Јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janevski/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 14:46:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/janevski/ 32 32 Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/janevski-turizmot-kako-nikogash-do-sega-e-potreben-na-drzhavnite-ekonomii-na-zemjite-od-balkanot/ Fri, 06 Oct 2023 17:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=688668

На регионалната конференција за туризам под наслов “CHECK IN” која се одржува во градот Требиње на 5 и 6 октомври ќе се обработат преку дискусии новите трендови во туристичката индустрија, како и постигнатите туристички резултати на балканските земји за првата половина од 2023 година. На конференцијата во првиот панел „Резултатите во туризмот и кои мерки треба да бидат воведени за стимулирање на туристичкиот раст“ зема учество и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски заедно со министерот за трговија и туризам на Република Српска, г-дин Денис Шулиќ, министерката за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина, д-р спец. Насиха Поздер и државниот секретар при министерството за туризам и млади на Република Србија, г-дин Урош Кандиќ.

Панелистите во своите излагања ја потенцираа успешноста на 2023 година од туристички аспект и потребата за уште поголем фокус на втората половина од годината за задржување на растот и овозможување на подобар старт во следната година. Предвидувањата според присутните се дека ќе бидеме соочени со голем број предизвици на регионално ниво предизвикани од нестабилната економска состојба во Европа.

“Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, - истакна Јаневски.

Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година.

The post Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот appeared first on Република.

]]>

На регионалната конференција за туризам под наслов “CHECK IN” која се одржува во градот Требиње на 5 и 6 октомври ќе се обработат преку дискусии новите трендови во туристичката индустрија, како и постигнатите туристички резултати на балканските земји за првата половина од 2023 година. На конференцијата во првиот панел „Резултатите во туризмот и кои мерки треба да бидат воведени за стимулирање на туристичкиот раст“ зема учество и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски заедно со министерот за трговија и туризам на Република Српска, г-дин Денис Шулиќ, министерката за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина, д-р спец. Насиха Поздер и државниот секретар при министерството за туризам и млади на Република Србија, г-дин Урош Кандиќ. Панелистите во своите излагања ја потенцираа успешноста на 2023 година од туристички аспект и потребата за уште поголем фокус на втората половина од годината за задржување на растот и овозможување на подобар старт во следната година. Предвидувањата според присутните се дека ќе бидеме соочени со голем број предизвици на регионално ниво предизвикани од нестабилната економска состојба во Европа. “Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, - истакна Јаневски. Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година.

The post Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот appeared first on Република.

]]>
Поранешниот заменик министер за култура Јаневски жртва на рекет и закани по живот во КПД Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-zamenik-minister-za-kultura-janevski-zhrtva-na-reket-i-zakani-po-zhivot-vo-kpd-idrizovo/ Sat, 16 Sep 2023 16:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=682457

4000 евра во рок од 24 часа да бидат доставени кај командирот дома, или ќе те убиеме заедно со жена ти и децата. Затвореникот Јанко Јаневски тврди дека секојдневно добива вакви закани во затворот во Идризово, објави тв Алфа.

Јаневски кој бил поранешен заменик министер за култара и е осуден на 9 годишна затворска казна за злоупотреба и измама, раскажува дека неговата голгота започнала пред два месеци кога од затворено одделение бил префрлен во полуотворено. Зошто бараат пари од него, која е вистинската причина – вели дека не знае.

И заканите не завршиле тука. Потоа според неговото сведочење почнале да му ѕвонат и осудените за Диво Насеље.

Ги повикува надлежните веднаш да реагираат.

Алфа се обрати до директорот на затворот „идризово“, Зоран Јовановски кој првчно рече дека не знае што се случува, но дека ќе провери. Потоа повторно го контактиравме, па ни кажа дека веднаш ги повикал затвореникот и командирот на разговор.

Оваа работа не е од сега, трае подолго време. Колку што се информирав станува збор за должничко доверителски однос меѓу нив и лично недоразбирање, вели директорот Јовановски.

Целиот прилог можете да го погледнете тука.

The post Поранешниот заменик министер за култура Јаневски жртва на рекет и закани по живот во КПД Идризово appeared first on Република.

]]>

4000 евра во рок од 24 часа да бидат доставени кај командирот дома, или ќе те убиеме заедно со жена ти и децата. Затвореникот Јанко Јаневски тврди дека секојдневно добива вакви закани во затворот во Идризово, објави тв Алфа. Јаневски кој бил поранешен заменик министер за култара и е осуден на 9 годишна затворска казна за злоупотреба и измама, раскажува дека неговата голгота започнала пред два месеци кога од затворено одделение бил префрлен во полуотворено. Зошто бараат пари од него, која е вистинската причина – вели дека не знае. И заканите не завршиле тука. Потоа според неговото сведочење почнале да му ѕвонат и осудените за Диво Насеље. Ги повикува надлежните веднаш да реагираат. Алфа се обрати до директорот на затворот „идризово“, Зоран Јовановски кој првчно рече дека не знае што се случува, но дека ќе провери. Потоа повторно го контактиравме, па ни кажа дека веднаш ги повикал затвореникот и командирот на разговор. Оваа работа не е од сега, трае подолго време. Колку што се информирав станува збор за должничко доверителски однос меѓу нив и лично недоразбирање, вели директорот Јовановски. Целиот прилог можете да го погледнете тука.

The post Поранешниот заменик министер за култура Јаневски жртва на рекет и закани по живот во КПД Идризово appeared first on Република.

]]>
Љупчо Јаневски: Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ljupcho-janevski-turoperatorite-godinava-ne-go-nudat-skopje-kako-atraktivno-mesto-za-dochek-na-novata-godina-oti-nema-nitu-programa-a-nitu-pak-soodveten-dekor/ Thu, 22 Dec 2022 13:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=588890

Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор, дециден е директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Тој е сигурен дека дури и повеќето градови во внатрешноста се подобро организирани и украсени, а тоа дава лоша слика за туристичката понуда на една метропола.

Сите градови во соседството знаеја што ќе им понудат на посетителите уште на почетокот на ноември, а тоа придонесе нивните капацитети да бидат распродадени на крајот од минатиот месец, како на пример во Ниш, Србија. Нема настани, нема манифестации кои може да ја збогат понудата, а тоа значи дека голем број македонски граѓани ќе се забавуваат надвор од земјава – вели директорот на АПТ.

 

The post Љупчо Јаневски: Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор appeared first on Република.

]]>

Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор, дециден е директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Тој е сигурен дека дури и повеќето градови во внатрешноста се подобро организирани и украсени, а тоа дава лоша слика за туристичката понуда на една метропола.
Сите градови во соседството знаеја што ќе им понудат на посетителите уште на почетокот на ноември, а тоа придонесе нивните капацитети да бидат распродадени на крајот од минатиот месец, како на пример во Ниш, Србија. Нема настани, нема манифестации кои може да ја збогат понудата, а тоа значи дека голем број македонски граѓани ќе се забавуваат надвор од земјава – вели директорот на АПТ.
 

The post Љупчо Јаневски: Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор appeared first on Република.

]]>