Јане Коџобашија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jane-kodzobashija/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jan 2022 11:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јане Коџобашија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jane-kodzobashija/ 32 32 Проф. д-р Јане Коџабашија избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prof-d-r-jane-kodzabashija-izbran-za-chlen-na-dukljanskata-akademija-na-naukite-i-umetnostite/ Sat, 15 Jan 2022 11:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=444924

На седницата одржана на 24 декември 2021 година, македонскиот композитор и истакнат научен деец, долгогодишен член на Сојузот на композиторите на Македонија, а во моментов Претседател на Собранието на СОКОМ, проф. д-р Јане Коџабашија е избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите во Црна Гора.

Неодамнешниот избор за академик на проф.д-р Јане Коџабашија, во оваа институција е признание и  резултат на неговата повеќедецениска дејност, со која дава значаен придонес во развојот на македонската музичка култура и на нашата научна мисла.

Проф. д-р Коџабашија во текот на своето дејствување остварува значајни резултати во некои од базичните текови во развојот на македонската музичка култура – во музичката продуктива, во текот на работниот век во Македонската радио – телевизија, како одговорен уредник на Музичката и касетна продукција, директор на Македонија концерт, музичката публицистика и обемните научни истражувања во областа на музичкото културно наследство, за значаен број црковно – музички дејци,  ракописни и печатени црковно – музички зборници и откривање на досега недостапни музички ракописи од областа на црковното пеење од византиската традиција кај нас.

Овие истражувања во неговата дејност започнати во текот на 80-те години на минатиот век па се’ до денешни дни претставуваат значаен придонес и остварена богата активност во областа на теоријата и практиката на црковното пеење од византиската традиција.

Издадените седумнаесет теоретски и монографски изданија и зборници на црковно пеење настанати на територијата на Македонија во 19-от и почетокот на 20-от век, се монографски изданија на оригинални ракописи од македонски музички дејци, со воведен текст и транскрипција од невматска на европска нотација, како и педагошка  литература, прва од ваков вид на македонски јазик за изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење.

Неговите трудови се изобилно цитирани од истражувачите на културното музичко наследство во земјава и во странство и се употребуваат како педагошка литература за изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење и во образовни институции надвор од нашата земја.

Издавањето на овие дела на проф Јане Коџабашија и нивното представување пред културната и научната јавност резултираа со забрзан развој, возобновување и со се’ поширока примена на црковното пеење од византиската традиција во Македонија.

Пред нашата и странската културна јавност во рамките на Европската година на културното наследство во текот на 2018 година проф. д-р Јане Коџабашија го претстави значајното издание „Антологија  на македонското црковно пеење“, овозможено од Делегацијата на Европската унија на Р. Македонија.

The post Проф. д-р Јане Коџабашија избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите appeared first on Република.

]]>

На седницата одржана на 24 декември 2021 година, македонскиот композитор и истакнат научен деец, долгогодишен член на Сојузот на композиторите на Македонија, а во моментов Претседател на Собранието на СОКОМ, проф. д-р Јане Коџабашија е избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите во Црна Гора. Неодамнешниот избор за академик на проф.д-р Јане Коџабашија, во оваа институција е признание и  резултат на неговата повеќедецениска дејност, со која дава значаен придонес во развојот на македонската музичка култура и на нашата научна мисла. Проф. д-р Коџабашија во текот на своето дејствување остварува значајни резултати во некои од базичните текови во развојот на македонската музичка култура – во музичката продуктива, во текот на работниот век во Македонската радио – телевизија, како одговорен уредник на Музичката и касетна продукција, директор на Македонија концерт, музичката публицистика и обемните научни истражувања во областа на музичкото културно наследство, за значаен број црковно – музички дејци,  ракописни и печатени црковно – музички зборници и откривање на досега недостапни музички ракописи од областа на црковното пеење од византиската традиција кај нас. Овие истражувања во неговата дејност започнати во текот на 80-те години на минатиот век па се’ до денешни дни претставуваат значаен придонес и остварена богата активност во областа на теоријата и практиката на црковното пеење од византиската традиција. Издадените седумнаесет теоретски и монографски изданија и зборници на црковно пеење настанати на територијата на Македонија во 19-от и почетокот на 20-от век, се монографски изданија на оригинални ракописи од македонски музички дејци, со воведен текст и транскрипција од невматска на европска нотација, како и педагошка  литература, прва од ваков вид на македонски јазик за изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење. Неговите трудови се изобилно цитирани од истражувачите на културното музичко наследство во земјава и во странство и се употребуваат како педагошка литература за изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење и во образовни институции надвор од нашата земја. Издавањето на овие дела на проф Јане Коџабашија и нивното представување пред културната и научната јавност резултираа со забрзан развој, возобновување и со се’ поширока примена на црковното пеење од византиската традиција во Македонија. Пред нашата и странската културна јавност во рамките на Европската година на културното наследство во текот на 2018 година проф. д-р Јане Коџабашија го претстави значајното издание „Антологија  на македонското црковно пеење“, овозможено од Делегацијата на Европската унија на Р. Македонија.

The post Проф. д-р Јане Коџабашија избран за член на Дукљанската академија на науките и уметностите appeared first on Република.

]]>