јабука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jabuka/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 11:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јабука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jabuka/ 32 32 На Илинден: Прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-ilinden-prva-liturgija-na-makedonski-jazik-za-makedontsite-vo-srbija/ Thu, 01 Aug 2024 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=802301

На барање на македонската заедница во Србија, утре на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник, јави дописникот на МИА од Белград.

Црковната литургија ќе ја одржи јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, надлежен за црквата Св.Пророк Илија во Јабука, каде има најголема концетрација на македонци во Србија.

-Историскиот чин на првата литургија на македонски јазик во Србија се одржува на иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство (НСМНМ), по повеќемесечни наши заложби и по барање на македонската заедница, а по добиениот благослов од архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како резултат на соработката меѓу МПЦ и СПЦ, изјави секретарот на Македонскиот национален совет, Марјан Јовановски од Нови Сад.

Првата историска литургија на македонски јазик во Србија во местото Јабука ќе се одржи во рамки на централното одбележивањето на 2-ри Август кој е признат како национален празник за македонското малцинство во Србија, со полагање свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во истоименото основно училиште и со свечана седница на Македоскиот национален совет.

Досега во Србија беа одржани повеќе заеднички литургии и сослужувања на црковни лица од СПЦ и МПЦ-ОА, но ова е прв пат да се одржува самостојна литургија на македонски јазик, од македонски свештеник на СПЦ.


Извор: МИА

The post На Илинден: Прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>

На барање на македонската заедница во Србија, утре на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник, јави дописникот на МИА од Белград. Црковната литургија ќе ја одржи јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, надлежен за црквата Св.Пророк Илија во Јабука, каде има најголема концетрација на македонци во Србија.
-Историскиот чин на првата литургија на македонски јазик во Србија се одржува на иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство (НСМНМ), по повеќемесечни наши заложби и по барање на македонската заедница, а по добиениот благослов од архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како резултат на соработката меѓу МПЦ и СПЦ, изјави секретарот на Македонскиот национален совет, Марјан Јовановски од Нови Сад.
Првата историска литургија на македонски јазик во Србија во местото Јабука ќе се одржи во рамки на централното одбележивањето на 2-ри Август кој е признат како национален празник за македонското малцинство во Србија, со полагање свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во истоименото основно училиште и со свечана седница на Македоскиот национален совет. Досега во Србија беа одржани повеќе заеднички литургии и сослужувања на црковни лица од СПЦ и МПЦ-ОА, но ова е прв пат да се одржува самостојна литургија на македонски јазик, од македонски свештеник на СПЦ.
Извор: МИА

The post На Илинден: Прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>