Јане Спасиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jane-spasik/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 06:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јане Спасиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jane-spasik/ 32 32 Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ на Фестивал во Монпелје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kratkiot-film-imina-na-jane-spasik-na-festival-vo-monpelje/ Mon, 23 Oct 2023 08:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=694040

Kраткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција. Филмот ќе биде прикажан вечерва и на 27 октомври, а по втората проекција, ќе следува и разговор со Спасиќ.

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните се појавуваат: Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов

„Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на „Арт проект лаб“, со поддршка на Агенцијата за филм, а домашната премиера на филмот беше на годинашното издание на „Синедејс“ во Скопје.

 

The post Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ на Фестивал во Монпелје appeared first on Република.

]]>

Kраткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција. Филмот ќе биде прикажан вечерва и на 27 октомври, а по втората проекција, ќе следува и разговор со Спасиќ. Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните се појавуваат: Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов „Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на „Арт проект лаб“, со поддршка на Агенцијата за филм, а домашната премиера на филмот беше на годинашното издание на „Синедејс“ во Скопје.  

The post Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ на Фестивал во Монпелје appeared first on Република.

]]>
Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-kratkometrazhniot-igran-film-imina-na-sinedejs/ Mon, 17 Jul 2023 07:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=662102

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје.

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и три деца актери Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

-Кога Марко и неговата мајка ќе пристигнат во прифатен центар за бегалци полн со деца, жени и стари луѓе, момчето запознава двајца другари, кои му објаснуваат дека е само прашање на време кога војниците ќе донесат кутија за чевли, полна со предметите на некој од нивните татковци, кои загинале во војната. Штом ќе се сместат во центарот, едно од децата му открива на Марко дека училницата во која се сместени е проколната: Смртта ќе ги посети оние чие презиме е на вратата и тие најверојатно ќе добијат кутија. Марко станува опседнат со звукот на војничкиот џип, кој ја носи кутијата од која сите се плашат и смислува план за да ја надитри смртта, се вели во најавата за содржината на филмот.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска. Дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и косценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски.

Филмот се реализираше со финансиска поддшка на Агенцијата за филм на Република Серверна Македонија, a снимањето освен од СУГС „Лазар Танев“ беше помогнато и од Круг филм, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Генералштаб – Армија на РСМ, JЗУ СБГА „Мајка Тереза” – Чаир и Црвен крст – Социјално претпријатие Копче.

 

The post Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје. Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и три деца актери Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска. -Кога Марко и неговата мајка ќе пристигнат во прифатен центар за бегалци полн со деца, жени и стари луѓе, момчето запознава двајца другари, кои му објаснуваат дека е само прашање на време кога војниците ќе донесат кутија за чевли, полна со предметите на некој од нивните татковци, кои загинале во војната. Штом ќе се сместат во центарот, едно од децата му открива на Марко дека училницата во која се сместени е проколната: Смртта ќе ги посети оние чие презиме е на вратата и тие најверојатно ќе добијат кутија. Марко станува опседнат со звукот на војничкиот џип, кој ја носи кутијата од која сите се плашат и смислува план за да ја надитри смртта, се вели во најавата за содржината на филмот. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска. Дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и косценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски. Филмот се реализираше со финансиска поддшка на Агенцијата за филм на Република Серверна Македонија, a снимањето освен од СУГС „Лазар Танев“ беше помогнато и од Круг филм, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Генералштаб – Армија на РСМ, JЗУ СБГА „Мајка Тереза” – Чаир и Црвен крст – Социјално претпријатие Копче.  

The post Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>