Јана Манева-Чупоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jana-maneva-chuposka/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 13:34:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јана Манева-Чупоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jana-maneva-chuposka/ 32 32 Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-jana-maneva-chuposka-vo-istanbul/ Tue, 26 Nov 2024 13:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=841945

Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето е утре, на 27 ноември (среда) во 19 часот.

Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.

Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес.

The post Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето е утре, на 27 ноември (среда) во 19 часот. Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност. Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил. Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес.  

The post Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Изложба на Јана Манева-Чупоска во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-jana-maneva-chuposka-vo-pariz/ Fri, 20 Oct 2023 07:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=693092

Во македонската амбасада во Париз денеска ќе биде отворена изложбата „Паришки нацртан филм“ на современата македонска сликарка Јана Манева-Чупоска.

Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска трака. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори вршителот на должност Рафет Хајдари и француската уметничка Роземан Робино (Roseman Robinot), која е исто така моментален резидент во меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts) .

Изложбата е дел од програмата проекти од национален интерес за 2023 година при Министерство за култура.

Втората изложба на Манева - Чупоска ќе биде отворена на 25 октомври во македонското ателје во рамки на Меѓународната резиденција во Париз. (Cite internationale des arts Paris).

The post Изложба на Јана Манева-Чупоска во Париз appeared first on Република.

]]>

Во македонската амбасада во Париз денеска ќе биде отворена изложбата „Паришки нацртан филм“ на современата македонска сликарка Јана Манева-Чупоска. Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска трака. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts). Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори вршителот на должност Рафет Хајдари и француската уметничка Роземан Робино (Roseman Robinot), која е исто така моментален резидент во меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts) . Изложбата е дел од програмата проекти од национален интерес за 2023 година при Министерство за култура. Втората изложба на Манева - Чупоска ќе биде отворена на 25 октомври во македонското ателје во рамки на Меѓународната резиденција во Париз. (Cite internationale des arts Paris).  

The post Изложба на Јана Манева-Чупоска во Париз appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата на Јана Манева – Чупоска за особеностите на македонската носија присутни во современиот моден дизајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-na-jana-maneva-chuposka-za-osobenostite-na-makedonskata-nosija-prisutni-vo-sovremeniot-moden-dizajn/ Tue, 09 May 2023 07:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=638607

Книгата на Јана Манева – Чупоска посветена на естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посбен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн, денеска напладне ќе биде промовирана на Саемот за книга во Скопје.

Станува збор за докторски научен труд, финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2023 година.

Промотори на книгата ќе бидат Проф.д-р Зоранчо Малинов од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Снежана Богдановска – Сани новинар.

Делото е во издание на АД ВЕРБУМ.

The post Промоција на книгата на Јана Манева – Чупоска за особеностите на македонската носија присутни во современиот моден дизајн appeared first on Република.

]]>

Книгата на Јана Манева – Чупоска посветена на естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посбен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн, денеска напладне ќе биде промовирана на Саемот за книга во Скопје. Станува збор за докторски научен труд, финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2023 година. Промотори на книгата ќе бидат Проф.д-р Зоранчо Малинов од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Снежана Богдановска – Сани новинар. Делото е во издание на АД ВЕРБУМ.

The post Промоција на книгата на Јана Манева – Чупоска за особеностите на македонската носија присутни во современиот моден дизајн appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата на Јана Манева Чупоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-na-jana-maneva-chuposka/ Mon, 08 May 2023 07:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=638186

Утре, на 9 мај, во 12 часот на Саемот на книга кој е во тек ќе биде промовирана книгата на уметницата Јана Манева Чупоска „Естетските и структуралните осоености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“ во издание на АД ВЕРБУМ.

Книгата е докторски научен труд кој го одбранив уште пред шест години. Објавен е со финасиска поддршка на Министерство за култура како проект од национален интерес за 2023 година, вели Манева Чупоска.

Промотори на книгата се проф.д-р Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Снежана Богдановска - Сани моден новинар и моден критичар.

The post Промоција на книгата на Јана Манева Чупоска appeared first on Република.

]]>

Утре, на 9 мај, во 12 часот на Саемот на книга кој е во тек ќе биде промовирана книгата на уметницата Јана Манева Чупоска „Естетските и структуралните осоености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“ во издание на АД ВЕРБУМ. Книгата е докторски научен труд кој го одбранив уште пред шест години. Објавен е со финасиска поддршка на Министерство за култура како проект од национален интерес за 2023 година, вели Манева Чупоска. Промотори на книгата се проф.д-р Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Снежана Богдановска - Сани моден новинар и моден критичар.  

The post Промоција на книгата на Јана Манева Чупоска appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на Јана Манева – Чупоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozba-na-jana-maneva-chuposka/ Tue, 01 Nov 2022 07:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=568098

В четврток, на 3 ноември во мултимедијалниот центар „Мала станица“ - Национална галерија на Македонија во 19,30 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба (С)ликовна исповед“ на уметницата Јана Манева - Чупоска.

Речиси е невозможно со неколку реченици да се претстави комплексното и повеќеслојно творештво на Јана Манева-Чупоска. Како мултимедијален уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс... Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините се покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации, вели Маја Чанкуловска, историчарка на уметност.

Според Чанкуловска, идејно, а како потврда на споменатата синергија, остварувањата на Јана Манева-Чупoска често се потврдуваат преку играта на фигурација, апстракција, симболика. Концепциски земено, таа се занимава со проблематика која започнува од личните интимни приказни, женски приказни, традиција, секојдневие итн., при што своето поле на нарација го проширува со ангажиран пристап и суптилна критика во однос на различни состојби во општеството. Во нарациска и директна смисла, особено впечатлив е говорот во прво лице изразен преку мноштвото портрети во кои главен протагонист е самата авторка, со што се потенцира потребата за директен говор со гледачот.

Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето на различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот кои во нејзиниот примет континуирано се преплетуваат, додава Чанкуловска.

The post Ретроспективна изложба на Јана Манева – Чупоска appeared first on Република.

Сликарката Јана Манева-Чупоска е избрана за нова претседателка на ДЛУМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slikarkata-jana-maneva-chuposka-e-izbrana-za-nova-pretsedatelka-na-dlum/ Sun, 05 Jun 2022 13:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=511431

Сликарката Јана Манева-Чупоска е новата претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Таа беше избрана на вонредното годишно собрание кое се одржа во саботата. Манева - Чуповска доаѓа на местото на Филип Фидановски. Таа ќе раководи со ДЛУМ следниве четири години.

Манева-Чупоска е редовен професор на високообразовната институција – Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје.

Во нејзината биографија, меѓу другото, пишува: Mанева- Чупоска (1996 год.) дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применета уметност во Прага. Во 2006 год., станала магистер по уметност. Во 2009 год., запишала докторски студии и станала доктор од областа на етнологијата и дизајнот.

Член е на ДЛУМ од 1997 год. и е активна во учеството на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и на меѓународната ликовна сцена. Авторка е на книги од областа на ликовната уметност и на дизајнот. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајнот. Кураторка е на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен професор е на високообразовната институција – Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје. Менторка е на студенти за одбрана на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајнот со сопствени излагања во Скопје, Белград, Диселдорф, Париз, Прага, Загреб и др.

The post Сликарката Јана Манева-Чупоска е избрана за нова претседателка на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>

Сликарката Јана Манева-Чупоска е новата претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Таа беше избрана на вонредното годишно собрание кое се одржа во саботата. Манева - Чуповска доаѓа на местото на Филип Фидановски. Таа ќе раководи со ДЛУМ следниве четири години. Манева-Чупоска е редовен професор на високообразовната институција – Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје. Во нејзината биографија, меѓу другото, пишува: Mанева- Чупоска (1996 год.) дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применета уметност во Прага. Во 2006 год., станала магистер по уметност. Во 2009 год., запишала докторски студии и станала доктор од областа на етнологијата и дизајнот. Член е на ДЛУМ од 1997 год. и е активна во учеството на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и на меѓународната ликовна сцена. Авторка е на книги од областа на ликовната уметност и на дизајнот. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајнот. Кураторка е на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен професор е на високообразовната институција – Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје. Менторка е на студенти за одбрана на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајнот со сопствени излагања во Скопје, Белград, Диселдорф, Париз, Прага, Загреб и др.    

The post Сликарката Јана Манева-Чупоска е избрана за нова претседателка на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>