив вчера од собраниската говорница, од страна на власта набавен е систем за следење на комуникациите, преку кој имаат можност за пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице – приватно или службено, како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“. Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР! МВР нема издадено такво одобрение! И постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение! Понатаму, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2! МВР нема извршено никаква контрола! И Спасовски лаже дека одговорил на сите писмени барања кои му се упатени во врска со овој случај бидејки пред околу 2 месеца лично јас му пратив барање за оваа информација на која се уште нема одговорено! Има сериозни индиции дека Министерот Спасовски е запознаен со предметот на набавката и имал увид до техничката спецификација на истата, а наводно и бил лично брифиран за истото на состанок кој се одржал во просториите на ОТА и на кој покрај Спасовски присуствувале и претставници на ЈО и лично Јовевски! Значи, МВР и Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија! Исто така, запознаено е и ЈО и Јовевски и не само што немаат отворено истрага, туку информациите посочуваат на сериозни сомневања дека се обидуваат да го прикријат случајот! Се сомневаме дека овој систем веќе е во употреба речиси една година и истиот се користи за нелегално прислушкување. Оградувањето дека станува збор за класифицирани информации е само криење и паника бидејќи се фатени на дело! Имено, согласно член 20 од Законот за класифицирани информации – „информацијата која е одредена со степен на класификација, нема да се смета за класифицирана информација, ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“! Во овој конкретен случај се исполнети сите услови од членот 20 – оваа набавка е кривично дело со тоа што е спроведена на незаконит начин бидејќи е спроведена без одобрение на МВР што е задолжителен елемент и без кој не ни смеела да почне постапката за набавка, понатаму – имаме и пречекорување и злоупотреба на функцијата од оние кои ја потпишале, односно одобриле и спровеле набавката, а прекршени се и неколку други одредби од Законот за следење на комуникациите – особено што со овој систем се дава можност за масовно прислушување и прекршување на основните човекови права на ниво кое што до сега не е видено во Македонија. Спасовски и Ковачевски треба веднаш да излезат пред македонската јавност и да дадат одговори пред народот, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=kfuKrT2-2dg

The post Јанушев: Ултра скандал, власта набавила систем за следење на комуникациите appeared first on Република.

]]>
Јанушев од Парламентарното Собрание на ОБСЕ: Ги информирав колегите за претстојните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-od-parlamentarnoto-sobranie-na-obse-gi-informirav-kolegite-za-pretstojnite-izbori/ Wed, 29 Nov 2023 19:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=717763

Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет.

Како шеф на делегацијата во ПС на ОБСЕ, со особена чест и задоволство ги пречекав Претседателката и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-ѓа Пиа Каума и г-дин Роберто Монтела, како и колегите пратеници од Австрија, Кипар, Велика Британија, Шпанија, Украина, Германија, Шведска, Романија, Азербејџан, Чешка и Ерменија.

На работниот состанок разговаравме за тековните и идни активности на ПС на ОБСЕ, а оваа прилика ја искористив да ги информирам колегите за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта во Република Македонија, објави на ФБ Игор Јанушев, пратеник во Собранието .

The post Јанушев од Парламентарното Собрание на ОБСЕ: Ги информирав колегите за претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет.

Како шеф на делегацијата во ПС на ОБСЕ, со особена чест и задоволство ги пречекав Претседателката и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-ѓа Пиа Каума и г-дин Роберто Монтела, како и колегите пратеници од Австрија, Кипар, Велика Британија, Шпанија, Украина, Германија, Шведска, Романија, Азербејџан, Чешка и Ерменија. На работниот состанок разговаравме за тековните и идни активности на ПС на ОБСЕ, а оваа прилика ја искористив да ги информирам колегите за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта во Република Македонија, објави на ФБ Игор Јанушев, пратеник во Собранието .

The post Јанушев од Парламентарното Собрание на ОБСЕ: Ги информирав колегите за претстојните избори appeared first on Република.

]]>
Јанушев: Не смее малолетни деца да се мешаат во собраниски дискусии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-ne-smee-maloletni-detsa-da-se-meshaat-vo-sobraniski-diskusii/ Thu, 23 Feb 2023 20:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=612555

Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е денес овде, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните односно сабајлешните навреди и закани кон мене односно моите малолетни деца“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев додаде дека својот говор го има поделено на два дела, при што во првиот дел сака да се обрати до Талат Џафери.

„Ќе му се обратам на Талат за две работи, ако се сомнева дека било кој во Собранието користи дрога слободно заклучете ги вратите повикајте служби, би повикал само тука дополнително да се повика и цела Влада, но донесете и дрегери и да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А, доколку со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања бидејќи ијас сум дипломиран правник тогаш не надвор туку еве му предлагам да одбере на било која телевизија било кога и под било кои услови да го вркстиме знаењето за правната проблематика“, порача Јанушев.

Тој исто така побара да се осуди наративот на Талат Џафери, бидејќи не треба малолетни деца да се вмешаат во собраниски дискусии.

„А, сега неколку збора и за ова што го слушавме од ВД премиерот. Барем од неколкуте забелешки и од она што имавме прилика да го слушнеме, успешен начин на кој што ќе се продолжиле да ги решаваат проблемите со граѓаните. Оваа Влада со овој премиер е главниот генератор на проблемите на граѓаните“, нагласи Јанушев.

The post Јанушев: Не смее малолетни деца да се мешаат во собраниски дискусии appeared first on Република.

]]>

Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е денес овде, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните односно сабајлешните навреди и закани кон мене односно моите малолетни деца“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Јанушев додаде дека својот говор го има поделено на два дела, при што во првиот дел сака да се обрати до Талат Џафери.
„Ќе му се обратам на Талат за две работи, ако се сомнева дека било кој во Собранието користи дрога слободно заклучете ги вратите повикајте служби, би повикал само тука дополнително да се повика и цела Влада, но донесете и дрегери и да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А, доколку со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања бидејќи ијас сум дипломиран правник тогаш не надвор туку еве му предлагам да одбере на било која телевизија било кога и под било кои услови да го вркстиме знаењето за правната проблематика“, порача Јанушев. Тој исто така побара да се осуди наративот на Талат Џафери, бидејќи не треба малолетни деца да се вмешаат во собраниски дискусии. „А, сега неколку збора и за ова што го слушавме од ВД премиерот. Барем од неколкуте забелешки и од она што имавме прилика да го слушнеме, успешен начин на кој што ќе се продолжиле да ги решаваат проблемите со граѓаните. Оваа Влада со овој премиер е главниот генератор на проблемите на граѓаните“, нагласи Јанушев.

The post Јанушев: Не смее малолетни деца да се мешаат во собраниски дискусии appeared first on Република.

]]>