Јанис Иконому Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janis-ikonomu/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 14:18:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јанис Иконому Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janis-ikonomu/ 32 32 Иконому: Премиерот и Владата не знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/ Mon, 14 Nov 2022 14:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=573716

Премиерот и Владата, не можат да знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање, со оглед на тоа дека премиерот добива информации само доколку постојат некои наоди во оваа насока, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во однос на тоа дали некој од министрите од Владата кои се најдоа на листите објавени од медиумите дека биле прислушувани преку софтверот Предатор, паралелно биле следени и од Националната служба за разузнавање, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите Иконому неколку пати одново го повтори ставот дека имаат „многу јасна, цврста и доследна позиција уште од почетокот на овој случај“, односно дека грчката Влада, грчката држава и некоја грчка безбедносна служба немаат набавено и не користи никаков малициозен софтвер, а целиот случај сега е во рацете на судовите.

Грчката држава, на никаков начин го нема набавено малициозниот софтвер и не го користат грчките безбедносни служби, постои судска истрага што е во тек, оваа истрага, сигурно ќе ги оцени сите податоци што се објавуваат во јавноста. Мора најбрзо што може да стигне до резултати,сакаме да стигне до резултати, резултати кои ќе дадат одговори и во однос на одговорностите, доколку постојат и да стават институционален крај на овие заговори, клевети, ширење податоци без докази, истакна Иконому.

За речиси секојдневните натписи во различни грчки медиуми, кои континуирано излегуваат со нови информации за прислушувањата со Предатор, портпаролот на грчката Влада рече дека не се поткрепени со докази и откри дека во следните денови, најдоцна до среда, на јавна консултација ќе бидат доставени новите законски одредби на Владата за справување со хакерските софтвери.

Истакна дека малициозните софтвери постоеле и постојат во Грција исто како што е случај во други европски земји.

Знаеме дека малициозни софтвери во земјата постојат од 2017-2018 година, ова е реалност. Пегасус, мислам дека првпат во земјата беше откриен во 2017-2018 година. Знаеме дека и во Грција, како и во други европски земји, постои Предатор со чија помош имаше обид да бидат прислушувани или можеби биле прислушувани телефоните на граѓани и јавни личности во Франција, Шпанија, Полска, Унгарија и Грција. Ова е реалност, објасни Иконому и додаде дека целиот случај мора институционално да се истражи колку е можно побргу.

На новинарско прашање дали последните случувања може да донесат и предвремени избори, Иконому кусо одговори дека „ништо не е сменето во однос на планот на владата за изборите“, односно дека тие ќе се одржат регуларно во 2023 година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата.

The post Иконому: Премиерот и Владата не знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање appeared first on Република.

]]>

Премиерот и Владата, не можат да знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање, со оглед на тоа дека премиерот добива информации само доколку постојат некои наоди во оваа насока, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во однос на тоа дали некој од министрите од Владата кои се најдоа на листите објавени од медиумите дека биле прислушувани преку софтверот Предатор, паралелно биле следени и од Националната служба за разузнавање, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите Иконому неколку пати одново го повтори ставот дека имаат „многу јасна, цврста и доследна позиција уште од почетокот на овој случај“, односно дека грчката Влада, грчката држава и некоја грчка безбедносна служба немаат набавено и не користи никаков малициозен софтвер, а целиот случај сега е во рацете на судовите. Грчката држава, на никаков начин го нема набавено малициозниот софтвер и не го користат грчките безбедносни служби, постои судска истрага што е во тек, оваа истрага, сигурно ќе ги оцени сите податоци што се објавуваат во јавноста. Мора најбрзо што може да стигне до резултати,сакаме да стигне до резултати, резултати кои ќе дадат одговори и во однос на одговорностите, доколку постојат и да стават институционален крај на овие заговори, клевети, ширење податоци без докази, истакна Иконому. За речиси секојдневните натписи во различни грчки медиуми, кои континуирано излегуваат со нови информации за прислушувањата со Предатор, портпаролот на грчката Влада рече дека не се поткрепени со докази и откри дека во следните денови, најдоцна до среда, на јавна консултација ќе бидат доставени новите законски одредби на Владата за справување со хакерските софтвери. Истакна дека малициозните софтвери постоеле и постојат во Грција исто како што е случај во други европски земји. Знаеме дека малициозни софтвери во земјата постојат од 2017-2018 година, ова е реалност. Пегасус, мислам дека првпат во земјата беше откриен во 2017-2018 година. Знаеме дека и во Грција, како и во други европски земји, постои Предатор со чија помош имаше обид да бидат прислушувани или можеби биле прислушувани телефоните на граѓани и јавни личности во Франција, Шпанија, Полска, Унгарија и Грција. Ова е реалност, објасни Иконому и додаде дека целиот случај мора институционално да се истражи колку е можно побргу. На новинарско прашање дали последните случувања може да донесат и предвремени избори, Иконому кусо одговори дека „ништо не е сменето во однос на планот на владата за изборите“, односно дека тие ќе се одржат регуларно во 2023 година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата.

The post Иконому: Премиерот и Владата не знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање appeared first on Република.

]]>
Иконому: Грчката Влада и грчките служби не користат „Предатор“ или слични софтвери за следење https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ikonomu-grchkata-vlada-i-grchkite-sluzbi-ne-koristat-predator-ili-slichni-softveri-za-sledenje/ Tue, 09 Aug 2022 12:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=538366

Ниту Владата, ниту грчките служби за безбедност го немаат набавено софтверот „Предатор“, ниту друг таков софтвер за следење и не ги користат конкретните софтвери, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

За случајот со прислушувањето на лидерот на ПАСОК- Движење на промена (КИНАЛ), Иконому објасни дека станува збор за целосно законски процес, односно „законско следење“ по одобрување од обвинител, но управувањето од страна на Националната служба за разузнавање (ЕИП) било „погрешно и нецелосно, бидејќи беа потценети политичките димензии на случајот“.

Ставот на премиерот и на Владата јасно е за целосно расчистување на случајот, во рамката што ја одредува законот, но и природата на овие прашања. Одговорите ќе бидат дадени на соодветен начин и веќе е започнато исправување на последиците од погрешното управување - рече Иконому.

Потсети дека Владата се согласила, по барањето од лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, Парламентот да се отвори порано, на 22 август за да се одржи специјална пленарна седница за конкретниот случај и ги повика сите политички сили да покажат одговорност и сериозност.

Иконому го повтори она што вчера го кажа грчкиот премиер дека не бил воопшто информиран за целиот случај и одговарајќи на новинарско прашање објасни што ќе се случеше доколку Мицотакис знаел.

Она што ќе се случеше е дека текот на процесот ќе беше различен. Пред барањето да стигне до обвинителот веројатно ќе постоеше оцена на процесот врз основа на информациите, размислувањето, рамката што управата на ЕИП ќе ја предложеше за почеток на овој процес и текот на процесот ќе беше различен - објасни Иконому.

Се осврна и на ставот на лидерот на ПАСОК-КИНАЛ, велејќи дека „Андрулакис, упорно и чудно одбива да биде информиран од Владата за тоа што се случи“.

Законитоста на следењето на телефонот на господинот Андрулакис не е спорна, иако политички, како што повеќе пати кажавме, тоа е нешто што не требаше да се случи. Би ги поттикнал господинот Андрулакис и сите оние кои се преправаат дека се сомневаат во законитоста да погледнат низа правни документи, но и законот 2225/1994. Таму ќе најдат сè за легалните следења поради национална безбедност, кои не исклучуваат ниту едно лице, ниту еден субјект од опсегот на спроведување - објасни портпаролот на грчката Влада.

Во однос на тоа дали целиот случај со следењето на мобилниот телефон на Андрулакис може да доведе до предвремени избори, Иконому кусо и категорично одговори: „Не“.

The post Иконому: Грчката Влада и грчките служби не користат „Предатор“ или слични софтвери за следење appeared first on Република.

]]>

Ниту Владата, ниту грчките служби за безбедност го немаат набавено софтверот „Предатор“, ниту друг таков софтвер за следење и не ги користат конкретните софтвери, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. За случајот со прислушувањето на лидерот на ПАСОК- Движење на промена (КИНАЛ), Иконому објасни дека станува збор за целосно законски процес, односно „законско следење“ по одобрување од обвинител, но управувањето од страна на Националната служба за разузнавање (ЕИП) било „погрешно и нецелосно, бидејќи беа потценети политичките димензии на случајот“.
Ставот на премиерот и на Владата јасно е за целосно расчистување на случајот, во рамката што ја одредува законот, но и природата на овие прашања. Одговорите ќе бидат дадени на соодветен начин и веќе е започнато исправување на последиците од погрешното управување - рече Иконому.
Потсети дека Владата се согласила, по барањето од лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, Парламентот да се отвори порано, на 22 август за да се одржи специјална пленарна седница за конкретниот случај и ги повика сите политички сили да покажат одговорност и сериозност. Иконому го повтори она што вчера го кажа грчкиот премиер дека не бил воопшто информиран за целиот случај и одговарајќи на новинарско прашање објасни што ќе се случеше доколку Мицотакис знаел.
Она што ќе се случеше е дека текот на процесот ќе беше различен. Пред барањето да стигне до обвинителот веројатно ќе постоеше оцена на процесот врз основа на информациите, размислувањето, рамката што управата на ЕИП ќе ја предложеше за почеток на овој процес и текот на процесот ќе беше различен - објасни Иконому.
Се осврна и на ставот на лидерот на ПАСОК-КИНАЛ, велејќи дека „Андрулакис, упорно и чудно одбива да биде информиран од Владата за тоа што се случи“.
Законитоста на следењето на телефонот на господинот Андрулакис не е спорна, иако политички, како што повеќе пати кажавме, тоа е нешто што не требаше да се случи. Би ги поттикнал господинот Андрулакис и сите оние кои се преправаат дека се сомневаат во законитоста да погледнат низа правни документи, но и законот 2225/1994. Таму ќе најдат сè за легалните следења поради национална безбедност, кои не исклучуваат ниту едно лице, ниту еден субјект од опсегот на спроведување - објасни портпаролот на грчката Влада.
Во однос на тоа дали целиот случај со следењето на мобилниот телефон на Андрулакис може да доведе до предвремени избори, Иконому кусо и категорично одговори: „Не“.

The post Иконому: Грчката Влада и грчките служби не користат „Предатор“ или слични софтвери за следење appeared first on Република.

]]>
Иконому: Во многу добра клима помина телефонскиот разговор Мицотакис – Ковачевски, но нашиот став си останува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ikonomu-vo-mnogu-dobra-klima-pomina-telefonskiot-razgovor-micotakis-kovachevski-no-nashiot-stav-si-ostanuva/ Thu, 03 Feb 2022 12:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=453554

Телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, поминал во многу добра клима, но тактиката на официјална Атина за ратификацијата на трите Меморандуми со нашата земја, останува непроменета, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали телефонскиот разговор на некој начин ќе влијае на ратификацијата, Иконому, на денешниот редовен брифинг, рече дека „не е променета тактиката, планот на Владата во однос на ратификацијата на Меморандумите".

Ковачевски и Мицотакис во нивниот прв контакт, при телефонскиот разговор во понеделникот, според соопштенијата од нивните кабинети, се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

The post Иконому: Во многу добра клима помина телефонскиот разговор Мицотакис – Ковачевски, но нашиот став си останува appeared first on Република.

]]>

Телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, поминал во многу добра клима, но тактиката на официјална Атина за ратификацијата на трите Меморандуми со нашата земја, останува непроменета, јави дописничката на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали телефонскиот разговор на некој начин ќе влијае на ратификацијата, Иконому, на денешниот редовен брифинг, рече дека „не е променета тактиката, планот на Владата во однос на ратификацијата на Меморандумите". Ковачевски и Мицотакис во нивниот прв контакт, при телефонскиот разговор во понеделникот, според соопштенијата од нивните кабинети, се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

The post Иконому: Во многу добра клима помина телефонскиот разговор Мицотакис – Ковачевски, но нашиот став си останува appeared first on Република.

]]>