јануари програма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/januari-programa/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jan 2022 13:27:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јануари програма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/januari-programa/ 32 32 Кинотека првите денови од Новата година им ги посвети на најмладите љубители на филмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-prvite-denovi-od-novata-godina-im-gi-posveti-na-najmladite-ljubiteli-na-filmot/ Sat, 01 Jan 2022 13:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=439309

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.

За најмладите гледачи од 13 јануари 2022 година ќе ги прикажуваме популарните анимирани филмови БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА, КАЛАМИТИ ЏЕЈН и ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ на пладневните проекции во Кинотеката. Со Биби и Боби младите гледачи ќе можат да се дружат и во попладневните проекции, велат оттаму.

Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција. Тоа се францускиот игран филм АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ и италијанските наслови БРАТ МИ БРКА ДИНОСАРУСИ и СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ. За нив се резервирани вечерните проекции од 19.00 часот.

БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА
(Волшебна новогодишна бајка со Биби и Боби)
Анимиран филм, Македонија
2021, 40 мин., колор, ДЦП
Режија: Никола Чикос
Гласови: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска

Весела новогодишна ноќ во домот на Биби. Биби, Зази, мама Ана и тато Тино се подготвуваат да ја китат елката, а на гости се дојдени и Боби и Зина. Некој прави колачиња, некој изведува магионичарски трикови, се пеат весели песнички и... никој не насетува какви волшепства, изненадувања и најнеобични пријателства ќе им донесе на Биби и Боби оваа „снешкастична“ Нова година. Јееј!
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 150 денари

КАЛАМИТИ ЏЕЈН
(Calamity, une enfance de Martha Jane Cannary / Calamity, a Childhood of Martha Jane Cannary)
Анимиран филм, Франција
2020, 85 мин., колор, ДЦП
Режија: Реми Шаје (Rémi Chayé)
Сценарио: Реми Шаје, Фабрис де Костил (Rémi Chayé, Fabrice de Costil)

Анимираната комедија КАЛАМИТИ ЏЕЈН на Реми Шаје – чиј оригинален наслов гласи КАЛАМИТИ, ДЕТСТВОТО НА МАРТА ЏЕЈН КАНАРИ -беше претставена во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Дејствието се случува во 1863 година во САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн.
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 100 денари

АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ
(Antoinette dans les Cévennes / Antoinette in the Cevennes)
Игран филм, Франција
2020, 97 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Каролин Вињал (Caroline Vignal)
Улоги: Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот (Laure Calamy, Benjamin Lavernhe, Olivia Côte)

Филмот на Вињал е инспириран од романот „Парување на Севените со магаре“ (Travels with a Donkey in the Cévennes) на шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон (Robert Louis Stevenson), кој творел кон крајот на 19 век.
Антоанета со нетрпение со месеци го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него!
Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе ѝ се придружи во текот на ова оригинална авантура…
Актерката Лор Калами ја освои националната француска награда „Цезар“ за најдобра глума, а филмот беше номиниран во десетина категории за оваа награда.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

БРАТ МИ БРКА ДИНОСАУРУСИ
(Mio fratello rincorre i dinosauri)
Игран филм, Италија
2019, 101 мин., колор, ДЦП
Режија: Стефано Ципани (Stefano Cipani)
Сценарио: Фабио Бонифачи (Fabio Bonifacci)
Улоги: Алесандро Гасман, Изабела Рагоњезе, Роси де Палма(Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma)

Џакомо отсекогаш сакал да има помал брат за да си игра со него, а од кога ќе се роди Џовани, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови.
Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џовани од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на „специјалниот“ брат се заразни. Оригиналниот изглед на Џовани навистина го менува светот, исто како да е суперхерој.
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 100 денари

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ
(Le voyage du prince / The Prince’s voyage)
Анимиран филм, Луксембург / Франција
2017, 77 мин., колор, ДЦП
Режија: Жан-Франсоа Лагиони, Гзавие Пикар (Jean-François Laguionie, Xavier Picard)
Сценарио: Жан-Франсоа Лагиони, Аник Лереј (Jean-François Laguionie, Anik Leray)

Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег во земјата Ниокус, на кој се насукал по бродската несреќа. Таму го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, чии што родители ќе му пружат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот најпрвин ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа во придружба на Том ќе шета низ главниот град и блиската џунгла, каде што открива непознат и волшебен свет. Но, Принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него…
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Гзавие Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стразбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival), како и на други фестивали за анимирани филмови.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ
(Glassboy)
Игран филм, Италија / Австрија / Швајцарија
2020, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Самуеле Роси (Samuele Rossi)
Сценарио: Романдо Кола, Јозела Порто, Самуеле Роси (Rolando Colla, Josella Porto, Samuele Rossi)
Улоги: Андреа Ару, Лорета Гоџи, Роза Барболини (Andrea Arru, Loretta Goggi, Rosa Barbolini)

Пино Гамбаси е болно дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст. Заради болеста е наречено „стаклено момче“. Сепак, Пино решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете.
СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ е инспириран од истоимената книга на италијанскиот автор Фабрицио Силеи, добитник на Андерсоновата награда. Приказната допира важна тема, а тоа е потребата на децата да го надминат стравот од живеењето со болест, во овој случај, хемофилијата.

Влезница: 100 денари
Возрасна категорија: за сите возрасти

• Распоред на проекции:
13 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.
БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

13 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.
КАЛАМИТИ ЏЕЈН

14 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.
БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

14 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 19:00 ч.
КАЛАМИТИ ЏЕЈН

15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.
БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 19:00 ч.
АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ

17 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.
БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

17 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч.
АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ

18 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.
БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

18 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 19:00 ч.
БРАТ МИ БРКА ДИНОСАРУСИ

20 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч.
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ

20 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.
СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ

The post Кинотека првите денови од Новата година им ги посвети на најмладите љубители на филмот appeared first on Република.

]]>

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.
За најмладите гледачи од 13 јануари 2022 година ќе ги прикажуваме популарните анимирани филмови БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА, КАЛАМИТИ ЏЕЈН и ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ на пладневните проекции во Кинотеката. Со Биби и Боби младите гледачи ќе можат да се дружат и во попладневните проекции, велат оттаму.
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција. Тоа се францускиот игран филм АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ и италијанските наслови БРАТ МИ БРКА ДИНОСАРУСИ и СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ. За нив се резервирани вечерните проекции од 19.00 часот. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА (Волшебна новогодишна бајка со Биби и Боби) Анимиран филм, Македонија 2021, 40 мин., колор, ДЦП Режија: Никола Чикос Гласови: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска Весела новогодишна ноќ во домот на Биби. Биби, Зази, мама Ана и тато Тино се подготвуваат да ја китат елката, а на гости се дојдени и Боби и Зина. Некој прави колачиња, некој изведува магионичарски трикови, се пеат весели песнички и... никој не насетува какви волшепства, изненадувања и најнеобични пријателства ќе им донесе на Биби и Боби оваа „снешкастична“ Нова година. Јееј! Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 150 денари КАЛАМИТИ ЏЕЈН (Calamity, une enfance de Martha Jane Cannary / Calamity, a Childhood of Martha Jane Cannary) Анимиран филм, Франција 2020, 85 мин., колор, ДЦП Режија: Реми Шаје (Rémi Chayé) Сценарио: Реми Шаје, Фабрис де Костил (Rémi Chayé, Fabrice de Costil) Анимираната комедија КАЛАМИТИ ЏЕЈН на Реми Шаје – чиј оригинален наслов гласи КАЛАМИТИ, ДЕТСТВОТО НА МАРТА ЏЕЈН КАНАРИ -беше претставена во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Дејствието се случува во 1863 година во САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн. Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 100 денари АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ (Antoinette dans les Cévennes / Antoinette in the Cevennes) Игран филм, Франција 2020, 97 мин., колор, ДЦП Режија и сценарио: Каролин Вињал (Caroline Vignal) Улоги: Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот (Laure Calamy, Benjamin Lavernhe, Olivia Côte) Филмот на Вињал е инспириран од романот „Парување на Севените со магаре“ (Travels with a Donkey in the Cévennes) на шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон (Robert Louis Stevenson), кој творел кон крајот на 19 век. Антоанета со нетрпение со месеци го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него! Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе ѝ се придружи во текот на ова оригинална авантура… Актерката Лор Калами ја освои националната француска награда „Цезар“ за најдобра глума, а филмот беше номиниран во десетина категории за оваа награда. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари БРАТ МИ БРКА ДИНОСАУРУСИ (Mio fratello rincorre i dinosauri) Игран филм, Италија 2019, 101 мин., колор, ДЦП Режија: Стефано Ципани (Stefano Cipani) Сценарио: Фабио Бонифачи (Fabio Bonifacci) Улоги: Алесандро Гасман, Изабела Рагоњезе, Роси де Палма(Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma) Џакомо отсекогаш сакал да има помал брат за да си игра со него, а од кога ќе се роди Џовани, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џовани од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на „специјалниот“ брат се заразни. Оригиналниот изглед на Џовани навистина го менува светот, исто како да е суперхерој. Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 100 денари ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (Le voyage du prince / The Prince’s voyage) Анимиран филм, Луксембург / Франција 2017, 77 мин., колор, ДЦП Режија: Жан-Франсоа Лагиони, Гзавие Пикар (Jean-François Laguionie, Xavier Picard) Сценарио: Жан-Франсоа Лагиони, Аник Лереј (Jean-François Laguionie, Anik Leray) Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег во земјата Ниокус, на кој се насукал по бродската несреќа. Таму го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, чии што родители ќе му пружат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот најпрвин ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа во придружба на Том ќе шета низ главниот град и блиската џунгла, каде што открива непознат и волшебен свет. Но, Принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него… ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Гзавие Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стразбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival), како и на други фестивали за анимирани филмови. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ (Glassboy) Игран филм, Италија / Австрија / Швајцарија 2020, 90 мин., колор, ДЦП Режија: Самуеле Роси (Samuele Rossi) Сценарио: Романдо Кола, Јозела Порто, Самуеле Роси (Rolando Colla, Josella Porto, Samuele Rossi) Улоги: Андреа Ару, Лорета Гоџи, Роза Барболини (Andrea Arru, Loretta Goggi, Rosa Barbolini) Пино Гамбаси е болно дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст. Заради болеста е наречено „стаклено момче“. Сепак, Пино решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете. СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ е инспириран од истоимената книга на италијанскиот автор Фабрицио Силеи, добитник на Андерсоновата награда. Приказната допира важна тема, а тоа е потребата на децата да го надминат стравот од живеењето со болест, во овој случај, хемофилијата. Влезница: 100 денари Возрасна категорија: за сите возрасти • Распоред на проекции: 13 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА 13 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч. КАЛАМИТИ ЏЕЈН 14 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА 14 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 19:00 ч. КАЛАМИТИ ЏЕЈН 15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА 15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 19:00 ч. АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ 17 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА 17 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч. АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ 18 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА 18 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 19:00 ч. БРАТ МИ БРКА ДИНОСАРУСИ 20 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ 20 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч. СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ

The post Кинотека првите денови од Новата година им ги посвети на најмладите љубители на филмот appeared first on Република.

]]>