Јаир Лапид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jair-lapid/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 14:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јаир Лапид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jair-lapid/ 32 32 Опозиционерот Лапид го повика премиерот Нетанјаху да го послуша Бајден за договорот за заложници во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opozitsionerot-lapid-go-povika-premierot-netanjahu-da-go-poslusha-bajden-za-dogovorot-za-zalozhnitsi-vo-gaza/ Sat, 01 Jun 2024 14:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=783886

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да го послуша повикот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа, според кое Хамас ќе ги ослободи заложниците, јавија британските медиуми.

Лапид, исто така, понуди дека ќе ја поддржи владата доколку екстремно десничарските коалициски партнери на Нетанјаху ја напуштат владата во знак на протест поради можниот договор за заложниците и прекин на непријателствата во палестинската енклава.

Владата на Израел не може да го игнорира важниот говор на претседателот Бајден. Има договор на маса и тоа мора да се направи“, напиша Лапид на социјалната мрежа „Х“.

„Го потсетувам Нетанјаху дека во нас може да смета на гарантот за постигнување договор за ослободување на заложниците во случај екстремно десничарските лидери (Итамар) Бен-Гвир и (Бетзалел) Смотрич да ја напуштат владата“, додаде тој.

 

The post Опозиционерот Лапид го повика премиерот Нетанјаху да го послуша Бајден за договорот за заложници во Газа appeared first on Република.

]]>

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да го послуша повикот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа, според кое Хамас ќе ги ослободи заложниците, јавија британските медиуми. Лапид, исто така, понуди дека ќе ја поддржи владата доколку екстремно десничарските коалициски партнери на Нетанјаху ја напуштат владата во знак на протест поради можниот договор за заложниците и прекин на непријателствата во палестинската енклава.
Владата на Израел не може да го игнорира важниот говор на претседателот Бајден. Има договор на маса и тоа мора да се направи“, напиша Лапид на социјалната мрежа „Х“.
„Го потсетувам Нетанјаху дека во нас може да смета на гарантот за постигнување договор за ослободување на заложниците во случај екстремно десничарските лидери (Итамар) Бен-Гвир и (Бетзалел) Смотрич да ја напуштат владата“, додаде тој.  

The post Опозиционерот Лапид го повика премиерот Нетанјаху да го послуша Бајден за договорот за заложници во Газа appeared first on Република.

]]>
Се руши ли поддршката за Нетанјаху: Лидерот на израелската опозиција во посета на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-rushi-li-poddrshkata-za-netanjahu-liderot-na-izraelskata-opozitsija-vo-poseta-na-sad/ Sun, 07 Apr 2024 07:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=763314

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, отпатува за Вашингтон каде што ќе се сретне со високи американски лидери, соопшти неговата партија.

Неговото патување во САД доаѓа во време на зголемена тензија и незадоволство кон Израел поради начинот на кој тој ја води војната во Појасот Газа, пренесе Бета.

За време на дипломатската посета на Вашингтон, Лапид треба да се сретне со високи претставници на американската администрација, вклучително и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Посетата доаѓа во време кога односите меѓу САД и нивниот најблизок сојузник Израел се затегнати поради конфликтот во Појасот Газа, каде Израел се бори против исламистичкото движење Хамас.

Шест месеци по почетокот на војната со Хамас на 7 октомври, населението во Газа е на работ на глад, ситуација која предизвика големи реакции ширум светот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот во телефонски разговор дека континуираната поддршка на САД, кои обезбедуваат голема воена помош за Израел, ќе зависи од мерките преземени за заштита на палестинските цивили во Газа. Бајден повика и на прекин на огнот.

Претседателот на САД во вторникот ја осуди смртта на седумте хуманитарни работници на американската невладина организација „Светска централна кујна“ во Газа, меѓу кои и шестмина странци, кои беа убиени во израелски напад. Израелската војска го опиша нападот како трагична грешка.

За време на посетата на Вашингтон, Лапид ќе се сретне и со лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер.

Шумер неодамна го поддржа повикот на Бени Ганц, шефот на воениот кабинет на Израел и главен политички ривал на премиерот Нетанјаху.

The post Се руши ли поддршката за Нетанјаху: Лидерот на израелската опозиција во посета на САД appeared first on Република.

]]>

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, отпатува за Вашингтон каде што ќе се сретне со високи американски лидери, соопшти неговата партија. Неговото патување во САД доаѓа во време на зголемена тензија и незадоволство кон Израел поради начинот на кој тој ја води војната во Појасот Газа, пренесе Бета. За време на дипломатската посета на Вашингтон, Лапид треба да се сретне со високи претставници на американската администрација, вклучително и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Посетата доаѓа во време кога односите меѓу САД и нивниот најблизок сојузник Израел се затегнати поради конфликтот во Појасот Газа, каде Израел се бори против исламистичкото движење Хамас. Шест месеци по почетокот на војната со Хамас на 7 октомври, населението во Газа е на работ на глад, ситуација која предизвика големи реакции ширум светот. Американскиот претседател Џозеф Бајден го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот во телефонски разговор дека континуираната поддршка на САД, кои обезбедуваат голема воена помош за Израел, ќе зависи од мерките преземени за заштита на палестинските цивили во Газа. Бајден повика и на прекин на огнот. Претседателот на САД во вторникот ја осуди смртта на седумте хуманитарни работници на американската невладина организација „Светска централна кујна“ во Газа, меѓу кои и шестмина странци, кои беа убиени во израелски напад. Израелската војска го опиша нападот како трагична грешка. За време на посетата на Вашингтон, Лапид ќе се сретне и со лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер. Шумер неодамна го поддржа повикот на Бени Ганц, шефот на воениот кабинет на Израел и главен политички ривал на премиерот Нетанјаху.

The post Се руши ли поддршката за Нетанјаху: Лидерот на израелската опозиција во посета на САД appeared first on Република.

]]>
Критики поради изјавата на Лавров дека Зеленски е Хитлер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kritiki-poradi-izjavata-na-lavrov-deka-zelenski-e-hitler/ Mon, 02 May 2022 09:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=496270

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека го споредил украинскиот претседател Володимир Зеленски со Адолф Хитлер, нарекувајќи ја изјавата „непростлива, срамна и историска грешка“.

Лапид рече дека очекува извинување и најави дека ќе го покани рускиот амбасадор во Тел Авив да го изрази својот протест, пренесоа израелските медиуми.

„Да се ​​каже дека Хитлер бил Евреин е исто како да се каже дека Евреите сами се убивале. Нацистите ги прогонувале Евреите, само нацистите биле нацисти и само нацистите го иницирале систематското уништување на еврејскиот народ“, рече Лапид.

Дани Дајан, претседател на Меморијалниот центар на холокаустот во Јад Вашем, Ерусалим, исто така, ги критикуваше изјавите на Лавров, нарекувајќи ги „опасни и за осуда“ и рече дека Лавров „ги претвори жртвите во криминалци, врз основа на целосно лажно тврдење дека Хитлер бил Евреин“.

Тој исто така рече дека е против тоа Украинците да се нарекуваат нацисти бидејќи „тоа го искривува терминот и им штети на жртвите на нацизмот.

https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-toa-shto-zelenski-e-evrein-ne-gi-negira-nacistichkite-elementi-na-negovata-zemja/

The post Критики поради изјавата на Лавров дека Зеленски е Хитлер appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека го споредил украинскиот претседател Володимир Зеленски со Адолф Хитлер, нарекувајќи ја изјавата „непростлива, срамна и историска грешка“. Лапид рече дека очекува извинување и најави дека ќе го покани рускиот амбасадор во Тел Авив да го изрази својот протест, пренесоа израелските медиуми.
„Да се ​​каже дека Хитлер бил Евреин е исто како да се каже дека Евреите сами се убивале. Нацистите ги прогонувале Евреите, само нацистите биле нацисти и само нацистите го иницирале систематското уништување на еврејскиот народ“, рече Лапид.
Дани Дајан, претседател на Меморијалниот центар на холокаустот во Јад Вашем, Ерусалим, исто така, ги критикуваше изјавите на Лавров, нарекувајќи ги „опасни и за осуда“ и рече дека Лавров „ги претвори жртвите во криминалци, врз основа на целосно лажно тврдење дека Хитлер бил Евреин“. Тој исто така рече дека е против тоа Украинците да се нарекуваат нацисти бидејќи „тоа го искривува терминот и им штети на жртвите на нацизмот. https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-toa-shto-zelenski-e-evrein-ne-gi-negira-nacistichkite-elementi-na-negovata-zemja/

The post Критики поради изјавата на Лавров дека Зеленски е Хитлер appeared first on Република.

]]>