Јани Павеза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jani-paveza/ За подобро да се разбереме Mon, 22 May 2023 14:29:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јани Павеза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jani-paveza/ 32 32 Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rabotilnitsa-za-rachna-izrabotka-na-gitari-i-likovna-kolonija-ke-bidat-del-od-koton-bluz-festival-vo-skopje/ Mon, 22 May 2023 14:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=643667

Четвртото издание на Котон блуз фестивал, освен квалитетна блуз музика, ќе понуди и работилница за рачна изработка на гитари, од еден од најпознатите светски изработувачи на гитари, Јани Павеза, но и ликовна колонија од неколкумина македонски уметници.

Претставување на Павеза гитарите и предавање за процесот на нивната изработка , што ќе го одржи еден од најпознатите мајстори за рачна изработка на акустични и електрични гитари, Јани Павеза, ќе се одржи на 24 мај, во Горното Фоаје на МКЦ. Влезот ќе биде слободен, а случувањето ќе биде со почеток од 13:00 часот.

Во склоп на Котон блуз фестивалот, познатиот македонски ликовен и музички уметник Игор Станоевски заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираше ликовна колонија. За време на концертите, паралелно ќе има и ликовно творештво по што ќе следи и изложба на делата.

Двете вечери на Котон блуз фестивал (24 и 25 мај) ќе бидат одбележани од настапите на данското трио „Трејнмен блуз“, добитници на повеќе европски блуз-награди, како и специјалниот гостин од Чикаго и син на легендарниот Мади Вотерс, Мад Морганфилд, кој во Скопје ќе се претстави со карактеристичниот и енергичен чикашки блуз звук.

https://republika.mk/scena/muzika/bluz-dozhivuvane-vo-mkts-koton-bluz-festival-nudi-spoj-na-domashni-i-svetski-muzichki-imina/

Овие две големи светски имиња, ќе бидат придружувани, некои заедно со нив на сцената, а некои со засебни настапи, од редица македонски музичари, кои го негуваат блуз звукот.

Билетите за двете вечери на Котон блуз фестивал може да се набават онлајн, преку сајтот на МКЦ, а сите средства добиени од продажба на влезници ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

The post Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје appeared first on Република.

]]>

Четвртото издание на Котон блуз фестивал, освен квалитетна блуз музика, ќе понуди и работилница за рачна изработка на гитари, од еден од најпознатите светски изработувачи на гитари, Јани Павеза, но и ликовна колонија од неколкумина македонски уметници. Претставување на Павеза гитарите и предавање за процесот на нивната изработка , што ќе го одржи еден од најпознатите мајстори за рачна изработка на акустични и електрични гитари, Јани Павеза, ќе се одржи на 24 мај, во Горното Фоаје на МКЦ. Влезот ќе биде слободен, а случувањето ќе биде со почеток од 13:00 часот. Во склоп на Котон блуз фестивалот, познатиот македонски ликовен и музички уметник Игор Станоевски заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираше ликовна колонија. За време на концертите, паралелно ќе има и ликовно творештво по што ќе следи и изложба на делата. Двете вечери на Котон блуз фестивал (24 и 25 мај) ќе бидат одбележани од настапите на данското трио „Трејнмен блуз“, добитници на повеќе европски блуз-награди, како и специјалниот гостин од Чикаго и син на легендарниот Мади Вотерс, Мад Морганфилд, кој во Скопје ќе се претстави со карактеристичниот и енергичен чикашки блуз звук. https://republika.mk/scena/muzika/bluz-dozhivuvane-vo-mkts-koton-bluz-festival-nudi-spoj-na-domashni-i-svetski-muzichki-imina/ Овие две големи светски имиња, ќе бидат придружувани, некои заедно со нив на сцената, а некои со засебни настапи, од редица македонски музичари, кои го негуваат блуз звукот. Билетите за двете вечери на Котон блуз фестивал може да се набават онлајн, преку сајтот на МКЦ, а сите средства добиени од продажба на влезници ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

The post Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје appeared first on Република.

]]>