јаглен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jaglen/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 13:21:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јаглен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jaglen/ 32 32 Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/konanovski-se-kupuval-iskluchitelno-losh-jaglen-za-rek-nachekavme-haos-vo-rudnitsite/ Thu, 03 Oct 2024 13:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=822247

Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на јаловинските маси да се врши согласно главниот и дополнителниот проект, а како последица на тоа, нема откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран и безбеден ископ за потребите на термоблоковите, истакна Зоран Коњановски, директор за производство и член на УО на АД ЕСМ.

Коњановски нагласи дека во претстојната грејна сезона, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола влегуваат со извршена сеопфатна анализа на актуелните состојби во рударско енергетските комбинати.

Претходните раководства на АД ЕСМ, на РЕК Битола не ги подготвувале капацитетите во пресрет на грејната сезона. Утврдено е дека нема доволно количини на јаглен, а затекнатиот јаглен на депониите е со исклучително лош квалитет. Веднаш консултиравме професори од Рударскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип кои наскоро ќе излезат со констатирани забелешки за работата на рудниците во комбинатот со насоки во однос на понатамошната експлоатација на јаловината и на јагленот. При увид на теренот, од реномираните експерти се споделени впечатоци дека ископите во постојните рудници при РЕК Битола се вршени спротивно на проектната документација, посочи Коњановски.

Во изјава за медиумите, Коњановски истакна дека во моментов, користејќи ги сите ресурси што комбинатите ги имаат на располагање, направена е реорганизација во однос на капацитетите во рудниците, со цел во најкус можен рок да се обезбеди фронт за ископ на квалитетен јаглен.

Обезбедивме многу поповолни финансиски услови за набавка на квалитетен јаглен од веќе постоечки договор за набавка на овој енергент од увоз, со што  овозможивме одлични предуслови за реализација на планираните производни количини на електрична енергија за оваа грејна сезона.  Сакам  да истакнам, рече Коњановски, дека за разлика од претходните набавки на јаглен, за сите идни набавки на овој енергент, тогаш кога ќе има потреба, особен акцент ќе се даде на квалитетот.

Од АД ЕСМ информираа дека имаат докази дека изминативе неколку години се увезувал јаглен со катастрофален квалитет, со специфики кои се во спротивност со пропишаните за работа на термоелектраните. Тоа предизвикало хаварии на блоковите поради кои ЕСМ издвојувале милионски суми за санација.

Ние имаме одговорност за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но истовремено и одговорност да ги сочуваме  термоелектраните - како материјално и национално добро. За сите неправилности кои продуцирале недомаќинско и неодговорно однесување, АД ЕСМ ги разгледува можностите од покренување на кривична и дисциплинска постапка кон раководни лица што директно влијаеле на затекнатите состојби во битолскиот рударско енергетски комбинат, најави Коњановски за време на денешната посета на РЕК Битола.

Во моментов, ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот. Зафатот на ТЕ Битола 1 се уште не е ни започнат.

The post Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците appeared first on Република.

]]>

Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на јаловинските маси да се врши согласно главниот и дополнителниот проект, а како последица на тоа, нема откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран и безбеден ископ за потребите на термоблоковите, истакна Зоран Коњановски, директор за производство и член на УО на АД ЕСМ. Коњановски нагласи дека во претстојната грејна сезона, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола влегуваат со извршена сеопфатна анализа на актуелните состојби во рударско енергетските комбинати.
Претходните раководства на АД ЕСМ, на РЕК Битола не ги подготвувале капацитетите во пресрет на грејната сезона. Утврдено е дека нема доволно количини на јаглен, а затекнатиот јаглен на депониите е со исклучително лош квалитет. Веднаш консултиравме професори од Рударскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип кои наскоро ќе излезат со констатирани забелешки за работата на рудниците во комбинатот со насоки во однос на понатамошната експлоатација на јаловината и на јагленот. При увид на теренот, од реномираните експерти се споделени впечатоци дека ископите во постојните рудници при РЕК Битола се вршени спротивно на проектната документација, посочи Коњановски.
Во изјава за медиумите, Коњановски истакна дека во моментов, користејќи ги сите ресурси што комбинатите ги имаат на располагање, направена е реорганизација во однос на капацитетите во рудниците, со цел во најкус можен рок да се обезбеди фронт за ископ на квалитетен јаглен.
Обезбедивме многу поповолни финансиски услови за набавка на квалитетен јаглен од веќе постоечки договор за набавка на овој енергент од увоз, со што  овозможивме одлични предуслови за реализација на планираните производни количини на електрична енергија за оваа грејна сезона.  Сакам  да истакнам, рече Коњановски, дека за разлика од претходните набавки на јаглен, за сите идни набавки на овој енергент, тогаш кога ќе има потреба, особен акцент ќе се даде на квалитетот.
Од АД ЕСМ информираа дека имаат докази дека изминативе неколку години се увезувал јаглен со катастрофален квалитет, со специфики кои се во спротивност со пропишаните за работа на термоелектраните. Тоа предизвикало хаварии на блоковите поради кои ЕСМ издвојувале милионски суми за санација.
Ние имаме одговорност за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но истовремено и одговорност да ги сочуваме  термоелектраните - како материјално и национално добро. За сите неправилности кои продуцирале недомаќинско и неодговорно однесување, АД ЕСМ ги разгледува можностите од покренување на кривична и дисциплинска постапка кон раководни лица што директно влијаеле на затекнатите состојби во битолскиот рударско енергетски комбинат, најави Коњановски за време на денешната посета на РЕК Битола.
Во моментов, ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот. Зафатот на ТЕ Битола 1 се уште не е ни започнат.

The post Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците appeared first on Република.

]]>
Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-2023-godina-rekord-vo-potroshuvachkata-na-jaglen-vo-svetot/ Fri, 15 Dec 2023 08:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=723163

Во 2023 година побарувачката на јаглен во светот достигна 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување, проценува ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-от меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде што беше упатен апел да се напуштат изворите на фосилни горива како дел од борбата против глобалното затоплување.

ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија.

Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто).

Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде што се бележи ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во САД каде е регистриран пад од 95 милиони тони или 21 отсто.

The post Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година побарувачката на јаглен во светот достигна 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување, проценува ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-от меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде што беше упатен апел да се напуштат изворите на фосилни горива како дел од борбата против глобалното затоплување. ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија. Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто). Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде што се бележи ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во САД каде е регистриран пад од 95 милиони тони или 21 отсто.

The post Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот appeared first on Република.

]]>
Анализа на „Еуроњуз“: Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/analiza-na-euronuz-dali-makedonija-ke-mozhe-da-se-otkazhe-od-jaglenot/ Mon, 11 Dec 2023 17:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=721866

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции – старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава.

Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен.

Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“.

Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.

Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.

Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година.

Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.

Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.

Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.

Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.

Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.

Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид – 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.

Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.

Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.

Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата – КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.

Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Анализа на „Еуроњуз“: Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции – старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава. Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен. Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“. Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.
Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.
Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година. Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.
Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.
Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.
Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.
Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.
Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид – 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.
Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.
Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.
Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата – КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.
Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Анализа на „Еуроњуз“: Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>
Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dali-severna-makedonija-ke-mozhe-da-se-otkazhe-od-jaglenot/ Sat, 09 Dec 2023 18:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=721318

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции - старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава.

Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен.

Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“.

Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.

-Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.

Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година.

Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.

-Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.

Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.

-Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.

Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.

-Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид - 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.

Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.

-Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.

Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата - КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.

-Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции - старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава. Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен. Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“. Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.
-Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.
Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година. Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.
-Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.
Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.
-Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.
Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.
-Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид - 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.
Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.
-Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.
Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата - КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.
-Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>
Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-so-4-milijardi-evra-ke-se-osloboduva-od-jaglenot/ Fri, 17 Nov 2023 10:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=702475

Меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка, ќе одобрат план вреден 4 милијарди евра кој треба да ја оттргне  Македонија од користењето јаглен во енергетиката, потврди првиот човек на ЕБРД за агенцијата Ројтерс.

Договорот, кој треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, ќе содржи план за затворање на двете преостанати електрани на јаглен во земјата, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, и нивна замена со обновлива енергија преку капацитети кои ќе произведуваат 1,7 гигавати електрична енергија.

Јагленот во  Македонија претставува 40 проценти од енергетските извори, тој е многу голем и значаен, вели претседателот на ЕБРД, Одиле Рено-Басо за Ројтерс.

Ова е еден пример за тоа што сакаме да го претставиме на КОП, да го претставиме овој пристап и што тој може да придонесе, како и нашата поддршка за земјата.

Македонија е дел од планот наречен „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, и опфаќа слични проекти за замена на јагленот со обновливи извори во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори.

Цената на проектот е голема - околу 2.000 евра по глава на жител во Македонија - и ги апострофира проблемите со финансирањето на малите земји во транзицијата кон чиста енергија.

Во 2018 година, Обединетите нации го наведоа главниот град Скопје како најзагаден град во Европа, и земјата работеше на замена на јагленот со чиста енергија. Но, во 2021 година, Македонија повторно ја отвори старата централа Осломеј за да го намали увозот на струја.

Портпарол на Климатскиот инвестициски фонд на Светската банка потврди дека Македонија е кандидат за концесиско финансирање во вредност од 85 милиони долари, и вели дека точната сума ќе биде одредена следната година.

Рено-Басо вели дека освен концесиското финансирање во вредност од 300 до 400 милиони евра, финансирањето ќе дојде од мултилатерални позајмувачи како Меѓународната финансиска корпорација и од приватниот сектор. Светската банка и владата на Македонија досега не одговорија на барањата за коментар за планот.

Македонија се приклучи кон Сојузот за енергија без јаглен во 2021 година. Откако првично планираше да го отстрани јагленот од употреба во 2027 година, рокот потоа беше продолжен за јануари 2030 година. Одложувањето, како и плановите да се отворат два нови рудника за јаглен, за да се обезбеди енергија поради војната во Украина, се слични како и плановите на други земји во ЕУ.

The post Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот appeared first on Република.

]]>

Меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка, ќе одобрат план вреден 4 милијарди евра кој треба да ја оттргне  Македонија од користењето јаглен во енергетиката, потврди првиот човек на ЕБРД за агенцијата Ројтерс. Договорот, кој треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, ќе содржи план за затворање на двете преостанати електрани на јаглен во земјата, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, и нивна замена со обновлива енергија преку капацитети кои ќе произведуваат 1,7 гигавати електрична енергија. Јагленот во  Македонија претставува 40 проценти од енергетските извори, тој е многу голем и значаен, вели претседателот на ЕБРД, Одиле Рено-Басо за Ројтерс. Ова е еден пример за тоа што сакаме да го претставиме на КОП, да го претставиме овој пристап и што тој може да придонесе, како и нашата поддршка за земјата. Македонија е дел од планот наречен „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, и опфаќа слични проекти за замена на јагленот со обновливи извори во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори. Цената на проектот е голема - околу 2.000 евра по глава на жител во Македонија - и ги апострофира проблемите со финансирањето на малите земји во транзицијата кон чиста енергија. Во 2018 година, Обединетите нации го наведоа главниот град Скопје како најзагаден град во Европа, и земјата работеше на замена на јагленот со чиста енергија. Но, во 2021 година, Македонија повторно ја отвори старата централа Осломеј за да го намали увозот на струја. Портпарол на Климатскиот инвестициски фонд на Светската банка потврди дека Македонија е кандидат за концесиско финансирање во вредност од 85 милиони долари, и вели дека точната сума ќе биде одредена следната година. Рено-Басо вели дека освен концесиското финансирање во вредност од 300 до 400 милиони евра, финансирањето ќе дојде од мултилатерални позајмувачи како Меѓународната финансиска корпорација и од приватниот сектор. Светската банка и владата на Македонија досега не одговорија на барањата за коментар за планот. Македонија се приклучи кон Сојузот за енергија без јаглен во 2021 година. Откако првично планираше да го отстрани јагленот од употреба во 2027 година, рокот потоа беше продолжен за јануари 2030 година. Одложувањето, како и плановите да се отворат два нови рудника за јаглен, за да се обезбеди енергија поради војната во Украина, се слични како и плановите на други земји во ЕУ.

The post Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот appeared first on Република.

]]>
ИЕА: Светската потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iea-svetskata-potroshuvachka-na-jaglen-ovaa-godina-kje-bide-najgolema-dosega/ Fri, 16 Dec 2022 11:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=586411

Глобалната потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега, и доколку не се интензивираат напорите за транзиција кон економии со ниска потрошувачка на јаглерод, таа ќе остане на слично ниво во следните неколку години, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Високите цени на бензинот по руската инвазија врз Украина и прекините во снабдувањето доведоа до тоа некои земји годинава да се свртат кон релативно поевтиниот јаглен.

Топлотните бранови и сушите во некои региони, исто така ја зголемија побарувачката за електрична енергија и го намалија производството од хидроцентралите, додека производството од нуклеарните централи беше исто така многу слабо, особено во Европа каде Франција мораше да ги затвори нуклеарните реактори заради одржување.

Годишниот извештај на ИЕА за оваа година предвидува раст на глобалната употреба на јаглен за 1,2 отсто, над осум милијарди тони, ниво што е постигнато за прв пат во една година. Претходниот рекорд беше поставен во 2013 година.

Исто така, се проценува дека потрошувачката на јаглен ќе остане непроменета на тоа ниво до 2025 година, бидејќи падот на потрошувачката на развиените пазари се компензира со континуираната силна побарувачка во азиските економии во развој.

Ова значи дека јагленот ќе продолжи да биде убедливо најголемиот единствен извор на емисии на јаглерод диоксид во светскиот енергетски систем.

Најголем раст на побарувачката на јаглен се очекува во Индија и тоа од седум отсто, потоа Европската унија со високи шест отсто и Кина со раст од 0,4 отсто.

Светот е блиску до врвот во употребата на фосилни горива, со јагленот на пат да биде првото фосилно гориво кое ќе се намали, но сè уште не сме таму, изјави Кеисуке Садамори, директорот за енергетски пазари и безбедност на ИЕА.

Побарувачката за јаглен во Европа скокна поради растечкото преминување од гас на јаглен поради високите цени на гасот и откако руските испораки беа драстично намалени.

Но, до 2025 година, европската побарувачка на јаглен се очекува да падне под нивото од 2022 година, се вели во извештајот.

Глобалното производство на електрична енергија од јаглен се очекува да порасне на ново рекордно ниво од околу 10,3 терават часови оваа година, додека производството на јаглен се предвидува да се зголеми за 5,4 отсто на околу 8,3 милијарди тони, исто така на рекордно ниво.

Се очекува производството да достигне врв следната година, но до 2025 година би требало да падне под нивото од 2022 година.

Трите најголеми производители на јаглен – Кина, Индија и Индонезија – соодветно ќе постигнат рекордно производство оваа година, но и покрај високите цени и добрите маржи за производителите на јаглен, нема знаци за зголемени инвестиции во проекти за извоз на јаглен.

The post ИЕА: Светската потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега appeared first on Република.

]]>

Глобалната потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега, и доколку не се интензивираат напорите за транзиција кон економии со ниска потрошувачка на јаглерод, таа ќе остане на слично ниво во следните неколку години, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Високите цени на бензинот по руската инвазија врз Украина и прекините во снабдувањето доведоа до тоа некои земји годинава да се свртат кон релативно поевтиниот јаглен. Топлотните бранови и сушите во некои региони, исто така ја зголемија побарувачката за електрична енергија и го намалија производството од хидроцентралите, додека производството од нуклеарните централи беше исто така многу слабо, особено во Европа каде Франција мораше да ги затвори нуклеарните реактори заради одржување. Годишниот извештај на ИЕА за оваа година предвидува раст на глобалната употреба на јаглен за 1,2 отсто, над осум милијарди тони, ниво што е постигнато за прв пат во една година. Претходниот рекорд беше поставен во 2013 година. Исто така, се проценува дека потрошувачката на јаглен ќе остане непроменета на тоа ниво до 2025 година, бидејќи падот на потрошувачката на развиените пазари се компензира со континуираната силна побарувачка во азиските економии во развој. Ова значи дека јагленот ќе продолжи да биде убедливо најголемиот единствен извор на емисии на јаглерод диоксид во светскиот енергетски систем. Најголем раст на побарувачката на јаглен се очекува во Индија и тоа од седум отсто, потоа Европската унија со високи шест отсто и Кина со раст од 0,4 отсто. Светот е блиску до врвот во употребата на фосилни горива, со јагленот на пат да биде првото фосилно гориво кое ќе се намали, но сè уште не сме таму, изјави Кеисуке Садамори, директорот за енергетски пазари и безбедност на ИЕА. Побарувачката за јаглен во Европа скокна поради растечкото преминување од гас на јаглен поради високите цени на гасот и откако руските испораки беа драстично намалени. Но, до 2025 година, европската побарувачка на јаглен се очекува да падне под нивото од 2022 година, се вели во извештајот. Глобалното производство на електрична енергија од јаглен се очекува да порасне на ново рекордно ниво од околу 10,3 терават часови оваа година, додека производството на јаглен се предвидува да се зголеми за 5,4 отсто на околу 8,3 милијарди тони, исто така на рекордно ниво. Се очекува производството да достигне врв следната година, но до 2025 година би требало да падне под нивото од 2022 година. Трите најголеми производители на јаглен – Кина, Индија и Индонезија – соодветно ќе постигнат рекордно производство оваа година, но и покрај високите цени и добрите маржи за производителите на јаглен, нема знаци за зголемени инвестиции во проекти за извоз на јаглен.

The post ИЕА: Светската потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега appeared first on Република.

]]>
Тендерите јавни, договорите скриени: Кој е гарант на мистериозните мали фирми што носат јаглен во Македонија за милиони евра? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tenderite-javni-dogovorite-skrieni-koj-e-garant-na-misterioznite-mali-firmi-shto-nosat-jaglen-vo-makedonija-za-milioni-evra/ Mon, 19 Sep 2022 20:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=552442

Две новоформирани микрокомпании од Скопје, веќе трет месец учествуваат во спасувањето на Македонија од последиците на светската енергетска криза преку милионски договори склучени со државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) за увоз на јаглен за РЕК Битола. Тие се вклучени во планот на државата да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто, пишува Призма.

Кога станува збор за набавките на јаглен и на други енергенси, претставници на ЕСМ не пропуштаат енергично да нагласат дека „компанијата спроведува транспарентни постапки, иако не е законски обврзана на тоа“, имено Законот за јавни набавки го иззема ЕСМ од обврската јавно да ги објавува огласите и одбраните компании. Меѓутоа, ЕСМ истовремено е имател на информации од јавен карактер и како таков подлежи на Законот за пристап до информации од јавен карактер. Сепак, транспарентноста со која се гордее компанијата најголем огласувач ја снемува кога договорите за увозот треба да се објават или да се овозможи увид во нив, како податоци од јавен карактер.

Целиот текст овде.

The post Тендерите јавни, договорите скриени: Кој е гарант на мистериозните мали фирми што носат јаглен во Македонија за милиони евра? appeared first on Република.

]]>

Две новоформирани микрокомпании од Скопје, веќе трет месец учествуваат во спасувањето на Македонија од последиците на светската енергетска криза преку милионски договори склучени со државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) за увоз на јаглен за РЕК Битола. Тие се вклучени во планот на државата да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто, пишува Призма. Кога станува збор за набавките на јаглен и на други енергенси, претставници на ЕСМ не пропуштаат енергично да нагласат дека „компанијата спроведува транспарентни постапки, иако не е законски обврзана на тоа“, имено Законот за јавни набавки го иззема ЕСМ од обврската јавно да ги објавува огласите и одбраните компании. Меѓутоа, ЕСМ истовремено е имател на информации од јавен карактер и како таков подлежи на Законот за пристап до информации од јавен карактер. Сепак, транспарентноста со која се гордее компанијата најголем огласувач ја снемува кога договорите за увозот треба да се објават или да се овозможи увид во нив, како податоци од јавен карактер. Целиот текст овде.

The post Тендерите јавни, договорите скриени: Кој е гарант на мистериозните мали фирми што носат јаглен во Македонија за милиони евра? appeared first on Република.

]]>
Дождот го отежна ископот на јаглен во Суводол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dozdot-go-otezna-iskopot-na-jaglen-vo-suvodol/ Sat, 17 Sep 2022 17:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=551795

Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот, соопшти АД ЕСМ.

Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол, бидејќи ги ископува последните количини јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција.

-Потенцираме дека багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС Суводол на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, на депонијата за јаглен во РЕК Битола има сосема доволни количини јаглен за непречено производство на струја, наведува АД ЕСМ.

Компанијата ќе продолжи да информира тековно за сите состојби со оглед дека земјава, како што нагласува, се наоѓа во енергетска криза и вниманието на целата македонска јавност е свртено кон производствените капацитети на АД ЕСМ

The post Дождот го отежна ископот на јаглен во Суводол appeared first on Република.

]]>

Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот, соопшти АД ЕСМ. Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол, бидејќи ги ископува последните количини јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција. -Потенцираме дека багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС Суводол на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, на депонијата за јаглен во РЕК Битола има сосема доволни количини јаглен за непречено производство на струја, наведува АД ЕСМ. Компанијата ќе продолжи да информира тековно за сите состојби со оглед дека земјава, како што нагласува, се наоѓа во енергетска криза и вниманието на целата македонска јавност е свртено кон производствените капацитети на АД ЕСМ

The post Дождот го отежна ископот на јаглен во Суводол appeared first on Република.

]]>
Германија ќе реактивира уште една термоелектрана на јаглен, опозицијата во Австрија спречи сличен план https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-kje-reaktivira-ushte-edna-termoelektrana-na-jaglen-opozicijata-vo-avstrija-sprechi-slichen-plan/ Wed, 24 Aug 2022 13:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=543695

Со цел да заштеди гас, Германија враќа во употреба уште една термоелектрана на јаглен.

Станува збор за термоелектраната Хајден во градот Петершаген во Северна Рајна – Вестфалија, близу границата со Долна Саксонија, која треба да биде приклучена на мрежа од 27 август до крајот на април 2023 година, соопшти операторот на електраната, енергетската компанија Унипер.

Од 14 јули со уредба дозволено е термоелектрани на јаглен од таканаречената мрежна резерва, повторно да бидат ставени во функција, со цел да се заштеди гас. Според податоците на Сојузната агенција за мрежни системи, во јули, уделот на гас во производството на струја изнесувал 9,8 отсто.

Електраната Мерум во Хоенхамелн во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот енергетски концерн ЕПХ, веќе е реактивирана. Тоа на почетокот од август беше и првата електрана на јаглен во Германија повторно приклучена на мрежата од резерва, пишува германската агенција ДПА.

Според наводите на Унипер, со моќност од 875 мегавати, Хајден е една од најголемите електрани на јаглен во Германија. Таа работи од 1987 година, но во последно време беше во мрежната резерва, што значи оти само повремено произведувала струја заради стабилност на мрежата.

Унипер информира и дека во период додека работи електраната, производството на струја може да биде нерамномерно. Компанијата најави и плански прекин на производството на струја меѓу 23 октомври и 23 ноември.

Во исто време, австриската Влада во Парламентот не го доби двотретинското мнозинство за уредба што би овозможила повторно да се реактивираат електрани на јаглен.

Австрија исто така во голема мера зависи од рускиот гас, па Владата во Виена сакаше да ја намали зависноста со тоа што привремено ќе ја суспендира одлуката за напуштање на јагленот како гориво, јави бриселскиот портал ЕУРАКТИВ.

Владата планираше да ја повика индустријата, за да се заштеди гас, привремено да премине на јаглен и нафта како енергенти.

Министерката за енергетика, Леоноре Гевеслер го смета за целосно неодговорно, одбивањето на социјалдемократи да ја поддржат одлуката. Таа наведе оти термоелектраната Мелах, доколку има потреба од тоа, може да снабди со струја и греење 260.000 домаќинства.

Австрија во голема мера зависи од гас и е приспособена на негова употреба за греење за време на зимските месеци. Покрај проблемите со испорака на гас, поради екстремно сувото лето, земјата се соочи и со потпросечно производство на своите хидроцентрали.

The post Германија ќе реактивира уште една термоелектрана на јаглен, опозицијата во Австрија спречи сличен план appeared first on Република.

]]>

Со цел да заштеди гас, Германија враќа во употреба уште една термоелектрана на јаглен. Станува збор за термоелектраната Хајден во градот Петершаген во Северна Рајна – Вестфалија, близу границата со Долна Саксонија, која треба да биде приклучена на мрежа од 27 август до крајот на април 2023 година, соопшти операторот на електраната, енергетската компанија Унипер. Од 14 јули со уредба дозволено е термоелектрани на јаглен од таканаречената мрежна резерва, повторно да бидат ставени во функција, со цел да се заштеди гас. Според податоците на Сојузната агенција за мрежни системи, во јули, уделот на гас во производството на струја изнесувал 9,8 отсто. Електраната Мерум во Хоенхамелн во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот енергетски концерн ЕПХ, веќе е реактивирана. Тоа на почетокот од август беше и првата електрана на јаглен во Германија повторно приклучена на мрежата од резерва, пишува германската агенција ДПА. Според наводите на Унипер, со моќност од 875 мегавати, Хајден е една од најголемите електрани на јаглен во Германија. Таа работи од 1987 година, но во последно време беше во мрежната резерва, што значи оти само повремено произведувала струја заради стабилност на мрежата. Унипер информира и дека во период додека работи електраната, производството на струја може да биде нерамномерно. Компанијата најави и плански прекин на производството на струја меѓу 23 октомври и 23 ноември. Во исто време, австриската Влада во Парламентот не го доби двотретинското мнозинство за уредба што би овозможила повторно да се реактивираат електрани на јаглен. Австрија исто така во голема мера зависи од рускиот гас, па Владата во Виена сакаше да ја намали зависноста со тоа што привремено ќе ја суспендира одлуката за напуштање на јагленот како гориво, јави бриселскиот портал ЕУРАКТИВ. Владата планираше да ја повика индустријата, за да се заштеди гас, привремено да премине на јаглен и нафта како енергенти. Министерката за енергетика, Леоноре Гевеслер го смета за целосно неодговорно, одбивањето на социјалдемократи да ја поддржат одлуката. Таа наведе оти термоелектраната Мелах, доколку има потреба од тоа, може да снабди со струја и греење 260.000 домаќинства. Австрија во голема мера зависи од гас и е приспособена на негова употреба за греење за време на зимските месеци. Покрај проблемите со испорака на гас, поради екстремно сувото лето, земјата се соочи и со потпросечно производство на своите хидроцентрали.

The post Германија ќе реактивира уште една термоелектрана на јаглен, опозицијата во Австрија спречи сличен план appeared first on Република.

]]>
Косово ќе објави тендер за продажба на јаглен, заинтересирана и нашата ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kosovo-kje-objavi-tender-za-prodazba-na-jaglen-zainteresirana-i-nashata-esm/ Thu, 11 Aug 2022 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=538933

Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но дека нема конкретни договори. Тоа, според Красниќи, меѓу другото, се должи и на големата побарувачка за струја во Македонија.

Тој вели дека КЕК ги информирала македонските партнери оти ќе биде објавен тендер, додека тие изразиле интерес за купување на косовскиот јаглен.

Сме разговарале со водачите на македонската енергетска корпорација за можноста од размена на јаглен и електрична енергија, но во моментов не гледаме многу можности да ја реализираме таа размена, затоа што и тие имаат големи побарувачки за електрична енергија. Меѓутоа, разговорите продолжуваат и во иднина може да очекуваме нешто такво. Тоа што се договоривме е да објавиме тендер за продажба на јаглен и тие изразија интерес да дојдат и да купат јаглен од нас – рече Красниќи.

Тој додаде дека критетриумите на тендерот се определени, но дека подоцна „пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата“ на косовскиот јаглен.

Во однос на размената не е дека сме направиле некаков договор, бидејќи и тие (македонската страна) во моментов немаат доволно електрична енергија – рече Красниќи.

Тој напомена дека Косово, сепак, не е подготвено за извоз на големи количества на јаглен, а ги негираше и наводите во некои медиуми дека имало барања за увоз на јаглен од Србија.

Нашата опрема и сета инфраструктура не се подготвени за извоз на големи количества јаглен, меѓутоа барања на пазарот има поради светската енергетска криза. До нас како корпорација не е стасано ниедно барање од никого од Србија кој би барал јаглен – рече Красниќи.

The post Косово ќе објави тендер за продажба на јаглен, заинтересирана и нашата ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но дека нема конкретни договори. Тоа, според Красниќи, меѓу другото, се должи и на големата побарувачка за струја во Македонија. Тој вели дека КЕК ги информирала македонските партнери оти ќе биде објавен тендер, додека тие изразиле интерес за купување на косовскиот јаглен.
Сме разговарале со водачите на македонската енергетска корпорација за можноста од размена на јаглен и електрична енергија, но во моментов не гледаме многу можности да ја реализираме таа размена, затоа што и тие имаат големи побарувачки за електрична енергија. Меѓутоа, разговорите продолжуваат и во иднина може да очекуваме нешто такво. Тоа што се договоривме е да објавиме тендер за продажба на јаглен и тие изразија интерес да дојдат и да купат јаглен од нас – рече Красниќи.
Тој додаде дека критетриумите на тендерот се определени, но дека подоцна „пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата“ на косовскиот јаглен.
Во однос на размената не е дека сме направиле некаков договор, бидејќи и тие (македонската страна) во моментов немаат доволно електрична енергија – рече Красниќи.
Тој напомена дека Косово, сепак, не е подготвено за извоз на големи количества на јаглен, а ги негираше и наводите во некои медиуми дека имало барања за увоз на јаглен од Србија.
Нашата опрема и сета инфраструктура не се подготвени за извоз на големи количества јаглен, меѓутоа барања на пазарот има поради светската енергетска криза. До нас како корпорација не е стасано ниедно барање од никого од Србија кој би барал јаглен – рече Красниќи.

The post Косово ќе објави тендер за продажба на јаглен, заинтересирана и нашата ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Од Косово ќе земаме јаглен, ние ќе им даваме струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-kosovo-kje-zemame-jaglen-nie-kje-im-davame-struja/ Thu, 11 Aug 2022 06:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=538904

Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но дека нема конкретни договори. Тоа, според Красниќи, меѓу другото, се должи и на големата побарувачка за струја во Македонија.

Тој вели дека КЕК ги информирала македонските партнери оти ќе биде објавен тендер, додека тие изразиле интерес за купување на косовскиот јаглен.

– Сме разговарале со водачите на македонската енергетска корпорација за можноста од размена на јаглен и електрична енергија, но во моментов не гледаме многу можности да ја реализираме таа размена, затоа што и тие имаат големи побарувачки за електрична енергија. Меѓутоа, разговорите продолжуваат и во иднина може да очекуваме нешто такво. Тоа што се договоривме е да објавиме тендер за продажба на јаглен и тие изразија интерес да дојдат и да купат јаглен од нас, рече Красниќи.

Тој додаде дека критетриумите на тендерот се определени, но дека подоцна „пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата“ на косовскиот јаглен.

– Во однос на размената не е дека сме направиле некаков договор, бидејќи и тие (македонската страна) во моментов немаат доволно електрична енергија, рече Красниќи.

The post Од Косово ќе земаме јаглен, ние ќе им даваме струја appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но дека нема конкретни договори. Тоа, според Красниќи, меѓу другото, се должи и на големата побарувачка за струја во Македонија. Тој вели дека КЕК ги информирала македонските партнери оти ќе биде објавен тендер, додека тие изразиле интерес за купување на косовскиот јаглен. – Сме разговарале со водачите на македонската енергетска корпорација за можноста од размена на јаглен и електрична енергија, но во моментов не гледаме многу можности да ја реализираме таа размена, затоа што и тие имаат големи побарувачки за електрична енергија. Меѓутоа, разговорите продолжуваат и во иднина може да очекуваме нешто такво. Тоа што се договоривме е да објавиме тендер за продажба на јаглен и тие изразија интерес да дојдат и да купат јаглен од нас, рече Красниќи. Тој додаде дека критетриумите на тендерот се определени, но дека подоцна „пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата“ на косовскиот јаглен. – Во однос на размената не е дека сме направиле некаков договор, бидејќи и тие (македонската страна) во моментов немаат доволно електрична енергија, рече Красниќи.

The post Од Косово ќе земаме јаглен, ние ќе им даваме струја appeared first on Република.

]]>
Меѓународна агенција за енергија: Светот повторно влегува во ерата на јаглен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/megjunarodna-agencija-za-energija-svetot-povtorno-vleguva-vo-erata-na-jaglen/ Mon, 01 Aug 2022 11:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=535688

Глобалната побарувачка на јаглен би можела да достигне 8,0 милијарди тони во 2022 година, што одговара на историскиот максимум поставен во 2013 година и се очекува да продолжи да расте следната година, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во ажурираниот извештај за пазарот на јаглен.

- Врз основа на тековните економски и пазарни трендови, се предвидува глобалната потрошувачка на јаглен да се зголеми за 0,7 отсто оваа година на 8,0 милијарди тони, под претпоставка дека кинеската економија ќе закрепне како што се очекува во втората половина на 2022 година - се вели во извештајот на ИЕА објавен на крајот на минатата недела.

Овој глобален вкупен износ, се додава, ќе одговара на годишниот рекорд поставен во 2013 година, а побарувачката за јаглен најверојатно ќе се зголеми следната година на ново највисоко ниво на сите времиња.

Според ИЕА, побарувачката е поттикната од зголемувањето на цените на природниот гас, што принудува многу земји да се префрлат од гас на јаглен и повторно да отвораат затворени термоелектрани на јаглен.

Анализата проценува дека Кина, која е „одговорна за повеќе од половина од глобалната потрошувачка на јаглен“, ќе биде главниот двигател на растот на побарувачката во втората половина на 2022 година, откако забележа пад на побарувачката од 3,0 отсто во првата половина.

Побарувачката на јаглен во Индија, исто така, се предвидува да се зголеми поради економскиот раст на земјата и поголемата потрошувачка на електрична енергија, а ЕУ ќе придонесе за побарувачката бидејќи сè повеќе се свртува кон јаглен за производство на електрична енергија за да го замени гасот или да го зачува за зима поради намалениот увоз. на руски гас.

ИЕА додава дека пазарот на јаглен ќе остане нестабилен во 2023 година, пред се поради стапувањето во сила на ембаргото за јаглен од ЕУ, поради што цените би можеле да продолжат да растат следната година.

- Бидејќи зголемувањето на цените на природниот гас го направи јагленот поконкурентен на многу пазари, ова ја зголеми побарувачката, што за возврат предизвика меѓународните цени на јагленот да достигнат три највисоки нивоа на сите времиња помеѓу октомври 2021 и мај 2022 година - наведува ИЕА во анализата, пренесува „Ртв.рс“.

Санкциите и ембаргото на рускиот јаглен ги нарушија пазарите, а проблемите во другите земји кои се главни извозници на овој енергетски производ придонесоа за недостиг на снабдување.

- Со оглед на тоа што другите производители на јаглен се соочуваат со ограничен капацитет за неутрализирање на руското производство, цените на фјучерсите на јаглен укажуваат на продолжување на тесните пазарни услови во наредната година и понатаму - соопшти ИЕА.

 

The post Меѓународна агенција за енергија: Светот повторно влегува во ерата на јаглен appeared first on Република.

]]>

Глобалната побарувачка на јаглен би можела да достигне 8,0 милијарди тони во 2022 година, што одговара на историскиот максимум поставен во 2013 година и се очекува да продолжи да расте следната година, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во ажурираниот извештај за пазарот на јаглен. - Врз основа на тековните економски и пазарни трендови, се предвидува глобалната потрошувачка на јаглен да се зголеми за 0,7 отсто оваа година на 8,0 милијарди тони, под претпоставка дека кинеската економија ќе закрепне како што се очекува во втората половина на 2022 година - се вели во извештајот на ИЕА објавен на крајот на минатата недела. Овој глобален вкупен износ, се додава, ќе одговара на годишниот рекорд поставен во 2013 година, а побарувачката за јаглен најверојатно ќе се зголеми следната година на ново највисоко ниво на сите времиња. Според ИЕА, побарувачката е поттикната од зголемувањето на цените на природниот гас, што принудува многу земји да се префрлат од гас на јаглен и повторно да отвораат затворени термоелектрани на јаглен.
Анализата проценува дека Кина, која е „одговорна за повеќе од половина од глобалната потрошувачка на јаглен“, ќе биде главниот двигател на растот на побарувачката во втората половина на 2022 година, откако забележа пад на побарувачката од 3,0 отсто во првата половина. Побарувачката на јаглен во Индија, исто така, се предвидува да се зголеми поради економскиот раст на земјата и поголемата потрошувачка на електрична енергија, а ЕУ ќе придонесе за побарувачката бидејќи сè повеќе се свртува кон јаглен за производство на електрична енергија за да го замени гасот или да го зачува за зима поради намалениот увоз. на руски гас. ИЕА додава дека пазарот на јаглен ќе остане нестабилен во 2023 година, пред се поради стапувањето во сила на ембаргото за јаглен од ЕУ, поради што цените би можеле да продолжат да растат следната година. - Бидејќи зголемувањето на цените на природниот гас го направи јагленот поконкурентен на многу пазари, ова ја зголеми побарувачката, што за возврат предизвика меѓународните цени на јагленот да достигнат три највисоки нивоа на сите времиња помеѓу октомври 2021 и мај 2022 година - наведува ИЕА во анализата, пренесува „Ртв.рс“.
Санкциите и ембаргото на рускиот јаглен ги нарушија пазарите, а проблемите во другите земји кои се главни извозници на овој енергетски производ придонесоа за недостиг на снабдување. - Со оглед на тоа што другите производители на јаглен се соочуваат со ограничен капацитет за неутрализирање на руското производство, цените на фјучерсите на јаглен укажуваат на продолжување на тесните пазарни услови во наредната година и понатаму - соопшти ИЕА.  

The post Меѓународна агенција за енергија: Светот повторно влегува во ерата на јаглен appeared first on Република.

]]>
Ќе бараме јаглен од Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-barame-jaglen-od-kosovo/ Fri, 29 Jul 2022 11:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=534631

АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона.

На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство, се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Македонија, како и можноста за взаемна поддршка меѓу двата система.

На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ м-р Васко Ковачевски, Управниот одбор на АД ЕСМ, генералниот директор на КЕК Нагип Красниќи и советникот во министерството за економија на Косово, Милот Келменди.

Заклучено е дека работни групи од двете државни компании во најкусо време ќе ги договорат постапките за ефектурирање на договорената соработка, како и дека владите на двете земји, односно министрите за економија да бидат информирани за претстојните чекори, кои се во рамките на договорената меѓудржавна соработка во делот на енергетиката од страна на министрите Крешник Бектеши и Артане Ризваноли во декември 2021 година

The post Ќе бараме јаглен од Косово appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона. На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство, се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Македонија, како и можноста за взаемна поддршка меѓу двата система. На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ м-р Васко Ковачевски, Управниот одбор на АД ЕСМ, генералниот директор на КЕК Нагип Красниќи и советникот во министерството за економија на Косово, Милот Келменди. Заклучено е дека работни групи од двете државни компании во најкусо време ќе ги договорат постапките за ефектурирање на договорената соработка, како и дека владите на двете земји, односно министрите за економија да бидат информирани за претстојните чекори, кои се во рамките на договорената меѓудржавна соработка во делот на енергетиката од страна на министрите Крешник Бектеши и Артане Ризваноли во декември 2021 година

The post Ќе бараме јаглен од Косово appeared first on Република.

]]>
Германија престанува да купува руски јаглен од први август https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-prestanuva-da-kupuva-ruski-jaglen-od-prvi-avgust/ Thu, 14 Jul 2022 12:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=528741

Германија од 1-ви август целосно престанува да купува јаглен од Русија, а до 31-ви декември ќе биде прекината и набавката на руска нафта. Ова го коментираше заменик министерот за финансии Јорг Кукис за време на конференција во Сиднеј.

Ограничувањата се поврзани со санкциите што Европската унија (ЕУ) и ги воведува на Москва поради воената инвазија во Украина. Веќе на почетокот на април, ЕУ воведе петти пакет рестрикции против Русија, кои предвидуваат ембарго за увоз на јаглен, а на крајот на мај, лидерите на земјите од заедницата го одобрија шестиот пакет, со кој се ограничува увозот на Руска нафта.

ЕУ веќе зборуваше за следниот чекор – ограничувања за купување природен гас како дел од седмиот пакет санкции против Русија.

Германија увезува околу 40% од јагленот и нафтата од Русија. Според германскиот заменик министер за финансии, сепак, вистински предизвик ќе биде кога ЕУ ќе одлучи да престане да купува природен гас од Русија. Секоја година, земјите од заедницата увезуваат во просек околу 158 милијарди кубни метри руски природен гас, јасно е од зборовите на Кукис.

„Зависноста на Германија не е тривијално прашање, смета и тој, посочувајќи дека нафтоводот „Дружба“ е алатка уште од советско време за притисок врз Источна Европа. За неколку недели Германија ќе го направи првиот чекор за намалување на зависноста на германската економија од Русија“, истакнува Кукис.

Во однос на природниот гас, Германија во моментов активно работи на изградба на терминали за ЛНГ. Земјата сѐ уште нема ниту еден таков објект, но може да ги користи терминалите на соседните земји – Холандија или Белгија.

Сепак, течниот гас од САД и Катар во оваа фаза е недоволен за покривање на целиот увоз на гас од Русија што влегува во Европа.

The post Германија престанува да купува руски јаглен од први август appeared first on Република.

]]>

Германија од 1-ви август целосно престанува да купува јаглен од Русија, а до 31-ви декември ќе биде прекината и набавката на руска нафта. Ова го коментираше заменик министерот за финансии Јорг Кукис за време на конференција во Сиднеј. Ограничувањата се поврзани со санкциите што Европската унија (ЕУ) и ги воведува на Москва поради воената инвазија во Украина. Веќе на почетокот на април, ЕУ воведе петти пакет рестрикции против Русија, кои предвидуваат ембарго за увоз на јаглен, а на крајот на мај, лидерите на земјите од заедницата го одобрија шестиот пакет, со кој се ограничува увозот на Руска нафта. ЕУ веќе зборуваше за следниот чекор – ограничувања за купување природен гас како дел од седмиот пакет санкции против Русија. Германија увезува околу 40% од јагленот и нафтата од Русија. Според германскиот заменик министер за финансии, сепак, вистински предизвик ќе биде кога ЕУ ќе одлучи да престане да купува природен гас од Русија. Секоја година, земјите од заедницата увезуваат во просек околу 158 милијарди кубни метри руски природен гас, јасно е од зборовите на Кукис.
„Зависноста на Германија не е тривијално прашање, смета и тој, посочувајќи дека нафтоводот „Дружба“ е алатка уште од советско време за притисок врз Источна Европа. За неколку недели Германија ќе го направи првиот чекор за намалување на зависноста на германската економија од Русија“, истакнува Кукис.
Во однос на природниот гас, Германија во моментов активно работи на изградба на терминали за ЛНГ. Земјата сѐ уште нема ниту еден таков објект, но може да ги користи терминалите на соседните земји – Холандија или Белгија. Сепак, течниот гас од САД и Катар во оваа фаза е недоволен за покривање на целиот увоз на гас од Русија што влегува во Европа.

The post Германија престанува да купува руски јаглен од први август appeared first on Република.

]]>
Косово лежи на 12 милијарди тони резерви јаглен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-lezi-na-12-milijardi-toni-rezervi-jaglen/ Tue, 10 May 2022 12:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=500466

Косово лежи на голем рударски потенцијал кој тежи милијарди евра и затоа светски рударски комбинати сакаат да ги експоатираат нивните рудници.

Како примемер, резервите на јаглен изнесуваат милијари тони.

Во Косово и Метохија се експлоатираат руди од олово, цинк, сребро, злато, никел, алуминиум (боксит), хром, магнезит, азбест, каолин, минерални суровини за градежни материјали, термоминерални води и јаглен.

Регистрирани се и индиум, германиум, галиум, талиум, кадмиум, калај и др.

Најбогати рудници се Трепча, Стари трг, Ново брдо, Кишница, Бело брдо, Ајвалија, Бадовац, Црнац и др. Тие за десетина години произвеле околу 102 милиони тони полиминерални руди на олово, цинк, сребро, злато, кадмиум, бизмут.

Само ископаната руда во Стари трг содржела околу 2,1 милиони тони олово, 1,4 милиони тони цинк и околу 3.250 тони сребро. Во однос на дистрибуцијата и количините, најважен ресурс е јагленот, кој се шири под околу 60 отсто од територијата на Косово.

Проценетите геолошки резерви се 12,5-14 милијарди тони, или изразени во нафта како енергетски еквивалент од 2,37-2,65 милијарди тони.

The post Косово лежи на 12 милијарди тони резерви јаглен appeared first on Република.

]]>

Косово лежи на голем рударски потенцијал кој тежи милијарди евра и затоа светски рударски комбинати сакаат да ги експоатираат нивните рудници. Како примемер, резервите на јаглен изнесуваат милијари тони. Во Косово и Метохија се експлоатираат руди од олово, цинк, сребро, злато, никел, алуминиум (боксит), хром, магнезит, азбест, каолин, минерални суровини за градежни материјали, термоминерални води и јаглен. Регистрирани се и индиум, германиум, галиум, талиум, кадмиум, калај и др. Најбогати рудници се Трепча, Стари трг, Ново брдо, Кишница, Бело брдо, Ајвалија, Бадовац, Црнац и др. Тие за десетина години произвеле околу 102 милиони тони полиминерални руди на олово, цинк, сребро, злато, кадмиум, бизмут. Само ископаната руда во Стари трг содржела околу 2,1 милиони тони олово, 1,4 милиони тони цинк и околу 3.250 тони сребро. Во однос на дистрибуцијата и количините, најважен ресурс е јагленот, кој се шири под околу 60 отсто од територијата на Косово. Проценетите геолошки резерви се 12,5-14 милијарди тони, или изразени во нафта како енергетски еквивалент од 2,37-2,65 милијарди тони.

The post Косово лежи на 12 милијарди тони резерви јаглен appeared first on Република.

]]>
Извадена е првата жртва од рудник за јаглен во Полска, има уште девет заробени рудари во окното https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izvadena-e-prvata-zrtva-od-rudnik-za-jaglen-vo-polska-ima-ushte-devet-zarobeni-rudari-vo-oknoto/ Sun, 24 Apr 2022 12:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=493075

Од рудникот за јаглен Зофјувка во Шлезија, во југозападна Полска, спасувачите во текот на ноќта го изнесоа телото на првиот мртов рудар од десетмината кои вчера останаа заглавени под земја откако во рударското окно дојде до силен потрес со зголемување на концентрација на метан.

По потресот, од 52 рудари кои се наоѓале во тој дел, на длабочина од 900 метри, 42 успеале сами без повреди да излезат од јамата, а спасувачите од вчера изутрина трагаат по десетмината исчезнати.

Спасувачите синоќа стигнале до четворица рудари кои не давале знаци на живот, но морале да се вратат поради високата концентрација на метан, а продолжила друга група која синоќа го извадила телото на 36-годишен рудар, татко на две деца, кој е првата потврдена жртва на несреќата.

Концентрацијата на метан е голема и тоа многу ја попречува спасувачката операција. Мора наизменично да се сменуваат, да останат кратко време, да ја поправат вентилацијата за да можат да продолжат понатаму, изјави денеска Марчин Голембјовски, еден од директорите на рудникот „Зофјувка“.

Додека спасувачите го лоцираа местото на четворица исчезнати рудари без знаци на живот, сè уште не е познато каде се преостанатите шест, за кои исто така се стравува дека црниот биланс од несреќата ќе го зголемат на 10 загинати, иако спасувачите се надеваат дека сепак е можно да има преживеани.

Само неколку дена пред силниот потрес во рудникот Зофјувка во блискиот рудник за јаглен Пњувек, на истата компанија за јаглен, неколку километри подалеку, петмина рудари загинаа во експлозија на метан, 15 се повредени, од кои шест се уште се во критична состојба, а по куса пауза, спасувачите трагаат по седуммина исчезнати лица.

Полски власти наредија темелна контрола и отворија истраги за двете несреќи.

The post Извадена е првата жртва од рудник за јаглен во Полска, има уште девет заробени рудари во окното appeared first on Република.

]]>

Од рудникот за јаглен Зофјувка во Шлезија, во југозападна Полска, спасувачите во текот на ноќта го изнесоа телото на првиот мртов рудар од десетмината кои вчера останаа заглавени под земја откако во рударското окно дојде до силен потрес со зголемување на концентрација на метан. По потресот, од 52 рудари кои се наоѓале во тој дел, на длабочина од 900 метри, 42 успеале сами без повреди да излезат од јамата, а спасувачите од вчера изутрина трагаат по десетмината исчезнати. Спасувачите синоќа стигнале до четворица рудари кои не давале знаци на живот, но морале да се вратат поради високата концентрација на метан, а продолжила друга група која синоќа го извадила телото на 36-годишен рудар, татко на две деца, кој е првата потврдена жртва на несреќата.
Концентрацијата на метан е голема и тоа многу ја попречува спасувачката операција. Мора наизменично да се сменуваат, да останат кратко време, да ја поправат вентилацијата за да можат да продолжат понатаму, изјави денеска Марчин Голембјовски, еден од директорите на рудникот „Зофјувка“.
Додека спасувачите го лоцираа местото на четворица исчезнати рудари без знаци на живот, сè уште не е познато каде се преостанатите шест, за кои исто така се стравува дека црниот биланс од несреќата ќе го зголемат на 10 загинати, иако спасувачите се надеваат дека сепак е можно да има преживеани. Само неколку дена пред силниот потрес во рудникот Зофјувка во блискиот рудник за јаглен Пњувек, на истата компанија за јаглен, неколку километри подалеку, петмина рудари загинаа во експлозија на метан, 15 се повредени, од кои шест се уште се во критична состојба, а по куса пауза, спасувачите трагаат по седуммина исчезнати лица. Полски власти наредија темелна контрола и отворија истраги за двете несреќи.

The post Извадена е првата жртва од рудник за јаглен во Полска, има уште девет заробени рудари во окното appeared first on Република.

]]>
Полска воведе целосна забрана за руски јаглен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-vovede-celosna-zabrana-za-ruski-jaglen/ Fri, 15 Apr 2022 11:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=488955

Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша указот за целосно ембарго за увоз на јаглен од Русија.

Претседателот го потпиша Законот за посебни мерки за заштита на националната безбедност, документ поврзан со настаните во Украина - се наведува во соопштението од кабинетот на Дуда.

Документот предвидува и можност за замрзнување на имотот на правни и физички лица кои ја поддржуваат, како што се наведува, „руската агресија врз Украина“, пренесуваат полските медиуми.

Законот претходно беше усвоен од двата дома на полскиот парламент.

The post Полска воведе целосна забрана за руски јаглен appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша указот за целосно ембарго за увоз на јаглен од Русија.
Претседателот го потпиша Законот за посебни мерки за заштита на националната безбедност, документ поврзан со настаните во Украина - се наведува во соопштението од кабинетот на Дуда.
Документот предвидува и можност за замрзнување на имотот на правни и физички лица кои ја поддржуваат, како што се наведува, „руската агресија врз Украина“, пренесуваат полските медиуми. Законот претходно беше усвоен од двата дома на полскиот парламент.

The post Полска воведе целосна забрана за руски јаглен appeared first on Република.

]]>
Јапонија, по примерот на Западот, планира да откаже од рускиот јаглен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-po-primerot-na-zapadot-planira-da-otkaze-od-ruskiot-jaglen/ Fri, 08 Apr 2022 06:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=450476

Јапонија планира да го намали увозот на јаглен од Русија и да воведе дополнителни санкции, согласно мерките што против Москва ги воведоа западните сојузници.

Министерот за индустрија, Коичи Хагиуда, соопшти дека Токио планира постепено да го намалува увозот на руски јаглен, со цел целосно запирање на увозот.

Премиерот Фумио Кишида претходно најави дополнителни санкции против Москва, цитирајќи извештаи за руските воени активности во Украина и за прв пат нарекувајќи ги „воени злосторства“.

Кишида изјави дека Токио е во тесна комуникација и консултација со партнерите од Г-7 Групата за да се утврдат дополнителни санкции кон Русија.

Групата Г-7 на водечките индустриски земји ја сочинуваат Јапонија, САД, Канада, Франција, Велика Британија, Италија и Германија.

Инаку, 27-те држави-членки на Европската Унија вчера го одобрија петтиот пакет санкции против Русија, што вклучува забрана за увоз на јаглен, дрво и вотка.

The post Јапонија, по примерот на Западот, планира да откаже од рускиот јаглен appeared first on Република.

]]>

Јапонија планира да го намали увозот на јаглен од Русија и да воведе дополнителни санкции, согласно мерките што против Москва ги воведоа западните сојузници. Министерот за индустрија, Коичи Хагиуда, соопшти дека Токио планира постепено да го намалува увозот на руски јаглен, со цел целосно запирање на увозот. Премиерот Фумио Кишида претходно најави дополнителни санкции против Москва, цитирајќи извештаи за руските воени активности во Украина и за прв пат нарекувајќи ги „воени злосторства“. Кишида изјави дека Токио е во тесна комуникација и консултација со партнерите од Г-7 Групата за да се утврдат дополнителни санкции кон Русија. Групата Г-7 на водечките индустриски земји ја сочинуваат Јапонија, САД, Канада, Франција, Велика Британија, Италија и Германија. Инаку, 27-те држави-членки на Европската Унија вчера го одобрија петтиот пакет санкции против Русија, што вклучува забрана за увоз на јаглен, дрво и вотка.

The post Јапонија, по примерот на Западот, планира да откаже од рускиот јаглен appeared first on Република.

]]>
Полска забрани увоз на јаглен од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-zabrani-uvoz-na-jaglen-od-rusija/ Wed, 30 Mar 2022 08:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=480721

Полската влада одлучи да го забрани увозот на јаглен од Русија, како дел од сеопфатната стратегија за намалување на енергетската зависност од Русија.

Полска ќе наметне казни за сите приватни субјекти кои увезуваат руски јаглен, а полските цариници ќе вршат проверки - изјави владиниот портпарол, Пјотр Милер.

Тој додаде дека Полска повеќе не може да чека целата Европска Унија да ја усвои таа политика.

Полска произведува голем дел од сопствените потреби за јаглен, но исто така се потпира на увоз. Рускиот јаглен сочинува 13 отсто од горивото што го користи на годишно ниво.

The post Полска забрани увоз на јаглен од Русија appeared first on Република.

]]>

Полската влада одлучи да го забрани увозот на јаглен од Русија, како дел од сеопфатната стратегија за намалување на енергетската зависност од Русија.
Полска ќе наметне казни за сите приватни субјекти кои увезуваат руски јаглен, а полските цариници ќе вршат проверки - изјави владиниот портпарол, Пјотр Милер.
Тој додаде дека Полска повеќе не може да чека целата Европска Унија да ја усвои таа политика. Полска произведува голем дел од сопствените потреби за јаглен, но исто така се потпира на увоз. Рускиот јаглен сочинува 13 отсто од горивото што го користи на годишно ниво.

The post Полска забрани увоз на јаглен од Русија appeared first on Република.

]]>