јанс леман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jans-leman/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 10:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јанс леман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jans-leman/ 32 32 Леман мора да му плати 420.000 евра на комшијата, оти му ја расече гаражата која му го попречувала погледот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/leman-mora-da-mu-plati-420-000-evra-na-komshijata-oti-mu-ja-raseche-garazhata-koja-mu-go-poprechuvala-pogledot/ Sat, 23 Dec 2023 10:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=725892

Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг.

Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо однесување и обид за измама.

Германските медиуми јавија дека Леман бил незадоволен поради тоа што гаражата на соседот му го попречувала погледот од неговата куќа на езерото Штанберг во Горна Баварија.

Леман провалил во гаражниот објект на својот сосед, откако претходно го извлекол струјниот кабел од безбедносната камера и со моторна пила исекол една од гредите.

Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, сепак, бил снимен од безбедносната камера која функционирала со помош на резервна батерија.

На судскиот процес Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила во рацете, но рекол оти не се сеќава што потоа се случило.

Нема сомнение дека обвиненијата против поранешниот германски голман се вистинити, рече јавниот обвинител Штефан Кројцер.

Леман по завршувањето на фудбалската кариера беше член на Управниот одбор на берлинска Херта, од каде беше отпуштен поради навреди на расна основа кон поранешниот фудбалер Денис Аого.

The post Леман мора да му плати 420.000 евра на комшијата, оти му ја расече гаражата која му го попречувала погледот appeared first on Република.

]]>

Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг. Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо однесување и обид за измама. Германските медиуми јавија дека Леман бил незадоволен поради тоа што гаражата на соседот му го попречувала погледот од неговата куќа на езерото Штанберг во Горна Баварија. Леман провалил во гаражниот објект на својот сосед, откако претходно го извлекол струјниот кабел од безбедносната камера и со моторна пила исекол една од гредите. Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, сепак, бил снимен од безбедносната камера која функционирала со помош на резервна батерија. На судскиот процес Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила во рацете, но рекол оти не се сеќава што потоа се случило.
Нема сомнение дека обвиненијата против поранешниот германски голман се вистинити, рече јавниот обвинител Штефан Кројцер.
Леман по завршувањето на фудбалската кариера беше член на Управниот одбор на берлинска Херта, од каде беше отпуштен поради навреди на расна основа кон поранешниот фудбалер Денис Аого.

The post Леман мора да му плати 420.000 евра на комшијата, оти му ја расече гаражата која му го попречувала погледот appeared first on Република.

]]>