јанош бока Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janosh-boka/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 19:41:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јанош бока Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janosh-boka/ 32 32 Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/viktorija-trajkov-se-sretna-so-ungarskiot-minister-za-evropski-raboti-janosh-boka/ Mon, 18 Nov 2024 19:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=839373

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока на која главна тема беа перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.

На средбата, Трајков и Бока ја истакнаа значајната поддршка што Унгарија ја дава на нашата земја, особено во поглед на европската агенда.

Министерот Бока истакна дека македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес.

Од своја страна, заменик министерката за европски прашања, Трајков потенцираше дека приоритетот на Владата е интензивирање на реформите, особено во клучните области како што се владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата.

Таа истакна дека поддршката од земји – членки на ЕУ, како што е Унгарија, е од исклучителна важност за да се забрза пристапниот процес и да се постигнат конкретни резултати. Министерката додаде дека соработката со Унгарија е од голема корист во насока на спроведувањето на европските стандарди.

Покрај разговорите за евроинтеграциите, двајцата соговорници дискутираа и за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Тие се согласија дека отворањето нови економски можности ќе придонесе за натамошен развој, како и за поголема конкурентност на нашата држава на европскиот пазар.

На крајот од средбата Трајков и Бока се согласија дека соработката и пријателството помеѓу двете земји продолжува и понатаму а Унгарија останува целосно да ја поддржува нашата земја во својот евроинтегративен пат.

The post Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока на која главна тема беа перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. На средбата, Трајков и Бока ја истакнаа значајната поддршка што Унгарија ја дава на нашата земја, особено во поглед на европската агенда. Министерот Бока истакна дека македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес. Од своја страна, заменик министерката за европски прашања, Трајков потенцираше дека приоритетот на Владата е интензивирање на реформите, особено во клучните области како што се владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата. Таа истакна дека поддршката од земји – членки на ЕУ, како што е Унгарија, е од исклучителна важност за да се забрза пристапниот процес и да се постигнат конкретни резултати. Министерката додаде дека соработката со Унгарија е од голема корист во насока на спроведувањето на европските стандарди. Покрај разговорите за евроинтеграциите, двајцата соговорници дискутираа и за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Тие се согласија дека отворањето нови економски можности ќе придонесе за натамошен развој, како и за поголема конкурентност на нашата држава на европскиот пазар. На крајот од средбата Трајков и Бока се согласија дека соработката и пријателството помеѓу двете земји продолжува и понатаму а Унгарија останува целосно да ја поддржува нашата земја во својот евроинтегративен пат.

The post Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока appeared first on Република.

]]>
ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-da-mu-dade-nov-impuls-na-protsesot-na-integratsija-na-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 25 Sep 2024 06:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=819408

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.

Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).

Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.

Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.

Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.

Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ.

Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.

Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино.

На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата.

Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност.

Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.
Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).
Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.
  Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.
Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.
Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ. Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.   Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино. На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата. Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност. Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sredba-na-varheji-so-ungarskiot-minister-za-evropski-prashana/ Thu, 05 Sep 2024 05:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=813262

роширувањето на Европската унија е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста, изјави вчера европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Вархеји на социјалната мрежа Х информира дека со унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока разговарал за следните чекори на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, со цел политиката на проширување да биде кредибилна, предвидлива и динамична.

- Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста. Имав добра дискусија со министерот Јанош Бока за следните чекори на унгарското претседателство со ЕУ за одржување на кредибилна, предвидлива и динамична политика на проширување, порача Вархеји

The post Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања appeared first on Република.

]]>

роширувањето на Европската унија е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста, изјави вчера европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. Вархеји на социјалната мрежа Х информира дека со унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока разговарал за следните чекори на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, со цел политиката на проширување да биде кредибилна, предвидлива и динамична.