јанс Столтенберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jans-stoltenberg/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 06:14:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јанс Столтенберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jans-stoltenberg/ 32 32 Столтенберг: Ако Украина ја изгуби војната тоа нема да донесе мир, туку ќе донесе уште повеќе руска окупација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ako-ukraina-ja-izgubi-vojnata-toa-nema-da-donese-mir-tuku-ke-donese-ushte-poveke-ruska-okupatsija/ Thu, 11 Jul 2024 06:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=795598

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на голема прес конфереција синоќа во Вашингтон, се осврна на прашањата за понатамошното зацврстување на одбранениот потенцијал на воената алијанса и многустраната помош за Украина која ја одбива руската агресија.

Во текот на излагањето тој истакна дека НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон.

Столтенберг рече дека мнозинство од земјите сега доделуваат за одбрана два отсто од својот национален буџет, во споредба со тоа како било пред три години кога само неколку земји доделувале толку за одбрана.
Шефот на НАТО уште еднаш истакна дека помошта на земјите членки за Украина не е да се пролонгира војната туку „брзо да се реши“.

-Ако Украина ја изгуби војната тоа нема да донесе мир, туку ќе донесе уште повеќе руска окупација. Затоа ние ќе ја подржуваме Украина таа да победи и ќе бараме праведен мир, изјави тој.

Според Столтенберг, Кина е „овозможувач“, па и дури „помошник“ на руската агресија, бидејќи Пекинг пружа воено-техничка помош на Москва „како микро-електронски компоненти за двојна намена“ што му овозможува на Кремљ да ја води таа војна продолжително време. Столтенберг рече дека со заедничката декларација членките на НАТО испратиле јасен сигнал до Кина за тоа дека таквата улога на Пекинг е неприфатлива.

Декларацијата е составена од силен речник насочен против Кина и нејзината улога на овозможувач на војната во Украина.

-Сметам дека тоа е многу силен и многу јасен сигнал и ние прецизно ја одредуваме одговорноста на Кина кога станува збор за нејзиното соучесништво во војната со Русија, истакна генералниот секретар додавајќе дека „ова е најсилната порака досега против Кина формулирана од сојузниците“.

Во одговор на прашања од новинарите за тоа ако Кина започне не само со техничко но и со директно снабдување на Русија со оружје и воена техника, Столтенберг рече дека тоа ќе предизвика голема загриженост на Запад. Тој стави до знаење дека во тој случај ќе бидат преземени одредени санкции против Кина што би влијаело на репутацијата на таа земја во светот.

Во одговор на прашање за тоа како може да се измени улогата на САД во алијансата по претседатеските избори во ноември оваа година, шефот на НАТО изрази увереност дека САД ќе продолжат да играат лидерска улога во алијансата и во иднина, бидејќи тоа е во склад со националните интереси на оваа земја.

Покрај тоа Столтенберг истакна дека во Вашингтон се сретнал со американските законодавци кои уште еднаш го убедиле дека во САД постои силна двопартиска подршка  за НАТО и подршка за Украина.
Столтенберг го нарече НАТО најуспешната воена алијанса во историјата. Тој уште еднаш истакна дека алијансата има за цел во иднина да ја прими и Украина во своите редови.

Се осврна и на прашањето за тоа зошто НАТО отвари свое преставништво во Јордан, истакнувајќи дека алијансата реагира на предизвиците и можностите што доаѓаат од Блискиот исток и Северна Африка.

Истакна дека НАТО отворило ново одделение за заедничка анализа во Полска, а претходно изјави и дека лидерите на НАТО се договориле за пакет помош за Украина кој предвидува создавање на центар за команда во Германија, билатерални договори за безбедност со сојузничките земји, нов пакет воена помош и работа за оперативна хармонизација

The post Столтенберг: Ако Украина ја изгуби војната тоа нема да донесе мир, туку ќе донесе уште повеќе руска окупација appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на голема прес конфереција синоќа во Вашингтон, се осврна на прашањата за понатамошното зацврстување на одбранениот потенцијал на воената алијанса и многустраната помош за Украина која ја одбива руската агресија. Во текот на излагањето тој истакна дека НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон. Столтенберг рече дека мнозинство од земјите сега доделуваат за одбрана два отсто од својот национален буџет, во споредба со тоа како било пред три години кога само неколку земји доделувале толку за одбрана. Шефот на НАТО уште еднаш истакна дека помошта на земјите членки за Украина не е да се пролонгира војната туку „брзо да се реши“.
-Ако Украина ја изгуби војната тоа нема да донесе мир, туку ќе донесе уште повеќе руска окупација. Затоа ние ќе ја подржуваме Украина таа да победи и ќе бараме праведен мир, изјави тој.
Според Столтенберг, Кина е „овозможувач“, па и дури „помошник“ на руската агресија, бидејќи Пекинг пружа воено-техничка помош на Москва „како микро-електронски компоненти за двојна намена“ што му овозможува на Кремљ да ја води таа војна продолжително време. Столтенберг рече дека со заедничката декларација членките на НАТО испратиле јасен сигнал до Кина за тоа дека таквата улога на Пекинг е неприфатлива. Декларацијата е составена од силен речник насочен против Кина и нејзината улога на овозможувач на војната во Украина. -Сметам дека тоа е многу силен и многу јасен сигнал и ние прецизно ја одредуваме одговорноста на Кина кога станува збор за нејзиното соучесништво во војната со Русија, истакна генералниот секретар додавајќе дека „ова е најсилната порака досега против Кина формулирана од сојузниците“. Во одговор на прашања од новинарите за тоа ако Кина започне не само со техничко но и со директно снабдување на Русија со оружје и воена техника, Столтенберг рече дека тоа ќе предизвика голема загриженост на Запад. Тој стави до знаење дека во тој случај ќе бидат преземени одредени санкции против Кина што би влијаело на репутацијата на таа земја во светот. Во одговор на прашање за тоа како може да се измени улогата на САД во алијансата по претседатеските избори во ноември оваа година, шефот на НАТО изрази увереност дека САД ќе продолжат да играат лидерска улога во алијансата и во иднина, бидејќи тоа е во склад со националните интереси на оваа земја. Покрај тоа Столтенберг истакна дека во Вашингтон се сретнал со американските законодавци кои уште еднаш го убедиле дека во САД постои силна двопартиска подршка  за НАТО и подршка за Украина. Столтенберг го нарече НАТО најуспешната воена алијанса во историјата. Тој уште еднаш истакна дека алијансата има за цел во иднина да ја прими и Украина во своите редови. Се осврна и на прашањето за тоа зошто НАТО отвари свое преставништво во Јордан, истакнувајќи дека алијансата реагира на предизвиците и можностите што доаѓаат од Блискиот исток и Северна Африка. Истакна дека НАТО отворило ново одделение за заедничка анализа во Полска, а претходно изјави и дека лидерите на НАТО се договориле за пакет помош за Украина кој предвидува создавање на центар за команда во Германија, билатерални договори за безбедност со сојузничките земји, нов пакет воена помош и работа за оперативна хармонизација

The post Столтенберг: Ако Украина ја изгуби војната тоа нема да донесе мир, туку ќе донесе уште повеќе руска окупација appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Украина покажа извонредна храброст https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ukraina-pokazha-izvonredna-hrabrost/ Wed, 10 Jul 2024 09:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=795235

Критичната одлуката за проширувањето на НАТО по Студената војна, како ретко која друга во модерната историја ја промени Европа, бидејќи ја обедини на начин кој претходно беше незамислив, го отвори патот за интеграција во ЕУ и донесе мир и просперитет низ целиот континент, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на свеченоста по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, што се одржа доцна синоќа во рамки на Самитот на Пактот во Вашингтон.

- Прашањето беше дали сме подготвени да ја отвориме вратата. Некои стравуваа дека проширувањето ќе го разводни и ослабне НАТО и ќе ја провоцира Москва. Тоа не беше лесна одлука и требаше време. Но, на крајот застанавме во одбрана на правото на секој народ да си го избере својот пат и ја отворивме вратата на НАТО, истакна Столтенберг.

Тој посочи дека пред 75 години овде беше потпишан Вашингтонскиот договор, документот со кој е основан НАТО, од страна на луѓе кои преживеаја две катастрофални светски војни и премногу добро го знаеја ужасот, страдањето и страшната човечка цена на војната, па затоа беа решени тоа никогаш повеќе да не се повтори.

- Така, тие го основаа НАТО. Со јасна цел да се зачува мирот и да се зачува слободата. Посветеност да се заштитиме едни со други. Еден за сите, и сите за еден.

Според него, благодарение на Алијансата зачувани се мирот и слободата, што го прави НАТО најуспешниот, најсилниот и најдолготрајниот сојуз во историјата.

- За да се одврати советската закана, постепено, се појави храбра и контроверзна идеја дека треба да разговараме со нашиот непријател, за да се минимизира ризикот трка во вооружување да излезе од контрола. Чекор по чекор, преку тешки разговори и тешки преговори, беше договорена архитектура на контрола на оружјето, беа уништени се илјадници оружја и беа изградени транспарентност и доверба. Светот стана побезбедно место поради одвраќањето и одбраната, додаде Столтенберг.

Тој нагласи дека крајот на Студената војна, која заврши „без НАТО да испука ниту еден куршум“, ја доведе Алијансата пред одлука за негово проширување и прифаќање на старите противници како нови сојузници.

- Тогаш сојузниците покажаа визија и решителност, како што треба да продолжиме и сега. Војната на Русија против Украина е најголемата безбедносна криза во последните генерации. Украина покажа извонредна храброст, А сојузниците на НАТО дадоа поддршка без преседан, рече Столтенберг.

Според него, иако таа поддршка носи трошоци и ризици, најголем трошок и најголем ризик ќе има ако Русија победи во Украина.

- Не можеме да дозволиме тоа да се случи. Тоа не само што ќе го охрабри претседателот Путин, туку би ги охрабрило и другите авторитарни лидери во Иран, Северна Кореја и Кина. Сите тие ја поддржуваат бруталната војна на Русија. Сите тие сакаат НАТО да пропадне. Значи, исходот од оваа војна ќе ја обликува глобалната безбедност во наредните децении. Времето да се залагаме за слобода и демократија е сега. Местото е Украина, порача Столтенберг.

Тој потенцира дека во изминатите 75 години, трансатлантските односи преживеаја многу бури, но дека сите политички лидери имаат одговорност и во иднина да ја покажат истата храброст и решителност, кои беа покажано во минатото кога беше основан и обликуван НАТО, бидејќи иднината на Алијансата зависи не само од нејзините мажи и жени во униформи.

- Ние сме поврзани не само со интереси, туку и со историја, традиција и вредности. Нашата Алијанса не е совршена и ќе продолжиме да се соочуваме со тешки одлуки во иднина. Не знам каква ќе биде следната криза, но знам дека сме најдобро кога носиме тешки одлуки со политичка храброст и морална одговорност. Знам дека заедно сме посилни и побезбедни, во НАТО. Добро е да имаш пријатели, заклучи Столтенберг во обраќањето

The post Столтенберг: Украина покажа извонредна храброст appeared first on Република.

]]>

Критичната одлуката за проширувањето на НАТО по Студената војна, како ретко која друга во модерната историја ја промени Европа, бидејќи ја обедини на начин кој претходно беше незамислив, го отвори патот за интеграција во ЕУ и донесе мир и просперитет низ целиот континент, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на свеченоста по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, што се одржа доцна синоќа во рамки на Самитот на Пактот во Вашингтон.
- Прашањето беше дали сме подготвени да ја отвориме вратата. Некои стравуваа дека проширувањето ќе го разводни и ослабне НАТО и ќе ја провоцира Москва. Тоа не беше лесна одлука и требаше време. Но, на крајот застанавме во одбрана на правото на секој народ да си го избере својот пат и ја отворивме вратата на НАТО, истакна Столтенберг.
Тој посочи дека пред 75 години овде беше потпишан Вашингтонскиот договор, документот со кој е основан НАТО, од страна на луѓе кои преживеаја две катастрофални светски војни и премногу добро го знаеја ужасот, страдањето и страшната човечка цена на војната, па затоа беа решени тоа никогаш повеќе да не се повтори. - Така, тие го основаа НАТО. Со јасна цел да се зачува мирот и да се зачува слободата. Посветеност да се заштитиме едни со други. Еден за сите, и сите за еден. Според него, благодарение на Алијансата зачувани се мирот и слободата, што го прави НАТО најуспешниот, најсилниот и најдолготрајниот сојуз во историјата.
- За да се одврати советската закана, постепено, се појави храбра и контроверзна идеја дека треба да разговараме со нашиот непријател, за да се минимизира ризикот трка во вооружување да излезе од контрола. Чекор по чекор, преку тешки разговори и тешки преговори, беше договорена архитектура на контрола на оружјето, беа уништени се илјадници оружја и беа изградени транспарентност и доверба. Светот стана побезбедно место поради одвраќањето и одбраната, додаде Столтенберг.
Тој нагласи дека крајот на Студената војна, која заврши „без НАТО да испука ниту еден куршум“, ја доведе Алијансата пред одлука за негово проширување и прифаќање на старите противници како нови сојузници.
- Тогаш сојузниците покажаа визија и решителност, како што треба да продолжиме и сега. Војната на Русија против Украина е најголемата безбедносна криза во последните генерации. Украина покажа извонредна храброст, А сојузниците на НАТО дадоа поддршка без преседан, рече Столтенберг.
Според него, иако таа поддршка носи трошоци и ризици, најголем трошок и најголем ризик ќе има ако Русија победи во Украина.
- Не можеме да дозволиме тоа да се случи. Тоа не само што ќе го охрабри претседателот Путин, туку би ги охрабрило и другите авторитарни лидери во Иран, Северна Кореја и Кина. Сите тие ја поддржуваат бруталната војна на Русија. Сите тие сакаат НАТО да пропадне. Значи, исходот од оваа војна ќе ја обликува глобалната безбедност во наредните децении. Времето да се залагаме за слобода и демократија е сега. Местото е Украина, порача Столтенберг.
Тој потенцира дека во изминатите 75 години, трансатлантските односи преживеаја многу бури, но дека сите политички лидери имаат одговорност и во иднина да ја покажат истата храброст и решителност, кои беа покажано во минатото кога беше основан и обликуван НАТО, бидејќи иднината на Алијансата зависи не само од нејзините мажи и жени во униформи. - Ние сме поврзани не само со интереси, туку и со историја, традиција и вредности. Нашата Алијанса не е совршена и ќе продолжиме да се соочуваме со тешки одлуки во иднина. Не знам каква ќе биде следната криза, но знам дека сме најдобро кога носиме тешки одлуки со политичка храброст и морална одговорност. Знам дека заедно сме посилни и побезбедни, во НАТО. Добро е да имаш пријатели, заклучи Столтенберг во обраќањето

The post Столтенберг: Украина покажа извонредна храброст appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Спроведувањето на условите на Путин значи дека Русија ќе ја постигне целта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-sproveduvaneto-na-uslovite-na-putin-znachi-deka-rusija-ke-ja-postigne-tselta/ Fri, 14 Jun 2024 17:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=787671

Новиот предлог на рускиот претседател Владимир Путин за мирно решение во Украина, кој предвидува повлекување на украинските трупи од новите региони на Русија како предуслов за прекин на огнот, би значело дека Русија ги постигнува своите воени цели, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Ова е предлог што всушност значи дека Русија треба да ги постигне своите цели од воените игри очекувајќи дека Украина треба да отстапи значително повеќе земја отколку што Русија можеше да окупира досега. Значи, ова не е мировен предлог“, рече тој по состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Шефот на НАТО постојано изјави дека алијансата не може да одлучува за Украина за прифатливи услови за прекин на конфликтот.

The post Столтенберг: Спроведувањето на условите на Путин значи дека Русија ќе ја постигне целта appeared first on Република.

Столтенберг најави фонд за Украина од 100 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-najavi-fond-za-ukraina-od-100-milijardi-evra/ Wed, 03 Apr 2024 06:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=761478

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе предложи создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија, објавија синоќа дипломатски извори.

За ова ќе разговараат 32-те земји од НАТО денеска на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, велат истите извори.

-Министрите „ќе разговараат за најдобриот начин да се организира поддршката на НАТО за Украина за да биде посилна, попредвидлива и поодржлива“, изјави неименуван претставник на Алијансата.

На состанокот не се очекува одлука, но „разговорите за тоа ќе продолжат пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули“, додаде функционерот.

За финансирањето на тој фонд се уште се разговара, но идејата е секоја од земјите-членки на Алијансата да придонесе според својот бруто домашен производ (БДП).

-Сè што придонесува за динамиката на поддршката за Украина оди во вистинска насока, рече неименуван дипломат на НАТО, истакнувајќи дека идејата сè уште покренува многу прашања меѓу сојузниците, особено во однос на финансирањето.

Министрите, кои в четврток ќе ја прослават 75-годишнината од Атлантскиот сојуз, сакаат да разговараат и за начините за зајакнување на посветеноста на организацијата кон Украина, велат дипломатите.

За новиот генерален секретар ќе разговараат и министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, бидејќи мандатот на Столтенберг истекува годинава.

Холандскиот премиер, Марк Руте, кој официјално е кандидат, има поддршка од 90 отсто од земјите на Алијансата, додаваат дипломатските анкети.

Друг кандидат за замена на Столтенберг е романскиот претседател, Клаус Јоханис

The post Столтенберг најави фонд за Украина од 100 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе предложи создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија, објавија синоќа дипломатски извори. За ова ќе разговараат 32-те земји од НАТО денеска на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, велат истите извори.
-Министрите „ќе разговараат за најдобриот начин да се организира поддршката на НАТО за Украина за да биде посилна, попредвидлива и поодржлива“, изјави неименуван претставник на Алијансата.
На состанокот не се очекува одлука, но „разговорите за тоа ќе продолжат пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули“, додаде функционерот. За финансирањето на тој фонд се уште се разговара, но идејата е секоја од земјите-членки на Алијансата да придонесе според својот бруто домашен производ (БДП).
-Сè што придонесува за динамиката на поддршката за Украина оди во вистинска насока, рече неименуван дипломат на НАТО, истакнувајќи дека идејата сè уште покренува многу прашања меѓу сојузниците, особено во однос на финансирањето.
Министрите, кои в четврток ќе ја прослават 75-годишнината од Атлантскиот сојуз, сакаат да разговараат и за начините за зајакнување на посветеноста на организацијата кон Украина, велат дипломатите. За новиот генерален секретар ќе разговараат и министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, бидејќи мандатот на Столтенберг истекува годинава. Холандскиот премиер, Марк Руте, кој официјално е кандидат, има поддршка од 90 отсто од земјите на Алијансата, додаваат дипломатските анкети. Друг кандидат за замена на Столтенберг е романскиот претседател, Клаус Јоханис

The post Столтенберг најави фонд за Украина од 100 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Столтенберг ја критикува изјавата па Папата дека Украина треба да се предаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ja-kritikuva-izjavata-pa-papata-deka-ukraina-treba-da-se-predade/ Mon, 11 Mar 2024 17:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=753753

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не се согласува со изјавите на папата Франциск дека на Украина и треба „храброста на белото знаме“ и дека треба да преговара за крај на војната предизвикана од руската инвазија.

- Ако сакаме договорено, долгорочно мировно решение, начинот да го постигнеме е со воена поддршка за Украина, рече Столтенберг, коментирајќи ги изјавите на папата.

Папата ова го кажа во интервју, чиј дел беше објавен викендов. Тој рече дека кога на страните во конфликтот не им оди добро, „треба да се има храброст да преговара“.

Во интервју за Ројтерс во седиштето на НАТО во Брисел, Столтенберг додаде дека „она што се случува на преговарачката маса е нераскинливо поврзано со силата на бојното поле“, пренесува Хина.

Прашан дали неговата реакција значи дека сега не е време да се зборува за бело знаме, Столтенберг рече: „Не е време да се зборува за предавање на Украинците. Тоа ќе биде трагедија за Украинците. Исто така, ќе биде опасно за сите нас“.

Шефот на НАТО потенцираше дека за Украина, предавањето не е мир.

Тој, исто така, истакна дека земјата никогаш не била поблиску до членство во Алијансата.  - Таа ќе биде сојузник. Значи, не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога, истакна Столтенберг.

Инаку, во меѓувреме Ватикан ја појасни изјавата на папата. - Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, појасни директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста во преговорите“, рече Бруни за интервјуто на папата Франциск за швајцарската телевизија РТС, кое ќе биде емитувано месецов, а дел беше објавен завчера.

The post Столтенберг ја критикува изјавата па Папата дека Украина треба да се предаде appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не се согласува со изјавите на папата Франциск дека на Украина и треба „храброста на белото знаме“ и дека треба да преговара за крај на војната предизвикана од руската инвазија.
- Ако сакаме договорено, долгорочно мировно решение, начинот да го постигнеме е со воена поддршка за Украина, рече Столтенберг, коментирајќи ги изјавите на папата.
Папата ова го кажа во интервју, чиј дел беше објавен викендов. Тој рече дека кога на страните во конфликтот не им оди добро, „треба да се има храброст да преговара“. Во интервју за Ројтерс во седиштето на НАТО во Брисел, Столтенберг додаде дека „она што се случува на преговарачката маса е нераскинливо поврзано со силата на бојното поле“, пренесува Хина. Прашан дали неговата реакција значи дека сега не е време да се зборува за бело знаме, Столтенберг рече: „Не е време да се зборува за предавање на Украинците. Тоа ќе биде трагедија за Украинците. Исто така, ќе биде опасно за сите нас“. Шефот на НАТО потенцираше дека за Украина, предавањето не е мир. Тој, исто така, истакна дека земјата никогаш не била поблиску до членство во Алијансата.  - Таа ќе биде сојузник. Значи, не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога, истакна Столтенберг. Инаку, во меѓувреме Ватикан ја појасни изјавата на папата. - Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, појасни директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста во преговорите“, рече Бруни за интервјуто на папата Франциск за швајцарската телевизија РТС, кое ќе биде емитувано месецов, а дел беше објавен завчера.

The post Столтенберг ја критикува изјавата па Папата дека Украина треба да се предаде appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Членките на НАТО се посветени на победа на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-chlenkite-na-nato-se-posveteni-na-pobeda-na-ukraina/ Fri, 23 Feb 2024 11:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=747357

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека земјите-членки на Алијансата се посветени да направат повеќе за да и обезбедат победа на Украина.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека Северноатлантската алијанса „значително го променила“ својот став за обезбедување на безбедносно понапредно оружје за Киев.

Столтенберг по повод одбележувањето две години од почетокот на рускиот напад врз Украина оцени дека солидарноста со Киев не е само коректна, туку и во безбедносните интереси на Алијансата.

Тоа е инвестиција во нашата сопствена безбедност и нашата поддршка прави разлика на бојното поле секој ден, истакна Столтенберг

The post Столтенберг: Членките на НАТО се посветени на победа на Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека земјите-членки на Алијансата се посветени да направат повеќе за да и обезбедат победа на Украина. Тој во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека Северноатлантската алијанса „значително го променила“ својот став за обезбедување на безбедносно понапредно оружје за Киев. Столтенберг по повод одбележувањето две години од почетокот на рускиот напад врз Украина оцени дека солидарноста со Киев не е само коректна, туку и во безбедносните интереси на Алијансата.
Тоа е инвестиција во нашата сопствена безбедност и нашата поддршка прави разлика на бојното поле секој ден, истакна Столтенберг

The post Столтенберг: Членките на НАТО се посветени на победа на Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Важно е Путин да не успее во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-vazhno-e-putin-da-ne-uspee-vo-ukraina-reche/ Mon, 29 Jan 2024 07:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=737940

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика САД да продолжат да испраќаат помош за Украина во војната против Русија, оценувајќи дека Пекинг и, како што наведе, „другите авторитарни сили ќе бидат охрабрени“ доколку рускиот претседател Владимир Путин „го добие тоа што го сака“.

„Она што е важно е Украина да добива постојана поддршка бидејќи мораме да разбереме дека таа внимателно се следи во Пекинг“, изјави Столтенберг за Фокс њуз.

Тој оценува дека САД, Европа и другите делови од светот ќе станат „поранливи“ доколку Путин „го добие тоа што го сака во Украина“.

„Важно е Путин да не успее во Украина“, рече Столтенберг.

Тој оваа недела ќе се сретне со високи претставници од Министерството за одбрана на САД и пратеници за да разговараат за продолжување на помошта за Украина, која беше блокирана во Конгресот поради спорови околу американската гранична политика и други политички прашања, објави Фокс њуз

The post Столтенберг: Важно е Путин да не успее во Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика САД да продолжат да испраќаат помош за Украина во војната против Русија, оценувајќи дека Пекинг и, како што наведе, „другите авторитарни сили ќе бидат охрабрени“ доколку рускиот претседател Владимир Путин „го добие тоа што го сака“. „Она што е важно е Украина да добива постојана поддршка бидејќи мораме да разбереме дека таа внимателно се следи во Пекинг“, изјави Столтенберг за Фокс њуз. Тој оценува дека САД, Европа и другите делови од светот ќе станат „поранливи“ доколку Путин „го добие тоа што го сака во Украина“.
„Важно е Путин да не успее во Украина“, рече Столтенберг.
Тој оваа недела ќе се сретне со високи претставници од Министерството за одбрана на САД и пратеници за да разговараат за продолжување на помошта за Украина, која беше блокирана во Конгресот поради спорови околу американската гранична политика и други политички прашања, објави Фокс њуз

The post Столтенберг: Важно е Путин да не успее во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoltenberg-koruptsijata-e-bolest-koruptsijata-e-krajno-opasna/ Wed, 22 Nov 2023 16:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=715201

Корупцијата е крајно опасна, ги поткопува демократските институции, ја подрива довербата во државата, а го отежнува и водењето бизнис. Затоа е исклучително важно да се бориме против корупцијата на сите нивоа, во секое време, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер во видео-интервју за МИА.

-Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна, корупцијата ги поткопува демократските институции, корупцијата ја поткопува довербата во државата, а исто така го отежнува бизнисот. Значи, исклучително е важно да се бориме против корупцијата на сите нивоа, во секое време, и ја поздравувам посветеноста на премиерот. Имавме средба и тој ја повтори својата силна посветеност за борба против корупцијата, ова е исклучително важно. Секоја земја која страда од корупција тоа ја прави посиромашна, поранлива, затоа што сте ги ослабнале државните институции, па затоа е исклучително важна борбата против корупцијата, вели Столтенберг прашан за комнетар за ситуацијата со корупцијата во земјава и во регионот дали може да се каже дека таа придонесува за дестабилизација.

За тоа дали неговото обраќање во Собранието беше обид и да ги поттикне пратениците да ги усвојат уставните амандмани како услов за продолжување на патот на земјата кон ЕУ, Столтенберг се оградува од директен коментар, но порачува дека би било добро за целиот регион и за Македонија да напредуваат на патот кон членство во ЕУ.

-Не е мое да навлегувам во тие конкретни прашања, бидејќи тие се поврзани и со вашиот процес кон членство во ЕУ, но мојата порака е дека членството во НАТО многу често го отвора патот за членство во ЕУ и тоа би било добро за целиот регион и за Македонија да напредува на патот кон членство во ЕУ. Секако, за тоа ќе бидат потребни одредени одлуки од Македонија, но не е на мене да навлегувам во конкретните предлози на хартијата, посочува Столтенберг.

Следува целосното интервју за МИА на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со видео материјал, во кое тој зборува и за безбедносните предизвици во регионот, за ситуацијата во Украина и поддршката на Алијансата, но и за тестот пред кој е исправената најголемата воено-политичка организација, која следната година ќе одбележи 75 години од своето основање.

Г-не Столтенберг, каков е вашиот впечаток за земјата по пристапувањето во Алијансата?

-Македонија е високо ценет НАТО сојузник. Македонија придонесува за нашата заедничка безбедност и членството во НАТО е добро за Македонија и добро е и за НАТО. Импресиониран сум од напредокот што го видов, видов и дека членството во НАТО овозможи повеќе инвестиции, повеќе странски инвестиции и повеќе работни места и повеќе раст. Затоа што кога имате безбедност загарантирана од НАТО, тогаш, се разбира, на приватните инвеститори им е полесно да инвестираат и да помогнат во промовирањето на економскиот раст во вашата земја. Mило ми е што гледам многу посветен НАТО сојузник во Македонија.

Дали вашето вчерашно обраќање во Собранието беше обид да ги поттикнете пратениците да ги усвојат уставните амандмани?

-Не е мое да навлегувам во тие конкретни прашања, бидејќи тие се поврзани и со вашиот процес кон членство во ЕУ, но мојата порака е дека членството во НАТО многу често го отвора патот за членство во ЕУ и тоа би било добро за целиот регион и за Македонија да напредува на патот кон членство во ЕУ. Секако, за тоа ќе бидат потребни одредени одлуки од Македонија, но не е на мене да навлегувам во конкретните предлози на хартијата.

Можете ли да ја коментирате состојбата со корупцијата во земјата и во регионот, може ли да се каже дека корупцијата придонесува за дестабилизација на регионот?

-Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна, корупцијата ги поткопува демократските институции, корупцијата ја поткопува довербата во државата, а исто така го отежнува бизнисот. Значи, исклучително е важно да се бориме против корупцијата на сите нивоа, во секое време, и ја поздравувам посветеноста на премиерот, имавме средба и тој ја повтори својата силна посветеност за борба против корупцијата, ова е исклучително важно. Секоја земја која страда од корупција тоа ја прави посиромашна, поранлива, затоа што сте ги ослабнале државните институции, па затоа е исклучително важна борбата против корупцијата.

Изјавивте дека не треба да стравуваме од воена закана од Русија против кој било сојузник на НАТО од регионот, истовремено додавајќи дека Москва ќе биде внимателно следена. Можеме ли да очекуваме дополнително засилување на присуството на НАТО во регионот и дали постои ризик од нови тензии во Косово?

-Мојата порака е дека не гледаме никаква непосредна воена закана против кој било сојузник на НАТО во овој регион или кој било друг сојузник на НАТО. Но, она што го гледаме е нестабилност во овој регион, особено зголемено насилство или сериозни насилни инциденти во Косово. Нестабилноста е зголемена и во Босна и Херцеговина, а дијалогот меѓу Белград и Приштина ризикува тотален застој. Затоа, треба да се фокусираме на тоа како можеме да помогнеме да се стабилизира нашето соседство. Затоа што, кога соседите на НАТО се постабилни, ние како НАТО сојузници, Македонија и остатокот од Алијансата сме побезбедни. Ние веќе го зголемивме нашето присуство во Косово, со илјада војници. Се разбира, ние секогаш ќе проценуваме што е неопходно, но нашата цел е се разбира да не останеме со војници во Косово засекогаш, нашата цел е да помогнеме да се олесни, да се поддржи нормализацијата што ќе овозможи да се намали нашето присуство. Но, очигледно сега таму всушност има помала стабилност, или нестабилност, и затоа го зголемивме нашето присуство. Кога станува збор за заштита на сојузниците на НАТО, во повеќето сојузници на НАТО нема голем број распоредени војници на НАТО, но НАТО има способност брзо да зајакне, да распореди трупи и сили доколку е потребно и се разбира, ако видиме каква било директна закана против земјата-сојузник во НАТО, ние сме подготвени да распоредиме сили, но не гледаме таква закана против Македонија или кој било друг сојузник на НАТО.

Изгледа дека војната меѓу Израел и Хамас го оттргна вниманието на светската јавност од војната во Украина. Дали постои закана од замор меѓу членките на НАТО во врска со поддршката на Киев или можно нарушување на единството на Алијансата околу ова прашање?

-Она што го видовте неодамна е дека сојузниците продолжуваат да обезбедуваат значителна воена поддршка за Украина. Изминатите неколку дена САД најавија нива голема дополнителна поддршка, повеќе муниција, повеќе системи за оружје. Германија пред само неколку дена имаше најава за голема помош, а најавија и други сојузници. Мислам дека постапките зборуваат погласно од зборовите, а постапките на сојузниците во НАТО, всушност продолжувањето да даваат конкретна воена поддршка за Украина е најдобрата порака до претседателот Путин дека нема да победи на бојното поле. Тој мора да прифати дека Украина ќе победи како суверена, независна нација и ако сака да преговара за мирно решавање на овој конфликт, на војната против Украина, најдобриот начин да се постигне тоа е да се убеди претседателот Путин дека нема да победи на бојното поле, бидејќи тогаш тој мора да седне и да се согласи на договор кој гарантира дека Украина ќе опстои како суверена, независна нација во Европа.

НАТО следната година ќе ја одбележи својата 75-годишнина. Кој ќе биде најголемиот тест за иднината на Алијансата?

-Најголемиот тест за НАТО е секогаш нашето единство, и сите тие 75 години бевме обединети околу нашата основна задача, да се заштитиме и браниме, еден за сите и сите за еден, и го обезбедивме ова единство и покрај разликите. Ние сме 31 различен сојузник, речиси 32 со Шведска, од двете страни на Атлантикот, и секако има разлики, не се согласуваме за сите прашања, но се согласуваме за суштинското прашање, да се заштитиме едни со други. А со тоа го зачувуваме мирот, бидејќи целта на НАТО не е да предизвика конфликт, туку да спречи конфликт со испраќање јасна и силна порака до секој потенцијален противник дека сме таму за да се заштитиме едни со други. Со тоа ние бараме мир и спречуваме војна. Ова е случај и на Западен Балкан. Западниот Балкан има суштинско значење за НАТО, тука имаме историја, тука имаме присуство, имаме одговорност да работиме со сојузниците и партнерите во регионот за да обезбедиме мир и стабилност, и токму тоа е она што го правиме и тоа е и главната порака за време на мојата турнеја во регионот и мојата главна порака овде во Скопје. И јас имам блиски односи со овој регион делумно затоа што ја имав привилегијата да бидам генерален секретар на НАТО кога Македонија стана членка, а храброста и политичката визија, целото политичко раководство во Македонија го овозможи тоа. Договорот од Преспа беше навистина државнички, тоа беше лидерство што ви овозможи да станете членка на НАТО, што е добро за Македонија, за вашата безбедност, но и за вашата економија. Јас имам многу блиски односи со овој регион, бидејќи кога бев дете, татко ми работеше во Норвешката амбасада во Југославија, и многу патувавме во овој регион, а имам убави спомени од моите посети на Скопје во 1960-тите и 1970-тите, и одлично е што повторно сум тука.

Го предводите НАТО во најпредизвикувачкиот период на Алијансата. Најавивте дека нема да се кандидирате за трет мандат како генерален секретар. Кои се најважните лекции што би ги споделиле со вашиот наследник?

-Најважната лекција и најважната порака е дека НАТО мора да биде обединет и да ги држи Северна Америка и Европа заедно, јас не верувам само во Северна Америка или Америка, не верувам само во Европа. Верувам во Северна Америка и Европа заедно во НАТО, затоа што тогаш сме безбедни, тогаш можеме да се заштитиме едни со други. Не знам каква ќе биде следната криза, но знам дека што и да се случи, побезбедни сме кога сме заедно. Значи, единството е првата и најважна лекција. Втората лекција е дека треба да се менува со промените кои се случуваат во светот, НАТО мора да се промени. Токму тоа се случува од 2014 година, кога Русија нелегално го анектира Крим и навлезе во источен Донбас. Оттогаш, НАТО ја спроведе најголемата адаптација, промената на нашата Алијанса за една генерација. Така што промената и единството се двете главни задачи за секој лидер на НАТО.

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг на земјава, инаку прва откако Македонија стана членка на Алијансата, беше во рамки на неговата балканска турнеја. Столтенберг заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа домаќини и на неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот.

The post Столтенберг: Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна appeared first on Република.

]]>

Корупцијата е крајно опасна, ги поткопува демократските институции, ја подрива довербата во државата, а го отежнува и водењето бизнис. Затоа е исклучително важно да се бориме против корупцијата на сите нивоа, во секое време, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер во видео-интервју за МИА.
-Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна, корупцијата ги поткопува демократските институции, корупцијата ја поткопува довербата во државата, а исто така го отежнува бизнисот. Значи, исклучително е важно да се бориме против корупцијата на сите нивоа, во секое време, и ја поздравувам посветеноста на премиерот. Имавме средба и тој ја повтори својата силна посветеност за борба против корупцијата, ова е исклучително важно. Секоја земја која страда од корупција тоа ја прави посиромашна, поранлива, затоа што сте ги ослабнале државните институции, па затоа е исклучително важна борбата против корупцијата, вели Столтенберг прашан за комнетар за ситуацијата со корупцијата во земјава и во регионот дали може да се каже дека таа придонесува за дестабилизација.
За тоа дали неговото обраќање во Собранието беше обид и да ги поттикне пратениците да ги усвојат уставните амандмани како услов за продолжување на патот на земјата кон ЕУ, Столтенберг се оградува од директен коментар, но порачува дека би било добро за целиот регион и за Македонија да напредуваат на патот кон членство во ЕУ.
-Не е мое да навлегувам во тие конкретни прашања, бидејќи тие се поврзани и со вашиот процес кон членство во ЕУ, но мојата порака е дека членството во НАТО многу често го отвора патот за членство во ЕУ и тоа би било добро за целиот регион и за Македонија да напредува на патот кон членство во ЕУ. Секако, за тоа ќе бидат потребни одредени одлуки од Македонија, но не е на мене да навлегувам во конкретните предлози на хартијата, посочува Столтенберг.
Следува целосното интервју за МИА на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со видео материјал, во кое тој зборува и за безбедносните предизвици во регионот, за ситуацијата во Украина и поддршката на Алијансата, но и за тестот пред кој е исправената најголемата воено-политичка организација, која следната година ќе одбележи 75 години од своето основање. Г-не Столтенберг, каков е вашиот впечаток за земјата по пристапувањето во Алијансата?
-Македонија е високо ценет НАТО сојузник. Македонија придонесува за нашата заедничка безбедност и членството во НАТО е добро за Македонија и добро е и за НАТО. Импресиониран сум од напредокот што го видов, видов и дека членството во НАТО овозможи повеќе инвестиции, повеќе странски инвестиции и повеќе работни места и повеќе раст. Затоа што кога имате безбедност загарантирана од НАТО, тогаш, се разбира, на приватните инвеститори им е полесно да инвестираат и да помогнат во промовирањето на економскиот раст во вашата земја. Mило ми е што гледам многу посветен НАТО сојузник во Македонија.
Дали вашето вчерашно обраќање во Собранието беше обид да ги поттикнете пратениците да ги усвојат уставните амандмани?
-Не е мое да навлегувам во тие конкретни прашања, бидејќи тие се поврзани и со вашиот процес кон членство во ЕУ, но мојата порака е дека членството во НАТО многу често го отвора патот за членство во ЕУ и тоа би било добро за целиот регион и за Македонија да напредува на патот кон членство во ЕУ. Секако, за тоа ќе бидат потребни одредени одлуки од Македонија, но не е на мене да навлегувам во конкретните предлози на хартијата.
Можете ли да ја коментирате состојбата со корупцијата во земјата и во регионот, може ли да се каже дека корупцијата придонесува за дестабилизација на регионот?
-Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна, корупцијата ги поткопува демократските институции, корупцијата ја поткопува довербата во државата, а исто така го отежнува бизнисот. Значи, исклучително е важно да се бориме против корупцијата на сите нивоа, во секое време, и ја поздравувам посветеноста на премиерот, имавме средба и тој ја повтори својата силна посветеност за борба против корупцијата, ова е исклучително важно. Секоја земја која страда од корупција тоа ја прави посиромашна, поранлива, затоа што сте ги ослабнале државните институции, па затоа е исклучително важна борбата против корупцијата.
Изјавивте дека не треба да стравуваме од воена закана од Русија против кој било сојузник на НАТО од регионот, истовремено додавајќи дека Москва ќе биде внимателно следена. Можеме ли да очекуваме дополнително засилување на присуството на НАТО во регионот и дали постои ризик од нови тензии во Косово?
-Мојата порака е дека не гледаме никаква непосредна воена закана против кој било сојузник на НАТО во овој регион или кој било друг сојузник на НАТО. Но, она што го гледаме е нестабилност во овој регион, особено зголемено насилство или сериозни насилни инциденти во Косово. Нестабилноста е зголемена и во Босна и Херцеговина, а дијалогот меѓу Белград и Приштина ризикува тотален застој. Затоа, треба да се фокусираме на тоа како можеме да помогнеме да се стабилизира нашето соседство. Затоа што, кога соседите на НАТО се постабилни, ние како НАТО сојузници, Македонија и остатокот од Алијансата сме побезбедни. Ние веќе го зголемивме нашето присуство во Косово, со илјада војници. Се разбира, ние секогаш ќе проценуваме што е неопходно, но нашата цел е се разбира да не останеме со војници во Косово засекогаш, нашата цел е да помогнеме да се олесни, да се поддржи нормализацијата што ќе овозможи да се намали нашето присуство. Но, очигледно сега таму всушност има помала стабилност, или нестабилност, и затоа го зголемивме нашето присуство. Кога станува збор за заштита на сојузниците на НАТО, во повеќето сојузници на НАТО нема голем број распоредени војници на НАТО, но НАТО има способност брзо да зајакне, да распореди трупи и сили доколку е потребно и се разбира, ако видиме каква било директна закана против земјата-сојузник во НАТО, ние сме подготвени да распоредиме сили, но не гледаме таква закана против Македонија или кој било друг сојузник на НАТО.
Изгледа дека војната меѓу Израел и Хамас го оттргна вниманието на светската јавност од војната во Украина. Дали постои закана од замор меѓу членките на НАТО во врска со поддршката на Киев или можно нарушување на единството на Алијансата околу ова прашање? -Она што го видовте неодамна е дека сојузниците продолжуваат да обезбедуваат значителна воена поддршка за Украина. Изминатите неколку дена САД најавија нива голема дополнителна поддршка, повеќе муниција, повеќе системи за оружје. Германија пред само неколку дена имаше најава за голема помош, а најавија и други сојузници. Мислам дека постапките зборуваат погласно од зборовите, а постапките на сојузниците во НАТО, всушност продолжувањето да даваат конкретна воена поддршка за Украина е најдобрата порака до претседателот Путин дека нема да победи на бојното поле. Тој мора да прифати дека Украина ќе победи како суверена, независна нација и ако сака да преговара за мирно решавање на овој конфликт, на војната против Украина, најдобриот начин да се постигне тоа е да се убеди претседателот Путин дека нема да победи на бојното поле, бидејќи тогаш тој мора да седне и да се согласи на договор кој гарантира дека Украина ќе опстои како суверена, независна нација во Европа. НАТО следната година ќе ја одбележи својата 75-годишнина. Кој ќе биде најголемиот тест за иднината на Алијансата? -Најголемиот тест за НАТО е секогаш нашето единство, и сите тие 75 години бевме обединети околу нашата основна задача, да се заштитиме и браниме, еден за сите и сите за еден, и го обезбедивме ова единство и покрај разликите. Ние сме 31 различен сојузник, речиси 32 со Шведска, од двете страни на Атлантикот, и секако има разлики, не се согласуваме за сите прашања, но се согласуваме за суштинското прашање, да се заштитиме едни со други. А со тоа го зачувуваме мирот, бидејќи целта на НАТО не е да предизвика конфликт, туку да спречи конфликт со испраќање јасна и силна порака до секој потенцијален противник дека сме таму за да се заштитиме едни со други. Со тоа ние бараме мир и спречуваме војна. Ова е случај и на Западен Балкан. Западниот Балкан има суштинско значење за НАТО, тука имаме историја, тука имаме присуство, имаме одговорност да работиме со сојузниците и партнерите во регионот за да обезбедиме мир и стабилност, и токму тоа е она што го правиме и тоа е и главната порака за време на мојата турнеја во регионот и мојата главна порака овде во Скопје. И јас имам блиски односи со овој регион делумно затоа што ја имав привилегијата да бидам генерален секретар на НАТО кога Македонија стана членка, а храброста и политичката визија, целото политичко раководство во Македонија го овозможи тоа. Договорот од Преспа беше навистина државнички, тоа беше лидерство што ви овозможи да станете членка на НАТО, што е добро за Македонија, за вашата безбедност, но и за вашата економија. Јас имам многу блиски односи со овој регион, бидејќи кога бев дете, татко ми работеше во Норвешката амбасада во Југославија, и многу патувавме во овој регион, а имам убави спомени од моите посети на Скопје во 1960-тите и 1970-тите, и одлично е што повторно сум тука. Го предводите НАТО во најпредизвикувачкиот период на Алијансата. Најавивте дека нема да се кандидирате за трет мандат како генерален секретар. Кои се најважните лекции што би ги споделиле со вашиот наследник?
-Најважната лекција и најважната порака е дека НАТО мора да биде обединет и да ги држи Северна Америка и Европа заедно, јас не верувам само во Северна Америка или Америка, не верувам само во Европа. Верувам во Северна Америка и Европа заедно во НАТО, затоа што тогаш сме безбедни, тогаш можеме да се заштитиме едни со други. Не знам каква ќе биде следната криза, но знам дека што и да се случи, побезбедни сме кога сме заедно. Значи, единството е првата и најважна лекција. Втората лекција е дека треба да се менува со промените кои се случуваат во светот, НАТО мора да се промени. Токму тоа се случува од 2014 година, кога Русија нелегално го анектира Крим и навлезе во источен Донбас. Оттогаш, НАТО ја спроведе најголемата адаптација, промената на нашата Алијанса за една генерација. Така што промената и единството се двете главни задачи за секој лидер на НАТО.
Посетата на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг на земјава, инаку прва откако Македонија стана членка на Алијансата, беше во рамки на неговата балканска турнеја. Столтенберг заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа домаќини и на неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот.

The post Столтенберг: Корупцијата е болест, корупцијата е крајно опасна appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Украинската борба е и наша борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ukrainskata-borba-e-i-nasha-borba/ Wed, 11 Oct 2023 08:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=690087

Украинската борба е и наша борба и затоа НАТО ќе стои зад Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јанс Столтенберг пред почетокот на средбата на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел откако го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Столтенберг нагласи дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека воената поддршка за земјата и нејзиното приближување кон пактот ќе бидат тема на разговори на денешните состаноци на Контакт групата за одбрана на Украина и на Советот НАТО-Украина, што беше воспоставен на јулскиот Самит на Алијансата во Вилнус.

- Вашето лидерство и храброста на украинските вооружени сили за заштита на народот продолжува да не импресионира и инспирира сите нас и ние ќе продолжиме со поддршката бидејќи тоа е важно за цело НАТО, изјави Столтенберг, посакувајќи му добредојде на состанокот на украинскиот претседател.

Зеленски, од своја страна, нагласи дека потребите на Украина за опстанок претставуваат голем предизвик и изрази благодарност што е поканет да присуствува на денешниот собир.

- Изразувам благодарност што ќе можам да се обратам и да зборувам пред министрите за приоритетите како да ја избркаме Русија од нашата татковина и да ја прекинеме војната, истакна Зеленски.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој нагласи дека во пресрет на новата зима на Украина ќе биде голем предизвик и ќе и бидат потребни поддршка и оружје за да може да ја гарантира безбедноста на својата инфраструктура и да обезбеди испорака на храна ширум светот, но и да се одбрани и да ги потисне руските сили од своја територија.

Украинскиот претседател истакна дека е можно денеска во Брисел да се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и да разговараат за пристапувањето на Украина во ЕУ.

Зеленски се осврна и на случувањата во Израел, нагласувајќи дека сосема ја разбира еврејската држава, како некој што доаѓа од земја која е во војна и се соочува со терористички напади.

Тој нагласи дека негова препорака до светските лидери во вакви услови, кога има терористички напади и многу жртви и кога многу луѓе страдаат, најважно е единството и да не бидеш оставен сам.

Според него, во услови на конфликт најважно е да им се пружи поддршка на обичните луѓе кои се изложени на терористички напади, бидејќи тие се најважни, не се важни институциите.

- Единството е многу важно. Не треба да им се даде можност на агресорите, додаде Зеленски.

Столтенберг истакна дека состојбата во Израел ќе биде тема на утрешната средба на Северноатлантскиот совет, на која ќе присуствува и израелскиот министер за одбрана, кој ќе ги информира своите колеги од НАТО за случувањата на теренот, додавајќи дека Алијансата ги осудува терористичките напади врз цивилите.

Според Столтенберг, во текот на утрешниот ден на министерската средба ќе стане збор и за спроведување на одбранбените планови усвоени на Самитот во Вилнус, за напорите да не се дозволи враќање на џихадистичката група Исламска држава во Ирак, за распоредувањето дополнителни сили на НАТО на Косово, како и за инцидентот во Балтичкото Море во кој беше оштетена витална подводна инфраструктура и ако се утврди дека штетите се намерно предизвикани ќе има сериозен одговор од страна на Алијансата.

The post Столтенберг: Украинската борба е и наша борба appeared first on Република.

]]>

Украинската борба е и наша борба и затоа НАТО ќе стои зад Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јанс Столтенберг пред почетокот на средбата на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел откако го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски. Столтенберг нагласи дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека воената поддршка за земјата и нејзиното приближување кон пактот ќе бидат тема на разговори на денешните состаноци на Контакт групата за одбрана на Украина и на Советот НАТО-Украина, што беше воспоставен на јулскиот Самит на Алијансата во Вилнус. - Вашето лидерство и храброста на украинските вооружени сили за заштита на народот продолжува да не импресионира и инспирира сите нас и ние ќе продолжиме со поддршката бидејќи тоа е важно за цело НАТО, изјави Столтенберг, посакувајќи му добредојде на состанокот на украинскиот претседател. Зеленски, од своја страна, нагласи дека потребите на Украина за опстанок претставуваат голем предизвик и изрази благодарност што е поканет да присуствува на денешниот собир. - Изразувам благодарност што ќе можам да се обратам и да зборувам пред министрите за приоритетите како да ја избркаме Русија од нашата татковина и да ја прекинеме војната, истакна Зеленски. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој нагласи дека во пресрет на новата зима на Украина ќе биде голем предизвик и ќе и бидат потребни поддршка и оружје за да може да ја гарантира безбедноста на својата инфраструктура и да обезбеди испорака на храна ширум светот, но и да се одбрани и да ги потисне руските сили од своја територија. Украинскиот претседател истакна дека е можно денеска во Брисел да се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и да разговараат за пристапувањето на Украина во ЕУ. Зеленски се осврна и на случувањата во Израел, нагласувајќи дека сосема ја разбира еврејската држава, како некој што доаѓа од земја која е во војна и се соочува со терористички напади. Тој нагласи дека негова препорака до светските лидери во вакви услови, кога има терористички напади и многу жртви и кога многу луѓе страдаат, најважно е единството и да не бидеш оставен сам. Според него, во услови на конфликт најважно е да им се пружи поддршка на обичните луѓе кои се изложени на терористички напади, бидејќи тие се најважни, не се важни институциите.
- Единството е многу важно. Не треба да им се даде можност на агресорите, додаде Зеленски.
Столтенберг истакна дека состојбата во Израел ќе биде тема на утрешната средба на Северноатлантскиот совет, на која ќе присуствува и израелскиот министер за одбрана, кој ќе ги информира своите колеги од НАТО за случувањата на теренот, додавајќи дека Алијансата ги осудува терористичките напади врз цивилите. Според Столтенберг, во текот на утрешниот ден на министерската средба ќе стане збор и за спроведување на одбранбените планови усвоени на Самитот во Вилнус, за напорите да не се дозволи враќање на џихадистичката група Исламска држава во Ирак, за распоредувањето дополнителни сили на НАТО на Косово, како и за инцидентот во Балтичкото Море во кој беше оштетена витална подводна инфраструктура и ако се утврди дека штетите се намерно предизвикани ќе има сериозен одговор од страна на Алијансата.

The post Столтенберг: Украинската борба е и наша борба appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Ердоган се согласи Шведска да влезе во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-erdogan-se-soglasi-shvedska-da-vleze-vo-nato/ Mon, 10 Jul 2023 19:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=659862

Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.

Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни, рече Столтенберг.

The post Столтенберг: Ердоган се согласи Шведска да влезе во НАТО appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг. Тој додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.
Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни, рече Столтенберг.
 
The post Столтенберг: Ердоган се согласи Шведска да влезе во НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Сојузниците се согласуваат Украина да стане членка на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-sojuznitsite-se-soglasuvaat-ukraina-da-stane-chlenka-na-nato/ Thu, 01 Jun 2023 08:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=646711

Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласуваат Украина да стане членка, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска на вториот ден од состанокот во Осло разговараат за новите трошоци за одбрана и за идните односи на алијансата со Украина.

The post Столтенберг: Сојузниците се согласуваат Украина да стане членка на НАТО appeared first on Република.

Столтенберг: Членките на Алијансата не се сложни околу прием на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-chlenkite-na-alijansata-ne-se-slozhni-okolu-priem-na-ukraina/ Wed, 24 May 2023 19:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=644371

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска призна дека членките на алијансата се поделени околу пристапот на Украина, кој ќе биде на дневен ред на самитот во јули во Вилнус.

По ова прашање има разлики во мислењата во алијансата, призна Јенс Столтенберг потсетувајќи дека „во НАТО одлуките се носат со консензус“.

Во текот на денот ќе разговарам по телефон за чекорите што треба да се преземат и одговорот на желбата на Украина да влезе во НАТО“, додаде тој. „Никој не може да ви каже што точно ќе биде решено на самитот во Вилнус“, рече тој.

Членството во НАТО ќе и овозможи на Украина да се повика на клаузулата за колективна одбрана во член 5, која ги обврзува сите членки да ја бранат во случај на напад.

Сепак, во алијансата нема консензус за терминот „гаранција“, додаваат дипломатите.

„Најголемата безбедносна гаранција ќе биде влезот во НАТО, но тоа нема да се случи додека трае војната“, рече Јенс Столтенберг.

The post Столтенберг: Членките на Алијансата не се сложни околу прием на Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска призна дека членките на алијансата се поделени околу пристапот на Украина, кој ќе биде на дневен ред на самитот во јули во Вилнус. По ова прашање има разлики во мислењата во алијансата, призна Јенс Столтенберг потсетувајќи дека „во НАТО одлуките се носат со консензус“.
Во текот на денот ќе разговарам по телефон за чекорите што треба да се преземат и одговорот на желбата на Украина да влезе во НАТО“, додаде тој. „Никој не може да ви каже што точно ќе биде решено на самитот во Вилнус“, рече тој.
Членството во НАТО ќе и овозможи на Украина да се повика на клаузулата за колективна одбрана во член 5, која ги обврзува сите членки да ја бранат во случај на напад. Сепак, во алијансата нема консензус за терминот „гаранција“, додаваат дипломатите.
„Најголемата безбедносна гаранција ќе биде влезот во НАТО, но тоа нема да се случи додека трае војната“, рече Јенс Столтенберг.

The post Столтенберг: Членките на Алијансата не се сложни околу прием на Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора, Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stoltenberg-grchkite-borbeni-avioni-pomagaat-da-se-odrzi-bezbedno-neboto-nad-crna-gora-makedonija-i-albanija/ Tue, 14 Jun 2022 07:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=514788

Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека во време на војна, уште поважно е сојузниците да бидат обединети, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочува дека НАТО е алијанса на 30 земји со различна географија, историја и политички парти и „не треба да нè изненадува  фактот што понекогаш постојат силни несогласувања меѓу земјите, но, различните ставови и дискусии се суштински дел од демократиите“.

Додава дека во минатото имало несреќи со грчките и турските сили и „мора да направиме сè што можеме за да помогнеме да се намали ризикот од такви несреќи во иднина“.

За улогата на Грција во НАТО, Столтенберг вели дека е „силен и драгоцен сојузник“, стратешки се наоѓа на Балканскиот Полуостров, на крстопат меѓу Европа, Азија и Африка и „придонесува за нашата заедничка безбедност на многу различни начини“.

-Грчките војници играат важна улога во мисиите на НАТО, вклучително и во Косово и во Ирак. Покрај тоа, Грција има вреден придонес во нашите поморски мисии, вклучувајќи го и нашиот развој во Егејското Море, помагајќи да се намали нелегалната трговијата со луѓе во Европа. Во воздух, грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора,  Македонија и Албанија. Грција исто така е пример и во однос на одбранбените трошоци, исполнувајќи ја целта од 2 отсто од БДП и инвестирајќи во значителни нови можности, вклучително и авиони од петта генерација, вели Столтенберг.

Во однос на барањата на Финска и Шведска за членство во НАТО, генералниот секретар истакнува дека се историски и ќе ја зајакнат Алијансата, а „сега треба да се соочиме со загрижувањата за безбедноста на сите сојузници, вклучително и сериозната загриженост на Турција за терористичката организација ПКК, и да единствен начин за напредување“.

Додава дека Турција има разумна загриженост, „која сите сојузници мора сериозно да ја земат предвид“

The post Столтенберг: Грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора, Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека во време на војна, уште поважно е сојузниците да бидат обединети, јави дописничката на МИА од Атина. Посочува дека НАТО е алијанса на 30 земји со различна географија, историја и политички парти и „не треба да нè изненадува  фактот што понекогаш постојат силни несогласувања меѓу земјите, но, различните ставови и дискусии се суштински дел од демократиите“. Додава дека во минатото имало несреќи со грчките и турските сили и „мора да направиме сè што можеме за да помогнеме да се намали ризикот од такви несреќи во иднина“. За улогата на Грција во НАТО, Столтенберг вели дека е „силен и драгоцен сојузник“, стратешки се наоѓа на Балканскиот Полуостров, на крстопат меѓу Европа, Азија и Африка и „придонесува за нашата заедничка безбедност на многу различни начини“.
-Грчките војници играат важна улога во мисиите на НАТО, вклучително и во Косово и во Ирак. Покрај тоа, Грција има вреден придонес во нашите поморски мисии, вклучувајќи го и нашиот развој во Егејското Море, помагајќи да се намали нелегалната трговијата со луѓе во Европа. Во воздух, грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора,  Македонија и Албанија. Грција исто така е пример и во однос на одбранбените трошоци, исполнувајќи ја целта од 2 отсто од БДП и инвестирајќи во значителни нови можности, вклучително и авиони од петта генерација, вели Столтенберг.
Во однос на барањата на Финска и Шведска за членство во НАТО, генералниот секретар истакнува дека се историски и ќе ја зајакнат Алијансата, а „сега треба да се соочиме со загрижувањата за безбедноста на сите сојузници, вклучително и сериозната загриженост на Турција за терористичката организација ПКК, и да единствен начин за напредување“. Додава дека Турција има разумна загриженост, „која сите сојузници мора сериозно да ја земат предвид“

The post Столтенберг: Грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора, Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Столтенберг свикува состанок на претставници од Финска, Шведска и Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-svikuva-sostanok-na-pretstavnici-od-finska-shvedska-i-turcija/ Wed, 01 Jun 2022 18:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=509911

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека свикува состанок на високи претставници од Финска, Шведска и Турција за да се обиде да го надмине противењето на Анкара за пристапување во нордиската алијанса.

Столтенберг рече дека за неколку дена ќе се одржат разговори во Брисел со високи претставници, но не наведе детали.

Убеден сум дека ќе најдеме пат за напред, рече тој.

Столтенберг додаде дека неговата цел е да се стави крај на конфликтот пред самитот на НАТО на 28 јуни во Мадрид.

Поради новата безбедносна ситуација што настана на почетокот на руската инвазија врз Украина, Финска и Шведска минатиот месец поднесоа барање за влез во НАТО.

The post Столтенберг свикува состанок на претставници од Финска, Шведска и Турција appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека свикува состанок на високи претставници од Финска, Шведска и Турција за да се обиде да го надмине противењето на Анкара за пристапување во нордиската алијанса. Столтенберг рече дека за неколку дена ќе се одржат разговори во Брисел со високи претставници, но не наведе детали.
Убеден сум дека ќе најдеме пат за напред, рече тој.
Столтенберг додаде дека неговата цел е да се стави крај на конфликтот пред самитот на НАТО на 28 јуни во Мадрид. Поради новата безбедносна ситуација што настана на почетокот на руската инвазија врз Украина, Финска и Шведска минатиот месец поднесоа барање за влез во НАТО.

The post Столтенберг свикува состанок на претставници од Финска, Шведска и Турција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Столтенберг: Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во НАТО на Финска и Шведска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-stoltenberg-makedonija-kje-ja-zabrza-postapkata-za-odobruvanje-na-priemot-vo-chlenstvo-vo-nato-na-finska-i-shvedska/ Mon, 16 May 2022 15:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=503013

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во кој го нагласи единството и одлучниот одговор на Алијансата на неиспровоцираната војна во Украина и едногласноста во поддршката на сувереноста и територијалниот интегритет на Република Украина и на нејзиното неприкосновено право на самоодбрана на нејзините меѓународно признаени граници.

Како што соопштија од владината прес-служба, за време на разговорот премиерот Ковачевски истакна дека Македонија го дава максимално својот придонес во одговорот и политиките на НАТО во однос на ова прашање и останува и понатаму посветена да ја помага Украина во делот на координираните активности со Алијансата, како и во прифаќање на бегалците од оваа земја.

Како израз на силна поддршка на политиката на отворени врати, се додава, премиерот Ковачевски во разговорот со Столтенберг ја поздрави иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО и потенцираше дека Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во Алијансата на овие две земји.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во разговорот со Ковачевски ја поздрави поддршката на Македонија за итен прием на Шведска и Финска во НАТО, и го потенцираше успехот на воената вежба „Брз одговор 22“ (Swift Response 22), што ја потврди нашата земја како вреден партнер на Алијансата, се наведува во соопштението од Владата.

Во телефонскиот разговор со Столтенберг, се посочува и дека премиерот Ковачевски ја изрази и неговата и поддршката на Владата на Македонија за покажаното лидерство и продолжувањето на мандатот на генералниот секретар во овие исклучително сложени околности предизвикани од воената агресија на Русија на Украина.

The post Ковачевски – Столтенберг: Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во НАТО на Финска и Шведска appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во кој го нагласи единството и одлучниот одговор на Алијансата на неиспровоцираната војна во Украина и едногласноста во поддршката на сувереноста и територијалниот интегритет на Република Украина и на нејзиното неприкосновено право на самоодбрана на нејзините меѓународно признаени граници. Како што соопштија од владината прес-служба, за време на разговорот премиерот Ковачевски истакна дека Македонија го дава максимално својот придонес во одговорот и политиките на НАТО во однос на ова прашање и останува и понатаму посветена да ја помага Украина во делот на координираните активности со Алијансата, како и во прифаќање на бегалците од оваа земја. Како израз на силна поддршка на политиката на отворени врати, се додава, премиерот Ковачевски во разговорот со Столтенберг ја поздрави иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО и потенцираше дека Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во Алијансата на овие две земји.