јачмен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jachmen/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 14:57:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јачмен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jachmen/ 32 32 Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-donesovme-odluka-da-ja-zgolemime-dvojno-subventsijata-za-hektar-jachmen-od-6-000-denari-na-12-000-denari/ Wed, 04 Sep 2024 10:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=813022

„Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица истовремено ќе додадам тука се и производителите на јачмен“, изјави премиерот на Владата на новинарското прашање во врска со проблемот на производителите на пченица со откупот и додаде:

„Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм, така што продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес и политика на оваа Влада.“

The post Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари appeared first on Република.

]]>

Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/subventsii-za-pchenitsa-i-jachmen-izdvoena-dopolnitelna-pomosh-za-zemjodeltsite/ Tue, 03 Sep 2024 20:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=812850

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица.

Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз.

Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен.

Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица. Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз. Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари. Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен. Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Интервентна мерка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација на пченица и јачмен Y https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-interventna-merka-od-3-denari-po-kilogram-za-proizveden-domashen-sertifitsiran-semenski-materijal-od-prva-i-vtora-generatsija-na-pchenitsa-i-jachmen-y/ Thu, 24 Aug 2023 08:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=675194

Интервентната програма која од минатата година за прв пат беше воведена даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој еден земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство.

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.

Дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен е втората нова мерка во Интервентната програма за 2023 година.

Како корисници кај оваа мерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15. „Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури“ од Програмата за финансиска поддршка  во земјоделство за 2023 година. Запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација на пченица и јачмен. 

Кај оваа интервентна мерка прифатлива количина за сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, се количините наведени во сертификат за конечно сертифицирано семе од реколта 2023 година.

Интервентната програма за 2023 година е дополнета со нови три мерки насочени за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови.

Покрај оваа интервентна мерка, земјоделците ќе можат да аплицираат и за мерката од 3 денари по килограм финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, како и интервентната мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови.

Оваа година креиравме отворена Интервентната програма со буџет од 317 милиони денари, преку која навремено излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец.

Претходно, во месец април оваа година МЗШВ преку Интервентната програма на располагање стави 500.000 евра поддршка за производителите на зимска зелка на отворено.

МЗШВ се грижи за секој еден земјоделец. Како министерство сме тука секогаш да им помогнеме на сите земјоделци, вложувајќи реални напори да го одржиме и зголемиме домашното производство на храна.

The post МЗШВ: Интервентна мерка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација на пченица и јачмен Y appeared first on Република.

Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemuva-poddrshkata-za-skladirane-na-pchenitsa-i-jachmen-od-60-denari-na-120-denari-po-ton-za-mesets/ Tue, 25 Jul 2023 20:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=665291

На седница на Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е донесена одлука за определување на јачменот како земјоделски производ, за којшто се однесуваат интервенциски мерки.

Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со јачмен, што значи обезбедување пониска цена за складирање или покривање на трошоците за складирање на јачменот, соопштија од владината прес-служба.

Владата донесе и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи, а со којашто покрај пченицата, се додава и јачменот како земјоделски производ за којшто ќе се овозможи да се добие финансиска поддршка за складирање. Станува збор за зголемување на поддршката за складирање за пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ.

На владината седница е усвоена и Информација и е усвоена Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во државава.

Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, средствата ќе ги добиваат како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија, информираат од Владата.

The post Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец appeared first on Република.

]]>

На седница на Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е донесена одлука за определување на јачменот како земјоделски производ, за којшто се однесуваат интервенциски мерки.
Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со јачмен, што значи обезбедување пониска цена за складирање или покривање на трошоците за складирање на јачменот, соопштија од владината прес-служба.
Владата донесе и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи, а со којашто покрај пченицата, се додава и јачменот како земјоделски производ за којшто ќе се овозможи да се добие финансиска поддршка за складирање. Станува збор за зголемување на поддршката за складирање за пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ. На владината седница е усвоена и Информација и е усвоена Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во државава.
Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, средствата ќе ги добиваат како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија, информираат од Владата.

The post Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Владата да го стопира огласот за продажба на јачменот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-vladata-da-go-stopira-oglasot-za-prodazhba-na-jachmenot/ Wed, 29 Mar 2023 16:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=625187

Во услови кога имаме сериозен пад на сточарството, ниска откупна цена на јагнето, намалениот фонд на свињи заради свинската чума, зголемените цени кои ги плаќаат граѓаните, увозната зависност од храна, доколку Николовски во улога на Министер навистина се грижеше за сточарите одгледувачи на говеда, свињи, овци, кози, живина немаше да дозволи на Влада да помине Одлука со која се дозволува да се изврши продажба на Јачмен за сточна храна од стоковните резерви во количина од 8.250 тони во неделива постапка одн. целата количина може да ја купи само еден понудувач т.е моќник близок до власта, на која неможат да учествуваат сточарите пред се поради фактот што поединечно немаат потреба од таа количина, а второ се работи за сериозна сума од 187.275.000 денари која може да ја плати само фирма која потоа би го препродавала јачменот на сточарите и би остварила профит на нивни грб, објави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој предлага:

-Министерот за земјоделство ВЕДНАШ да и предложи на Владата да се стопира огласот за продажба на Јачменот‼️

По предлог на Министерот за земјоделство, Владата да донесе нова одлука за продажба на јачменот за сточна храна по следниве услови, како би можеле сите заинтересирани сточари да купат јачмен кој би го искористиле во овие тешки моменти за сточарството:
– Цена 10 денари за килограм јачмен
– Продажбата да биде деллива на лотови од по најмалку 50 тони, стои во објавата на Трипуновски.

The post Трипуновски: Владата да го стопира огласот за продажба на јачменот appeared first on Република.

]]>

Во услови кога имаме сериозен пад на сточарството, ниска откупна цена на јагнето, намалениот фонд на свињи заради свинската чума, зголемените цени кои ги плаќаат граѓаните, увозната зависност од храна, доколку Николовски во улога на Министер навистина се грижеше за сточарите одгледувачи на говеда, свињи, овци, кози, живина немаше да дозволи на Влада да помине Одлука со која се дозволува да се изврши продажба на Јачмен за сточна храна од стоковните резерви во количина од 8.250 тони во неделива постапка одн. целата количина може да ја купи само еден понудувач т.е моќник близок до власта, на која неможат да учествуваат сточарите пред се поради фактот што поединечно немаат потреба од таа количина, а второ се работи за сериозна сума од 187.275.000 денари која може да ја плати само фирма која потоа би го препродавала јачменот на сточарите и би остварила профит на нивни грб, објави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој предлага: -Министерот за земјоделство ВЕДНАШ да и предложи на Владата да се стопира огласот за продажба на Јачменот‼️
По предлог на Министерот за земјоделство, Владата да донесе нова одлука за продажба на јачменот за сточна храна по следниве услови, како би можеле сите заинтересирани сточари да купат јачмен кој би го искористиле во овие тешки моменти за сточарството: – Цена 10 денари за килограм јачмен – Продажбата да биде деллива на лотови од по најмалку 50 тони, стои во објавата на Трипуновски.