Јан Борг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jan-borg/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 15:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јан Борг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jan-borg/ 32 32 Борг: Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borg-mora-da-se-fokusirame-na-stavane-kraj-na-vojnite-i-konfliktite/ Fri, 01 Dec 2023 15:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=718407

Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите, руската агресија врз Украина мора да запре, порача новиот претседавач со ОБСЕ, Јан Борг, министер за надворешни работи на Малта.

На завршната прес-конференција од 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, Борг истакна дека анонимниот глас од сите 57 земји кои му ја укажаа довербата за нов претседавач, е доказ, како што рече, на заедничката заложба да се продолжи со  зајакнување на организацијата и да се осигура дека покрај сите предизвици со кои се соочува, организацијата ќе продолжи да работи.

Како што го почнуваме нашето заедничко патување, ќе се посветиме на исполнување на нашите должности и одговорности во времето што претстои, рече тој.

Борг очекува да работи, како што рече, рака под рака заедно со сите партнери и кажа дека ќе се обврзе да работи кон поттикнување на зајакнување на мултилатеризмот.

На завршната прес-конференција се обратија и досегашниот претседавач, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.

Македонија беше домаќин на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваа околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

The post Борг: Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите appeared first on Република.

]]>

Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите, руската агресија врз Украина мора да запре, порача новиот претседавач со ОБСЕ, Јан Борг, министер за надворешни работи на Малта.
На завршната прес-конференција од 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, Борг истакна дека анонимниот глас од сите 57 земји кои му ја укажаа довербата за нов претседавач, е доказ, како што рече, на заедничката заложба да се продолжи со  зајакнување на организацијата и да се осигура дека покрај сите предизвици со кои се соочува, организацијата ќе продолжи да работи.
Како што го почнуваме нашето заедничко патување, ќе се посветиме на исполнување на нашите должности и одговорности во времето што претстои, рече тој.
Борг очекува да работи, како што рече, рака под рака заедно со сите партнери и кажа дека ќе се обврзе да работи кон поттикнување на зајакнување на мултилатеризмот. На завршната прес-конференција се обратија и досегашниот претседавач, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид. Македонија беше домаќин на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваа околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

The post Борг: Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите appeared first on Република.

]]>