Јанез Јанша Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janez-jansha/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 08:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јанез Јанша Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janez-jansha/ 32 32 Јанша: Честитки до нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова за големата победа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jansha-chestitki-do-nashata-sestrinska-partija-vmro-dpmne-i-gordana-siljanovska-davkova-za-golemata-pobeda/ Thu, 09 May 2024 08:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=776188

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша преку социјалните мрежи испрати честитка за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.

Честитки до нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова за големата победа, објави Јанша на Х.

Честитки за победата на двојните избори испратија голем број политичари од регионот и Европа.

The post Јанша: Честитки до нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова за големата победа appeared first on Република.

]]>

Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-osuden-na-uslovna-kazna-zatvor-poradi-navreda-na-novinarki/ Wed, 03 Jan 2024 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=729350

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна.

Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“.

Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци.

Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна. Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса. Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“. Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци. Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.  

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>
Со 35,8% од гласовите победник на изборите во Словенија е Движењето на слободата на Роберт Голоб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-35-8-od-glasovite-pobednik-na-izborite-vo-slovenija-e-dvizenjeto-na-slobodata-na-robert-golob/ Sun, 24 Apr 2022 18:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=493189

Според резултатите од излезните анкети што Медијана ги спроведе за РТВ Словенија и Поп ТВ, убедливо слави партијата Движење на слободата на чело со Роберт Голоб. Таа доби најмногу гласови, 35,8 отсто, потоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша со 22,5 отсто и Нова Словенија, која доби 6,8 отсто од гласовите.

Пратеничкиот праг би го преминале и партијата на Тања Фајон од СД со 6,6 отсто од гласовите и партијата Левица на Лука Месеца, која доби 4,4 отсто од гласовите.

На изборите во 2016 година Јанез Јанша освои релативно мнозинство со својата партија, но поради недостаток на коалициски партнери не успеа да формира влада. Во тоа време, левичарската коалициска влада ја формираше Марјан Шарец, иако тој имаше двојно помалку пратеници во парламентот од 26-те на Јанша. Меѓутоа, владата на Шарц падна по две години и беше наследен од сегашниот Јанша.

Државната изборна комисија на својата веб-страница околу 20.30 часот ќе почне да ги објавува првите официјални делумни резултати од анкетите, како и проекции за тоа колку пратенички места би можела да има секоја партија во новиот парламентарен состав.

The post Со 35,8% од гласовите победник на изборите во Словенија е Движењето на слободата на Роберт Голоб appeared first on Република.

]]>

Според резултатите од излезните анкети што Медијана ги спроведе за РТВ Словенија и Поп ТВ, убедливо слави партијата Движење на слободата на чело со Роберт Голоб. Таа доби најмногу гласови, 35,8 отсто, потоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша со 22,5 отсто и Нова Словенија, која доби 6,8 отсто од гласовите. Пратеничкиот праг би го преминале и партијата на Тања Фајон од СД со 6,6 отсто од гласовите и партијата Левица на Лука Месеца, која доби 4,4 отсто од гласовите. На изборите во 2016 година Јанез Јанша освои релативно мнозинство со својата партија, но поради недостаток на коалициски партнери не успеа да формира влада. Во тоа време, левичарската коалициска влада ја формираше Марјан Шарец, иако тој имаше двојно помалку пратеници во парламентот од 26-те на Јанша. Меѓутоа, владата на Шарц падна по две години и беше наследен од сегашниот Јанша. Државната изборна комисија на својата веб-страница околу 20.30 часот ќе почне да ги објавува првите официјални делумни резултати од анкетите, како и проекции за тоа колку пратенички места би можела да има секоја партија во новиот парламентарен состав.

The post Со 35,8% од гласовите победник на изборите во Словенија е Движењето на слободата на Роберт Голоб appeared first on Република.

]]>
Јанша ги негира „инсинуациите“ дека неговата партија е финансирана од Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-gi-negira-insinuaciite-deka-negovata-partija-e-finansirana-od-ungarija/ Tue, 12 Apr 2022 14:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=487449

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска се осврна на тврдењата на опозицијата дека неговата партија индиректно се финансира од странство, преку политички мотивирани инвестиции од Унгарија и ги нарече „навредливи инсинуации“.

– Словенечката демократска партија не се финансира од странство и не добива средства незаконски, рече Јанша, говорејќи како сведок на распитот пред специјалната парламентарна анкетна комисија што минатата година ја основа опозицијата за финансирање политички партии од странство.

Јанша ги нарече недокажани тврдењата дека неговата партија се финансира на незаконски начин или дека се работи за перење пари, а на седницата на комисијата неколку пати се закани дека ќе ја напушти салата доколку продолжат „ваквите инсинуации“.

Како што се наведува, станува збор за инвестиции од Унгарија во медиумите блиски до партијата на Јанша.

Јанша на распитот ги отфрли и сите сомнежи за заем што неговата партија го обезбедила пред четири години, пред тогашните парламентарни избори, од извесна претприемничка од Република Српска, која подоцна се откажала бидејќи се покажало дека не е во согласност со закон.

Исто така, Јанша рече дека не го познава украинскиот „проруски“ политичар Виктор Медведчук, за кој опозиционерите тврдеа дека отворено зборувал за финансиски „октопод“ создаден од луѓе блиски до Виктор Орбан во регионот, „финансирајќи некои медиуми во Словенија и Македонија“. Опозициските членови на комисијата сметаат дека станува збор за „руски пари за ширење политичка пропаганда во Европа“. (МИА)

The post Јанша ги негира „инсинуациите“ дека неговата партија е финансирана од Унгарија appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска се осврна на тврдењата на опозицијата дека неговата партија индиректно се финансира од странство, преку политички мотивирани инвестиции од Унгарија и ги нарече „навредливи инсинуации“.
– Словенечката демократска партија не се финансира од странство и не добива средства незаконски, рече Јанша, говорејќи како сведок на распитот пред специјалната парламентарна анкетна комисија што минатата година ја основа опозицијата за финансирање политички партии од странство.
Јанша ги нарече недокажани тврдењата дека неговата партија се финансира на незаконски начин или дека се работи за перење пари, а на седницата на комисијата неколку пати се закани дека ќе ја напушти салата доколку продолжат „ваквите инсинуации“. Како што се наведува, станува збор за инвестиции од Унгарија во медиумите блиски до партијата на Јанша. Јанша на распитот ги отфрли и сите сомнежи за заем што неговата партија го обезбедила пред четири години, пред тогашните парламентарни избори, од извесна претприемничка од Република Српска, која подоцна се откажала бидејќи се покажало дека не е во согласност со закон. Исто така, Јанша рече дека не го познава украинскиот „проруски“ политичар Виктор Медведчук, за кој опозиционерите тврдеа дека отворено зборувал за финансиски „октопод“ создаден од луѓе блиски до Виктор Орбан во регионот, „финансирајќи некои медиуми во Словенија и Македонија“. Опозициските членови на комисијата сметаат дека станува збор за „руски пари за ширење политичка пропаганда во Европа“. (МИА)

The post Јанша ги негира „инсинуациите“ дека неговата партија е финансирана од Унгарија appeared first on Република.

]]>
Јанша: Европа нема да ѝ плаќа на Русија нафта и гас во рубљи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jansha-evropa-nema-da-plakja-na-rusija-nafta-i-gas-vo-rublji/ Thu, 24 Mar 2022 19:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=477916

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Европа нема да ѝ плаќа на Русија во рубљи, откако Москва побара „непријателските земји“ да ги плаќаат сметките за нафта и гас во руската валута.

„Мислам дека никој во Европа не знае како изгледаат рубљите, никој нема да плати во рубљи“, изјави Јанша пред новинарите по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.

Русија во четвртокот ја изрази загриженоста на европските земји во врска со планот за префрлање на сметките за испорака на гас од евро во рубља.

Како одговор, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот рече дека прашањето е затворено и дека Бугарија ќе мора да плати во рубљи „сакале или не“.

„Ова не важи за Србија. Проблемот останува да се реши и секако грижата на Србија ќе биде наш главен приоритет“, рече Песков.

The post Јанша: Европа нема да ѝ плаќа на Русија нафта и гас во рубљи appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Европа нема да ѝ плаќа на Русија во рубљи, откако Москва побара „непријателските земји“ да ги плаќаат сметките за нафта и гас во руската валута.
„Мислам дека никој во Европа не знае како изгледаат рубљите, никој нема да плати во рубљи“, изјави Јанша пред новинарите по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.
Русија во четвртокот ја изрази загриженоста на европските земји во врска со планот за префрлање на сметките за испорака на гас од евро во рубља. Како одговор, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот рече дека прашањето е затворено и дека Бугарија ќе мора да плати во рубљи „сакале или не“.
„Ова не важи за Србија. Проблемот останува да се реши и секако грижата на Србија ќе биде наш главен приоритет“, рече Песков.

The post Јанша: Европа нема да ѝ плаќа на Русија нафта и гас во рубљи appeared first on Република.

]]>
Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-isprakja-voeno-diplomatska-misija-vo-kiev-vo-znak-na-poddrshka-za-ukraina/ Wed, 23 Mar 2022 11:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=477108

Словенечката влада не успеа да натера дипломат да замине во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми.

Според ПОП-ТВ, премиерот Јанез Јанша не успеал да најде доброволец во Министерството за надворешни работи да замине во Киев, па владата се обратила до Министерството за одбрана.

Договорено е должноста началник да ја преземе офицер со чин потполковник кој привремено ќе биде вработен во МНР и со соодветна екипа да биде испратен во Киев.

На денешната седница треба да биде донесена одлуката за испраќање на привремениот вршител на должност и владиниот тим, а премиерот Јанша утре на вонредна седница во Брисел ќе ги информира лидерите на НАТО и ЕУ.

Станува збор за напорите на Јанша, кој неодамна го посети Киев со полскиот и чешкиот премиер, да испрати „невообичаена воено дипломатска мисија“ во главниот град на Украина, која нема да има голем дел од вообичаената дипломатска работа, но присуството ќе биде силен симбол на поддршка за Украина, иако носи и многу ризик“, наведува ПОП-ТВ.

The post Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>

Словенечката влада не успеа да натера дипломат да замине во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми. Според ПОП-ТВ, премиерот Јанез Јанша не успеал да најде доброволец во Министерството за надворешни работи да замине во Киев, па владата се обратила до Министерството за одбрана. Договорено е должноста началник да ја преземе офицер со чин потполковник кој привремено ќе биде вработен во МНР и со соодветна екипа да биде испратен во Киев. На денешната седница треба да биде донесена одлуката за испраќање на привремениот вршител на должност и владиниот тим, а премиерот Јанша утре на вонредна седница во Брисел ќе ги информира лидерите на НАТО и ЕУ. Станува збор за напорите на Јанша, кој неодамна го посети Киев со полскиот и чешкиот премиер, да испрати „невообичаена воено дипломатска мисија“ во главниот град на Украина, која нема да има голем дел од вообичаената дипломатска работа, но присуството ќе биде силен симбол на поддршка за Украина, иако носи и многу ризик“, наведува ПОП-ТВ.

The post Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>
Медведев: Премиерите на Чешка, Полска и Словенија го излажаа Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija-go-izlazaa-zelenski/ Mon, 21 Mar 2022 20:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=476365

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев испрати порака до светската јавност преку Телеграм и кажа дека Европа е свесна за последиците со кои се соочува Украина.

Медведев вели дека Полска е под влијание на САД и кажа дека нивниот премиер Матеуш Моравјецки заедно со неговите колеги од Чешка и Словенија му ветувале помош на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но на крајот тоа било само лага.

Тие разговараа со Зеленски и му ветија помош. Меѓутоа, го излажаа. Моравјецки свечено изјави дека програмата за дерусификација на полската и европската економија е во тек. Откако го кажа тоа, тој храбро објасни дека сето ова ќе чини. Моравјецки е апсолутно во право: тоа е скапо и бесмислено. Полска, сепак, може да ги изостави овие трошоци, во долгите години негување на патолошка русофобија, таа изгуби се што можеше. Полската пропаганда е најзлобниот, највулгарниот и најодлучниот критичар на Русија: заедница на политички имбецили. Додека кај нас е неприфатливо криењето на најмрачните страници од нашата заедничка историја, вели Медведев.

The post Медведев: Премиерите на Чешка, Полска и Словенија го излажаа Зеленски appeared first on Република.

Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-slovenechkite-diplomati-se-vrakjaat-vo-kiev/ Mon, 21 Mar 2022 07:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=475894

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев.

Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци.

Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка, напиша Јанша во објавата.

The post Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев. Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци. Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка, напиша Јанша во објавата.

The post Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев appeared first on Република.

]]>
Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа со воз во Киев на средба со Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija-zaminaa-so-voz-vo-kiev-na-sredba-so-zelenski/ Tue, 15 Mar 2022 08:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=473029

Во 8 часот изутрина (15.03.2022), премиерите на Полска, Чешка и Словачка ја преминале полско-украинската граница и се приближуваат до украинскиот главен град Киев, во првата посета на странски државници од почетокот на руската агресија.

Киев и утрово беше цел на руски гранатирања: две силни експлозии го погодија главниот град во вторникот. Најмалку две лица загинале во нападите кога бил погоден станбен објект.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Фејсбук соопшти дека посетата се случува на 20 дена од „криминална агресија врз Украина“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Во вакви клучни моменти за светот, наша задача е да бидеме таму каде што се создава историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет ослободен од тиранија“, рече Морајвецки.

„Целта на посетата е да се потврди едногласната поддршка на целата ЕУ за сувереноста и независноста на Украина“, соопшти чешкиот премиер Петр Фиала.

Во делегацијата се и словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и полскиот вицепремиер Јарослав Качински, инаку лидер на владејачката ПиС партија во Полска.

Посетата била договорена на самитот на ЕУ во Версај минатата недела, во консултација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел.

The post Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа со воз во Киев на средба со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Во 8 часот изутрина (15.03.2022), премиерите на Полска, Чешка и Словачка ја преминале полско-украинската граница и се приближуваат до украинскиот главен град Киев, во првата посета на странски државници од почетокот на руската агресија. Киев и утрово беше цел на руски гранатирања: две силни експлозии го погодија главниот град во вторникот. Најмалку две лица загинале во нападите кога бил погоден станбен објект. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Фејсбук соопшти дека посетата се случува на 20 дена од „криминална агресија врз Украина“ на рускиот претседател Владимир Путин. Во вакви клучни моменти за светот, наша задача е да бидеме таму каде што се создава историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет ослободен од тиранија“, рече Морајвецки. „Целта на посетата е да се потврди едногласната поддршка на целата ЕУ за сувереноста и независноста на Украина“, соопшти чешкиот премиер Петр Фиала. Во делегацијата се и словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и полскиот вицепремиер Јарослав Качински, инаку лидер на владејачката ПиС партија во Полска. Посетата била договорена на самитот на ЕУ во Версај минатата недела, во консултација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел.  

The post Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа со воз во Киев на средба со Зеленски appeared first on Република.

]]>
Јанша: Русите спроведуваат етничко чистење во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jansha-rusite-sproveduvaat-etnichko-chistenje-vo-ukraina/ Mon, 14 Mar 2022 17:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=472834

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека некои акции на руската војска при нејзината агресија против Украина го потсетуваат на етничко чистење.

Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море, рече Јанша во парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за војната на Путин и ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ, после која следеше етничко чистење.

Војната во Украина ќе заврши кога таа земја сама, со помошта што ја добива, ќе биде доволно силна да ја запре инвазијата на руските војници - рече словенечкиот премиер, додавајќи дека дури тогаш ќе започнат вистински, сериозни преговори.

Според него, пренесе словенечката новинска агенција СТА, токму затоа на Украина треба да ѝ се помогне во отпорот.

Украинците всушност се безбедноста и просперитетот на цела Европа - додаде тој.

The post Јанша: Русите спроведуваат етничко чистење во Украина appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека некои акции на руската војска при нејзината агресија против Украина го потсетуваат на етничко чистење. Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море, рече Јанша во парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за војната на Путин и ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ, после која следеше етничко чистење.
Војната во Украина ќе заврши кога таа земја сама, со помошта што ја добива, ќе биде доволно силна да ја запре инвазијата на руските војници - рече словенечкиот премиер, додавајќи дека дури тогаш ќе започнат вистински, сериозни преговори.
Според него, пренесе словенечката новинска агенција СТА, токму затоа на Украина треба да ѝ се помогне во отпорот.
Украинците всушност се безбедноста и просперитетот на цела Европа - додаде тој.

The post Јанша: Русите спроведуваат етничко чистење во Украина appeared first on Република.

]]>
Јанша: Ако падне Украина, следи домино ефект https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-ako-padne-ukraina-sledi-domino-efekt/ Mon, 28 Feb 2022 22:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=465525

Ако падне Украина, следна е Молдавија, а потоа веројатно Грузија, а нештата би можеле да се искомплицираат и на Западниот Балкан, кажа словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Тој повтори дека на Украина треба да ѝ се понуди конкретна европска перспектива, а дека ЕУ, поучена од руската агресија на таа држава, во иднина мора да се ослободи од енергетската зависност од Русија и воено да зајакне, потврдувајќи дека деновиве нема да отиде во Украина, како што најавуваше.

Словенечкиот премиер предупреди денес на домино ефект ако Украина падне, напоменувајќи дека судбината на таа земја е клучна не само за Европа, туку и за светот во целина.

Тој смета дека сега е време Европа да се одвикне од енергетската зависност од Русија.

Ако Украина падне, следна е Молдавија, а потоа веројатно Грузија. Нештата би можеле да се искомплицираат на Западниот Балкан, секаде каде што периферијата на ЕУ сè уште не е во Унијата или во НАТО. Тогаш балтичките земји речиси сигурно ќе бидат следни, а тогаш сме на работ на сериозен конфликт кој би можел да предизвика Трета светска војна- кажа Јанша.

Дали Украина се брани или не, важно е за Словенија, Европа и за целиот свет. Ако Украина истрае, можеме да сметаме дека нема да има ескалација туку преговори, кажа тој.

Јанша кажа дека уште од „авганистанскиот дебакл“ Пекинг и Москва координираат некои потези.

Тој е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин не би ја нападнал Украина без некој вид премолчена поддршка од Пекинг, кој се воздржа од осуда на руската агресија во Советот за безбедност на ОН.

Мислам дека ова е првпат членка на Советот за безбедност да е на страна на Русија, осудувајќи ги санкциите против Русија, а не инвазијата. Тоа не е неутрална политика- кажа Јанша.

Што се однесува до санкциите, Јанша кажа дека зависноста на Словенија и Европа од руската енергија е стратегиски проблем, но и забележа дека Путин со нападот на Украина конечно ја поттикнал Европа да се ослободи од енергетската зависност од Русија.

Јанша истакна дека нападот на Украина е огромна грешка на Путин, додавајќи дека Словенија и Европа неколку години ќе имаат проблем со преминувањето од руската енергија, но дека Русија ќе изгуби голем пазар.

The post Јанша: Ако падне Украина, следи домино ефект appeared first on Република.

]]>

Ако падне Украина, следна е Молдавија, а потоа веројатно Грузија, а нештата би можеле да се искомплицираат и на Западниот Балкан, кажа словенечкиот премиер Јанез Јанша. Тој повтори дека на Украина треба да ѝ се понуди конкретна европска перспектива, а дека ЕУ, поучена од руската агресија на таа држава, во иднина мора да се ослободи од енергетската зависност од Русија и воено да зајакне, потврдувајќи дека деновиве нема да отиде во Украина, како што најавуваше. Словенечкиот премиер предупреди денес на домино ефект ако Украина падне, напоменувајќи дека судбината на таа земја е клучна не само за Европа, туку и за светот во целина. Тој смета дека сега е време Европа да се одвикне од енергетската зависност од Русија.
Ако Украина падне, следна е Молдавија, а потоа веројатно Грузија. Нештата би можеле да се искомплицираат на Западниот Балкан, секаде каде што периферијата на ЕУ сè уште не е во Унијата или во НАТО. Тогаш балтичките земји речиси сигурно ќе бидат следни, а тогаш сме на работ на сериозен конфликт кој би можел да предизвика Трета светска војна- кажа Јанша.
Дали Украина се брани или не, важно е за Словенија, Европа и за целиот свет. Ако Украина истрае, можеме да сметаме дека нема да има ескалација туку преговори, кажа тој. Јанша кажа дека уште од „авганистанскиот дебакл“ Пекинг и Москва координираат некои потези. Тој е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин не би ја нападнал Украина без некој вид премолчена поддршка од Пекинг, кој се воздржа од осуда на руската агресија во Советот за безбедност на ОН.
Мислам дека ова е првпат членка на Советот за безбедност да е на страна на Русија, осудувајќи ги санкциите против Русија, а не инвазијата. Тоа не е неутрална политика- кажа Јанша.
Што се однесува до санкциите, Јанша кажа дека зависноста на Словенија и Европа од руската енергија е стратегиски проблем, но и забележа дека Путин со нападот на Украина конечно ја поттикнал Европа да се ослободи од енергетската зависност од Русија. Јанша истакна дека нападот на Украина е огромна грешка на Путин, додавајќи дека Словенија и Европа неколку години ќе имаат проблем со преминувањето од руската енергија, но дека Русија ќе изгуби голем пазар.

The post Јанша: Ако падне Украина, следи домино ефект appeared first on Република.

]]>
Јанша заразен со корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-zarazen-so-korona/ Wed, 09 Feb 2022 20:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=456444

Во Словенија продолжува трендот на смирување на петтиот бран на епидемијата на коронавирус, а од кабинетот на премиерот Јанез Јанша соопштија дека кај него е потврдена инфекција, засега без посебни симптоми.

Јанша на „Твитер“ напиша дека со самостојно тестирање открил дека е заразен и дека ги има сите класични симптоми, но засега во поблага форма и дека тестот покажал позитивен резултат кај неговите двајца малолетни синови.

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 5.076 инфекции преку 1.566 ПЦР и 51.036 брзи антигенски тестови, а починале уште 16 заразени, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Потврдени се околу шест илјади помалку заразени од претходниот ден, а пад на новозаразени се забележува и на неделно ниво, па продолжува трендот на смирување на петтиот бран на епидемијата од крајот на минатата недела.

Во земјата моментно има 173.691 активни инфекции.

The post Јанша заразен со корона appeared first on Република.

]]>

Во Словенија продолжува трендот на смирување на петтиот бран на епидемијата на коронавирус, а од кабинетот на премиерот Јанез Јанша соопштија дека кај него е потврдена инфекција, засега без посебни симптоми. Јанша на „Твитер“ напиша дека со самостојно тестирање открил дека е заразен и дека ги има сите класични симптоми, но засега во поблага форма и дека тестот покажал позитивен резултат кај неговите двајца малолетни синови. Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 5.076 инфекции преку 1.566 ПЦР и 51.036 брзи антигенски тестови, а починале уште 16 заразени, соопшти Националниот институт за јавно здравје. Потврдени се околу шест илјади помалку заразени од претходниот ден, а пад на новозаразени се забележува и на неделно ниво, па продолжува трендот на смирување на петтиот бран на епидемијата од крајот на минатата недела. Во земјата моментно има 173.691 активни инфекции.

The post Јанша заразен со корона appeared first on Република.

]]>
Јанша: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-proshiruvanjeto-na-eu-kon-zapaden-balkan-e-edinstvenata-pozitivna-perspektiva-za-regionot/ Fri, 04 Feb 2022 23:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=454410

Проширувањето на Европската унија (ЕУ) кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот, што ги намалува причините за спорови и конфликти, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша.

„Со членството во ЕУ, прашањето каде се границите и кој беше во неповолна положба во минатото се турка настрана, а на преден план доаѓа заедничката иднина“, изјави Јанша за телевизијата РАИ 2.

Тој рече дека Словенија, кога станува збор за ситуацијата во Украина, заедно со другите европски земји, ја дели загриженоста за зачувување на мирот во источното соседство.

Според Јанша, Словенија и другите европски земји цврсто веруваат дека секоја земја има право самостојно да одлучува за својата надворешна политичка ориентација, вклучително и членството во ЕУ и НАТО.

Како што пренесува СТА, тој рече дека трети земји, во овој случај Русија, немаат право да стават вето на одлуката на еден народ за самоопределување.

The post Јанша: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>

Проширувањето на Европската унија (ЕУ) кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот, што ги намалува причините за спорови и конфликти, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша.
„Со членството во ЕУ, прашањето каде се границите и кој беше во неповолна положба во минатото се турка настрана, а на преден план доаѓа заедничката иднина“, изјави Јанша за телевизијата РАИ 2.
Тој рече дека Словенија, кога станува збор за ситуацијата во Украина, заедно со другите европски земји, ја дели загриженоста за зачувување на мирот во источното соседство. Според Јанша, Словенија и другите европски земји цврсто веруваат дека секоја земја има право самостојно да одлучува за својата надворешна политичка ориентација, вклучително и членството во ЕУ и НАТО. Како што пренесува СТА, тој рече дека трети земји, во овој случај Русија, немаат право да стават вето на одлуката на еден народ за самоопределување.

The post Јанша: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>
Словенечката влада ќе се обиде да не ги заострува мерките што е можно подолго https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-vlada-kje-se-obide-da-ne-gi-zaostruva-merkite-shto-e-mozno-podolgo/ Sun, 16 Jan 2022 07:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=445150

Словенечкиот премиер Јанез Јанша,  соопшти дека неговата влада ќе се обиде да избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на Ковид-19 предизвикан од многу позаразната омикрон варијанта на корона вирусот.

Ако е можно, нема да ги заостриме сегашните мерки и се надеваме дека ќе го минеме овој бран со почитување на сегашните мерки. Но, земјата е доведена до раб поради големиот број заразени што се должи на релативно ниската стапка на вакцинација - изјави Јанша.

The post Словенечката влада ќе се обиде да не ги заострува мерките што е можно подолго appeared first on Република.