Јаир Нетанјаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jair-netanjahu/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 21:51:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јаир Нетанјаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jair-netanjahu/ 32 32 Синот на Нетанјаху си седи во луксузен стан во САД за да избегне регрутација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-netanjahu-si-sedi-vo-luksuzen-stan-vo-sad-za-da-izbegne-regrutatsija/ Sat, 24 Feb 2024 20:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=747652

Додека израелски резервисти одат во војска за да се борат во појасот Газа, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир Нетанјаху, ги минува деновите во луксузен стан во близина на Мајами.

Дејли мејл“ објави фотографии од 32-годишниот Јаир Нетанјаху како се релаксира во стан изнајмен за 5.000 долари месечно. Додека е во САД, Јаир го чуваат припадници на израелската служба за безбедност Шин Бет.

[caption id="attachment_747654" align="aligncenter" width="640"] Фото: Дејли мејл[/caption]

Зградата во која се наоѓа апартманот е сместена веднаш до терен за голф и на околу 15 минути пешачење од плажа. Самиот комплекс има тениски терени, спа центар, соба за игри, приватно кино, винарска визба...

[caption id="attachment_747653" align="aligncenter" width="441"] Фото: Дејли мејл[/caption]

Помладиот Нетанјаху е познат по своите екстремно десничарски ставови и агресивното однесување на социјалните мрежи, поради што во неколку наврати се најде на суд. Сепак, акко што пишува британскиот весник, наместо да служи како резервист во Појасот Газа, Јаир одлучил да остане на Флорида.

 

The post Синот на Нетанјаху си седи во луксузен стан во САД за да избегне регрутација appeared first on Република.

]]>

Додека израелски резервисти одат во војска за да се борат во појасот Газа, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир Нетанјаху, ги минува деновите во луксузен стан во близина на Мајами. „Дејли мејл“ објави фотографии од 32-годишниот Јаир Нетанјаху како се релаксира во стан изнајмен за 5.000 долари месечно. Додека е во САД, Јаир го чуваат припадници на израелската служба за безбедност Шин Бет. [caption id="attachment_747654" align="aligncenter" width="640"] Фото: Дејли мејл[/caption] Зградата во која се наоѓа апартманот е сместена веднаш до терен за голф и на околу 15 минути пешачење од плажа. Самиот комплекс има тениски терени, спа центар, соба за игри, приватно кино, винарска визба... [caption id="attachment_747653" align="aligncenter" width="441"] Фото: Дејли мејл[/caption] Помладиот Нетанјаху е познат по своите екстремно десничарски ставови и агресивното однесување на социјалните мрежи, поради што во неколку наврати се најде на суд. Сепак, акко што пишува британскиот весник, наместо да служи како резервист во Појасот Газа, Јаир одлучил да остане на Флорида.  

The post Синот на Нетанјаху си седи во луксузен стан во САД за да избегне регрутација appeared first on Република.

]]>
Синот на Нетанјаху ужива на Флорида додека Израел е во војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-netanjahu-uzhiva-na-florida-dodeka-izrael-e-vo-vojna/ Wed, 25 Oct 2023 18:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=694827

Додека беснее војната меѓу Израел и Хамас, израелската армија повика илјадници резервисти да земат оружје и да ја бранат својата татковина. Досега во земјата пристигнале околу 360.000 резервисти. Меѓутоа, среде оваа масовна мобилизација, некои војници му поставија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тешко прашање: „Каде е вашиот син?“

Според пишувањата на медиумите, 32-годишниот Јаир Нетанјаху од април е на Флорида, што налутило многу војници. „Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич додека јас сум на линијата на фронтот“, цитира Тајмс еден војник, волонтер што служи на израелскиот северен фронт.

„Ние сме тие што ги напуштаат работните места, семејствата, децата, за да ги заштитиме нашите семејства дома и земјата, а не луѓето што се одговорни за оваа ситуација“, рече тој.

„Нашите браќа, нашите татковци, нашите синови, сите одат на фронтот, но Јаир сè уште не е тука. Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, додаде тој.

Друг резервист, кој од САД се вратил во Израел, оставајќи ги зад себе својата работа и семејството, ја изрази истата загриженост.

„Нема шанси да останам таму и да ја напуштам мојата земја, мојот народ, во овој момент. Каде е синот на премиерот? Зошто не е во Израел? Тоа е моментот што најмногу нѐ обединува нас како Израелци во нашата понова историја и секој од нас треба да биде тука во моментов, вклучително и синот на премиерот“, рече тој.

Јаир, кој го завршил средното образование, задолжителниот воен рок го исполнил во Израел работејќи во единицата за портпароли на ИДФ, наместо да преземе борбена улога. Се преселил во Соединетите Држави по контроверзите за неговата активност на социјалните мрежи, вели Тајмс. Синот на израелскиот премиер предизвика негодување во јавноста откако ги нарече „терористи“ стотиците илјади Израелци што демонстрираа против владините судски реформи и ги обвини Соединетите Држави за финансирање на немирите.

The post Синот на Нетанјаху ужива на Флорида додека Израел е во војна appeared first on Република.

]]>

Додека беснее војната меѓу Израел и Хамас, израелската армија повика илјадници резервисти да земат оружје и да ја бранат својата татковина. Досега во земјата пристигнале околу 360.000 резервисти. Меѓутоа, среде оваа масовна мобилизација, некои војници му поставија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тешко прашање: „Каде е вашиот син?“ Според пишувањата на медиумите, 32-годишниот Јаир Нетанјаху од април е на Флорида, што налутило многу војници. „Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич додека јас сум на линијата на фронтот“, цитира Тајмс еден војник, волонтер што служи на израелскиот северен фронт. „Ние сме тие што ги напуштаат работните места, семејствата, децата, за да ги заштитиме нашите семејства дома и земјата, а не луѓето што се одговорни за оваа ситуација“, рече тој. „Нашите браќа, нашите татковци, нашите синови, сите одат на фронтот, но Јаир сè уште не е тука. Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, додаде тој. Друг резервист, кој од САД се вратил во Израел, оставајќи ги зад себе својата работа и семејството, ја изрази истата загриженост. „Нема шанси да останам таму и да ја напуштам мојата земја, мојот народ, во овој момент. Каде е синот на премиерот? Зошто не е во Израел? Тоа е моментот што најмногу нѐ обединува нас како Израелци во нашата понова историја и секој од нас треба да биде тука во моментов, вклучително и синот на премиерот“, рече тој. Јаир, кој го завршил средното образование, задолжителниот воен рок го исполнил во Израел работејќи во единицата за портпароли на ИДФ, наместо да преземе борбена улога. Се преселил во Соединетите Држави по контроверзите за неговата активност на социјалните мрежи, вели Тајмс. Синот на израелскиот премиер предизвика негодување во јавноста откако ги нарече „терористи“ стотиците илјади Израелци што демонстрираа против владините судски реформи и ги обвини Соединетите Држави за финансирање на немирите.

The post Синот на Нетанјаху ужива на Флорида додека Израел е во војна appeared first on Република.

]]>