Јане Сандански Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jane-sandanski/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 10:19:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јане Сандански Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jane-sandanski/ 32 32 Поради дефект без вода делови од булеварот „Јане Сандански“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-defekt-bez-voda-delovi-od-bulevarot-jane-sandanski/ Tue, 19 Nov 2024 10:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=839541

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 300мм. на булевар „Јане Сандански“ 5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите 1,3,5,7. од овој булевар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:40 часот до завршување на работните активности.

The post Поради дефект без вода делови од булеварот „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 300мм. на булевар „Јане Сандански“ 5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите 1,3,5,7. од овој булевар. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:40 часот до завршување на работните активности.  

The post Поради дефект без вода делови од булеварот „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>
Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonija-mu-e-vo-srtseto-ova-e-vnukot-na-jane-sandanski/ Tue, 23 Apr 2024 15:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=769680

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е во срцето и оти не испушта прилика да прозбори за неговиот славен предок.

Собирот помина во стандардна проверка на бугарската полиција кои конфискуваа знамиња.

The post Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански appeared first on Република.

]]>

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е во срцето и оти не испушта прилика да прозбори за неговиот славен предок. Собирот помина во стандардна проверка на бугарската полиција кои конфискуваа знамиња.

The post Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански appeared first on Република.

]]>
Македонците во Бугарија ќе одбележат 109 години од убиството на Јане Сандански https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedontsite-vo-bugarija-ke-odbelezhat-109-godini-od-ubistvoto-na-jane-sandanski/ Wed, 03 Apr 2024 06:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=761498

Македонците во Бугарија на 21 април ќе одбележат 109 години од убиството на македонскиот револуционер Јане Сандански. По тој повод се повикуваат сите Македонци да дојдат на Мелник и да оддадат почит на пиринскиот цар.

Убиството на Јане Сандански било извршено во 1915 година кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир за Неврокоп.

The post Македонците во Бугарија ќе одбележат 109 години од убиството на Јане Сандански appeared first on Република.

Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-pirin-porachuvame-nie-sme-makedontsi-nash-majchin-jazik-e-makedonskiot-i-sme-neotugiv-del-od-makedonskiot-narod/ Sun, 23 Apr 2023 16:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=633302

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од лидерот Васил Стерјовски учествуваше на чествувањето за Јане Сандански.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Чест и задоволство ми е што сум повторно со вас на денешното традиционално семакедонското одбележување на 108-годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Јане Сандански, рече на почетокот од обраќањето Стерјовски.

Ви носам, додаде, најсрдечни поздрави и поддршка од Македонците во Албанија за „вашата борба за национални и човекови права".

Вам од се срце ви се поклонувам што сте вистински Македонци, што се борите за вашите човекови права во Бугарија, што организирате вакви настани за да ја негувате и сочувате македонштината и за да не ги заборавиме синовите што се бореле и гинеле за Македонија, нагласи тој.

Додаде дека Јане Сандански, со „своето револуционерно дело и саможртвата што ја даде за слободата на Македонија, зазема значајно место во колективната меморија на Македонците". Тој бил чувар на Гоцевите идеали и е најистакнатата национална фигура во Пиринскиот крај и загина како што живееше, како херој.

Според него, девизата на пиринскиот цар  „Да живееш - значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот за совршенство" останува како порака за сите нас.

Неговата револуционерна борба за ослободување на Македонија, посочи Стерјовски, и неговата вера во слободата и правдата не поттикнува да продолжиме со нашата борба за слобода и национални права во државите каде што живееме.

Од овде, од гордиот Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот јазик, ја сакаме и државата Македонија, бидејќи сме нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ. Од институциите на Република Македонија бараме да се грижат за Македонците во соседните земји како што сите држави на Балканот и Европска Унија се грижат за своите малцинства, порача Стерјовски.

Ја поздравуваме, кажа тој, неодамнешната средба меѓу македонскиот министер за правда со Стојко Стојков каде разговараа за „положбата на Македонците во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија и се надеваме дека ваквите средби со институциите на Република Македонија ќе продолжат и во иднина".

Се залагаме за потпишување меѓудржавни договори на земјите во регионот за почитување на малцинствата на реципроцитетна основа, каде малцинствата ќе се гледаат како мост на соработка помеѓу државите. Нека е вечен споменот за Јане Сандански и нека се сеќаваме на неговата револуционерна борба, како на инспирација за нашите битки, и да продолжиме да се бориме за слобода и национални права. Вечна му слава на Пиринскиот Цар, рече во обраќањето Стерјовски.

The post Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од лидерот Васил Стерјовски учествуваше на чествувањето за Јане Сандански.
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Чест и задоволство ми е што сум повторно со вас на денешното традиционално семакедонското одбележување на 108-годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Јане Сандански, рече на почетокот од обраќањето Стерјовски.
Ви носам, додаде, најсрдечни поздрави и поддршка од Македонците во Албанија за „вашата борба за национални и човекови права".
Вам од се срце ви се поклонувам што сте вистински Македонци, што се борите за вашите човекови права во Бугарија, што организирате вакви настани за да ја негувате и сочувате македонштината и за да не ги заборавиме синовите што се бореле и гинеле за Македонија, нагласи тој.
Додаде дека Јане Сандански, со „своето револуционерно дело и саможртвата што ја даде за слободата на Македонија, зазема значајно место во колективната меморија на Македонците". Тој бил чувар на Гоцевите идеали и е најистакнатата национална фигура во Пиринскиот крај и загина како што живееше, како херој. Според него, девизата на пиринскиот цар  „Да живееш - значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот за совршенство" останува како порака за сите нас. Неговата револуционерна борба за ослободување на Македонија, посочи Стерјовски, и неговата вера во слободата и правдата не поттикнува да продолжиме со нашата борба за слобода и национални права во државите каде што живееме.
Од овде, од гордиот Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот јазик, ја сакаме и државата Македонија, бидејќи сме нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ. Од институциите на Република Македонија бараме да се грижат за Македонците во соседните земји како што сите држави на Балканот и Европска Унија се грижат за своите малцинства, порача Стерјовски.
Ја поздравуваме, кажа тој, неодамнешната средба меѓу македонскиот министер за правда со Стојко Стојков каде разговараа за „положбата на Македонците во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија и се надеваме дека ваквите средби со институциите на Република Македонија ќе продолжат и во иднина".
Се залагаме за потпишување меѓудржавни договори на земјите во регионот за почитување на малцинствата на реципроцитетна основа, каде малцинствата ќе се гледаат како мост на соработка помеѓу државите. Нека е вечен споменот за Јане Сандански и нека се сеќаваме на неговата револуционерна борба, како на инспирација за нашите битки, и да продолжиме да се бориме за слобода и национални права. Вечна му слава на Пиринскиот Цар, рече во обраќањето Стерјовски.

The post Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ appeared first on Република.

]]>
Вардар и Пелистер казнети за инцидентите во „Јане Сандански“ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-i-pelister-kazneti-za-intsidentite-vo-jane-sandanski/ Mon, 10 Apr 2023 12:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=629465

Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје.

Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 денари.

Исто таква парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер.

Казните за двата македонски ракометни великана се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март. Во 16 минута, по влегувањето на гостинските навивачи во салата „Јане Сандански“ почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачи на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчаните при тоа фрлајќи кон нив тврди предмети.

По петнаесетина минути ситуацијата се смири и натпреварот продолжи.

https://republika.mk/sport/rakomet/momentite-na-ferplej-shto-minaa-nezabelezhano-komiti-i-chkembari-zaednichki-skandiraa-vo-chest-na-svoite-pochinati-drugari/

The post Вардар и Пелистер казнети за инцидентите во „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>

Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје. Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 денари. Исто таква парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер. Казните за двата македонски ракометни великана се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март. Во 16 минута, по влегувањето на гостинските навивачи во салата „Јане Сандански“ почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачи на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчаните при тоа фрлајќи кон нив тврди предмети. По петнаесетина минути ситуацијата се смири и натпреварот продолжи. https://republika.mk/sport/rakomet/momentite-na-ferplej-shto-minaa-nezabelezhano-komiti-i-chkembari-zaednichki-skandiraa-vo-chest-na-svoite-pochinati-drugari/  

The post Вардар и Пелистер казнети за инцидентите во „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>
Пред 114 години во Солун е формирана македонската Народна федеративна партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-114-godini-vo-solun-e-formirana-makedonskata-narodna-federativna-partija/ Sun, 15 Jan 2023 09:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=596999

На денешен ден во 1909 година, во Солун е формирана Народната федеративна партија, легална граѓанска политичка партија во Македонија.

Основни цели биле обласна политичка автономија на Македонија во рамките на Турција, аграрна и даночна реформа, работничко законодавство, соработка со прогресивните движења во Турција и борба против балканскиот империјализам.

Меѓу најпознатите македонски револуционери - припадници на оваа партија се Димитар Влахов, Јане Сандански, Анастас Митрев, Димо Хаџи Димов и други.

The post Пред 114 години во Солун е формирана македонската Народна федеративна партија appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1909 година, во Солун е формирана Народната федеративна партија, легална граѓанска политичка партија во Македонија. Основни цели биле обласна политичка автономија на Македонија во рамките на Турција, аграрна и даночна реформа, работничко законодавство, соработка со прогресивните движења во Турција и борба против балканскиот империјализам. Меѓу најпознатите македонски револуционери - припадници на оваа партија се Димитар Влахов, Јане Сандански, Анастас Митрев, Димо Хаџи Димов и други.

The post Пред 114 години во Солун е формирана македонската Народна федеративна партија appeared first on Република.

]]>
Полна торба со марихуана фрлил во Вардар, дилерот со мотор им бегал на полицајците по булевар „Јане Сандански“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/polna-torba-so-marihuana-frlil-vo-vardar-dilerot-so-motor-im-begal-na-policajcite-po-bulevar-jane-sandanski-vo-skopje/ Fri, 21 Oct 2022 08:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=563921

МВР информира дека вчера, во 11.35 часот, на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при скопското СВР го лишиле од слобода Ф.И.(30) од с. Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена торба со марихуана.

Лицето Ф.И. со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега. Набргу бил фатен и приведен, а торбата била пронајдена, соопштуваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Полна торба со марихуана фрлил во Вардар, дилерот со мотор им бегал на полицајците по булевар „Јане Сандански“ во Скопје appeared first on Република.

На денешен ден бил извршен неуспешен атентат врз македонскиот револуционер Јане Сандански https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-deneshen-den-bil-izvrshen-neuspeshen-atentat-vrz-makedonskiot-revolucioner-jane-sandanski/ Sat, 24 Sep 2022 17:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=553873

Во Солун на 24 септември 1908 година во кафеаната „Бошњак-ан“, платени терористи-врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден.

Сандански бил тешко ранет во пpeдeлoт нa дecнaтa плeшкa и вpaтoт, но успеал да преживее.

При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.

The post На денешен ден бил извршен неуспешен атентат врз македонскиот револуционер Јане Сандански appeared first on Република.

]]>

Во Солун на 24 септември 1908 година во кафеаната „Бошњак-ан“, платени терористи-врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден. Сандански бил тешко ранет во пpeдeлoт нa дecнaтa плeшкa и вpaтoт, но успеал да преживее. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.

The post На денешен ден бил извршен неуспешен атентат врз македонскиот револуционер Јане Сандански appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли одговорност за бугарскиот активист Канзуров, кој ги фрли венците од споменикот на Јане Сандански во контејнер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-ima-li-odgovornost-za-bugarskiot-aktivist-kanzurov-koj-gi-frli-vencite-od-spomenikot-na-jane-sandanski-vo-kontejner/ Tue, 17 May 2022 11:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=503322

Бугарскиот активист Виктор Канзуров и неговата сопруга Станислава Канзурови ги фрлија како отпадок венците поставени од ОМО Илинден Пирин на споменикот на Јане Сандански неодамна по повод годишнината од смртта на македонскиот великан која традиционално се одбележува во мелник..
Тие со неколку фотографии се пофалија дека ги отстраниле и фрлиле во отпад.

Венците на ОМО Илинден отидоа во ѓубре!“, стои во Фејсбук објавата.

Јавноста со право се прашува дали ќе има одговорност за оваа брачна двојкa.

The post Ќе има ли одговорност за бугарскиот активист Канзуров, кој ги фрли венците од споменикот на Јане Сандански во контејнер? appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот активист Виктор Канзуров и неговата сопруга Станислава Канзурови ги фрлија како отпадок венците поставени од ОМО Илинден Пирин на споменикот на Јане Сандански неодамна по повод годишнината од смртта на македонскиот великан која традиционално се одбележува во мелник.. Тие со неколку фотографии се пофалија дека ги отстраниле и фрлиле во отпад.
Венците на ОМО Илинден отидоа во ѓубре!“, стои во Фејсбук објавата.
Јавноста со право се прашува дали ќе има одговорност за оваа брачна двојкa.

The post Ќе има ли одговорност за бугарскиот активист Канзуров, кој ги фрли венците од споменикот на Јане Сандански во контејнер? appeared first on Република.

]]>
Апасиев и Мојсоска меѓу Македонците во Бугарија, се поклонија на гробот на Јане Сандански https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-i-mojsoska-megju-makedoncite-vo-bugarija-se-poklonija-na-grobot-na-jane-sandanski/ Sun, 17 Apr 2022 14:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=489576

Денес, највисока партиска делегација составена од претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански - предводникот на левото крило на Организацијата, соопштија од Левица, додавајќи дека делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа - во Роженскиот манастир - положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци.

Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти.
Санданизмот, во неговите чисти идеолошки позиции, претпоставува дека македонскиот народ може да ја достигне слободата само со сопствени сили - без да се потпира на туѓа помош!
Денес, кога квинслишката власт на СДС и ДУИ во Македонија го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ, порачаа од Левица.

The post Апасиев и Мојсоска меѓу Македонците во Бугарија, се поклонија на гробот на Јане Сандански appeared first on Република.

]]>

Денес, највисока партиска делегација составена од претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански - предводникот на левото крило на Организацијата, соопштија од Левица, додавајќи дека делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа - во Роженскиот манастир - положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци.
Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти. Санданизмот, во неговите чисти идеолошки позиции, претпоставува дека македонскиот народ може да ја достигне слободата само со сопствени сили - без да се потпира на туѓа помош! Денес, кога квинслишката власт на СДС и ДУИ во Македонија го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ, порачаа од Левица.

The post Апасиев и Мојсоска меѓу Македонците во Бугарија, се поклонија на гробот на Јане Сандански appeared first on Република.

]]>
„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна“ – вечерва објавена „Кога падна на Пирина“ на „Некст тајм“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/veruvame-deka-makedonskiot-duh-kje-zivee-vechno-preku-ovaa-pesna-vecherva-objavena-koga-padna-na-pirina-na-nekst-tajm/ Wed, 13 Apr 2022 20:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=488103

Видеоспотот за новата преработка на „Некст тајм“ вечерва беше промовиран во Кино „Милениум“ во Скопје. Станува збор за „Кога панда на Пирина“, песна посветена за смртта на Јане Сандански.

Аранжманот на песната го изработи музичарот Николче Мицевски.

https://youtu.be/aerfd9vSEcg

Со гордост ви го претставуваме нашиот најнов видео запис !!!
Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна.
Веруваме дека ќе ве направиме горди!!!, порачаа браќата Мартин и Стефан.

The post „Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна“ – вечерва објавена „Кога падна на Пирина“ на „Некст тајм“ appeared first on Република.

]]>

Видеоспотот за новата преработка на „Некст тајм“ вечерва беше промовиран во Кино „Милениум“ во Скопје. Станува збор за „Кога панда на Пирина“, песна посветена за смртта на Јане Сандански. Аранжманот на песната го изработи музичарот Николче Мицевски. https://youtu.be/aerfd9vSEcg
Со гордост ви го претставуваме нашиот најнов видео запис !!! Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди!!!, порачаа браќата Мартин и Стефан.

The post „Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна“ – вечерва објавена „Кога падна на Пирина“ на „Некст тајм“ appeared first on Република.

]]>
„Некст Тајм“ со спектакуларна промоција на преработка на славната песна за Јане Сандански – Царот Пирински https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nekst-tajm-so-spektakularna-promocija-na-prerabotka-na-slavnata-pesna-za-jane-sandanski-carot-pirinski/ Fri, 08 Apr 2022 17:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=485487

Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“, го закажаа моментот за свечената промоција на нивната најнова песна посветена на Јане Сандански - Царот Пиринси.

Песната е преработка на познта народна нумера „Кога падна на Пирина“, а својата промоција ќе има во киното Милениум во Скопје на 13 април.

Со Гордост ви го најавуваме нашиот најнов видео запис за песната

„КОГА ПАДНА НА ПИРИНА“

13 Април, 20:00 часот

КИНО МИЛЕНИУМ СКОПЈЕ

НАЈДОБРОТО ЗА КРАЈ!!! - најавуваат од „Некст Тајм“.

The post „Некст Тајм“ со спектакуларна промоција на преработка на славната песна за Јане Сандански – Царот Пирински appeared first on Република.

]]>

Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“, го закажаа моментот за свечената промоција на нивната најнова песна посветена на Јане Сандански - Царот Пиринси. Песната е преработка на познта народна нумера „Кога падна на Пирина“, а својата промоција ќе има во киното Милениум во Скопје на 13 април.
Со Гордост ви го најавуваме нашиот најнов видео запис за песната   „КОГА ПАДНА НА ПИРИНА“   13 Април, 20:00 часот   КИНО МИЛЕНИУМ СКОПЈЕ   НАЈДОБРОТО ЗА КРАЈ!!! - најавуваат од „Некст Тајм“.

The post „Некст Тајм“ со спектакуларна промоција на преработка на славната песна за Јане Сандански – Царот Пирински appeared first on Република.

]]>