Јана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jana/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 07:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jana/ 32 32 И направија шест месеци на Јана, па се иселија од државава: Родителите на починатото девојче изгубија верба во институциите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/i-napravija-shest-mesetsi-na-jana-pa-se-iselija-od-drzhavava-roditelite-na-pochinatoto-devojche-izgubija-verba-vo-institutsiite/ Mon, 06 Nov 2023 17:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=698921

Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола, која почина во битолската болница по примањето инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски, за „Макфакс“ вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции.

Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако, не дај боже, затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции што имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката, која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите покажаа дека сите се поврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија - вели Игор Петковски, кумот на Јана, за „Макфакс“.

Јана почина на 22 март годинава во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, а нејзините родители се убедени дека причина за смртта е лекарска грешка оти ѝ била дадена инфузија со гликоза, која ѝ го качила шеќерот во крвта на 19 единици, а претходно никогаш немала такви проблеми. Ја однесоа на лекар поради симптоми на настинка.

Институциите со недели, а некои и со месеци, анализираа и заклучија дека Јана починала од срцев удар како последица на бронхопневмонија предизвикана од вирус. Неодговорени останаа прашањата на родителите зошто има запишано различно време на смртта на Јана, зошто воопшто ѝ дале инфузија со гликоза кога резултатите покажале покачен шеќер, зошто сакале и второ шише да ѝ дадат, зошто не е кажано името на вирусот кој наводно го имала Јана, зошто докторката, сопруга на судија од Основниот суд Битола, им се скрила и ред други прашања.

Правда за Јана се бараше и на неколку протести во земјата, но Обвинителството го затвори случајот и не поднесе обвинение за лекарска грешка.

The post И направија шест месеци на Јана, па се иселија од државава: Родителите на починатото девојче изгубија верба во институциите appeared first on Република.

]]>

Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола, која почина во битолската болница по примањето инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски, за „Макфакс“ вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции.
Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако, не дај боже, затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции што имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката, која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите покажаа дека сите се поврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија - вели Игор Петковски, кумот на Јана, за „Макфакс“.
Јана почина на 22 март годинава во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, а нејзините родители се убедени дека причина за смртта е лекарска грешка оти ѝ била дадена инфузија со гликоза, која ѝ го качила шеќерот во крвта на 19 единици, а претходно никогаш немала такви проблеми. Ја однесоа на лекар поради симптоми на настинка. Институциите со недели, а некои и со месеци, анализираа и заклучија дека Јана починала од срцев удар како последица на бронхопневмонија предизвикана од вирус. Неодговорени останаа прашањата на родителите зошто има запишано различно време на смртта на Јана, зошто воопшто ѝ дале инфузија со гликоза кога резултатите покажале покачен шеќер, зошто сакале и второ шише да ѝ дадат, зошто не е кажано името на вирусот кој наводно го имала Јана, зошто докторката, сопруга на судија од Основниот суд Битола, им се скрила и ред други прашања. Правда за Јана се бараше и на неколку протести во земјата, но Обвинителството го затвори случајот и не поднесе обвинение за лекарска грешка.  

The post И направија шест месеци на Јана, па се иселија од државава: Родителите на починатото девојче изгубија верба во институциите appeared first on Република.

]]>
Родителите на Јана: Ќе се селиме, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/roditelite-na-jana-ke-se-selime-tuka-nema-pravda-dinastii-od-lekari-sudii-i-obviniteli-ni-ja-vodat-drzhavata/ Sat, 24 Jun 2023 16:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=654768

Родителите на малата Јана Христовска, која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија, велат дека ќе се селат од државата.

- Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на Јана.

[caption id="attachment_625413" align="alignnone" width="640"] (фото: фејсбук-група Правда за Јана)[/caption]

Завчера пред Основното јавно обвинителство во Битола се одржа протест „Правда за Јана“, на кој беше изразен револтот на одлуката на Обвинителството.

- Сите велат дека е срамно ова што излезе сега со судска медицина. Ова е срам за државата. Очекувавме да го отфрлат предмето, но не толку брзо бидеќи ние како оштетени имаме право на некои барања и други докази, велат тие.

Извор: Skopjeinfo.mk

The post Родителите на Јана: Ќе се селиме, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата appeared first on Република.

]]>

Родителите на малата Јана Христовска, која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија, велат дека ќе се селат од државата.
- Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на Јана.
[caption id="attachment_625413" align="alignnone" width="640"] (фото: фејсбук-група Правда за Јана)[/caption]
 
Завчера пред Основното јавно обвинителство во Битола се одржа протест „Правда за Јана“, на кој беше изразен револтот на одлуката на Обвинителството. - Сите велат дека е срамно ова што излезе сега со судска медицина. Ова е срам за државата. Очекувавме да го отфрлат предмето, но не толку брзо бидеќи ние како оштетени имаме право на некои барања и други докази, велат тие. Извор: Skopjeinfo.mk

The post Родителите на Јана: Ќе се селиме, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата appeared first on Република.

]]>
Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srtsev-udar-ama-ne-od-infuzijata-obduktsiskiot-naod-iskluchi-lekarska-greshka-za-smrtta-na-malata-jana/ Tue, 20 Jun 2023 19:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=653497

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето.

Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.

Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.

Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

The post Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана appeared first on Република.

]]>

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето. Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.
Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.
Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

The post Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана appeared first on Република.

]]>
Петличковски за малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-za-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/ Fri, 07 Apr 2023 20:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=628510

Со оглед на фактот дека малата Јана најверојатно починала од миокардит, а вирусите се честа причина за миокардит, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција. Лекарите во битолската болница со консултирале и со клиниката во Скопје и биле на добар пат за поставување на дијагнозата, но за жал вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случува смртта. Не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, при гостување на Сител.

Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се аденовирусите, парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот.

Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски.

На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, Петличковски одговори дека отоците на очните капаци веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул.

Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски.

Исто така, Петличковски информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток.

Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешкорешлив, изјави Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.

The post Петличковски за малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција appeared first on Република.

Јана прележала ковид-19, а вирус ги воспалил срцевите мускули, немало грешки во лекувањето, велат од Комисијата за стручен надзор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jana-prelezhala-kovid-19-a-virus-gi-vospalil-srtsevite-muskuli-nemalo-greshki-vo-lekuvaneto-velat-od-komisijata-za-struchen-nadzor/ Mon, 03 Apr 2023 13:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=626750

Преземени се соодветни чекори во лекувањето на шестгодишната Јана која почина во болницата во Битола, велат од Комисијата за стручен надзор, соопшти Министерството за здравство.

Во извештајот на Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, се вели дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.

Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката, се вели во извештајот на Комисијата, објави МЗ.

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.

На 23 март шестгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/

The post Јана прележала ковид-19, а вирус ги воспалил срцевите мускули, немало грешки во лекувањето, велат од Комисијата за стручен надзор appeared first on Република.

]]>

Преземени се соодветни чекори во лекувањето на шестгодишната Јана која почина во болницата во Битола, велат од Комисијата за стручен надзор, соопшти Министерството за здравство. Во извештајот на Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, се вели дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.
Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката, се вели во извештајот на Комисијата, објави МЗ.
Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство. На 23 март шестгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/  

The post Јана прележала ковид-19, а вирус ги воспалил срцевите мускули, немало грешки во лекувањето, велат од Комисијата за стручен надзор appeared first on Република.

]]>
Родителите на Јана во агонија: Девојчето по половина од инфузијата почна да се тресе од болки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-jana-vo-agonija-devojcheto-po-polovina-od-infuzijata-pochna-da-se-trese-od-bolki/ Tue, 28 Mar 2023 18:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=624803

Потресна исповед на родителите на шестгодишната Јана, која почина во Битолската болница, од примање на инфузија, дадена за телевизијата Сител.

Официјална причина за смртта се уште нема, бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.

Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана - рече мајката во својата телевизиска исповед.

The post Родителите на Јана во агонија: Девојчето по половина од инфузијата почна да се тресе од болки appeared first on Република.

]]>

Потресна исповед на родителите на шестгодишната Јана, која почина во Битолската болница, од примање на инфузија, дадена за телевизијата Сител. Официјална причина за смртта се уште нема, бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.
Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана - рече мајката во својата телевизиска исповед.

The post Родителите на Јана во агонија: Девојчето по половина од инфузијата почна да се тресе од болки appeared first on Република.

]]>
Обвинителството издало наредба за утврдување на причините за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-izdalo-naredba-za-utvrduvane-na-prichinite-za-smrtta-na-shestgodishnata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa/ Fri, 24 Mar 2023 10:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=623162

Основното јавно обвинителство Битола издало наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки и дека се уште не е утврдена причината за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница.

Вчера девојче на шестгодишна возраст, кое живее во битолското село Кравари, почина за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница - Битола. Како што информираа од Болницата, направена е обдукција на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет дена.

Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rezultatite-od-obduktsijata-na-shestgodishnata-jana-se-ochekuvaat-za-desetina-dena/

Ковачевски рече дека е разговорано и со министерот за здравство, а отпочнат и вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола.

Директорот на битолската болница веќе е на пат за Скопје каде што ќе има состанок и со министерот и со заменик министерот за здравство, а дополнително информирано е и Јавното обвинителство во однос на овој случај, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.

Министерот за здравство Фатимр Меџити посочи дека постапиле веднаш уште вчера кога ги добиле првите информации за случката во Битола.

Го чекаме исходот од надлежните служби, од ДЗСИ и инспекторите и веднаш уште во текот на денот ќе бидете известени. Се уште не сме стапиле во контакт со семејството на девојчето. Прво чекаме да видиме што е грешката, истакна Меџити.

The post Обвинителството издало наредба за утврдување на причините за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола издало наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки и дека се уште не е утврдена причината за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница. Вчера девојче на шестгодишна возраст, кое живее во битолското село Кравари, почина за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница - Битола. Како што информираа од Болницата, направена е обдукција на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет дена.
Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rezultatite-od-obduktsijata-na-shestgodishnata-jana-se-ochekuvaat-za-desetina-dena/ Ковачевски рече дека е разговорано и со министерот за здравство, а отпочнат и вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола.