јагнешко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jagneshko/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 09:57:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јагнешко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jagneshko/ 32 32 1.500 денари само за јагне на велигденската трпеза годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/1-500-denari-samo-za-jagne-na-veligdenskata-trpeza-godinava/ Mon, 29 Apr 2024 09:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=772128

Велигденската трпеза годинава за многу Македонци ќе помине без традиционалното јагнешко печење, судејќи по цените на месото за овие празници.

Ако лани кило јагне беше околу 500 денари, годинава тоа чини над 550. Имајќи предвид дека најмалку може да се купи четврт јагне, односно најмалку 2,5 килограми во зависност од самото јагне, цената за едно парче е најмалку 1.400 денари. Имајќи предвид, пак, дека годинава Велигден е во мај, ретко кое јагне ќе биде помало од 10 килограми.

Во месарниците во кои наминавме, скоро секаде, цената за кило јагне е точно 600 денари. Во зависност од кој дел од јагнето ќе го земете, предна или задна четвртина или половина јагне, со него го добивате или џигерот или главчето.

Низ маркетите цената е од 550 па нагоре.

Во „Рамстор“ цената за килограм јагне е 549 денари, а со купено четврт добивате лименка пиво. Во „Веро“, исто така, за купено четврт добивате лименка пиво, а цената за килограм е 559 денари.

Во „Тинекс“, пак, цената е 569 денари за килограм, но со купено четврт јагне се добива газиран пијалок, кисела вода и лименка пиво.

Најскапо е јагнето во „КАМ“, каде цената за килограм е 639 денари.

 

 

The post 1.500 денари само за јагне на велигденската трпеза годинава appeared first on Република.

]]>

Велигденската трпеза годинава за многу Македонци ќе помине без традиционалното јагнешко печење, судејќи по цените на месото за овие празници. Ако лани кило јагне беше околу 500 денари, годинава тоа чини над 550. Имајќи предвид дека најмалку може да се купи четврт јагне, односно најмалку 2,5 килограми во зависност од самото јагне, цената за едно парче е најмалку 1.400 денари. Имајќи предвид, пак, дека годинава Велигден е во мај, ретко кое јагне ќе биде помало од 10 килограми. Во месарниците во кои наминавме, скоро секаде, цената за кило јагне е точно 600 денари. Во зависност од кој дел од јагнето ќе го земете, предна или задна четвртина или половина јагне, со него го добивате или џигерот или главчето. Низ маркетите цената е од 550 па нагоре. Во „Рамстор“ цената за килограм јагне е 549 денари, а со купено четврт добивате лименка пиво. Во „Веро“, исто така, за купено четврт добивате лименка пиво, а цената за килограм е 559 денари. Во „Тинекс“, пак, цената е 569 денари за килограм, но со купено четврт јагне се добива газиран пијалок, кисела вода и лименка пиво. Најскапо е јагнето во „КАМ“, каде цената за килограм е 639 денари.    

The post 1.500 денари само за јагне на велигденската трпеза годинава appeared first on Република.

]]>
Oва е детето што закла 12 јагниња https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ova-e-deteto-shto-zakla-12-jagnina/ Wed, 13 Mar 2024 12:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=754375

Сопственикот на имотот каде што дете загла 12 јагниња вели дека  се плаши за својот живот и за животот на сопругата и децата,

Ниту едно јагне не преживеа-вели сопственикот на трлото.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/kakvo-semejstvo-vo-srbija-ednoto-dete-zakla-12-jagnina-drugoto-si-ja-siluvashe-sestrata/

13-годишно дете е од селото Марковац кај Вршац и со целото однесување потсетува на масакрот што се случи во „Рибникар“.

The post Oва е детето што закла 12 јагниња appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на имотот каде што дете загла 12 јагниња вели дека  се плаши за својот живот и за животот на сопругата и децата,
Ниту едно јагне не преживеа-вели сопственикот на трлото.
https://republika.mk/zivot/semejstvo/kakvo-semejstvo-vo-srbija-ednoto-dete-zakla-12-jagnina-drugoto-si-ja-siluvashe-sestrata/ 13-годишно дете е од селото Марковац кај Вршац и со целото однесување потсетува на масакрот што се случи во „Рибникар“.

The post Oва е детето што закла 12 јагниња appeared first on Република.

]]>
Бугарите се жалат дека поради евтиното јагнешко месо во Македонија е загрозен бизнисот со овци во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-se-zalat-deka-poradi-evtinoto-jagneshko-meso-vo-makedonija-e-zagrozen-biznisot-so-ovci-vo-bugarija/ Sun, 03 Apr 2022 09:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=482557

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Македонија, јави софиската телевизија бТВ.

Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата.

Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра).

Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко.

– За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока, вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна.

Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа.

The post Бугарите се жалат дека поради евтиното јагнешко месо во Македонија е загрозен бизнисот со овци во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Македонија, јави софиската телевизија бТВ. Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата. Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра). Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко. – За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока, вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна. Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа.

The post Бугарите се жалат дека поради евтиното јагнешко месо во Македонија е загрозен бизнисот со овци во Бугарија appeared first on Република.

]]>