Јана Мишо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jana-misho/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 12:45:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јана Мишо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jana-misho/ 32 32 Јана Мишо: Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jana-misho-otsekogash-znaev-deka-ke-napisham-gotski-roman-kako-shto-se-sluchi-so-isidora/ Fri, 01 Nov 2024 12:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=833101

По романтичната фаза и популарните книги „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и тин-серијалот „Јас сум Миа“, авторката Јана Мишо го напиша својот прв психолошки готски роман „Што се случи со Исидора?“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

- Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“. Тој вкус и естетика го имам изградено уште од многу мала, така што може да се каже дека конечно си дојдов на свое, си „влегов“ во жанрот... Инспирацијата за романот датира (веројатно потсвесно) од раните 90-ти години, кога бев мала. Всушност, неодамна ми текна на една вечер, кога со мајка ми на телевизија го начекавме познатиот психолошки трилер „Што се случи со Бејби Џејн?“. Ги изгледавме оригиналот и римејкот. Бев фасцинирана од приказната. Мајка ми потоа ме праша дали разбирам каква умешност е потребна да се креира ваков мрак, ваква тензија и хорор, а притоа никој да не излезе од еден затворен простор. Целото дејство се случува само во една куќа. Мислам дека тоа ми се заклучи во глава и ми се врежа како предизвик....и дури пред неколку дена ми текна на тој момент и решив да споделам со вас. Сметам дека ова е иницијалната каписла - како од многу малку да направиш многу, како од едноставни елементи да се раскаже цела приказна – рече авторката Мишо на настанот, кој беше во мрачен и готски стил, како сцена од романот.

Како и во филмот кој бил иницијална инспирација „Што се случи со Бејби Џејн?“, така и во приказната на книгата „Што се случи со Исидора?“ едни од главните ликови се две сестри... Романот почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење...

Ликот на мајката Ноемија за авторката Мишо бил најинтересен за истражување и пишување.

Уште од почетокот знаев дека целата приказна и дејство ќе се движат околу мајката Ноемија. Иако таа не е присутна, сепак е многу застапена со нејзиното влијание врз животот на нејзините ќерки. Исидора е главниот лик, но сè потекнува од мајка ѝ. Без разлика што е почината, ја има преку сеќавање, преку нејзиниот дневник... Многу ми беше важно да ги претставам нејзините размислувања, декаденција... дури би напишала и расказ за да ја доистражам и претставам како лик... Инаку, при пишување на романот правев и други истражувања. Бидејќи станува збор за психолошки трилер, се консултирав и со психолог, за да бидам сигурна дека случувањата се реални, дека описите и состојбите се можни. Целта ми беше да напишам приказна која до самиот крај ќе биде неизвесна, да оставам траги, но да не откријам пред време што ќе се случи. Сакав да направам тензична атмосфера и да не откривам детали. Во голем дел од пишувањето на приказната и јас не бев сигурна што ќе се случи на крајот. До некаде дознавав за романот и Исидора заедно со читателот - рече Мишо.

Промоторката на книгата, уредничката Татјана Димовска-Атанасова истакна дека „во романот паралелно со креирањето морничава атмосфера, Мишо ткае пајажина на комплексни семејни односи, тајни, мистерии во која Исидора сè подлабоко се вплеткува до степен да не разликува што е реално, а што не“.

Во тој расчекор, со последните атоми на здравиот разум се обидува да сфати дали Ноемија е немајка каква што ниту едно дете не заслужува или, пак, мајка каква што секој би посакал да има. Но, што е најстрашно во приказната за две сестри вовлечени во лавиринтите на темнината и стравот, заробени во готска опатија во која духот од нивната мајка е поприсутен од кога било? „Лудата памет“, мудро заклучува Мишо, затоа што никој на овој свет не може да избега од лудата памет. Одговорот на прашањето што се случи со Исидора - ќе мора да го најдете сами и ве предупредувам, нема да ви оди лесно, ниту, пак, ќе успеете да го насетите, што е одлика на најдобрите пишувачи на жанрот трилер – истакна Димовска-Атанасова.

The post Јана Мишо: Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“ appeared first on Република.

]]>

Јана Мишо вечерва го промовира готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/jana-misho-vecherva-go-promovira-gotskiot-triler-shto-se-sluchi-so-isidora/ Thu, 31 Oct 2024 09:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=832641

Во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вечер ќе биде промовиран новиот роман „Што се случи со Исидора?“ на авторката Јана Мишо. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Како што информираат од „Арс Ламина – публикации“, приказната во „Што се случи со Исидора?“ почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера.

Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење, се посочува во најавата за романот на Мишо.

Јана Мишо е писателка, блогерка, колумнистка и уредничка на женската рубрика „Off Café“ на „Офнет“ и необична урбана девојка вљубена во Скопје и во Париз. „Што се случи со Исидора?“ е прв готски трилер на Мишо, по популарните романи - „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, како и на тин-серијалот „Јас сум Миа“.

The post Јана Мишо вечерва го промовира готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ appeared first on Република.

Промоција на готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-gotskiot-triler-shto-se-sluchi-so-isidora-od-jana-misho/ Mon, 28 Oct 2024 10:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=831596

Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Приказната во „Што се случи со Исидора?“ почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење.

Јана Мишо е писателка, блогерка, колумнистка и уредничка на женската рубрика „Off Café“ на „Офнет“ и необична урбана девојка вљубена во Скопје и во Париз. „Што се случи со Исидора?“ е прв готски трилер на Мишо, по популарните романи - „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, како и на тин-серијалот „Јас сум Миа“.

The post Промоција на готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо appeared first on Република.

]]>

Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Приказната во „Што се случи со Исидора?“ почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење. Јана Мишо е писателка, блогерка, колумнистка и уредничка на женската рубрика „Off Café“ на „Офнет“ и необична урбана девојка вљубена во Скопје и во Париз. „Што се случи со Исидора?“ е прв готски трилер на Мишо, по популарните романи - „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, како и на тин-серијалот „Јас сум Миа“.    