јаболкопроизводители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jabolkoproizvoditeli/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 14:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јаболкопроизводители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jabolkoproizvoditeli/ 32 32 Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-jabolka-najpogodeni-od-ruskite-sanktsii-neizvesen-izvozot-i-na-praskata-i-tsreshata/ Fri, 10 Feb 2023 14:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=607460

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури.

Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.

Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.

Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.

До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.

Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.

Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.

За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.

Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.

Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента.

The post Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата appeared first on Република.

]]>

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури. Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.
Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.
Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.
До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.
Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.
Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.
За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.
Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.
Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента.

The post Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата appeared first on Република.

]]>
Државата не остави на цедило, јаболката ги продаваме за два денари, реагираат преспанските овоштари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/drzavata-ne-ostavi-na-cedilo-jabolkata-gi-prodavame-za-dva-denari-reagiraat-prespanskite-ovoshtari/ Sat, 02 Apr 2022 17:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=482427

„Државата не остави на цедило. Навреме не ни обезбеди алтернативни пазари, па сега јаболкото ни се откупува за денар-два. Тоа е исто како да сме го фрлиле, бидејќи производната цена ни е минимум 15 денари“. Вака реагираат и преспанските јаболкопроизводители, кои како и другите македонски земјоделци веќе сериозно размислуваат или да го намалат, или целосно да се откажат од производството, објави Алфа ТВ.

„Не е само Русија земја каде што може да се даде јаболкото. Низ целиот афрички континент сигурно дека немаат јаболка, а имаат пример нафта. Значи, можеа да направат компензирање или друго, ама никој од власта не мисли за народот, за земјоделците, во тоа е работат. Оваа година има многу луѓе што ги оставија овошните насади. Ако вака остане состојбата како што е, значи никој нема да го работи јаболкото. Околу четвртина од овошките повеќе не се работат, не се кројат. Со Русите ни беше најдобро, зашто ни го откупуваа во време на бербата“, објаснува Горан Дивјакоски, јаболкопроизводител од сeло Јанкоец, ресенско.

Преспанските јаболкопроизводители се жалаат дека загубите им се огромни, дури и до 70 проценти. „Министерсвото и државата никако да се разбудат и да разберат дека во Македонија има вистински земјоделци кои освен што живеат од земјоделие, тие ја хранат и нацијата“, ни рече Вулнет Сабриу, кој има 9.000 садници со 15 врсти јаболка.

„Состојбата со јаболкото во Македонија е во банкрот. Тотален банкрот. Шест години по ред, од 2016-та наваму, секоја година јаболката имаат лоша цена. Денар, пет денари, седум денари, десет денари. Не е ова една година. И ние самите не знаеме како понатаму“, ни изјави Вулнет Сабриу од село Горна Бела Црква, ресенско.

Инаку, во моментов, како што нерофицијално дознаваме, во Преспа на големо се откупувало јаболко за извоз во Србија по цена од само денар и пол до два за килограм.

The post Државата не остави на цедило, јаболката ги продаваме за два денари, реагираат преспанските овоштари appeared first on Република.

Николовски од Ресен: Јаболкарите ќе имаат две исплати за субвенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-od-resen-jabolkarite-kje-imaat-dve-isplati-za-subvencii/ Wed, 09 Feb 2022 16:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=456361

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Ресен одржа средба со производителите на јаболка од овој регион. На средбата се разговараше за моменталната состојба со откупот на јаболка, како и за мерките од новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година. Министерот Николовски посочи дека оваа година за прв пат, први овоштарите вклучително и производителите на јаболка со новата пилот мерка ќе имаат две исплати за субвенции, една по Програмата 2021 и една по новата Програма 2022.

„Во новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2022 усогласена со европската регулатива, имаме нова пилот мерка оваа година само за овоштарите, но од следната година и за другите сектори, според која сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Новата Програма 2022 е излезена во Службен весник и овоштарите за прв пат годинава  авансно ќе добијат линерана субвенција од 12.000 денари по хектар, тоа е првата исплата како што ја има во секоја европска земја, потоа останатиот дел од основната субвенција ќе ја добијат следната година. Ова е нова, европска реформа во процесот на исплата на субвенции, со која авансно се исплаќаат 30 отсто, што од 2023 година ќе важи за сите култури“, рече министерот Николовски.

Дел од новитетите во Програмата 2022 е зголемување на износот за кофинансирање на мерката за зелена нафта, поради зголемување на цената на нафтата, при што министерот Николовски посочи дека колку што се зголемени трошоците за нафта толку ќе изнесува и зголемувањето на поддршката на износот. Иако кофинансирањето годинава останува 50 отсто, зголемувањето во пари поддршката ќе биде поголема, рече министерот Николовски .

Согласно новата Програма, се бришат критериумите за пријавена површина и грло, односно носителите на земјоделски стопанства кои се регистрирани како вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сите  ќе добијат 20 отсто дополнителни финансиски средства.

На состанокот, министерот Николовски посочи дека наскоро започнува реализацијата на проектот на Светска банка, преку кој во Ресен но и во Скопје и Струмица ќе се изградат современи откупни центри, кои се од големо значење за земјоделците од овој регион, за откупот и за трговијата. Министерот Николовски информираше дека се подготвуваат крупни реформи во земјоделството преку нови законски решенија како што е подготвката на Закон за уредување на пазарите, со кој се утврдуваат  пазарните политики и се отвора можност за формирање на асоциации на производители, Закон за директни плаќања, Закон за рурален развој, Закон за советодавни услуги, Закон за осигурување и други закони.

На средбата се разговараше и за барањето на производителите на јаболка за продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од 3 денари по килограм за продадено индустриско јаболко, за што министерот Николовски порача дека заеднички со сите надлежните институции и по анализите и контролите од Државниот инспекторат за земјоделство, ќе се дефинира соодветно решение.

The post Николовски од Ресен: Јаболкарите ќе имаат две исплати за субвенции appeared first on Република.

Jаболкопроизводителите бараат продолжување на субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jabolkoproizvoditelite-baraat-prodolzuvanje-na-subvencioniranje-od-tri-denari-po-kilogram-za-prodadeno-industrisko-jabolko/ Tue, 08 Feb 2022 13:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=455752

Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско.

Претседателот на здружението „Благој Котларски“, Љубе Пампулевски, ги повтори петте клучни барања на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа, кои ќе бидат изнесени пред ресорниот министер.

Имавме конктинуирано тешка сезона од самиот почеток. Домашните трговци ги откупуваат јаболката по многу ниска цена. Интервентната мерка од три денари по откупен килограм индустриско јаболко ќе ја зголеми цената за прва класа ајдарет на шест до осум денари. Производната цена на јаболкото е девет до 10 денари. Значи работиме со загуби - изјави Пампулевски.

Според него, на јаболкопроизводителите им е потребна и бараната финансиска помош од 100.000 денари по хектар за јаболкови насади и заштита на домашното производство, како и исплатата на штети од невремето со град што во неколку наврати го зафати Преспанскиот регион во 2021 година, но и заостанатите исплати од 2016 и 2018, како и за мал дел од 2017 година.

Ќе побараме и информација околу изградбата на откупно-дистрибутивен центар на територија на општина Ресен, еден од трите што треба да се градат во државата со средства од Светска банка. Потребата на ваков објект во Преспа е преголема - додаде Пампулевски.

Преспанските јаболкопроизводители, кои деновиве килограм јаболко од сортата ајдарет го продаваат по цена од четири до шест денари, се оптимисти од најавената средба со ресорниот министер и очекуваат прифаќање на нивните барања.

The post Jаболкопроизводителите бараат продолжување на субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко appeared first on Република.

]]>

Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско. Претседателот на здружението „Благој Котларски“, Љубе Пампулевски, ги повтори петте клучни барања на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа, кои ќе бидат изнесени пред ресорниот министер.