Јаков Милатовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jakov-milatovik/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 17:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јаков Милатовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jakov-milatovik/ 32 32 Сиљановска Давкова – Милатoвиќ: Двете земји имаат исклучително добри односи, да се интензивира економската соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-milatovik-dvete-zemji-imaat-iskluchitelno-dobri-odnosi-da-se-intenzivira-ekonomskata-sorabotka/ Thu, 28 Nov 2024 17:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=842890

Македонија и Црна Гора имаат исклучително добри односи и немаат отворени прашања. Политичкиот дијалог меѓу двете држави е на највисоко ниво и сведочи за обостраната посветеност за понатамошно јакнење на соработката, особено на економски план, констатираа претседателите Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ на денешната прес-конференција во Цетиње.

Милатовиќ нагласи дека двете држави делат заедничка цел, а тоа е интеграцијата во Европската унија.

– Во 2005 година тогаш Македонија, сега Македонија, стана земја кандидатка за членство во ЕУ. Тоа беше четири или пет години пред да стане Црна Гора кандидатка. После 20 години, Македонија се уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје, меѓу останатото поради билатералните односи со земјите од соседството, рече црногорскиот претседател.

Црна Гора како лидер во тој процес, како што посочи тој, тежнее да стане 28 членка на ЕУ до 2028 година и на тој пат останува искрен пријател на евроинтеграцијата на Македонија и на целиот регион.

Претседателка Сиљановска – Давкова, говорејќи за уставните измени, рече дека како држава повторно сме соочени, сега на барање на ЕУ, да посегнеме по нови уставни измени.

-Соломанското решение што ќе доведе до вин вин ситуација го гледаме во одложното дејство на уставните измени. Причината – логична. Секогаш кога ќе ги завршите преговорите за ЕУ и кога ќе започне и ќе заврши процесот на ратификација се посега или редовно по уставни измени – логично е тогаш и оваа уставна измена да стапи во сила тогаш, а не сега, бидејќи ние сме рекордери во уставни измени, за 30-ина години дури 36 уставни измени најчесто иницирани однадвор, а не одвнатре, нагласи претседателката.

Милатовиќ напомена дека посебно му е драго што во рамки на претстојните промени на Уставот, доколку Македонија се одлучи за тоа, ќе биде додадено и црногорското малцинство. – За Црна Гора уставното признавање на црногорското малцинство е знак на пријателство бидејќи тоа дополнително ќе овозможи ново поголемо гледање и подобро остварување на нивните права, рече тој.

Сиљановска Давкова посочи дека нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците и дека никој не негира бидејќи, како што додаде, сите помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло.

Двајцата претседатели се согласија дека билатералната соработка е добро развиена, посебно во областа на одбраната, внатрешните работи и културата, како и интензивната соработка на локалните самоуправи.

На денешната средба, Сиљановска Давкова и Милатовиќ се согласиле дека заедничка седница на владите на двете држави треба што поскоро да биде одржана.

[caption id="attachment_842893" align="alignleft" width="960"] фото: Facebook / Jakov Milatović[/caption]

– Целосно се согласувам со претседателот дека извонредните политички односи засновани на почит и разбирање треба да продолжат со економска соработка, бидејќи навистина таа во сегашните размери е симболична. Инфраструктурно треба да се поврземе, во сите области треба да соработуваме бидејќи кога велам дека мене регионалниот интерес ми е најважен, идеалистички сметам дека е многу важно да се потенцира дека ако не се штитите меѓу себе не може да очекувате заштита од надвор. Ако не се разбирате регионално меѓу себе, не можете да очекувате разбирање однадвор, рече Сиљановска Давкова.

Милатовиќ додаде дека се согласиле оти би било исклучително значајно да одржат заедничка мешовита комисија за економска соработка за да се даде дополнителен импулс во овој правец.

Во контекст на тоа посочи дека вкупната трговска размена меѓу двете земји е на ниво под потенцијалот, осносно изнесува само 50 милиони евра.

-Клучниот предуслов за тоа е подобра сообраќајна поврзаност. Зборувавме за развој на железничкиот сообраќај како би можело Скопје, Тирана и Подгорица да бидат подобро поврзани, додаде црногорскиот претседател.

Милатовиќ на прес-конференцијата потенцира дека посебно го радува именувањето на Радмила Шекеринска, ексминистерка за одбрана за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Ова, како што додаде, е големо признание и за Македонија, но и за целиот регион.

-Уверени сме дека со неа на таа висока позиција уште поефикасно ќе придонесуваме за јакнење на регионалната стабилност, нагласи црногорскиот претседател.

На средбата повторно било покренато и прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу двете држави.

– Повторно го покренавме прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу нашите земји и јас мислам дека нашиот амбасадор во Скопје интензивно во претходниот период работеше на тоа и верувам дека ќе имаме резултат напролет наредната година, рече Милатовиќ.

По заедничката прес-конференција, двајцата претседатели во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора засадија дрво на пријателство.

Попладнево, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрја Мандиќ.

The post Сиљановска Давкова – Милатoвиќ: Двете земји имаат исклучително добри односи, да се интензивира економската соработка appeared first on Република.

]]>

Македонија и Црна Гора имаат исклучително добри односи и немаат отворени прашања. Политичкиот дијалог меѓу двете држави е на највисоко ниво и сведочи за обостраната посветеност за понатамошно јакнење на соработката, особено на економски план, констатираа претседателите Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ на денешната прес-конференција во Цетиње. Милатовиќ нагласи дека двете држави делат заедничка цел, а тоа е интеграцијата во Европската унија.
– Во 2005 година тогаш Македонија, сега Македонија, стана земја кандидатка за членство во ЕУ. Тоа беше четири или пет години пред да стане Црна Гора кандидатка. После 20 години, Македонија се уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје, меѓу останатото поради билатералните односи со земјите од соседството, рече црногорскиот претседател.
Црна Гора како лидер во тој процес, како што посочи тој, тежнее да стане 28 членка на ЕУ до 2028 година и на тој пат останува искрен пријател на евроинтеграцијата на Македонија и на целиот регион. Претседателка Сиљановска – Давкова, говорејќи за уставните измени, рече дека како држава повторно сме соочени, сега на барање на ЕУ, да посегнеме по нови уставни измени.
-Соломанското решение што ќе доведе до вин вин ситуација го гледаме во одложното дејство на уставните измени. Причината – логична. Секогаш кога ќе ги завршите преговорите за ЕУ и кога ќе започне и ќе заврши процесот на ратификација се посега или редовно по уставни измени – логично е тогаш и оваа уставна измена да стапи во сила тогаш, а не сега, бидејќи ние сме рекордери во уставни измени, за 30-ина години дури 36 уставни измени најчесто иницирани однадвор, а не одвнатре, нагласи претседателката.
Милатовиќ напомена дека посебно му е драго што во рамки на претстојните промени на Уставот, доколку Македонија се одлучи за тоа, ќе биде додадено и црногорското малцинство. – За Црна Гора уставното признавање на црногорското малцинство е знак на пријателство бидејќи тоа дополнително ќе овозможи ново поголемо гледање и подобро остварување на нивните права, рече тој. Сиљановска Давкова посочи дека нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците и дека никој не негира бидејќи, како што додаде, сите помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло. Двајцата претседатели се согласија дека билатералната соработка е добро развиена, посебно во областа на одбраната, внатрешните работи и културата, како и интензивната соработка на локалните самоуправи. На денешната средба, Сиљановска Давкова и Милатовиќ се согласиле дека заедничка седница на владите на двете држави треба што поскоро да биде одржана. [caption id="attachment_842893" align="alignleft" width="960"] фото: Facebook / Jakov Milatović[/caption]
– Целосно се согласувам со претседателот дека извонредните политички односи засновани на почит и разбирање треба да продолжат со економска соработка, бидејќи навистина таа во сегашните размери е симболична. Инфраструктурно треба да се поврземе, во сите области треба да соработуваме бидејќи кога велам дека мене регионалниот интерес ми е најважен, идеалистички сметам дека е многу важно да се потенцира дека ако не се штитите меѓу себе не може да очекувате заштита од надвор. Ако не се разбирате регионално меѓу себе, не можете да очекувате разбирање однадвор, рече Сиљановска Давкова.
Милатовиќ додаде дека се согласиле оти би било исклучително значајно да одржат заедничка мешовита комисија за економска соработка за да се даде дополнителен импулс во овој правец. Во контекст на тоа посочи дека вкупната трговска размена меѓу двете земји е на ниво под потенцијалот, осносно изнесува само 50 милиони евра.
-Клучниот предуслов за тоа е подобра сообраќајна поврзаност. Зборувавме за развој на железничкиот сообраќај како би можело Скопје, Тирана и Подгорица да бидат подобро поврзани, додаде црногорскиот претседател.
Милатовиќ на прес-конференцијата потенцира дека посебно го радува именувањето на Радмила Шекеринска, ексминистерка за одбрана за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Ова, како што додаде, е големо признание и за Македонија, но и за целиот регион.
-Уверени сме дека со неа на таа висока позиција уште поефикасно ќе придонесуваме за јакнење на регионалната стабилност, нагласи црногорскиот претседател.
На средбата повторно било покренато и прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу двете држави.
– Повторно го покренавме прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу нашите земји и јас мислам дека нашиот амбасадор во Скопје интензивно во претходниот период работеше на тоа и верувам дека ќе имаме резултат напролет наредната година, рече Милатовиќ.
По заедничката прес-конференција, двајцата претседатели во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора засадија дрво на пријателство. Попладнево, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрја Мандиќ.

The post Сиљановска Давкова – Милатoвиќ: Двете земји имаат исклучително добри односи, да се интензивира економската соработка appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ: Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-evropskata-unija-ne-e-tselosna-bez-zemjite-od-zapaden-balkan/ Tue, 08 Oct 2024 14:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=824265

Во време на геополитичка неизвесност, сметаме дека промовирањето на дијалогот е дел од решението, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на прес-конференција во рамки на Самитот на процесот Брдо-Бриони.

Тој рече дека му претставува голема чест да биде домаќин на овој самит, а заедничката порака на претседателите на земјите учеснички е „дека нашиот простор е област на заеднички вредности, мир и просперитет“.

Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан, длабоко сум убеден дека успехот на Црна Гора ќе биде поттик за сите други земји во регионот и дека ќе претставува голем чекор напред, рече Милатовиќ.

Тој додаде дека проширувањето на ЕУ не е само потреба, туку е и поставена цел и императив.

Со разнишаниот светски поредок, цврсто верувам дека како лидери на Западен Балкан сме свесни за овој геополитички и политички момент, овој прозорец во ЕУ кога станува збор за проширувањето, и подготвени сме да ја искористиме можноста, рече Милатовиќ.

Тој го пофали Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој го нарече стимулирачка алатка.

Важно е да се истакне дека во земјите кои денеска беа на маса со нас ние извезуваме повеќе од 50 отсто од нашите производи, а тие сочинуваат 50 отсто од нашиот туристички потенцијал, рече Милатовиќ.

Тој истакна дека демократскиот развој не треба да се зема „здраво за готово“.

Долгорочната регионална стабилност подразбира добрососедски односи, соработка во добра волја... Црна Гора секогаш ќе биде земја која е посветена на добрососедските односи и стабилност, рече Милатовиќ.

The post Милатовиќ: Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во време на геополитичка неизвесност, сметаме дека промовирањето на дијалогот е дел од решението, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на прес-конференција во рамки на Самитот на процесот Брдо-Бриони. Тој рече дека му претставува голема чест да биде домаќин на овој самит, а заедничката порака на претседателите на земјите учеснички е „дека нашиот простор е област на заеднички вредности, мир и просперитет“.
Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан, длабоко сум убеден дека успехот на Црна Гора ќе биде поттик за сите други земји во регионот и дека ќе претставува голем чекор напред, рече Милатовиќ.
Тој додаде дека проширувањето на ЕУ не е само потреба, туку е и поставена цел и императив.
Со разнишаниот светски поредок, цврсто верувам дека како лидери на Западен Балкан сме свесни за овој геополитички и политички момент, овој прозорец во ЕУ кога станува збор за проширувањето, и подготвени сме да ја искористиме можноста, рече Милатовиќ.
Тој го пофали Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој го нарече стимулирачка алатка.
Важно е да се истакне дека во земјите кои денеска беа на маса со нас ние извезуваме повеќе од 50 отсто од нашите производи, а тие сочинуваат 50 отсто од нашиот туристички потенцијал, рече Милатовиќ.
Тој истакна дека демократскиот развој не треба да се зема „здраво за готово“.
Долгорочната регионална стабилност подразбира добрососедски односи, соработка во добра волја... Црна Гора секогаш ќе биде земја која е посветена на добрососедските односи и стабилност, рече Милатовиќ.

The post Милатовиќ: Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ: Целта на Црна Гора е до 2028 година да стане 28 членка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-tselta-na-tsrna-gora-e-do-2028-godina-da-stane-28-chlenka-na-eu/ Sat, 31 Aug 2024 13:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=811793

Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека целта на неговата земја е до 2028 година да стане членка на ЕУ.

Зборувајќи на панелот „Приклучување на Западен Балкан кон ЕУ“ на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага, Милатовиќ ги потсети присутните дека Црна Гора го започнала преговарачкиот процес со ЕУ уште во 2012 година.

Правејќи паралела со Олимпијадата, Милатовиќ истакна дека мислеле дека пристапувањето во ЕУ ќе биде трка на 400 метри, но се покажало дека тоа е маратон со препреки, што се уште трае.

-Точно е дека ние сме на чело на трката, но секогаш кога разговарам со моите колеги од Европа, велам дека ни е доста од трчање и дека би сакале да стигнеме до последната фаза, а сега целта е да станеме 28-ма членка на ЕУ. Тоа е амбициозна цел, но се надевам дека е и реална цел, изјави Милатовиќ.

Тој додаде дека смета оти пристапувањето во ЕУ од 2028 година ќе биде многу поголема приказна од рамката на самата Црна Гора, бидејќи тоа ќе биде порака до другите дека приемот е жив, дека процесот на просење е жив.

„Претходната земја од Западен Балкан што влезе во ЕУ беше Хрватска, а тоа беше пред повеќе од 10 години. Сега е моментот, постои моментум, нова надеж и можност и од Брисел и од другите европски метрополи и мислам дека треба да го искористиме тоа“, рече претседателот на Црна Гора на форумот во Прага.

The post Милатовиќ: Целта на Црна Гора е до 2028 година да стане 28 членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека целта на неговата земја е до 2028 година да стане членка на ЕУ. Зборувајќи на панелот „Приклучување на Западен Балкан кон ЕУ“ на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага, Милатовиќ ги потсети присутните дека Црна Гора го започнала преговарачкиот процес со ЕУ уште во 2012 година. Правејќи паралела со Олимпијадата, Милатовиќ истакна дека мислеле дека пристапувањето во ЕУ ќе биде трка на 400 метри, но се покажало дека тоа е маратон со препреки, што се уште трае.
-Точно е дека ние сме на чело на трката, но секогаш кога разговарам со моите колеги од Европа, велам дека ни е доста од трчање и дека би сакале да стигнеме до последната фаза, а сега целта е да станеме 28-ма членка на ЕУ. Тоа е амбициозна цел, но се надевам дека е и реална цел, изјави Милатовиќ.
Тој додаде дека смета оти пристапувањето во ЕУ од 2028 година ќе биде многу поголема приказна од рамката на самата Црна Гора, бидејќи тоа ќе биде порака до другите дека приемот е жив, дека процесот на просење е жив.
„Претходната земја од Западен Балкан што влезе во ЕУ беше Хрватска, а тоа беше пред повеќе од 10 години. Сега е моментот, постои моментум, нова надеж и можност и од Брисел и од другите европски метрополи и мислам дека треба да го искористиме тоа“, рече претседателот на Црна Гора на форумот во Прага.

The post Милатовиќ: Целта на Црна Гора е до 2028 година да стане 28 членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-sretna-so-pretsedatelot-na-tsrna-gora-jakov-milatovik/ Thu, 13 Jun 2024 16:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=787255

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.

Во разговорот беше нагласена неопходноста од продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во насока на исполнување на заедничките стратешки определби за членство во Европската Унија и беше изразена подготвеност за продлабочување на регионалната соработка со цел одржување на стабилноста и економскиот напредок на земјите од регионот.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека евроинтеграцијата на државите од регионот е од суштинско значење за стабилноста и развојот и во таа насока е потребна јасна перспектива за приклучување кон ЕУ, доследно вреднување на копенхагенските критериуми и нивна кредибилна имплементација.

На средбата беше изразена подготвеност за натамошно продолжување на политичко-безбедносната соработка и партнерството во рамките на НАТО и беа разменети мислења за актуелните политички и безбедносни случувања во регионот и во Европа.

The post Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ appeared first on Република.

Милатовиќ ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Пријателски односи засновани на взаемна доверба https://arhiva3.republika.mk/vesti/milatovik-chestitashe-na-siljanovska-davkova-prijatelski-odnosi-zasnovani-na-vzaemna-doverba/ Thu, 09 May 2024 10:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=776266

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на кандидатката Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори.

Тој истакна дека професорката е првата жена на оваа позиција во земјава.

Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемната доверба на нашите народи. Со желба успешно да ги извршувате должностите на претседател, со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион, напиша Милатовиќ на X.

The post Милатовиќ ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Пријателски односи засновани на взаемна доверба appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на кандидатката Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори. Тој истакна дека професорката е првата жена на оваа позиција во земјава. Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемната доверба на нашите народи. Со желба успешно да ги извршувате должностите на претседател, со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион, напиша Милатовиќ на X.

The post Милатовиќ ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Пријателски односи засновани на взаемна доверба appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-tsrna-gora-jakov-milatovik-chestitashe-na-gordana-siljanovski-davkova-za-pobedata-na-pretsedatelskite-izbori/ Thu, 09 May 2024 10:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=776265

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на кандидатката Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори.

Тој истакна дека професорката е првата жена на оваа позиција во земјава.

Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемната доверба на нашите народи. Со желба успешно да ги извршувате должностите на претседател, со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион“, напиша Милатовиќ на X.

The post Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на кандидатката Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори. Тој истакна дека професорката е првата жена на оваа позиција во земјава. Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемната доверба на нашите народи. Со желба успешно да ги извршувате должностите на претседател, со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион“, напиша Милатовиќ на X.

The post Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Вучиќ наздрави со кока-кола и вино на вечерата со црногорскиот претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nazdravi-so-koka-kola-i-vino-na-vecherata-so-tsrnogorskiot-pretsedatel/ Mon, 10 Jul 2023 08:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=659547

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му приреди вечера на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

– Убава вечер, со песна, со пријателите – порача претседателот Вучиќ на Инстаграм и објави видео од вечерата.

Дачиќ, Вучиќ и Милатовиќ пиеја српско црно вино а српскиот претседател пиеше и Кока-кола.

The post Вучиќ наздрави со кока-кола и вино на вечерата со црногорскиот претседател appeared first on Република.

Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-tsrnogorskiot-pretsedatel-jakov-milatovik/ Fri, 16 Jun 2023 19:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=652258

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023.

Претседателот Пендаровски упати честитки за неговиот избор за претседател на Црна Гора изразувајќи уверување дека Македонија и Црна Гора во интерес на граѓаните на двете земји и нивниот напредок и просперитет, ќе го продолжат традиционалното пријателство и успешната билатерална соработка.

На средбата беше разговарано за состојбите во двете земји и нивната европска перспектива, како и за политичките случувања, економските и безбедносните предизвици се кои се соочува нашиот регион.

Двајцата претседатели изразија подготвеноста за продлабочување на комуникациите и размена на искуства во однос на реформите за трансформација на општествата и евроинтеграциските процеси за членство во Европската Унија како заедничка надворешно-политичка цел.

The post Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023. Претседателот Пендаровски упати честитки за неговиот избор за претседател на Црна Гора изразувајќи уверување дека Македонија и Црна Гора во интерес на граѓаните на двете земји и нивниот напредок и просперитет, ќе го продолжат традиционалното пријателство и успешната билатерална соработка. На средбата беше разговарано за состојбите во двете земји и нивната европска перспектива, како и за политичките случувања, економските и безбедносните предизвици се кои се соочува нашиот регион. Двајцата претседатели изразија подготвеноста за продлабочување на комуникациите и размена на искуства во однос на реформите за трансформација на општествата и евроинтеграциските процеси за членство во Европската Унија како заедничка надворешно-политичка цел.

The post Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-sretna-so-tsrnogorskiot-pretsedatel-milatovik/ Fri, 16 Jun 2023 18:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=652255

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новоизбраниот претседател на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Премиерот Ковачевски го честиташе претседателскиот мандат на Милатовиќ како и неодамнешното успешно заокружување на парламентарните избори во Црна Гора, со изразена верба дека ќе продолжат одличните односи меѓу Македонија и Црна Гора и со идната црногорска влада, како на билатерален план, така и во регионални рамки и на европскиот пат.

Заеднички е констатирано дека двете земји имаат блиска пријателска соработка, без отворени прашања и се пример за добрососедски односи во регионот.

Во таа насока, Ковачевски и Милатовиќ ја истакнаа заедничката определба за придонес во регионалната и европската стабилност и во развојот на Западен Балкан како дел од Европската Унија.

Премиерот Ковачевски ја оцени како значајна соработката со Црна Гора, во рамки на партнерството во НАТО и како држава којашто веќе ги отвори сите поглавја во преговарачкиот процес со ЕУ.

„Владата на Република Македонија и јас како Премиер, со силен фокус работиме на натамошниот напредок на нашата држава на европскиот пат. Во таа насока се и нашите засилени активности во моментов за политичко обединување и донесување на потребните одлуки во Собранието. Македонија отсекогаш била пример за успешна мултиетничка демократија и општество за сите граѓани кои имаат еднакви права и одговорности пред Уставот и законите. Со внесувањето и на други етнички заедници во нашиот Устав, меѓу кои и припадниците на црногорската заедница во Македонија, докажуваме дека сме Европа во мало и држава која доследно ги почитува европските вредности, поради што веќе заслужи да биде дел од Европа“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата се споделени искуства за текот на евроинтеграцискиот процес и се изразени определби за уште поактивна билатерална и регионална соработка.

The post Ковачевски се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новоизбраниот претседател на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Премиерот Ковачевски го честиташе претседателскиот мандат на Милатовиќ како и неодамнешното успешно заокружување на парламентарните избори во Црна Гора, со изразена верба дека ќе продолжат одличните односи меѓу Македонија и Црна Гора и со идната црногорска влада, како на билатерален план, така и во регионални рамки и на европскиот пат. Заеднички е констатирано дека двете земји имаат блиска пријателска соработка, без отворени прашања и се пример за добрососедски односи во регионот. Во таа насока, Ковачевски и Милатовиќ ја истакнаа заедничката определба за придонес во регионалната и европската стабилност и во развојот на Западен Балкан како дел од Европската Унија. Премиерот Ковачевски ја оцени како значајна соработката со Црна Гора, во рамки на партнерството во НАТО и како држава којашто веќе ги отвори сите поглавја во преговарачкиот процес со ЕУ. „Владата на Република Македонија и јас како Премиер, со силен фокус работиме на натамошниот напредок на нашата држава на европскиот пат. Во таа насока се и нашите засилени активности во моментов за политичко обединување и донесување на потребните одлуки во Собранието. Македонија отсекогаш била пример за успешна мултиетничка демократија и општество за сите граѓани кои имаат еднакви права и одговорности пред Уставот и законите. Со внесувањето и на други етнички заедници во нашиот Устав, меѓу кои и припадниците на црногорската заедница во Македонија, докажуваме дека сме Европа во мало и држава која доследно ги почитува европските вредности, поради што веќе заслужи да биде дел од Европа“, рече премиерот Ковачевски. На средбата се споделени искуства за текот на евроинтеграцискиот процес и се изразени определби за уште поактивна билатерална и регионална соработка.

The post Ковачевски се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-tsrna-gora-na-ista-linija-so-eu-potrebni-se-novi-izbori-vo-severno-kosovo/ Thu, 15 Jun 2023 16:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=651821

Новиот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, во интервју за МИА вели дека Црна Гора силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и целосно го дели ставот со ЕУ дека за постигнување на деескалација на тензиите потребно е повторно да има нови избори во северно Косово, како и да се исполнат и предусловите кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини.

Мислам дека имаме потполно идентичен став во однос на ова прашање со ЕУ, дека за постигнување на таа деескалација е потребно повторно да има избори во Северно Косово, дека треба да се исполнат и оние предуслови, кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини на северно Косово, како некои чекори до понатамошната деескалација на тензиите, и се она што води кон тоа Црна Гора го поддржува. Во таа смисла нашиот став е јасен и мислам дека е сличен со ставот на Македонија. Сметам дека навистина ни е потребен просперитетен и стабилен Западен Балкан како дел од ЕУ, подвелекува во интервјуто за МИА дадено на маргините на Преспа Форумот за дијалог во Струга.

Милатовиќ на новата функција е неполн месец, откако на изборите за претседател го победи Мило Ѓукановиќ, кој повеќе од три децении ја одредуваше политиката на земјата.

Во интервјуто, шефот на црногорската држава зборува меѓу другото и за очекувањата од новата црногорска Влада која треба да се формира по изборите одржани минатата недела, на која победи Движењето Европа сега (Покрет Европа сада-ПЕС), чиј коосновач е тој.

Милатовиќ кој е економист по вокација и поранешен министер за економија и развој, се осврнува и на процесот на евроинтеграциите, како и на иницијативата Отворен Балкан.

The post Милатовиќ: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Новиот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, во интервју за МИА вели дека Црна Гора силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и целосно го дели ставот со ЕУ дека за постигнување на деескалација на тензиите потребно е повторно да има нови избори во северно Косово, како и да се исполнат и предусловите кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини.
Мислам дека имаме потполно идентичен став во однос на ова прашање со ЕУ, дека за постигнување на таа деескалација е потребно повторно да има избори во Северно Косово, дека треба да се исполнат и оние предуслови, кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини на северно Косово, како некои чекори до понатамошната деескалација на тензиите, и се она што води кон тоа Црна Гора го поддржува. Во таа смисла нашиот став е јасен и мислам дека е сличен со ставот на Македонија. Сметам дека навистина ни е потребен просперитетен и стабилен Западен Балкан како дел од ЕУ, подвелекува во интервјуто за МИА дадено на маргините на Преспа Форумот за дијалог во Струга.
Милатовиќ на новата функција е неполн месец, откако на изборите за претседател го победи Мило Ѓукановиќ, кој повеќе од три децении ја одредуваше политиката на земјата. Во интервјуто, шефот на црногорската држава зборува меѓу другото и за очекувањата од новата црногорска Влада која треба да се формира по изборите одржани минатата недела, на која победи Движењето Европа сега (Покрет Европа сада-ПЕС), чиј коосновач е тој. Милатовиќ кој е економист по вокација и поранешен министер за економија и развој, се осврнува и на процесот на евроинтеграциите, како и на иницијативата Отворен Балкан.

The post Милатовиќ: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ по преземањето на функцијата: Ќе им бидам вистински претседател на сите граѓани на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-po-prezemaneto-na-funktsijata-ke-im-bidam-vistinski-pretsedatel-na-site-gragani-na-tsrna-gora/ Sat, 20 May 2023 12:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=642973

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ положи заклетва во Собранието на Црна Гора и ја презеде должноста претседател на таа земја.

Милатовиќ во својот говор истакна дека ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе работи на економско промоција на Црна Гора и добрососедски односи, јави Радиотелевизија на Црна Гора.

„Ќе бидам вистински претседател на сите граѓани, без оглед на нивната национална и верска припадност“, рече Милатовиќ.

Тој рече дека ќе се посвети на „елиминација на внатрешните поделби, изградбата на силни и независни институции, афирмација на човековите права, непристрасна распределба на правдата, општество на еднакви можности, како и воспоставување одржлив економски модел“.

Тој истакна дека ќе биде кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора. Најави дека нема да има отстапување од „стратешките насоки и заложби кои ја вклучуваат Црна Гора како дел од европското и евроатлантското семејство“.

„На цивилизациски план за мене нема сомнеж каде припаѓаме. Ние припаѓаме на Европа која е обединета во нејзината различност. Црна Гора ќе продолжи да чекори кон исполнување на нејзините надворешнополитички и стратешки определби“, рече Милатовиќ.

Новиот претседател на Црна Гора истакна дека негов приоритет ќе биде забрзување на патот кон членство во Европската унија и додаде дека на сите земји во регионот им е потребна европска визија.

На инаугурацијата на Милатовиќ присуствуваа 200 гости, меѓу кои и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

The post Милатовиќ по преземањето на функцијата: Ќе им бидам вистински претседател на сите граѓани на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ положи заклетва во Собранието на Црна Гора и ја презеде должноста претседател на таа земја. Милатовиќ во својот говор истакна дека ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе работи на економско промоција на Црна Гора и добрососедски односи, јави Радиотелевизија на Црна Гора.
„Ќе бидам вистински претседател на сите граѓани, без оглед на нивната национална и верска припадност“, рече Милатовиќ.
Тој рече дека ќе се посвети на „елиминација на внатрешните поделби, изградбата на силни и независни институции, афирмација на човековите права, непристрасна распределба на правдата, општество на еднакви можности, како и воспоставување одржлив економски модел“. Тој истакна дека ќе биде кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора. Најави дека нема да има отстапување од „стратешките насоки и заложби кои ја вклучуваат Црна Гора како дел од европското и евроатлантското семејство“.
„На цивилизациски план за мене нема сомнеж каде припаѓаме. Ние припаѓаме на Европа која е обединета во нејзината различност. Црна Гора ќе продолжи да чекори кон исполнување на нејзините надворешнополитички и стратешки определби“, рече Милатовиќ.
Новиот претседател на Црна Гора истакна дека негов приоритет ќе биде забрзување на патот кон членство во Европската унија и додаде дека на сите земји во регионот им е потребна европска визија. На инаугурацијата на Милатовиќ присуствуваа 200 гости, меѓу кои и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

The post Милатовиќ по преземањето на функцијата: Ќе им бидам вистински претседател на сите граѓани на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ денеска официјално станува нов претседател на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-od-deneska-ofitsijalno-e-nov-pretsedatel-na-tsrna-gora/ Sat, 20 May 2023 10:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=642941

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе положи заклетва во црногорскиот Парламент и ќе стапи на должност претседател на државата, а присуството на неговата инаугурација го најавија лидери на повеќе земји од регионот, меѓу кои и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. Присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште не е официјално потврдено.

Според црногорскиот Устав, новоизбраниот претседател положува заклетва на денот кога му истекува мандатот на неговиот претходник, а церемонијата на инаугурација ќе почне во 12 часот.

По завршувањето на собраниската седница, на платото пред црногорскиот Парламент ќе се одржи церемонија на свечен воен поздрав.

https://republika.mk/vesti/balkan/na-inauguratsijata-na-milatovik-vo-sabota-vo-podgoritsa-ke-dojdat-site-lideri-od-zapaden-balkan/

Поради доаѓањето на голем број високи функционери, нивото на безбедност во Подгорица е подигнато на повисоко ниво, патиштата во центарот на градот ќе бидат затворени за сообраќај во поголемиот дел од денот, додека полицијата најави зголемено присуство на сите раскрсници.

Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува претседателот на државата да се избира на непосредни избори на пет години.

https://republika.mk/vesti/balkan/mlad-chesen-bez-nitu-edna-damka-koj-e-jakov-milatovik-shto-mu-se-sprotistavi-na-vechniot-gukanovik/

The post Милатовиќ денеска официјално станува нов претседател на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе положи заклетва во црногорскиот Парламент и ќе стапи на должност претседател на државата, а присуството на неговата инаугурација го најавија лидери на повеќе земји од регионот, меѓу кои и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. Присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште не е официјално потврдено. Според црногорскиот Устав, новоизбраниот претседател положува заклетва на денот кога му истекува мандатот на неговиот претходник, а церемонијата на инаугурација ќе почне во 12 часот. По завршувањето на собраниската седница, на платото пред црногорскиот Парламент ќе се одржи церемонија на свечен воен поздрав. https://republika.mk/vesti/balkan/na-inauguratsijata-na-milatovik-vo-sabota-vo-podgoritsa-ke-dojdat-site-lideri-od-zapaden-balkan/ Поради доаѓањето на голем број високи функционери, нивото на безбедност во Подгорица е подигнато на повисоко ниво, патиштата во центарот на градот ќе бидат затворени за сообраќај во поголемиот дел од денот, додека полицијата најави зголемено присуство на сите раскрсници. Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува претседателот на државата да се избира на непосредни избори на пет години. https://republika.mk/vesti/balkan/mlad-chesen-bez-nitu-edna-damka-koj-e-jakov-milatovik-shto-mu-se-sprotistavi-na-vechniot-gukanovik/

The post Милатовиќ денеска официјално станува нов претседател на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
На инаугурацијата на Милатовиќ во сабота во Подгорица ќе дојдат сите лидери од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-inauguratsijata-na-milatovik-vo-sabota-vo-podgoritsa-ke-dojdat-site-lideri-od-zapaden-balkan/ Thu, 18 May 2023 18:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=642412

Новоизбраниот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, по втората средба со шефот на државата во заминување, Мило Ѓукановиќ, најави дека на неговата инаугурација во сабота во Собранието на Црна Гора во Подгорица ќе присуствуваат сите лидери на Западен Балкан.

Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и новоизбраниот Јаков Милатовиќ одржаа втор состанок во рамки на примопредавањето на власта, по што беше соопштено дека покажале дека се посветени на државната функција и дека Ѓукановиќ ќе присуствува на инаугурацијата на Милатовиќ.

Милатовиќ кажа дека двата разговори со Ѓукановиќ биле „конструктивни и засновани на потребите“ на надворешната и внатрешната политика на земјата.

Мислам дека разговорите се добар пример за демократска транзиција на власта. Му благодарам на Ѓукановиќ за конструктивниот разговор. Знаете дека сме различни, но покажавме дека сме посветени на оваа функција, изјави Милатовиќ и додаде дека Ѓукановиќ ќе присуствува и на инаугурацијата со што ќе се заокружи процесот на примопредавање на должностите.

Ѓукановиќ на Милатовиќ му посакал успешен мандат и дека од таа позиција ќе придонесе за остварување на најважните национални интереси на државата.

Разговорите беа интересни, разговаравме за регионалната, европската и глобалната политичка рамка, за многу аспекти на внатрешната политика... Се согласивме дека има многу предизвици и дека е важно Црна Гора да воспостави внатрешна политичка стабилност и напредок кон својата цел - до Европската унија (ЕУ), изјави Ѓукановиќ.

Тој на прес конференцијата по средбата кажа дека средбата, како практика е добредојдена и фрла светлина врз растечкиот демократски капацитет на земјата.

Првата средба Ѓукановиќ и Милатовиќ ја одржаа на 12 мај.

The post На инаугурацијата на Милатовиќ во сабота во Подгорица ќе дојдат сите лидери од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, по втората средба со шефот на државата во заминување, Мило Ѓукановиќ, најави дека на неговата инаугурација во сабота во Собранието на Црна Гора во Подгорица ќе присуствуваат сите лидери на Западен Балкан. Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и новоизбраниот Јаков Милатовиќ одржаа втор состанок во рамки на примопредавањето на власта, по што беше соопштено дека покажале дека се посветени на државната функција и дека Ѓукановиќ ќе присуствува на инаугурацијата на Милатовиќ. Милатовиќ кажа дека двата разговори со Ѓукановиќ биле „конструктивни и засновани на потребите“ на надворешната и внатрешната политика на земјата.
Мислам дека разговорите се добар пример за демократска транзиција на власта. Му благодарам на Ѓукановиќ за конструктивниот разговор. Знаете дека сме различни, но покажавме дека сме посветени на оваа функција, изјави Милатовиќ и додаде дека Ѓукановиќ ќе присуствува и на инаугурацијата со што ќе се заокружи процесот на примопредавање на должностите.
Ѓукановиќ на Милатовиќ му посакал успешен мандат и дека од таа позиција ќе придонесе за остварување на најважните национални интереси на државата.
Разговорите беа интересни, разговаравме за регионалната, европската и глобалната политичка рамка, за многу аспекти на внатрешната политика... Се согласивме дека има многу предизвици и дека е важно Црна Гора да воспостави внатрешна политичка стабилност и напредок кон својата цел - до Европската унија (ЕУ), изјави Ѓукановиќ.
Тој на прес конференцијата по средбата кажа дека средбата, како практика е добредојдена и фрла светлина врз растечкиот демократски капацитет на земјата. Првата средба Ѓукановиќ и Милатовиќ ја одржаа на 12 мај.

The post На инаугурацијата на Милатовиќ во сабота во Подгорица ќе дојдат сите лидери од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Новиот претседател на Црна Гора најпопуларен политичар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/noviot-pretsedatel-na-tsrna-gora-najpopularen-politichar/ Thu, 18 May 2023 12:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=642327

 Новоизбраниот претседател на Црна Гора и заменик претседател на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ е најпопуларниот политичар во Црна Гора со просечна оценка од 2,78.

Минималната оценка што може да се даде е еден, а максималната е пет.

Ова го покажуваат резултатите од првото годишно истражување на политичкото јавно мислење во Црна Гора на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), кои денеска беа презентирани во Подгорица.

Втор по популарност е лидерот на ПЕС Милојко Спајиќ со оценка 2,47, а трет е претседателот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ – 2,46.

На четврто место се поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерот на Црна Гора и лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ со оценка 2,36.

Лидерот на Демократската народна партија (ДНП) Милан Кнежевиќ е петти со просечна оценка 2,21, додека на шестото место е Данијел Живковиќ, вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) со 2,17.

Истражувањето е спроведено од 1 до 14 мај на примерок од 1.003 испитаници.

The post Новиот претседател на Црна Гора најпопуларен политичар appeared first on Република.

]]>

 Новоизбраниот претседател на Црна Гора и заменик претседател на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ е најпопуларниот политичар во Црна Гора со просечна оценка од 2,78. Минималната оценка што може да се даде е еден, а максималната е пет. Ова го покажуваат резултатите од првото годишно истражување на политичкото јавно мислење во Црна Гора на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), кои денеска беа презентирани во Подгорица. Втор по популарност е лидерот на ПЕС Милојко Спајиќ со оценка 2,47, а трет е претседателот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ – 2,46. На четврто место се поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерот на Црна Гора и лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ со оценка 2,36. Лидерот на Демократската народна партија (ДНП) Милан Кнежевиќ е петти со просечна оценка 2,21, додека на шестото место е Данијел Живковиќ, вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) со 2,17. Истражувањето е спроведено од 1 до 14 мај на примерок од 1.003 испитаници.

The post Новиот претседател на Црна Гора најпопуларен политичар appeared first on Република.

]]>
Новиот претседател на Црна Гора: Подобро отворен отколку затворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/noviot-pretsedatel-na-tsrna-gora-podobro-otvoren-otkolku-zatvoren-balkan/ Thu, 20 Apr 2023 14:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=632459

Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека со прашањето за пристапување кон Отворениот Балкан ќе се занимаваат идната влада и Парламентот и дека неговата политичка позиција е јасна - „подобро е да се биде дел од Отворениот Балкан. отколку затворен Балкан“.

„Идејата за Европската унија (ЕУ) е создадена како идеја за регионална економска соработка околу Бенелукс, Германија, Франција и Италија. А на Балканот, кога зборуваме за европска интеграција, често забораваме на важноста на нашата регионална економска интеграција. Подобрувањето на односите и регионалната соработка е нешто за што отсекогаш сум се залагал како економист“, изјави Милатовиќ за НИН, зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан.

The post Новиот претседател на Црна Гора: Подобро отворен отколку затворен Балкан appeared first on Република.

Абазовиќ: Положивме голем демократски испит https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-polozhivme-golem-demokratski-ispit/ Mon, 03 Apr 2023 17:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=626829

Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим.

Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, и да им овозможиме на граѓаните да избираат онака како што мислат дека треба, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека верува оти со тоа се отвора нова перспектива кога станува збор за владеењето на правото во Црна Гора.

Ова е дел од нашата европска агенда и сигурен сум дека целиот политички спектар треба да се собере околу нашата европска иднина, рече Абазовиќ.

Тој наведе дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан разговарале за многу теми. Додаде дека средбата поминала во многу добра и позитивна атмосфера.

Абазовиќ му се заблагодари на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој го отвори прашањето за идејата за изградба на регионален енергетски терминал, кој би го финансирала Европската унија.

Тој рече дека Црна Гора е подготвена да аплицира, да ги понуди своите капацитети и додаде дека енергетиката е во нивниот фокус подолго време.

Она што не интересира е конечно да добиеме поморска врска со Италија, да го вратиме траектот Бар-Бари, Бар-Анкона, да го вратиме нашиот Свети Стефан. Тоа е амбиција на Владата, рече Абазовиќ.

Според него, Црна Гора е место на спојување.

Верувам дека можеме да придонесеме за некои регионални процеси што се случуваат и дека конечно треба да се стави фокус на она што е заедничка иднина, економија и животниот стандард, рече Абазовиќ.

Зборувајќи за претстојната туристичка сезона, тој рече дека очекува голем број туристи од ЕУ и од регионот.

Мислам дека во секој случај, на секое место во Европа и светот, Црна Гора демонстрира дека е земја достојна за почит, рече Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Положивме голем демократски испит appeared first on Република.

]]>

Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим.
Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, и да им овозможиме на граѓаните да избираат онака како што мислат дека треба, рече Абазовиќ.
Тој додаде дека верува оти со тоа се отвора нова перспектива кога станува збор за владеењето на правото во Црна Гора.
Ова е дел од нашата европска агенда и сигурен сум дека целиот политички спектар треба да се собере околу нашата европска иднина, рече Абазовиќ.
Тој наведе дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан разговарале за многу теми. Додаде дека средбата поминала во многу добра и позитивна атмосфера. Абазовиќ му се заблагодари на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој го отвори прашањето за идејата за изградба на регионален енергетски терминал, кој би го финансирала Европската унија. Тој рече дека Црна Гора е подготвена да аплицира, да ги понуди своите капацитети и додаде дека енергетиката е во нивниот фокус подолго време.
Она што не интересира е конечно да добиеме поморска врска со Италија, да го вратиме траектот Бар-Бари, Бар-Анкона, да го вратиме нашиот Свети Стефан. Тоа е амбиција на Владата, рече Абазовиќ.
Според него, Црна Гора е место на спојување.
Верувам дека можеме да придонесеме за некои регионални процеси што се случуваат и дека конечно треба да се стави фокус на она што е заедничка иднина, економија и животниот стандард, рече Абазовиќ.
Зборувајќи за претстојната туристичка сезона, тој рече дека очекува голем број туристи од ЕУ и од регионот. Мислам дека во секој случај, на секое место во Европа и светот, Црна Гора демонстрира дека е земја достојна за почит, рече Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Положивме голем демократски испит appeared first on Република.

]]>
Која е новата прва дама на Црна Гора: Mилена е скромна, имаат три деца и заедно со сопругот одат на пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koja-e-novata-prva-dama-na-tsrna-gora-milena-e-skromna-imaat-tri-detsa-i-zaedno-so-soprugot-odat-na-pazar/ Mon, 03 Apr 2023 12:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=626703

Лидерот на движењето Европа, Јаков Милатовиќ, е роден во 1986 година во Подгорица, каде што завршил основно училиште и гимназија. Основните студии ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора, со просечна оценка 10 и бил студент на неговата генерација.

Јаков е релативно ново лице на политичката сцена во Црна Гора - има само 37 години, нешто помалку од кариерата на неговиот противкандидат Ѓукановиќ. Овој политичар во јавноста стана познат како министер за економски развој во Владата на Здравко Кривокапиќ, како и кандидат за градоначалник на Подгорица.

https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-chovekot-shto-go-simna-vechniot-gukanovik-od-vlast-prvenets-na-generatsija-semeen-i-chesen-bez-nitu-edna-damka/

Татко на три деца

И додека многу се знае за неговиот професионален пат и напредок, Милатовиќ внимателно го криеше својот приватен живот од очите на јавноста. Сепак, некои основни информации им се познати на сите - неговата сопруга се вика Милена, а заедно имаат три деца, ќерките Сара и Ана и синот Давид.

Милатовиќ на својот Инстаграм профил повремено споделува семејни фотографии од разни патувања и други убави пригоди. На некои од политичките собири ја поведе не само сопругата Милена, туку и децата, а тие беа дел и од промотивните видеа во неговата кампања.

Милена, јас и децата сме навикнати да пазаруваме на пазар за викенди, а потоа заедно да подготвуваме ручек. Тоа е наш семеен ритуал – напиша новиот претседател.

The post Која е новата прва дама на Црна Гора: Mилена е скромна, имаат три деца и заедно со сопругот одат на пазар appeared first on Република.

]]>

Лидерот на движењето Европа, Јаков Милатовиќ, е роден во 1986 година во Подгорица, каде што завршил основно училиште и гимназија. Основните студии ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора, со просечна оценка 10 и бил студент на неговата генерација. Јаков е релативно ново лице на политичката сцена во Црна Гора - има само 37 години, нешто помалку од кариерата на неговиот противкандидат Ѓукановиќ. Овој политичар во јавноста стана познат како министер за економски развој во Владата на Здравко Кривокапиќ, како и кандидат за градоначалник на Подгорица. https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-chovekot-shto-go-simna-vechniot-gukanovik-od-vlast-prvenets-na-generatsija-semeen-i-chesen-bez-nitu-edna-damka/

Татко на три деца

И додека многу се знае за неговиот професионален пат и напредок, Милатовиќ внимателно го криеше својот приватен живот од очите на јавноста. Сепак, некои основни информации им се познати на сите - неговата сопруга се вика Милена, а заедно имаат три деца, ќерките Сара и Ана и синот Давид. Милатовиќ на својот Инстаграм профил повремено споделува семејни фотографии од разни патувања и други убави пригоди. На некои од политичките собири ја поведе не само сопругата Милена, туку и децата, а тие беа дел и од промотивните видеа во неговата кампања.
Милена, јас и децата сме навикнати да пазаруваме на пазар за викенди, а потоа заедно да подготвуваме ручек. Тоа е наш семеен ритуал – напиша новиот претседател.

The post Која е новата прва дама на Црна Гора: Mилена е скромна, имаат три деца и заедно со сопругот одат на пазар appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ по победата: Се простивме од последниот диктатор во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-po-pobedata-se-prostivme-od-posledniot-diktator-vo-evropa/ Mon, 03 Apr 2023 07:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=626488

По победата во Црна Гора пред граѓаните се обрати новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Вечерва е ноќта што ја чекавме повеќе од 30 години и на сите да ни биде благословена оваа победа. Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора, рече тој.

„Мило, крадец“, извикуваа штабот на новиот претседател Милатовиќ, пренесуваат локалните медиуми.

https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-chovekot-shto-go-simna-vechniot-gukanovik-od-vlast-prvenets-na-generatsija-semeen-i-chesen-bez-nitu-edna-damka/

The post Милатовиќ по победата: Се простивме од последниот диктатор во Европа appeared first on Република.

]]>

По победата во Црна Гора пред граѓаните се обрати новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Вечерва е ноќта што ја чекавме повеќе од 30 години и на сите да ни биде благословена оваа победа. Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора, рече тој.
„Мило, крадец“, извикуваа штабот на новиот претседател Милатовиќ, пренесуваат локалните медиуми. https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-chovekot-shto-go-simna-vechniot-gukanovik-od-vlast-prvenets-na-generatsija-semeen-i-chesen-bez-nitu-edna-damka/

The post Милатовиќ по победата: Се простивме од последниот диктатор во Европа appeared first on Република.

]]>
Ова е човекот што го симна „вечниот“ Ѓукановиќ од власт: Првенец на генерација, семеен и чесен, без ниту една дамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ova-e-chovekot-shto-go-simna-vechniot-gukanovik-od-vlast-prvenets-na-generatsija-semeen-i-chesen-bez-nitu-edna-damka/ Mon, 03 Apr 2023 07:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=626434

Црногорскиот политичар и еден од лидерите на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, е новиот претседател на Црна Гора, откако во вториот круг на изборите освои околу 60 отсто од гласовите. Со тоа Милатовиќ стана политичарот кој го симна од власта „вечниот“ Мило Ѓукановиќ, кој досега беше актуелен претседател.

Милатовиќ е големото изненадување на овие избори и додека за неговиот политички живот се знае доста, за неговиот приватен живот нема многу информации.

Тој е роден во Подгорица на 7 декември 1986 година. Завршил економски студии на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, со просечен успех 10 и бил стидент на генерацијата. Магистерски студии завршил на Универзитетот Оксфорд.

Негова најголема поддршка е сопругата Милена, која и при самото гласање привлече големо внимание во јавноста. Уште во првиот круг, при гласањето во Подгорица, Милена ги освои симпатиите и воодушеви со својот изглед  во црвен костум и бела кошула. Беспрекорниот стајлинг го закити со искрена насмевка, со што беше неодолива мета за фоторепортерите.

Милатовиќ во медиумите е претставен како човек „без дамка во кариерата и животот“, пристоен и семеен човек, кој потекнува од семејство кое само по добро го познаваат и таткото и мајката. Велат дека е вреден и неуморен, посветен татко на ќерките Сара и Ана и синот Давид, како и грижлив сопруг.

Според податоците од имотниот лист од 2021 година, Милатовиќ е сопственик на стан од 46 квадрати што го купил. Заедно со сопругата Милена Милатовиќ е косопственик на стан од 68 метри квадратни.

Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Сопругата на Милатовиќ има нешто повеќе од 3.000 евра на тековната сметка, а во декември заработила 909 евра.

Милатовиќ, кој поседува и автомобил Рено Меган од 2012 година, има станбен кредит од 70.500 евра, кој го враќа на месечни рати од 452 евра.

The post Ова е човекот што го симна „вечниот“ Ѓукановиќ од власт: Првенец на генерација, семеен и чесен, без ниту една дамка appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот политичар и еден од лидерите на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, е новиот претседател на Црна Гора, откако во вториот круг на изборите освои околу 60 отсто од гласовите. Со тоа Милатовиќ стана политичарот кој го симна од власта „вечниот“ Мило Ѓукановиќ, кој досега беше актуелен претседател. Милатовиќ е големото изненадување на овие избори и додека за неговиот политички живот се знае доста, за неговиот приватен живот нема многу информации. Тој е роден во Подгорица на 7 декември 1986 година. Завршил економски студии на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, со просечен успех 10 и бил стидент на генерацијата. Магистерски студии завршил на Универзитетот Оксфорд. Негова најголема поддршка е сопругата Милена, која и при самото гласање привлече големо внимание во јавноста. Уште во првиот круг, при гласањето во Подгорица, Милена ги освои симпатиите и воодушеви со својот изглед  во црвен костум и бела кошула. Беспрекорниот стајлинг го закити со искрена насмевка, со што беше неодолива мета за фоторепортерите. Милатовиќ во медиумите е претставен како човек „без дамка во кариерата и животот“, пристоен и семеен човек, кој потекнува од семејство кое само по добро го познаваат и таткото и мајката. Велат дека е вреден и неуморен, посветен татко на ќерките Сара и Ана и синот Давид, како и грижлив сопруг. Според податоците од имотниот лист од 2021 година, Милатовиќ е сопственик на стан од 46 квадрати што го купил. Заедно со сопругата Милена Милатовиќ е косопственик на стан од 68 метри квадратни. Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Сопругата на Милатовиќ има нешто повеќе од 3.000 евра на тековната сметка, а во декември заработила 909 евра. Милатовиќ, кој поседува и автомобил Рено Меган од 2012 година, има станбен кредит од 70.500 евра, кој го враќа на месечни рати од 452 евра.

The post Ова е човекот што го симна „вечниот“ Ѓукановиќ од власт: Првенец на генерација, семеен и чесен, без ниту една дамка appeared first on Република.

]]>
Додик прв му честиташе на Милатовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-prv-mu-chestitashe-na-milatovik/ Sun, 02 Apr 2023 20:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=626394

Милорад Додик, претседател на РС и СНСД, прв му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна Гора.

Додик напиша:

„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за претседател на Црна Гора. Се надевам дека ќе ја води Црна Гора на патот на напредокот и просперитетот и дека во духот на добрососедските односи успешно ќе соработуваме за доброто на граѓаните и на Црна Гора и на Република Српска“, беше објавено на Твитер.

Според првичните резултати, Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ.

The post Додик прв му честиташе на Милатовиќ appeared first on Република.

]]>

Милорад Додик, претседател на РС и СНСД, прв му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна Гора. Додик напиша: