јахја синвар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jahja-sinvar/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јахја синвар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jahja-sinvar/ 32 32 Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamnei-hamas-ke-go-nadzhivee-svojot-lider/ Sat, 19 Oct 2024 08:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=828720

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека палестинското движење Хамас ќе продолжи да постои и покрај смртта на неговиот лидер Јахја Синвар, кој беше убиен за време на израелска воена операција.

Неговата загуба е секако болна за фронтот на отпорот против Израел, но тоа воопшто нема да престане со мачеништвото на Синвар, нагласи ајатолахот Хамнеи.

По Исламската револуција во 1979 година, поддршката за палестинската кауза Иран ја направи еден од столбовите на својата надворешна политика.

Јахја Синвар „беше брилијантна фигура на отпор и борба против Израел, според Хамнеи. „Тој застана со непоколеблива решителност против суров и агресивен непријател и го победи со тактичност и храброст“, додаде Хамнеи.

Синвар, кој долго време беше во сенка пред да стане шеф на Хамас, се смета за архитект на нападот на палестинското движење врз Израел на 7 октомври 2023 година.

The post Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер appeared first on Република.

]]>

Трамп: Смртта на лидерот на Хамас ќе го олесни мирот во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-smrtta-na-liderot-na-hamas-ke-go-olesni-mirot-vo-gaza/ Sat, 19 Oct 2024 08:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=828713

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека смртта на лидерот на палестинското движење „Хамас“ Јахја Синвар ќе ја олесни можноста за мир во Газа.

Мислам дека тоа ќе ги олесни работите, рече Трамп, коментирајќи ги можностите за мир во Газа по смртта на Синвар.

Трамп го изјави ова пред новинарите кои пристигнуваат на настан во кампањата во градот Детроит.

Поранешниот американски претседател додаде дека наскоро планира да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој го пофали израелскиот лидер за добрата работа додека ја критикуваше администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Бајден се обидува да го задржи (Нетанјаху), а ние веројатно треба да го направиме токму спротивното, рече Трамп.

Бајден и демократскиот потпретседател Камала Харис, со кој Трамп се соочува во тесна трка пред изборите во САД на 5 ноември, одржуваат силна поддршка за Израел во неговите војни во Газа и Либан. Сепак, претходно оваа недела Вашингтон испрати писмо до Израел во кое бара да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа или да се соочи со потенцијални ограничувања на американската воена помош.

The post Трамп: Смртта на лидерот на Хамас ќе го олесни мирот во Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека смртта на лидерот на палестинското движење „Хамас“ Јахја Синвар ќе ја олесни можноста за мир во Газа.
Мислам дека тоа ќе ги олесни работите, рече Трамп, коментирајќи ги можностите за мир во Газа по смртта на Синвар.
Трамп го изјави ова пред новинарите кои пристигнуваат на настан во кампањата во градот Детроит. Поранешниот американски претседател додаде дека наскоро планира да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој го пофали израелскиот лидер за добрата работа додека ја критикуваше администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден.
Бајден се обидува да го задржи (Нетанјаху), а ние веројатно треба да го направиме токму спротивното, рече Трамп.
Бајден и демократскиот потпретседател Камала Харис, со кој Трамп се соочува во тесна трка пред изборите во САД на 5 ноември, одржуваат силна поддршка за Израел во неговите војни во Газа и Либан. Сепак, претходно оваа недела Вашингтон испрати писмо до Израел во кое бара да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа или да се соочи со потенцијални ограничувања на американската воена помош.

The post Трамп: Смртта на лидерот на Хамас ќе го олесни мирот во Газа appeared first on Република.

]]>
Галант ги повикува борците на Хамас да се предадат по убиството на Јахја Синвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/galant-gi-povikuva-bortsite-na-hamas-da-se-predadat-po-ubistvoto-na-jahja-sinvar/ Thu, 17 Oct 2024 18:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=828197

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант ги повика борците на Хамас да ги ослободат заложниците и да се предадат по убиството на водачот на групата, Јахја Синвар.

Државата Израел донесе правда со елиминацијата на Јахја Синвар – убиец и терорист. Јахја Синвар е терористот, главниот терорист, кој го планираше и изврши (масакрот) на 7-ми октомври, за време на кој беа убиени толку многу невини Израелци – деца, жени и постари лица. Елиминацијата на Синвар се придружува на долгата серија елиминации - од Насрала до воениот началник на Хамас Мухамед Деиф и многу други. Ќе ги гониме и елиминираме нашите непријатели. Синвар загина додека беше во бегство. Тој не умре како командант, туку како некој што се грижеше само за себе. Ова е јасна порака до сите наши непријатели – ИДФ ќе допре до секој кој ќе се обиде да им наштети на граѓаните на Израел или нашите безбедносни сили, а ние ќе ве изведеме пред лицето на правдата. Елиминацијата на Јахја Синвар испраќа јасна порака до сите семејства на загинатите и до семејствата на заложниците: правиме се за да дојдеме до оние кои им наштетиле на вашите најблиски и да ги ослободиме заложниците и да ги вратиме на нивните семејства. Тоа е исто така јасна порака до жителите на Газа. Човекот кој донесе катастрофа и смрт во Појасот Газа, човекот кој ве натера да страдате како резултат на неговите убиствени дејствија - дојде крајот на овој човек. Време е да излезете, да ги ослободите заложниците, [на оние кои се вклучени во борбите] кренете ги рацете, предадете се. Излезете со заложниците, ослободете ги и предајте се“, изјави Галант.

Телото на Синвар било пронајдено случајно од израелски војник по минофрлачки напад врз позиции на Хамас.

Според објавените фотографии од мртвото тело на Синвар, се гледа дека лидерот на Хамас при смртта носел борбен елек, имал калашников во раката со кој се борел рамо до рамо со своите борци.

The post Галант ги повикува борците на Хамас да се предадат по убиството на Јахја Синвар appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант ги повика борците на Хамас да ги ослободат заложниците и да се предадат по убиството на водачот на групата, Јахја Синвар.
Државата Израел донесе правда со елиминацијата на Јахја Синвар – убиец и терорист. Јахја Синвар е терористот, главниот терорист, кој го планираше и изврши (масакрот) на 7-ми октомври, за време на кој беа убиени толку многу невини Израелци – деца, жени и постари лица. Елиминацијата на Синвар се придружува на долгата серија елиминации - од Насрала до воениот началник на Хамас Мухамед Деиф и многу други. Ќе ги гониме и елиминираме нашите непријатели. Синвар загина додека беше во бегство. Тој не умре како командант, туку како некој што се грижеше само за себе. Ова е јасна порака до сите наши непријатели – ИДФ ќе допре до секој кој ќе се обиде да им наштети на граѓаните на Израел или нашите безбедносни сили, а ние ќе ве изведеме пред лицето на правдата. Елиминацијата на Јахја Синвар испраќа јасна порака до сите семејства на загинатите и до семејствата на заложниците: правиме се за да дојдеме до оние кои им наштетиле на вашите најблиски и да ги ослободиме заложниците и да ги вратиме на нивните семејства. Тоа е исто така јасна порака до жителите на Газа. Човекот кој донесе катастрофа и смрт во Појасот Газа, човекот кој ве натера да страдате како резултат на неговите убиствени дејствија - дојде крајот на овој човек. Време е да излезете, да ги ослободите заложниците, [на оние кои се вклучени во борбите] кренете ги рацете, предадете се. Излезете со заложниците, ослободете ги и предајте се“, изјави Галант.
Телото на Синвар било пронајдено случајно од израелски војник по минофрлачки напад врз позиции на Хамас. Според објавените фотографии од мртвото тело на Синвар, се гледа дека лидерот на Хамас при смртта носел борбен елек, имал калашников во раката со кој се борел рамо до рамо со своите борци.

The post Галант ги повикува борците на Хамас да се предадат по убиството на Јахја Синвар appeared first on Република.

]]>
САД не веруваат дека лидерот на Хамас е убиен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ne-veruvaat-deka-liderot-na-hamas-e-ubien/ Thu, 10 Oct 2024 05:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=824929

САД веруваат дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е жив и веројатно се крие во подземен тунел во Појасот Газа со заложници во близина, изјави Бред Мекгарк, специјален советник на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка.

- Јахја Синвар останува носител на одлуки. Веруваме дека е жив и се наоѓа во тунел под Газа, веројатно со заложници во негова близина, рече Мекгарк за време на разговор со американски рабини, пренесува Белата куќа.

Изјавата на Мекгарк е најдеталната информација во врска со статусот на Синвар од висок американски функционер во последните неколку недели.

Во последните денови, Синвар, наводно, повторно воспоставил контакт со претставници на Хамас надвор од Газа по повеќе од еден месец никакви контакти.

Волстрит џурнал претходно во средата јави дека Синвар им наредил на командантите на Западниот Брег да ги обноват самоубиствените напади во Израел набргу откако тој го замени Исмаил Ханије на чело на политичкото биро на терористичката организација по неговото убиство во Техеран.

The post САД не веруваат дека лидерот на Хамас е убиен appeared first on Република.

]]>

САД веруваат дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е жив и веројатно се крие во подземен тунел во Појасот Газа со заложници во близина, изјави Бред Мекгарк, специјален советник на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка. - Јахја Синвар останува носител на одлуки. Веруваме дека е жив и се наоѓа во тунел под Газа, веројатно со заложници во негова близина, рече Мекгарк за време на разговор со американски рабини, пренесува Белата куќа. Изјавата на Мекгарк е најдеталната информација во врска со статусот на Синвар од висок американски функционер во последните неколку недели. Во последните денови, Синвар, наводно, повторно воспоставил контакт со претставници на Хамас надвор од Газа по повеќе од еден месец никакви контакти. Волстрит џурнал претходно во средата јави дека Синвар им наредил на командантите на Западниот Брег да ги обноват самоубиствените напади во Израел набргу откако тој го замени Исмаил Ханије на чело на политичкото биро на терористичката организација по неговото убиство во Техеран.

The post САД не веруваат дека лидерот на Хамас е убиен appeared first on Република.

]]>
Израелските разузнавачи се сомневаат дека лидерот на Хамас излегува од тунелите во Газа преправен во жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-razuznavachi-se-somnevaat-deka-liderot-na-hamas-izleguva-od-tunelite-vo-gaza-prepraven-vo-zhena/ Thu, 29 Aug 2024 05:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=810903

Извори од израелското разузнавање коментираат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, излегува од тунелите во Газа и шета меѓу Палестинците во областа облечен во женски алишта и преправен во жена, објави британскиот весник „Дејли Експрес“.

Весникот го цитира поранешниот шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, Шалом Бен Ханан, кој е вклучен во потрагата по Синвар.

Бен Ханан објасни дека Синвар не останува во тунелите повеќе од 24 до 36 часа. Причината за таквата рутина на Синвар е тоа што лидерот на Хамас знае дека доколку остане подолго време на едно место, Израелците може да го најдат со помош на техничките средства што им се на располагање.

The post Израелските разузнавачи се сомневаат дека лидерот на Хамас излегува од тунелите во Газа преправен во жена appeared first on Република.

]]>

Извори од израелското разузнавање коментираат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, излегува од тунелите во Газа и шета меѓу Палестинците во областа облечен во женски алишта и преправен во жена, објави британскиот весник „Дејли Експрес“. Весникот го цитира поранешниот шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, Шалом Бен Ханан, кој е вклучен во потрагата по Синвар. Бен Ханан објасни дека Синвар не останува во тунелите повеќе од 24 до 36 часа. Причината за таквата рутина на Синвар е тоа што лидерот на Хамас знае дека доколку остане подолго време на едно место, Израелците може да го најдат со помош на техничките средства што им се на располагање.

The post Израелските разузнавачи се сомневаат дека лидерот на Хамас излегува од тунелите во Газа преправен во жена appeared first on Република.

]]>
Главниот обвинител на МКС поднесе жалба за издавање итни налози за апсење на Нетанјаху и Синвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glavniot-obvinitel-na-mks-podnese-zhalba-za-izdavane-itni-nalozi-za-apsene-na-netanjahu-i-sinvar/ Sat, 24 Aug 2024 09:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=809641

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, ги повика судиите итно да издадат налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, Јахја Синвар, наведувајќи дека тоа е во надлежност на тој суд.

„Според воспоставениот закон, Судот има јурисдикција во оваа ситуација“, напиша Кан во правниот поднесок од 49 страници.

Тој го повика советот од судии на претходна постапка на МКС „веднаш да донесе одлуки“ за барањата што ги поднесе во мај за потерници за Нетанјаху, Синвар и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, заедно со убиениот политички лидер на Хамас Исмаил Ханија и воениот началник Мухамед Деиф.

The post Главниот обвинител на МКС поднесе жалба за издавање итни налози за апсење на Нетанјаху и Синвар appeared first on Република.

Хамас за нов лидер го избра Јахја Синвар, организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-za-nov-lider-go-izbra-jahja-sinvar-organizatorot-na-napadot-vrz-izrael-na-7-oktomvri/ Tue, 06 Aug 2024 20:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=804080

Палестинското движење Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, објави дека за свој нов лидер го избрало Јахја Синвар, највисокиот функционер во Појасот Газа кој ги организираше нападите врз Израел на 7 октомври. Хамас преку соопштение најави дека го назначува Синвар за нов шеф на своето политичко биро за да го замени Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран минатата недела во напад за кој се сомнева Израел.

Синвар се нема појавено во јавноста од нападот на 7 октомври во јужен Израел, во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе, а беа земени околу 250 заложници и ја поттикна кампањата на Израел во Појасот Газа.

Палестинските здравствени власти во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, соопштија дека во израелските напади загинале речиси 40.000 луѓе.

The post Хамас за нов лидер го избра Јахја Синвар, организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври appeared first on Република.

]]>

Палестинското движење Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, објави дека за свој нов лидер го избрало Јахја Синвар, највисокиот функционер во Појасот Газа кој ги организираше нападите врз Израел на 7 октомври. Хамас преку соопштение најави дека го назначува Синвар за нов шеф на своето политичко биро за да го замени Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран минатата недела во напад за кој се сомнева Израел. Синвар се нема појавено во јавноста од нападот на 7 октомври во јужен Израел, во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе, а беа земени околу 250 заложници и ја поттикна кампањата на Израел во Појасот Газа. Палестинските здравствени власти во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, соопштија дека во израелските напади загинале речиси 40.000 луѓе.

The post Хамас за нов лидер го избра Јахја Синвар, организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodniot-krivichen-sud-pobara-apsene-na-netanjahu-i-na-liderot-na-hamas/ Mon, 20 May 2024 16:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=780228

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху и на лидерот на Хамас Јахја Синвар под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападите врз Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, изјави главниот обвинител на судот Карим Кан за Си-Ен-Ен.

Кан рече дека МКС бара и налози за апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други водачи на Хамас - Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, водачот на бригадите Ал Касем и попознат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, политички лидер на Хамас.

Потерниците против израелските политичари означуваат првпат МКС да го нападне главниот лидер на близок сојузник на САД. Одлуката го става Нетанјаху „во друштво“ на рускиот претседател Владимир Путин, по кого МКС издаде налог за апсење поради војната на Москва против Украина, јави Си-Ен-Ен.
Судски панел ќе го разгледа барањето на Кан.

The post Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху и на лидерот на Хамас Јахја Синвар под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападите врз Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, изјави главниот обвинител на судот Карим Кан за Си-Ен-Ен. Кан рече дека МКС бара и налози за апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други водачи на Хамас - Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, водачот на бригадите Ал Касем и попознат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, политички лидер на Хамас. Потерниците против израелските политичари означуваат првпат МКС да го нападне главниот лидер на близок сојузник на САД. Одлуката го става Нетанјаху „во друштво“ на рускиот претседател Владимир Путин, по кого МКС издаде налог за апсење поради војната на Москва против Украина, јави Си-Ен-Ен. Судски панел ќе го разгледа барањето на Кан.

The post Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Хамас Јахја Синвар додаден на листата со терористи на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderot-na-hamas-jahja-sinvar-dodaden-na-listata-so-teroristi-na-eu/ Tue, 16 Jan 2024 18:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=733752

Европскиот совет денеска соопшти дека на списокот на терористи го додал Јахја Синвар, лидерот на политичкото крило на палестинскиот Хамас.

„Денеска, Советот одлучи да додаде едно лице на листата на терористи на Европската унија. Оваа одлука е дел од одговорот на Европската унија на заканата од Хамас и неговите брутални и неселективни терористички напади во Израел на 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Се додава дека од денеска на Синвар му се замрзнуваат сите средства и други имоти во земјите членки на Европската Унија.

„Покрај тоа, на операторите од ЕУ им е забрането да му ставаат на располагање средства и економски ресурси“, соопшти Европскиот совет.

The post Лидерот на Хамас Јахја Синвар додаден на листата со терористи на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот совет денеска соопшти дека на списокот на терористи го додал Јахја Синвар, лидерот на политичкото крило на палестинскиот Хамас. „Денеска, Советот одлучи да додаде едно лице на листата на терористи на Европската унија. Оваа одлука е дел од одговорот на Европската унија на заканата од Хамас и неговите брутални и неселективни терористички напади во Израел на 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението. Се додава дека од денеска на Синвар му се замрзнуваат сите средства и други имоти во земјите членки на Европската Унија. „Покрај тоа, на операторите од ЕУ им е забрането да му ставаат на располагање средства и економски ресурси“, соопшти Европскиот совет.

The post Лидерот на Хамас Јахја Синвар додаден на листата со терористи на ЕУ appeared first on Република.

]]>