Јанс Столтеберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jans-stolteberg/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 08:52:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јанс Столтеберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jans-stolteberg/ 32 32 Столтенберг објасни дека НАТО ќе ја брани и Македонија ако Русија ја нападне https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-objasni-deka-nato-ke-ja-brani-i-makedonija-ako-rusija-ja-napadne/ Thu, 15 Feb 2024 08:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=744287

Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел, на кое учествува и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Еден за сите, сите за еден е суштината на НАТО, истакна Столтенберг во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на најверојатниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп дека НАТО нема да ги штити европските сојузници кои не издвојуваат „доволно“ за одбраната.

Во однос на најавите од Европа по ваквата изјава на Трамп за европска стратешка автономија, Столтенберг истакна дека ги поздравува зголемените инвестиции на европските сојузници во одбраната и зајакнувањето на нивните капацитети, но дека тоа не е алтернатива на НАТО.

-Треба да го зајакнеме НАТО, а не да правиме поделба меѓу Европа и Северна Америка, мора да останеме заедно во НАТО, изјави Столтенберг, додавајќи дека силата на Алијансата е во тоа сите членки да останат заедно и да се штитат сите сојузници.

Тој додаде дека веќе се видливи последиците од тоа што Конгресот на САД се уште не ја одобри одлуката за продолжување на помошта за Украина, посочувајќи дека за ова прашање разговарал со неговите американски домаќини при неодамнешната посета на Вашингтон

- Ако дозволиме (рускиот) претседател Путин да победи, тоа ќе биде лошо за Украина и Украинците, но исто така ќе претставува опасност за нас, ќе не доведе во поголема опасност и ќе не направи поранливи, рече Столтенберг.

Тој нагласи дека членките на НАТО треба да инвестираат повеќе во одбраната, додавајќи дека минатата година е забележан е невиден пораст од 11 отсто за одбранбените трошоци од страна на европските сојузници и Канада.

- Оваа година очекуваме 18 сојузници да потрошат два отсто од својот БДП за одбраната. Европските сојузниците заедно ќе потрошат вкупно 280 милијарди американски долари во одбраната. Ова изнесува два отсто од нивниот комбиниран БДП, додаде Столтенберг.

Според него, потребно е продолжување на поддршката за Украина, која придонесува за зајакнување на потенцијалот на украинските безбедносни сили, што е видливо и на бојното поле.

- За да бидеме сигурни дека Украина ќе го добие оружјето и муницијата кои и се потребни, треба да го зголемиме производството на муниција, изјави Столтенберг.

Тој ја поздрави неодамнешната одлука на Европската унија да одвои 50 милијарди евра помош за Украина и изрази надеж дека и Конгресот на САД наскоро ќе го поддржи пакетот за поддршка на земјата.

- Поддршката за Украина е милостина, тоа е инвестиција во нашата безбедност, заклучи Столтенберг.

The post Столтенберг објасни дека НАТО ќе ја брани и Македонија ако Русија ја нападне appeared first on Република.

]]>

Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел, на кое учествува и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
-Еден за сите, сите за еден е суштината на НАТО, истакна Столтенберг во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на најверојатниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп дека НАТО нема да ги штити европските сојузници кои не издвојуваат „доволно“ за одбраната.
Во однос на најавите од Европа по ваквата изјава на Трамп за европска стратешка автономија, Столтенберг истакна дека ги поздравува зголемените инвестиции на европските сојузници во одбраната и зајакнувањето на нивните капацитети, но дека тоа не е алтернатива на НАТО.
-Треба да го зајакнеме НАТО, а не да правиме поделба меѓу Европа и Северна Америка, мора да останеме заедно во НАТО, изјави Столтенберг, додавајќи дека силата на Алијансата е во тоа сите членки да останат заедно и да се штитат сите сојузници.
Тој додаде дека веќе се видливи последиците од тоа што Конгресот на САД се уште не ја одобри одлуката за продолжување на помошта за Украина, посочувајќи дека за ова прашање разговарал со неговите американски домаќини при неодамнешната посета на Вашингтон - Ако дозволиме (рускиот) претседател Путин да победи, тоа ќе биде лошо за Украина и Украинците, но исто така ќе претставува опасност за нас, ќе не доведе во поголема опасност и ќе не направи поранливи, рече Столтенберг. Тој нагласи дека членките на НАТО треба да инвестираат повеќе во одбраната, додавајќи дека минатата година е забележан е невиден пораст од 11 отсто за одбранбените трошоци од страна на европските сојузници и Канада.
- Оваа година очекуваме 18 сојузници да потрошат два отсто од својот БДП за одбраната. Европските сојузниците заедно ќе потрошат вкупно 280 милијарди американски долари во одбраната. Ова изнесува два отсто од нивниот комбиниран БДП, додаде Столтенберг.
Според него, потребно е продолжување на поддршката за Украина, која придонесува за зајакнување на потенцијалот на украинските безбедносни сили, што е видливо и на бојното поле. - За да бидеме сигурни дека Украина ќе го добие оружјето и муницијата кои и се потребни, треба да го зголемиме производството на муниција, изјави Столтенберг. Тој ја поздрави неодамнешната одлука на Европската унија да одвои 50 милијарди евра помош за Украина и изрази надеж дека и Конгресот на САД наскоро ќе го поддржи пакетот за поддршка на земјата. - Поддршката за Украина е милостина, тоа е инвестиција во нашата безбедност, заклучи Столтенберг.

The post Столтенберг објасни дека НАТО ќе ја брани и Македонија ако Русија ја нападне appeared first on Република.

]]>
Со исти ја бомбардираа Србија: Столтенберг тврди дека касетните бомби што им ги дадоа на Украина ќе бидат за самоодбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-isti-ja-bombardiraa-srbija-stoltenberg-tvrdi-deka-kasetnite-bombi-shto-im-gi-dadoa-na-ukraina-ke-bidat-za-samoodbrana/ Fri, 07 Jul 2023 16:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=659048

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази разбирање за тековните дебати во САД за вооружување на Украина со касетни бомби против Русија.

- Соочени сме со брутална војна, рече тој, истакнувајќи дека двете страни користат касетни бомби. Сепак, Столтенберг истакна дека Украина користи касетна муниција само во одбрана.

- Русија користи касетна муниција за да нападне, да ја нападне Украина. Украина користи касетна муниција за да се заштити од агресорот, рече тој.

Столтенберг рече дека на поединечни сојузници е да одлучат какво оружје и опрема ќе и испратат на Украина, но подвлече дека НАТО нема заеднички став околу употребата на касетни бомби.

Според извештаите објавени вчера во американските медиуми, САД треба да испратат касетна муниција во Украина за да и помогнат на земјата разорена од војна дополнително да ја одбие руската инвазија. Според Си-Ен-Ен, официјалното соопштение би можело да биде објавено денеска.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) во Женева го осуди планот, истакнувајќи дека меѓународната Конвенција за касетна муниција се обиде да го забрани оружјето. САД, Русија и Украина не ја потпишаа конвенцијата.

- Касетната муниција расфрла мали бомби на широк простор, рече Марта Хуртадо, портпаролка на ОХЦХР.

- Тие убиваат и осакатуваат луѓе години подоцна по завршувањето на конфликтот, нагласи таа.

The post Со исти ја бомбардираа Србија: Столтенберг тврди дека касетните бомби што им ги дадоа на Украина ќе бидат за самоодбрана appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази разбирање за тековните дебати во САД за вооружување на Украина со касетни бомби против Русија. - Соочени сме со брутална војна, рече тој, истакнувајќи дека двете страни користат касетни бомби. Сепак, Столтенберг истакна дека Украина користи касетна муниција само во одбрана. - Русија користи касетна муниција за да нападне, да ја нападне Украина. Украина користи касетна муниција за да се заштити од агресорот, рече тој. Столтенберг рече дека на поединечни сојузници е да одлучат какво оружје и опрема ќе и испратат на Украина, но подвлече дека НАТО нема заеднички став околу употребата на касетни бомби. Според извештаите објавени вчера во американските медиуми, САД треба да испратат касетна муниција во Украина за да и помогнат на земјата разорена од војна дополнително да ја одбие руската инвазија. Според Си-Ен-Ен, официјалното соопштение би можело да биде објавено денеска. Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) во Женева го осуди планот, истакнувајќи дека меѓународната Конвенција за касетна муниција се обиде да го забрани оружјето. САД, Русија и Украина не ја потпишаа конвенцијата. - Касетната муниција расфрла мали бомби на широк простор, рече Марта Хуртадо, портпаролка на ОХЦХР. - Тие убиваат и осакатуваат луѓе години подоцна по завршувањето на конфликтот, нагласи таа.

The post Со исти ја бомбардираа Србија: Столтенберг тврди дека касетните бомби што им ги дадоа на Украина ќе бидат за самоодбрана appeared first on Република.

]]>
Столтенберг во октомври се повлекува од функцијата шеф на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-vo-oktomvri-se-povlekuva-od-funktsijata-shef-na-nato/ Sun, 12 Feb 2023 11:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=607977

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску денеска изјави дека генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ќе се повлече од чело на оваа организација во октомври, кога ќе му истече мандатот.

Таа на тој начин ги демантираше наводите на германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ дека Столтенберг ќе остане на чело на НАТО и по октомври поради стабилноста на Северноатлантската алијанса.

„Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен три пати, а тој беше на оваа функција вкупно девет години“, изјави Лунгеску и изјави дека Столтенберг „нема намера да бара уште едно продолжување на мандатот“, пренесe Ројтерс.

 

The post Столтенберг во октомври се повлекува од функцијата шеф на НАТО appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску денеска изјави дека генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ќе се повлече од чело на оваа организација во октомври, кога ќе му истече мандатот. Таа на тој начин ги демантираше наводите на германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ дека Столтенберг ќе остане на чело на НАТО и по октомври поради стабилноста на Северноатлантската алијанса. „Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен три пати, а тој беше на оваа функција вкупно девет години“, изјави Лунгеску и изјави дека Столтенберг „нема намера да бара уште едно продолжување на мандатот“, пренесe Ројтерс.  

The post Столтенберг во октомври се повлекува од функцијата шеф на НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-na-rusite-ne-im-odi-spored-planot-kje-izgubat-vo-ukraina/ Mon, 16 May 2022 14:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=502980

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека е убеден дека руската воена операција во Украина не оди според планот.

Украина може да постигне победа против руските сили, бидејќи ситуацијата на бојното поле не оди како што планираше Москва, рече Столтенберг.

Руската војна во Украина не оди според планот на Москва. Не успеаја да го освојат Киев, беа принудени да се повлечат во и околу Харков, тие се во дефанзива во Донбас. Русија не ги постигнува своите стратешки цели, додаде тој.

И покрај сѐ, додаде тој, желбите на рускиот претседател Владимир Путин не се остварија и Украина продолжува да се бори, а НАТО никогаш не бил посилен, додека САД и ЕУ никогаш не биле пообединети.

The post Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека е убеден дека руската воена операција во Украина не оди според планот.
Украина може да постигне победа против руските сили, бидејќи ситуацијата на бојното поле не оди како што планираше Москва, рече Столтенберг. Руската војна во Украина не оди според планот на Москва. Не успеаја да го освојат Киев, беа принудени да се повлечат во и околу Харков, тие се во дефанзива во Донбас. Русија не ги постигнува своите стратешки цели, додаде тој.
И покрај сѐ, додаде тој, желбите на рускиот претседател Владимир Путин не се остварија и Украина продолжува да се бори, а НАТО никогаш не бил посилен, додека САД и ЕУ никогаш не биле пообединети.

The post Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг има ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ima-kovid-19/ Wed, 11 May 2022 07:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=500865

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е позитивен на коронавирусот, соопшти портпарол на Алијансата.

Столтенберг има благи симптоми и во наредните денови ќе работи од дома, во согласност со белгиските прописи.

 

The post Столтенберг има ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е позитивен на коронавирусот, соопшти портпарол на Алијансата. Столтенберг има благи симптоми и во наредните денови ќе работи од дома, во согласност со белгиските прописи.  

The post Столтенберг има ковид-19 appeared first on Република.

]]>