јагнешко месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jagneshko-meso/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 11:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јагнешко месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jagneshko-meso/ 32 32 Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kako-da-go-izberete-i-kako-da-go-podgotvite-jagneshkoto-meso-za-veligden/ Sun, 05 May 2024 11:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=774488

Ако никогаш досега не сте правеле јагнешко, овие совети ќе ви помогнат да испадне совршено при првиот обид.

За ручек традиционално се служи јагнешко месо, а како прилог можете да послужите компири и сезонски салати. Постојат многу начини на кои можете да подготвите јагнешко месо, а познатиот готвач Џенаро Конталдо го откри својот рецепт за ова вкусно месо.

Првото нешто на кое треба да обрнете внимание е купувањето месо. Јагнето треба да има розова или светло црвена боја и да нема многу маснотии. Маснотијата што ја има месото треба да биде бела, затоа што така ќе знаете дека јагнето е младо. Ако маснотијата е жолта, тоа значи дека јагнето е постаро.

Ако месото сте го купиле неколку дена претходно, тогаш завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер. Не смее да стои повеќе од 3 дена.

На денот на подготовката прво треба добро да го зачините јагнето. Секогаш се подготвува претходната вечер, бидејќи е добро да стои во маринадата. Се подготвува така што во сад се мешаат маслото, биберот, мелениот лук и другите зачини. За мирисот би било добро да додадете малку рузмарин. Маринадата не ја посолувате, бидејќи овој вид месо се посолува пред печење.

По маринадата следи печење на јагнешкото. Ставете го во сад и додадете вино или вода, повеќе зачини по желба и печете во загреана рерна. Ако не знаете како да го подготвите јагнето, ви предлагаме да го печете во рерна како под сач.

Месото е подготвено за сервирање, а со овие совети нема грешка, бидејќи ќе изберете одлично месо и ќе го зачините правилно.

The post Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден appeared first on Република.

]]>

Ако никогаш досега не сте правеле јагнешко, овие совети ќе ви помогнат да испадне совршено при првиот обид.
За ручек традиционално се служи јагнешко месо, а како прилог можете да послужите компири и сезонски салати. Постојат многу начини на кои можете да подготвите јагнешко месо, а познатиот готвач Џенаро Конталдо го откри својот рецепт за ова вкусно месо.
Првото нешто на кое треба да обрнете внимание е купувањето месо. Јагнето треба да има розова или светло црвена боја и да нема многу маснотии. Маснотијата што ја има месото треба да биде бела, затоа што така ќе знаете дека јагнето е младо. Ако маснотијата е жолта, тоа значи дека јагнето е постаро. Ако месото сте го купиле неколку дена претходно, тогаш завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер. Не смее да стои повеќе од 3 дена.
На денот на подготовката прво треба добро да го зачините јагнето. Секогаш се подготвува претходната вечер, бидејќи е добро да стои во маринадата. Се подготвува така што во сад се мешаат маслото, биберот, мелениот лук и другите зачини. За мирисот би било добро да додадете малку рузмарин. Маринадата не ја посолувате, бидејќи овој вид месо се посолува пред печење. По маринадата следи печење на јагнешкото. Ставете го во сад и додадете вино или вода, повеќе зачини по желба и печете во загреана рерна. Ако не знаете како да го подготвите јагнето, ви предлагаме да го печете во рерна како под сач. Месото е подготвено за сервирање, а со овие совети нема грешка, бидејќи ќе изберете одлично месо и ќе го зачините правилно.

The post Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден appeared first on Република.

]]>
Засега е меѓу 400 и 500 денари, но не се знае колку ќе чини јагнешкото до Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zasega-e-megju-400-i-500-denari-no-ne-se-znae-kolku-kje-chini-jagneshkoto-do-veligden/ Thu, 14 Apr 2022 12:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=488426

Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници, но се уште не прецизираат колкаво ќе биде поскапувањето.

Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот турнус по 160 денари за килограм. Очекувам дека јагнешкото ќе поскапи за празниците и дека откупната цена во шпицот ќе надмине 200 денари, но ќе видиме, зашто домашниот есап на пазарот не излегува, вели Петре Пешов, сточар од Виница кој има околу 300 грла.

Според него, на нашите граѓани им е побитна цената, од квалитетот.

Цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми. Продажната цена во месарниците сега е 400 – 500 денари, истакна претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев.

Производителите велат дека потрошувачката на јагнешко во земјава е ниска и достигнува околу 10 000 јагниња, додека извозот е 170 000 грла годишно.

The post Засега е меѓу 400 и 500 денари, но не се знае колку ќе чини јагнешкото до Велигден appeared first on Република.