јануари 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/januari-2024/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 18:16:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јануари 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/januari-2024/ 32 32 Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата https://arhiva3.republika.mk/zivot/januari-2024-godina-najtopliot-vo-istorijata-na-mereneto-na-temperaturata/ Thu, 15 Feb 2024 18:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=744541

Јануари 2024 година е најтоплиот во историјата на набљудувањата на времето и климата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

-Трендот на уривање рекорди што беше забележан во поголемиот дел од 2023 година продолжи и во 2024 година - јануари беше најтоплиот јануари досега, соопшти организацијата.

Според СМО, тоа е осми месец по ред кој е најтопол досега.

-Температурите на површината на морето се на рекордно високо ниво, десет месеци по ред, соопшти СМО.

Просечната месечна температура на воздухот била за 1,66 степени повисока од јануарски просек во периодот од 1850-1900 година, додека во периодот од 1991-2020 година била 0,70 степени над просекот за јануари.

Според податоците на Службата за климатски промени Коперникус, во споредба со температурата од претходниот најтопол јануари 2020 година, просечната месечна температура беше над 0,12 степени.

Организацијата ги наведе податоците добиени од американската Национална администрација за океани и атмосфера НОАА (NOAA), НАСА, службата за климатски промени Коперникус на Европската унија и Јапонската метеоролошка агенција.

The post Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата appeared first on Република.

]]>

Јануари 2024 година е најтоплиот во историјата на набљудувањата на времето и климата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО). -Трендот на уривање рекорди што беше забележан во поголемиот дел од 2023 година продолжи и во 2024 година - јануари беше најтоплиот јануари досега, соопшти организацијата. Според СМО, тоа е осми месец по ред кој е најтопол досега. -Температурите на површината на морето се на рекордно високо ниво, десет месеци по ред, соопшти СМО. Просечната месечна температура на воздухот била за 1,66 степени повисока од јануарски просек во периодот од 1850-1900 година, додека во периодот од 1991-2020 година била 0,70 степени над просекот за јануари. Според податоците на Службата за климатски промени Коперникус, во споредба со температурата од претходниот најтопол јануари 2020 година, просечната месечна температура беше над 0,12 степени. Организацијата ги наведе податоците добиени од американската Национална администрација за океани и атмосфера НОАА (NOAA), НАСА, службата за климатски промени Коперникус на Европската унија и Јапонската метеоролошка агенција.

The post Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата appeared first on Република.

]]>
ССМ пресмета: Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-presmeta-minimalnata-koshnitsa-za-januari-2024-godina-iznesuva-57-163-denari/ Mon, 22 Jan 2024 14:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=735530

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72 538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара.

Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21 007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4 803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6 014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1 797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1 115 денари или 2 отсто, на транспорт 4 759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2 709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4 205 денари или 7,4 проценти, на образование 7 022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3 733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.

 

The post ССМ пресмета: Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72 538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара. Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21 007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4 803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6 014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1 797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1 115 денари или 2 отсто, на транспорт 4 759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2 709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4 205 денари или 7,4 проценти, на образование 7 022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3 733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.  

The post ССМ пресмета: Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари appeared first on Република.

]]>