јануари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/januari/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 14:42:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јануари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/januari/ 32 32 Просечната месечна нето-плата за јануари е 39.542 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-mesechna-neto-plata-za-januari-e-39-542-denari/ Thu, 21 Mar 2024 14:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=757058

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари, а просечната бруто-плата за истиот месец е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9%), преработувачка индустрија (4,9%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8%).

 

The post Просечната месечна нето-плата за јануари е 39.542 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари, а просечната бруто-плата за истиот месец е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9%), преработувачка индустрија (4,9%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8%).  

The post Просечната месечна нето-плата за јануари е 39.542 денари appeared first on Република.

]]>
Од јануари на Балканот му се заканува снежно невреме https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-januari-na-balkanot-mu-se-zakanuva-snezhno-nevreme/ Sun, 03 Dec 2023 15:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=718985

Метеопрогнозерот Славчо Попоски објави дека најновите анализи направени со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.

Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март – наведува Попоски.

Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но се очекуваат чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот, дури и под -20 степени, што е добра верста за љубителите на снегот.

И најголемиот дел од Европа ќе има зима богата со врнежи, што значи дека снегот нема воопшто да недостасува, напротив, ќе го има во изобилие.

Европа уште од сега се соочува со многу снегови и студ. Снежната покривка во Алпскиот регион веќе надминува и 100 сантиметри, а зимата не ни започнала – додава метеопрогнозерот Попоски.

 

The post Од јануари на Балканот му се заканува снежно невреме appeared first on Република.

]]>

Метеопрогнозерот Славчо Попоски објави дека најновите анализи направени со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.
Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март – наведува Попоски.
Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но се очекуваат чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот, дури и под -20 степени, што е добра верста за љубителите на снегот. И најголемиот дел од Европа ќе има зима богата со врнежи, што значи дека снегот нема воопшто да недостасува, напротив, ќе го има во изобилие.
Европа уште од сега се соочува со многу снегови и студ. Снежната покривка во Алпскиот регион веќе надминува и 100 сантиметри, а зимата не ни започнала – додава метеопрогнозерот Попоски.
 

The post Од јануари на Балканот му се заканува снежно невреме appeared first on Република.

]]>
МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-vo-tek-e-etapnata-isplata-na-januarskite-penzii/ Mon, 30 Jan 2023 08:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=602479

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.01.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.02.2022 година (четврток).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

 

The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.01.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.02.2022 година (четврток). Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.  

The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on Република.

]]>
Ако сте родени во јануари, тогаш… https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ako-ste-rodeni-vo-januari-togash/ Sun, 08 Jan 2023 21:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=594727

Луѓето родени во јануари се вредни и детални, ја ценат искреноста и добрината и се природни лидери.

Луѓето родени во јануари не очекуваат дека нешто „ќе им падне од небо“. Не веруваат во брзи резултати и се подготвени да чекаат. Знаат да бидат трпеливи. Кои се другите карактеристики на луѓето родени во најстуденото време од годината?

1. Иако се родени кога е најстудено, луѓето со роденден во јануари се топли и грижливи. Ако треба во најголемиот студ ќе ви го дадат капутот за да не ви студи. Тие се сочувствителни.

2. Јануари означува нов календарски почеток, па не е чудо што луѓето родени во овој месец се природни лидери. Луѓето особено сакаат да се потпрат на нив во стресни ситуации.

3. Ги краси силна амбиција и сериозност. Пред себе поставуваат високи цели и ретко кога ќе дозволат нешто да им застане на патот.

4. Вредни се и грижливи, па успеваат да реализираат најголем дел од поставените цели. Секогаш се трудат да постигнат нешто повеќе за себе и за своето семејство во животот, а најсреќни се кога можат да научат нешто ново.

5. Тие се одлични организатори – и на својата работа и на слободно време. Внимателни се, детални и
снаодливи, па ретко кога донесуваат лоша одлука.

6. Луѓето родени во јануари не очекуваат дека нешто „ќе им падне од небо“. Не веруваат во брзи резултати и се подготвени да чекаат. Знаат да бидат трпеливи.

7. Познати се по својата енергичност со која ги извршуваат задачите. На некои дури можат и да им одат на нерви со својата полетност.

8. Иако можат многу брзо да се спријателат, само неколку луѓе во нивниот најблизок круг ги нарекуваат вистински пријатели. Пријателството им е исклучително важно, а оние кои не ги познаваат, ги сметаат дури и по малку резервирани.

9. Ја ценат искреноста и добрина кај другите и се многу лојални.

10. Предност и даваат на удобноста, а не на отменоста. Понекогаш не им е лесно да се опуштат.

The post Ако сте родени во јануари, тогаш… appeared first on Република.

]]>

Луѓето родени во јануари се вредни и детални, ја ценат искреноста и добрината и се природни лидери. Луѓето родени во јануари не очекуваат дека нешто „ќе им падне од небо“. Не веруваат во брзи резултати и се подготвени да чекаат. Знаат да бидат трпеливи. Кои се другите карактеристики на луѓето родени во најстуденото време од годината? 1. Иако се родени кога е најстудено, луѓето со роденден во јануари се топли и грижливи. Ако треба во најголемиот студ ќе ви го дадат капутот за да не ви студи. Тие се сочувствителни. 2. Јануари означува нов календарски почеток, па не е чудо што луѓето родени во овој месец се природни лидери. Луѓето особено сакаат да се потпрат на нив во стресни ситуации. 3. Ги краси силна амбиција и сериозност. Пред себе поставуваат високи цели и ретко кога ќе дозволат нешто да им застане на патот. 4. Вредни се и грижливи, па успеваат да реализираат најголем дел од поставените цели. Секогаш се трудат да постигнат нешто повеќе за себе и за своето семејство во животот, а најсреќни се кога можат да научат нешто ново. 5. Тие се одлични организатори – и на својата работа и на слободно време. Внимателни се, детални и снаодливи, па ретко кога донесуваат лоша одлука. 6. Луѓето родени во јануари не очекуваат дека нешто „ќе им падне од небо“. Не веруваат во брзи резултати и се подготвени да чекаат. Знаат да бидат трпеливи. 7. Познати се по својата енергичност со која ги извршуваат задачите. На некои дури можат и да им одат на нерви со својата полетност. 8. Иако можат многу брзо да се спријателат, само неколку луѓе во нивниот најблизок круг ги нарекуваат вистински пријатели. Пријателството им е исклучително важно, а оние кои не ги познаваат, ги сметаат дури и по малку резервирани. 9. Ја ценат искреноста и добрина кај другите и се многу лојални. 10. Предност и даваат на удобноста, а не на отменоста. Понекогаш не им е лесно да се опуштат.

The post Ако сте родени во јануари, тогаш… appeared first on Република.

]]>
Топлото јануарско време во Европа собори температурни рекорди https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/toploto-januarsko-vreme-vo-evropa-sobori-temperaturni-rekordi/ Wed, 04 Jan 2023 14:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=593619

Температурите во првите денови од јануари достигнаа историски максимум во голем број земји во Европа, објавија Би-Би-Си. Националните рекорди беа срушени во осум земји, а регионалните рекорди беа срушени во уште три. Варшава, Полска, забележа температура од 18,9 степени Целзиусови, а Билбао, Шпанија, забележа 25,1 степени – повеќе од 10 степени над јануарските просеци.

Топлото зимско време во Европа е во контраст со студеното време што ја зафати Северна Америка. Снежни бури зафатија неколку дена по смртоносниот студен бран, одземајќи повеќе од 60 животи. За северниот дел на Среден Запад се предвидува обилен снег и замрзнат дожд, а силни грмотевици и торнада се очекуваат во Тексас, Оклахома, Арканзас и Луизијана.

На европската страна на Атлантикот на почетокот на годината на многу места времето беше топло. Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди. Подобрени се рекордите и во Германија, Франција и Украина.

Температурата забележана во Варшава на 1 јануари беше за 4 степени Целзиусови повисока од претходниот рекорд за овој месец, а Белорусија постави рекорд од 16,4 степени, околу 4,5 степени над претходниот максимум.

Во Шпанија, новогодишните температури во Билбао беа еквивалентни на јулскиот просек, а делови од Каталонија, вклучително и Барселона, имаат ограничувања за вода.

Температурните рекорди постојано се подобруваат, но невообичаено е разликата да биде повеќе од неколку десетини од степенот, забележува Би-Би-Си.

Во Швајцарија термометрите забележаа 20 степени, а топлото време ги погоди и скијачките центри на Алпите, кои се соочуваат со недостиг од снег.

Сепак, не е топло насекаде во Европа – пониски температури и снег се предвидуваат во делови од Скандинавија, а во Москва во наредните денови се очекуваат и минус 20 степени.

Само неколку дена претходно, Велика Британија, Ирска, Франција и Шпанија ја прогласија 2022 година за најтопла година досега.

Во Британија секој месец освен декември бил потопол од просекот. Снег падна во големи делови од земјата минатиот месец, иако временските услови сега се поблаги и повлажни.

Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и траат подолго како резултат на климатските промени предизвикани од човекот. Сепак, зимските настани како овие немаат исто влијание врз населението како летните топлотни бранови, што може да резултира со голем број смртни случаи. Светот веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот нагло не ги намалат емисиите, забележува Би-Би-Си.

 

The post Топлото јануарско време во Европа собори температурни рекорди appeared first on Република.

]]>

Температурите во првите денови од јануари достигнаа историски максимум во голем број земји во Европа, објавија Би-Би-Си. Националните рекорди беа срушени во осум земји, а регионалните рекорди беа срушени во уште три. Варшава, Полска, забележа температура од 18,9 степени Целзиусови, а Билбао, Шпанија, забележа 25,1 степени – повеќе од 10 степени над јануарските просеци. Топлото зимско време во Европа е во контраст со студеното време што ја зафати Северна Америка. Снежни бури зафатија неколку дена по смртоносниот студен бран, одземајќи повеќе од 60 животи. За северниот дел на Среден Запад се предвидува обилен снег и замрзнат дожд, а силни грмотевици и торнада се очекуваат во Тексас, Оклахома, Арканзас и Луизијана. На европската страна на Атлантикот на почетокот на годината на многу места времето беше топло. Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди. Подобрени се рекордите и во Германија, Франција и Украина. Температурата забележана во Варшава на 1 јануари беше за 4 степени Целзиусови повисока од претходниот рекорд за овој месец, а Белорусија постави рекорд од 16,4 степени, околу 4,5 степени над претходниот максимум. Во Шпанија, новогодишните температури во Билбао беа еквивалентни на јулскиот просек, а делови од Каталонија, вклучително и Барселона, имаат ограничувања за вода. Температурните рекорди постојано се подобруваат, но невообичаено е разликата да биде повеќе од неколку десетини од степенот, забележува Би-Би-Си. Во Швајцарија термометрите забележаа 20 степени, а топлото време ги погоди и скијачките центри на Алпите, кои се соочуваат со недостиг од снег. Сепак, не е топло насекаде во Европа – пониски температури и снег се предвидуваат во делови од Скандинавија, а во Москва во наредните денови се очекуваат и минус 20 степени. Само неколку дена претходно, Велика Британија, Ирска, Франција и Шпанија ја прогласија 2022 година за најтопла година досега. Во Британија секој месец освен декември бил потопол од просекот. Снег падна во големи делови од земјата минатиот месец, иако временските услови сега се поблаги и повлажни. Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и траат подолго како резултат на климатските промени предизвикани од човекот. Сепак, зимските настани како овие немаат исто влијание врз населението како летните топлотни бранови, што може да резултира со голем број смртни случаи. Светот веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот нагло не ги намалат емисиите, забележува Би-Би-Си.  

The post Топлото јануарско време во Европа собори температурни рекорди appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Ветуваа 18.000 денари минимална плата во јануари, еве дојде февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/misajlovski-vetuvaa-18-000-denari-minimalna-plata-vo-januari-eve-dojde-fevruari/ Tue, 25 Jan 2022 23:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=449449

Оваа влада ветуваше дека во јануари оваа година 18.000 денари минимална плата ќе биде реалност. Еве завршува месецот, а од ова ветување нема ништо, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Гледаме дека министрите кои се задолжени за ова прашање бегаат од темата. И кога ќе видите дека ова прашање почнува да се дебатира они почнуваат со некој нивни балон да се смени темата. Платата колку и да биде фитивно тоа зголемување, најголемиот проблем е тоа што потрошувачката кошничка во Македонија е поскапена. Сите производи се со зголемени цени и природно е да се зголемува платата, бидејќи со таа плата не може целосно да се издржи. Јас сум за да се зголеми платата, но дали тоа може да го издржат и компаниите? Имате покачување на струјата, а владата не им помага на стопанствата, не помогна на ниту еден стопански субијект, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски: Ветуваа 18.000 денари минимална плата во јануари, еве дојде февруари appeared first on Република.

]]>

Оваа влада ветуваше дека во јануари оваа година 18.000 денари минимална плата ќе биде реалност. Еве завршува месецот, а од ова ветување нема ништо, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Гледаме дека министрите кои се задолжени за ова прашање бегаат од темата. И кога ќе видите дека ова прашање почнува да се дебатира они почнуваат со некој нивни балон да се смени темата. Платата колку и да биде фитивно тоа зголемување, најголемиот проблем е тоа што потрошувачката кошничка во Македонија е поскапена. Сите производи се со зголемени цени и природно е да се зголемува платата, бидејќи со таа плата не може целосно да се издржи. Јас сум за да се зголеми платата, но дали тоа може да го издржат и компаниите? Имате покачување на струјата, а владата не им помага на стопанствата, не помогна на ниту еден стопански субијект, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски: Ветуваа 18.000 денари минимална плата во јануари, еве дојде февруари appeared first on Република.

]]>
Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/januarskite-penzii-na-smetkite-kje-legnat-od-sreda/ Fri, 21 Jan 2022 08:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=447415

Владата вчера на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година.

За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година.

Владата на седницата за државен секретар на Министерството за внатрешни работи ја именуваше Магдалена Несторовска, која што и досега ја извршуваше оваа должност, а Сашо Тасевски го назначи за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, кој, исто така, и досега беше на оваа должност.

The post Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда appeared first on Република.

]]>

Владата вчера на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година. Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година. За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година. Владата на седницата за државен секретар на Министерството за внатрешни работи ја именуваше Магдалена Несторовска, која што и досега ја извршуваше оваа должност, а Сашо Тасевски го назначи за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, кој, исто така, и досега беше на оваа должност.

The post Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда appeared first on Република.

]]>
Денеска е најдепресивниот ден во годината https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/deneska-e-najdepresivniot-den-vo-godinata/ Mon, 17 Jan 2022 08:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=445615

Третиот понеделник во јануари (оваа година 17 јануари) со години се нарекува најдепресивен ден во годината.

Теоријата за „Blue Monday“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата.

Но, „Blue Monday“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани. Арнал еднаш призна дека едноставно избрал датум кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.

Прво ме замолија да смислам ден кој мислам дека е најдобар за резервација на летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите да резервирам одмор, сеќавајќи се на она што ми го кажаа илјадници луѓе за време на работа или работилници, овие фактори сугерираа дека третиот понеделник во јануари бил особено депресивен, објасни тој.

Терминот набрзо стана глобално популарен – до тој степен што некои психолози предупредуваат на неговото лошо влијание врз луѓето кои навистина се борат со депресија. Иако на почетокот изгледа комплицирано и сериозно, формулата на Арнал за „Blue Monday“ нема научна основа. Поблискиот поглед на формулата [W + (Dd)] xTQ / MxNA покажува дека вклучените променливи се субјективни и очигледно ненаучни, пишува CNN.

W, на пример, означува време. D е долгот, а d е месечната плата, додека T е времето од Божиќ, а Q е времето кога сте се откажале од новогодишната одлука.

Ниту еден вклучен фактор не може да се мери или спореди со истите единици. Формулата не може да биде соодветно проценета или потврдена. На пример, не постои начин да се измери просечниот број на денови откако луѓето се откажале од својата новогодишна одлука. И времето во јануари варира помеѓу државите и континентите.

„Не знаев дека формулата ќе ја добие популарноста што ја има“, изјави Арнал за CNN. Тој исто така тврди дека водел кампања против сопствената идеја за „Blue Monday“. Кампањата беше наречена „Stop Blue Monday“. Но, се покажа дека тоа е и маркетиншки трик – овој пат има за цел да го поттикне зимскиот туризам на Канарските острови.

„Воопшто не жалам“, заклучил Арнал, кој смета дека терминот „потикнал разговор за психологијата во медиумите“. Сепак, професијата не се согласува со него. „Тоа не е вистинскиот начин да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје“, вели д-р Андонис Кусулис за CNN.

Со кажувањето дека еден ден е најдепресивниот ден во годината, без никакви докази, ние банализираме колку сериозна може да биде депресијата. Менталното здравје е најголемиот здравствен предизвик на нашата генерација. Банализирањето е целосно неприфатливо, заклучи тој.

The post Денеска е најдепресивниот ден во годината appeared first on Република.

]]>

Третиот понеделник во јануари (оваа година 17 јануари) со години се нарекува најдепресивен ден во годината. Теоријата за „Blue Monday“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата. Но, „Blue Monday“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани. Арнал еднаш призна дека едноставно избрал датум кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.
Прво ме замолија да смислам ден кој мислам дека е најдобар за резервација на летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите да резервирам одмор, сеќавајќи се на она што ми го кажаа илјадници луѓе за време на работа или работилници, овие фактори сугерираа дека третиот понеделник во јануари бил особено депресивен, објасни тој.
Терминот набрзо стана глобално популарен – до тој степен што некои психолози предупредуваат на неговото лошо влијание врз луѓето кои навистина се борат со депресија. Иако на почетокот изгледа комплицирано и сериозно, формулата на Арнал за „Blue Monday“ нема научна основа. Поблискиот поглед на формулата [W + (Dd)] xTQ / MxNA покажува дека вклучените променливи се субјективни и очигледно ненаучни, пишува CNN. W, на пример, означува време. D е долгот, а d е месечната плата, додека T е времето од Божиќ, а Q е времето кога сте се откажале од новогодишната одлука. Ниту еден вклучен фактор не може да се мери или спореди со истите единици. Формулата не може да биде соодветно проценета или потврдена. На пример, не постои начин да се измери просечниот број на денови откако луѓето се откажале од својата новогодишна одлука. И времето во јануари варира помеѓу државите и континентите. „Не знаев дека формулата ќе ја добие популарноста што ја има“, изјави Арнал за CNN. Тој исто така тврди дека водел кампања против сопствената идеја за „Blue Monday“. Кампањата беше наречена „Stop Blue Monday“. Но, се покажа дека тоа е и маркетиншки трик – овој пат има за цел да го поттикне зимскиот туризам на Канарските острови. „Воопшто не жалам“, заклучил Арнал, кој смета дека терминот „потикнал разговор за психологијата во медиумите“. Сепак, професијата не се согласува со него. „Тоа не е вистинскиот начин да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје“, вели д-р Андонис Кусулис за CNN.
Со кажувањето дека еден ден е најдепресивниот ден во годината, без никакви докази, ние банализираме колку сериозна може да биде депресијата. Менталното здравје е најголемиот здравствен предизвик на нашата генерација. Банализирањето е целосно неприфатливо, заклучи тој.

The post Денеска е најдепресивниот ден во годината appeared first on Република.

]]>
До 15 јануари овие два хороскопски знаци ги очекува вистинска бура во животот! https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/do-15-januari-ovie-dva-horoskopski-znaci-gi-ochekuva-vistinska-bura-vo-zivotot/ Fri, 07 Jan 2022 21:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=441827

Стрелец

Ќе дознаете важни информации за некоја ситуација која се одвивала позади вашиот грб. Најголемото изненадување ќе ви биде фактот дека за целата таа работа е одговорна ваша блиска личност. Светот ќе ви изгледа срушен, но радувајте се, барам засекогаш ќе се спасите од таа личност. Љубовниот живот исто така ви носи проблеми, доколку сте во врска можно е да дознаете дека вашиот партнер ве изневерува.

Близнаци

Кога ви доаѓа вашиот ред за одмор, отсекогаш сте го пречекувале со нови обврски. Така и овој пат ќе се случи нешто што ќе ви ги поремети плановите. Ќе останете дома завршувајќи ги обврските, а дома ве очекуваат неколку расправии со членовите на семејството. Но, не грижите се оваа бура нема да биде присутна на полето на љубовта. Само љубовта ќе ви дава сила да продолжите нанапред.

The post До 15 јануари овие два хороскопски знаци ги очекува вистинска бура во животот! appeared first on Република.

]]>

Стрелец Ќе дознаете важни информации за некоја ситуација која се одвивала позади вашиот грб. Најголемото изненадување ќе ви биде фактот дека за целата таа работа е одговорна ваша блиска личност. Светот ќе ви изгледа срушен, но радувајте се, барам засекогаш ќе се спасите од таа личност. Љубовниот живот исто така ви носи проблеми, доколку сте во врска можно е да дознаете дека вашиот партнер ве изневерува. Близнаци Кога ви доаѓа вашиот ред за одмор, отсекогаш сте го пречекувале со нови обврски. Така и овој пат ќе се случи нешто што ќе ви ги поремети плановите. Ќе останете дома завршувајќи ги обврските, а дома ве очекуваат неколку расправии со членовите на семејството. Но, не грижите се оваа бура нема да биде присутна на полето на љубовта. Само љубовта ќе ви дава сила да продолжите нанапред.

The post До 15 јануари овие два хороскопски знаци ги очекува вистинска бура во животот! appeared first on Република.

]]>
Оваа боја е важна, а еве кои работи треба да ги исфрлите…Фенг шуи за јануари 2022 https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ovaa-boja-e-vazna-a-eve-koi-raboti-treba-da-gi-isfrlite-feng-shui-za-januari-2022/ Fri, 07 Jan 2022 13:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=441678

Фенг шуи декорација на домот за јануари 2022 година – совети за привлекување среќа, пари и напредок!

Јануари е месец кој навестува нов почеток, започнува со празничен дух, а во втората половина сме пред планови и намери за цела година. Како и со сè во животот, така и со фенг шуи енергијата во текот на годината во домот, важно е како ќе ја започнете.

Затоа јануари е клучен месец за чистење и бланширање на енергијата. Првиот и најважен чекор е да се исчисти домот од непотребни работи и да се ослободи простор. Исто така, важно е да се ослободите од се што ве потсетува на лоши ситуации од претходната година.

За да имате здрава Чи енергија во вашиот дом, важно е да се фокусирате на сите 5 фенг шуи елементи – вода, воздух, земја, оган и метал. За јануари, како и за зимските месеци, важно е повеќе да се фокусираме на водениот елемент, а 2022 година е и во знакот на воден тигар според кинескиот хороскоп.

Елементот вода симболизира промена, интуиција, подмладување, леснотија, чистота, освежување, духовност, авантура, храна, пари, мистерија и храброст. Водата има и различни видови на енергија и може да биде и јин и јанг.

Водата може да биде нежна, мирна (јин) како малите реки, потоци и езерца или течна и подвижна (јанг) како океани, водопади и големи езера. Ако имате премалку вода во вашиот простор, тоа ќе создаде стрес, вознемиреност, проблеми со парите, летаргија, заглавена виталност и неповолни пари, додека премногу вода може да создаде хаотична, непродуктивна и непредвидлива средина за домаќинството.

Поставувањето на воден елемент или водена симболика во близина на вашиот влез и во областа на кариерата е важно за активирање на здравото чи за целиот ваш дом, но и за вашата кариера.

Водата тече, па ако ја одржувате пред вашиот дом ќе обезбедите постојан проток на животна енергија во вашиот дом. Доколку вашата кариера е во опаѓање, активирањето на водениот елемент е првиот чекор кон воспоставување рамнотежа во таа област од вашиот живот.

Бидејќи водата создава дрво, исто така е многу корисно да се постави водениот елемент во областа на богатството и семејството кое го управува дрвото. Ставањето премногу вода во областа на оган или земја ќе ги ослаби тие витални области на углед, односи, здравје и мудрост.

Користете вистински водени елементи како што се фонтани и аквариуми. Користете сини и црни бои, кои се поврзани со енергијата на водата, како и огледала, стакло, уметнички дела кои прикажуваат вода. Можете да купите сини килими, перници, ќебиња.

Доколку планирате да го смените мебелот, можете да се одлучите за елементи во сина боја. Исто така, фигурите на морски елементи, како што се фигури од риби и школки, можат да донесат позитивна енергија на водениот елемент.

Слики на кои се прикажани риби, вода, море, водопади, сето тоа може да наведе дека сè тече во вашиот дом и го менува својот тек на подобро во согласност со водата. Важно е да не претерате со водениот елемент бидејќи просторот тогаш може да изгледа ладен.

Поради тие сини и водени симболи, можете да додадете и некои елементи од оган и земја за да ја балансирате енергијата. Можете исто така да додадете елементи на црвени или земјени тонови со вода и да создадете вистинска хармонија.

The post Оваа боја е важна, а еве кои работи треба да ги исфрлите…Фенг шуи за јануари 2022 appeared first on Република.

]]>

Фенг шуи декорација на домот за јануари 2022 година – совети за привлекување среќа, пари и напредок! Јануари е месец кој навестува нов почеток, започнува со празничен дух, а во втората половина сме пред планови и намери за цела година. Како и со сè во животот, така и со фенг шуи енергијата во текот на годината во домот, важно е како ќе ја започнете. Затоа јануари е клучен месец за чистење и бланширање на енергијата. Првиот и најважен чекор е да се исчисти домот од непотребни работи и да се ослободи простор. Исто така, важно е да се ослободите од се што ве потсетува на лоши ситуации од претходната година. За да имате здрава Чи енергија во вашиот дом, важно е да се фокусирате на сите 5 фенг шуи елементи – вода, воздух, земја, оган и метал. За јануари, како и за зимските месеци, важно е повеќе да се фокусираме на водениот елемент, а 2022 година е и во знакот на воден тигар според кинескиот хороскоп. Елементот вода симболизира промена, интуиција, подмладување, леснотија, чистота, освежување, духовност, авантура, храна, пари, мистерија и храброст. Водата има и различни видови на енергија и може да биде и јин и јанг. Водата може да биде нежна, мирна (јин) како малите реки, потоци и езерца или течна и подвижна (јанг) како океани, водопади и големи езера. Ако имате премалку вода во вашиот простор, тоа ќе создаде стрес, вознемиреност, проблеми со парите, летаргија, заглавена виталност и неповолни пари, додека премногу вода може да создаде хаотична, непродуктивна и непредвидлива средина за домаќинството. Поставувањето на воден елемент или водена симболика во близина на вашиот влез и во областа на кариерата е важно за активирање на здравото чи за целиот ваш дом, но и за вашата кариера. Водата тече, па ако ја одржувате пред вашиот дом ќе обезбедите постојан проток на животна енергија во вашиот дом. Доколку вашата кариера е во опаѓање, активирањето на водениот елемент е првиот чекор кон воспоставување рамнотежа во таа област од вашиот живот. Бидејќи водата создава дрво, исто така е многу корисно да се постави водениот елемент во областа на богатството и семејството кое го управува дрвото. Ставањето премногу вода во областа на оган или земја ќе ги ослаби тие витални области на углед, односи, здравје и мудрост. Користете вистински водени елементи како што се фонтани и аквариуми. Користете сини и црни бои, кои се поврзани со енергијата на водата, како и огледала, стакло, уметнички дела кои прикажуваат вода. Можете да купите сини килими, перници, ќебиња. Доколку планирате да го смените мебелот, можете да се одлучите за елементи во сина боја. Исто така, фигурите на морски елементи, како што се фигури од риби и школки, можат да донесат позитивна енергија на водениот елемент. Слики на кои се прикажани риби, вода, море, водопади, сето тоа може да наведе дека сè тече во вашиот дом и го менува својот тек на подобро во согласност со водата. Важно е да не претерате со водениот елемент бидејќи просторот тогаш може да изгледа ладен. Поради тие сини и водени симболи, можете да додадете и некои елементи од оган и земја за да ја балансирате енергијата. Можете исто така да додадете елементи на црвени или земјени тонови со вода и да создадете вистинска хармонија.

The post Оваа боја е важна, а еве кои работи треба да ги исфрлите…Фенг шуи за јануари 2022 appeared first on Република.

]]>
Среќни денови во јануари 2022 година: Овие 4 датуми отвораат нови можности https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/srekjni-denovi-vo-januari-2022-godina-ovie-4-datumi-otvoraat-novi-moznosti/ Wed, 05 Jan 2022 22:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=441198

Првиот месец од годината, според астролозите, носи позитивна енергија, прави да се чувствуваме подобро од вообичаено, а многумина ќе бидат мотивирани да работат на исполнување на новогодишните желби.

Хороскопот открива кои се најсреќните денови во јануари 2022 година, а овие датуми се идеални за нов почеток, остварување на амбициите и позитивни животни промени.

Како и секој период, јануари 2022 година има нумеролошки и астролошки среќни денови. Астролозите ги издвоија датумите кои ќе бидат особено добри за сите знаци од Зодијакот.

18 јануари – Крај на ретроградното движење на Уран

Ја ослободуваме негативната енергија што се акумулирала во нас. Од овој ден, многумина од нас ќе можат да заборават на она што нѐ мачело во минатото. Уран што се движи директно ќе ни помогне да се исчистиме од стравовите и несигурноста.

Овој ден ќе биде полн со пријатни изненадувања.

24 јануари – денот на преминот на Марс во знакот Јарец

Марс на 24 јануари ќе влезе во знакот Јарец каде ќе остане до 5 март. Ова е одличен период за финансии, бидејќи присуството на Марс во природната 10-та куќа на хороскопот создава одлични услови за работа и носење важни одлуки.

29 јануари – Крај на ретроградното движење на Венера

Венера повторно се движи директно, што ќе донесе романтична енергија. Оваа планета ќе ни даде силен позитивен поттик на љубовен план.

30 јануари – опаѓачка месечина во Јарец

Месечината на овој ден ќе опаѓа во однос на Земјата. Тоа значи дека нејзиното растојание до нас ќе биде сведено на минимум. Ова значително ќе ја зголеми нејзината сила и моќната лунарна енергија.

Ако се земе предвид дека опаѓачката месечина ќе биде во соѕвездието Јарец, можеме да се надеваме дека денот ќе биде многу поволен. Се отвораат можности за реализација на големи планови.

The post Среќни денови во јануари 2022 година: Овие 4 датуми отвораат нови можности appeared first on Република.

]]>

Првиот месец од годината, според астролозите, носи позитивна енергија, прави да се чувствуваме подобро од вообичаено, а многумина ќе бидат мотивирани да работат на исполнување на новогодишните желби. Хороскопот открива кои се најсреќните денови во јануари 2022 година, а овие датуми се идеални за нов почеток, остварување на амбициите и позитивни животни промени. Како и секој период, јануари 2022 година има нумеролошки и астролошки среќни денови. Астролозите ги издвоија датумите кои ќе бидат особено добри за сите знаци од Зодијакот. 18 јануари – Крај на ретроградното движење на Уран Ја ослободуваме негативната енергија што се акумулирала во нас. Од овој ден, многумина од нас ќе можат да заборават на она што нѐ мачело во минатото. Уран што се движи директно ќе ни помогне да се исчистиме од стравовите и несигурноста. Овој ден ќе биде полн со пријатни изненадувања. 24 јануари – денот на преминот на Марс во знакот Јарец Марс на 24 јануари ќе влезе во знакот Јарец каде ќе остане до 5 март. Ова е одличен период за финансии, бидејќи присуството на Марс во природната 10-та куќа на хороскопот создава одлични услови за работа и носење важни одлуки. 29 јануари – Крај на ретроградното движење на Венера Венера повторно се движи директно, што ќе донесе романтична енергија. Оваа планета ќе ни даде силен позитивен поттик на љубовен план. 30 јануари – опаѓачка месечина во Јарец Месечината на овој ден ќе опаѓа во однос на Земјата. Тоа значи дека нејзиното растојание до нас ќе биде сведено на минимум. Ова значително ќе ја зголеми нејзината сила и моќната лунарна енергија. Ако се земе предвид дека опаѓачката месечина ќе биде во соѕвездието Јарец, можеме да се надеваме дека денот ќе биде многу поволен. Се отвораат можности за реализација на големи планови.

The post Среќни денови во јануари 2022 година: Овие 4 датуми отвораат нови можности appeared first on Република.

]]>
Јануари е прогласен за месец во кој паровите најмногу се разведуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/januari-e-proglasen-za-mesec-vo-koj-parovite-najmnogu-se-razveduvaat/ Tue, 04 Jan 2022 13:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=440498

Иако звучи чудно што разводите можат да се поврзат со месеците во годината, статистиката покажува дека врската меѓу нив и тоа како постои.

Можеби не сте размислувале за тоа, но времето на празниците може да влијае на вашето размислување, да ве поттикне да го преиспитате односот со брачниот другар, но и да ги одложите тие одлуки за подоцна.

Врз основа на анализите, експертите откриле дека најголем број разводи се случуваат во текот на јануари, но и зошто е тоа така.

Дошле до заклучок дека тоа е затоа што луѓето избегнуваат да започнуваат болни теми и да носат големи одлуки за време на празниците.

Луѓето се понесени од празничната еуфорија и потоа сите проблеми во бракот и семејството ги оставаат за подоцна, а кога ќе дојде јануари полека на површина излегува сето она што ги мачело за време на празниците.

Празниците се период кога емоциите се издигнуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или сте лути на партнерот, овој период може да биде пресвртница – вели адвокатот за развод Џејмс Гроза.

Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украсите, светилките, потпаѓаат под влијание на прекрасната, магична празнична музика, толку многу што веруваат дека се може да се сврти и да се подобри. За жал, штом поминат празниците се уверуваат дека биле во право уште пред празниците.

The post Јануари е прогласен за месец во кој паровите најмногу се разведуваат appeared first on Република.

]]>

Иако звучи чудно што разводите можат да се поврзат со месеците во годината, статистиката покажува дека врската меѓу нив и тоа како постои. Можеби не сте размислувале за тоа, но времето на празниците може да влијае на вашето размислување, да ве поттикне да го преиспитате односот со брачниот другар, но и да ги одложите тие одлуки за подоцна. Врз основа на анализите, експертите откриле дека најголем број разводи се случуваат во текот на јануари, но и зошто е тоа така. Дошле до заклучок дека тоа е затоа што луѓето избегнуваат да започнуваат болни теми и да носат големи одлуки за време на празниците. Луѓето се понесени од празничната еуфорија и потоа сите проблеми во бракот и семејството ги оставаат за подоцна, а кога ќе дојде јануари полека на површина излегува сето она што ги мачело за време на празниците.
Празниците се период кога емоциите се издигнуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или сте лути на партнерот, овој период може да биде пресвртница – вели адвокатот за развод Џејмс Гроза.
Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украсите, светилките, потпаѓаат под влијание на прекрасната, магична празнична музика, толку многу што веруваат дека се може да се сврти и да се подобри. За жал, штом поминат празниците се уверуваат дека биле во право уште пред празниците.

The post Јануари е прогласен за месец во кој паровите најмногу се разведуваат appeared first on Република.

]]>
Јануари ќе им ги исполни желбите на три хороскопски знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/januari-kje-im-gi-ispolni-zelbite-na-tri-horoskopski-znaci/ Fri, 31 Dec 2021 23:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=438856

Хороскопот за јануари предвидува дека ѕвездите ќе покажат особена наклонетост за неколку хороскопски знаци. Јануари ќе биде свечен и необичен, но може да донесе и многу убавини. Астролозите велат дека овие три хороскопски знаци имаат големи шанси да ги остварат своите желби уште во јануари!

Близнаци

Близнаците ќе имаат најубава енергија во јануари. Од првиот до последниот ден ќе бидете во атмосфера на бајка и магија, ќе имате чувство дека годината не може поубаво да почне. Голема е веројатноста дека ќе ви се оствари најголемата желба. Бидете подготвени да бидете изненадени!

Стрелец

Стрелецот ќе ужива во исполнување на сите желби што се однесуваат на љубов. Оние претставници кои сонувале да се заљубат, ќе бидат изненадени од едно познанство. Стрелците кои се во врска, ќе размислуваат за продлабочување на врската. Ако имате на ум некоја личност која ви се допаѓа, јануари е вистински месец да го направите првиот чекор.

Водолија

Водолиите ќе вложат многу труд за да ги остварат своите желби. Ова ќе биде најсреќен месец во годината за вас и тоа во сите животни полиња: здравје, финансии и лични врски. Ќе имате енергија и инспирација за ризици. Слушајте ја интуицијата, внатрешниот глас може само да ви помогне.

The post Јануари ќе им ги исполни желбите на три хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>

Хороскопот за јануари предвидува дека ѕвездите ќе покажат особена наклонетост за неколку хороскопски знаци. Јануари ќе биде свечен и необичен, но може да донесе и многу убавини. Астролозите велат дека овие три хороскопски знаци имаат големи шанси да ги остварат своите желби уште во јануари! Близнаци Близнаците ќе имаат најубава енергија во јануари. Од првиот до последниот ден ќе бидете во атмосфера на бајка и магија, ќе имате чувство дека годината не може поубаво да почне. Голема е веројатноста дека ќе ви се оствари најголемата желба. Бидете подготвени да бидете изненадени! Стрелец Стрелецот ќе ужива во исполнување на сите желби што се однесуваат на љубов. Оние претставници кои сонувале да се заљубат, ќе бидат изненадени од едно познанство. Стрелците кои се во врска, ќе размислуваат за продлабочување на врската. Ако имате на ум некоја личност која ви се допаѓа, јануари е вистински месец да го направите првиот чекор. Водолија Водолиите ќе вложат многу труд за да ги остварат своите желби. Ова ќе биде најсреќен месец во годината за вас и тоа во сите животни полиња: здравје, финансии и лични врски. Ќе имате енергија и инспирација за ризици. Слушајте ја интуицијата, внатрешниот глас може само да ви помогне.

The post Јануари ќе им ги исполни желбите на три хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>