извршители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvrshiteli/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 12:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извршители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvrshiteli/ 32 32 Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-na-miren-protest-baraat-izvrshitelite-da-gi-pochituvaat-zakonskite-izmeni-so-koi-dolgovite-zastaruvaat/ Mon, 11 Mar 2024 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=753628

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.

Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.

„Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата.

– Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

– Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа.

Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.

– Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки.

Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал.

– Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој.

Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат appeared first on Република.

]]>

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови. Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. „Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата. – Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“. Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат. – Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа. Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд. – Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки. Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал. – Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој. Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат appeared first on Република.

]]>
Анализата на „Пари“ открива: Извршителите лани наплатиле 145 милиони евра и собрале профит од 4 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/analizata-na-pari-otkriva-izvrshitelite-lani-naplatile-145-milioni-evra-i-sobrale-profit-od-4-milioni-evra/ Tue, 27 Jun 2023 09:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=655579

Минатата година по разни основи, присилно се наплатени повеќе од 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата. Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на Пари.

За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра.
Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надоместок за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ.

Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.

 

Целата анализа можете да ја видите тука.

The post Анализата на „Пари“ открива: Извршителите лани наплатиле 145 милиони евра и собрале профит од 4 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Минатата година по разни основи, присилно се наплатени повеќе од 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата. Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на Пари. За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра. Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надоместок за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ. Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.   Целата анализа можете да ја видите тука.

The post Анализата на „Пари“ открива: Извршителите лани наплатиле 145 милиони евра и собрале профит од 4 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Лани 99 извршители оствариле профит од 3,4 милиони евра, на прво место е жена која имала добивка од 130.000 евра! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lani-99-izvrshiteli-ostvarile-profit-od-3-4-milioni-evra-na-prvo-mesto-e-zena-koja-imala-dobivka-od-130-000-evra/ Mon, 03 Oct 2022 12:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=556844

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка).

За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата што ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра.

Пари ексклузивно ги открива добивките на ТОП 10 извршители кои имале среќа да направат извршувања со најголема вредност и со тоа да остварат за себе најголем нето-приход (приход минус расходи минус пресметан данок од Годишна даночна пријава). Вкупните нивни добивки се над 1 милион евра. Значи: 10 извршители направиле профит од 1 милион евра, а вкупниот профит на останатите 89 е 2,4 милиони евра.

На самиот врв по заработка од извршувања е извршителката Катерина Кокина. Оваа извршителка успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра.

Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати. На второ место, со профит од 123.000 евра, е извршителот Гордан Станковиќ. Станковиќ е познат во јавноста, тој едно време беше и претседател на Комората на извршители, а се памети и по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите кои јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, тој направил нето-профит од 1,3 милиони евра, или, во просек, по 260.000 евра годишно.

Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата.

Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на ТОП 10 извршители за 2021 година, најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска.

Погледнете ја целата листа на најпрофитните 10 извршители ТУКА.

The post Лани 99 извршители оствариле профит од 3,4 милиони евра, на прво место е жена која имала добивка од 130.000 евра! appeared first on Република.

]]>

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка). За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата што ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра. Пари ексклузивно ги открива добивките на ТОП 10 извршители кои имале среќа да направат извршувања со најголема вредност и со тоа да остварат за себе најголем нето-приход (приход минус расходи минус пресметан данок од Годишна даночна пријава). Вкупните нивни добивки се над 1 милион евра. Значи: 10 извршители направиле профит од 1 милион евра, а вкупниот профит на останатите 89 е 2,4 милиони евра. На самиот врв по заработка од извршувања е извршителката Катерина Кокина. Оваа извршителка успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра. Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати. На второ место, со профит од 123.000 евра, е извршителот Гордан Станковиќ. Станковиќ е познат во јавноста, тој едно време беше и претседател на Комората на извршители, а се памети и по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите кои јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, тој направил нето-профит од 1,3 милиони евра, или, во просек, по 260.000 евра годишно. Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата. Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на ТОП 10 извршители за 2021 година, најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска. Погледнете ја целата листа на најпрофитните 10 извршители ТУКА.

The post Лани 99 извршители оствариле профит од 3,4 милиони евра, на прво место е жена која имала добивка од 130.000 евра! appeared first on Република.

]]>
Поради извршители професорка остана без кров на глава, извршителот продал имот кој не е на должник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-izvrshiteli-profesorka-ostana-bez-krov-na-glava-izvrshitelot-prodal-imot-koj-ne-e-na-dolznik/ Sat, 12 Feb 2022 07:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=457451

Поради извршители професорка остана без кров на глава, извршителот продал имот кој не е на должник.

Драмата со иселувањето на професорката се случи вчера во Сопиште. Се работи за наводен долг од околу 20-тина илјади евра за кој е продадена цела семејна куќа по продажна цена од 160 илјади евра.

За трагедијата да е уште поголемо сопругот на Снежана Костадниовска Милошевска кој се јавува како должник во моментов се наоѓа во болница и се бори за својот живот.

Снежана тврди дека таков долг од 1,5 милиони денари кон оредена финансиска инстуција не постои, а за тоа семејството ги има сите докази.

Ситуацијата е суреална имајќи во предвид дека семејната куќа која извршителот на јавно надавање ја продал во само една третина припаѓа на сопругот на Снежана, а останатите две третини се на неговата сопруга.

Тоа значи дека извршителот отуѓил имот кој не е во сопственот на доверителот. За конкретниот случај извршителот добил судско известување дека куќата не е само во сопственост на сопругот на Снежана, но и покрај тоа замислете го продал имотот бидејќи состојбата не била заведена во катастер.

Koстадиновска открива дека прв бранител на семејството бил кумот на Драги Рашковски. Таа обвинува дека семејството била наместено од претходниот адвокат бидејќи има туѓи интереси и оти кај куќата треба да минува некаков цевковод.

Интересно е што извршителот го продава имотот по цена од 160 илјади евра иако истиот е проценет по пазарна вредност од 350 илјади евра.

Професорката реагира дека упадот на извршителите е противзаконски и упатува на судска пресуда според која таа е сопственик на дел од имотот кој не смее да биде запленет.

Изворите упатуваат дека во скандалот за заплена на домот на професорката и нејзино дисциплинирање, вмешан е човек од највисоките ешалони на власта и многу близок соработник на екс премиерот Зоран Заев.

 

The post Поради извршители професорка остана без кров на глава, извршителот продал имот кој не е на должник appeared first on Република.

]]>

Поради извршители професорка остана без кров на глава, извршителот продал имот кој не е на должник. Драмата со иселувањето на професорката се случи вчера во Сопиште. Се работи за наводен долг од околу 20-тина илјади евра за кој е продадена цела семејна куќа по продажна цена од 160 илјади евра. За трагедијата да е уште поголемо сопругот на Снежана Костадниовска Милошевска кој се јавува како должник во моментов се наоѓа во болница и се бори за својот живот. Снежана тврди дека таков долг од 1,5 милиони денари кон оредена финансиска инстуција не постои, а за тоа семејството ги има сите докази. Ситуацијата е суреална имајќи во предвид дека семејната куќа која извршителот на јавно надавање ја продал во само една третина припаѓа на сопругот на Снежана, а останатите две третини се на неговата сопруга. Тоа значи дека извршителот отуѓил имот кој не е во сопственот на доверителот. За конкретниот случај извршителот добил судско известување дека куќата не е само во сопственост на сопругот на Снежана, но и покрај тоа замислете го продал имотот бидејќи состојбата не била заведена во катастер. Koстадиновска открива дека прв бранител на семејството бил кумот на Драги Рашковски. Таа обвинува дека семејството била наместено од претходниот адвокат бидејќи има туѓи интереси и оти кај куќата треба да минува некаков цевковод. Интересно е што извршителот го продава имотот по цена од 160 илјади евра иако истиот е проценет по пазарна вредност од 350 илјади евра. Професорката реагира дека упадот на извршителите е противзаконски и упатува на судска пресуда според која таа е сопственик на дел од имотот кој не смее да биде запленет. Изворите упатуваат дека во скандалот за заплена на домот на професорката и нејзино дисциплинирање, вмешан е човек од највисоките ешалони на власта и многу близок соработник на екс премиерот Зоран Заев.  

The post Поради извршители професорка остана без кров на глава, извршителот продал имот кој не е на должник appeared first on Република.

]]>
Ги убил извршителите, па застанал пред камера да објасни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gi-ubil-izvrshitelite-pa-zastanal-pred-kamera-da-objasni/ Sun, 30 Jan 2022 21:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=451696

Вартан Кочјан од област во близината на Сочи убил двајца извршители откако дошле да го отселат неговото семејство. Според медиумите, по двократното убиство Русинот сам се предал, а навел дека од властите ја бранел земјата која ја наследил од родителите.

Имено, наведеното земјиште и објектите биле предвидени за рушење и наводно судот утврдил дека објектите се нелегално подигнати. Пред неколку години во кафуле кое се граничи со имотот на Кочјан избил пожар поради неисправни електрични инсталации во кој загинале 11 луѓе. И тој објект бил изграден без дозвола, па сопствениците на кафулето завршиле зад решетки. За да се избегнат во иднина слични инциденти, локалните власти одлучиле да ги срушат сите опасни градби. Кочјан инаку, пред апсењето самиот се обратил на еден очевидец кому со смирен глас му објаснил што се случило, пренесува РТ.

Убиените се Алберт Агозјан (35) и Андроник Мативосјан (36), а уште еден нивен колега го преживеал нападот.

Ова не се продава, јас не сум за продажба. Ова е мое. Тоа е земјата на моите родители, земја на моите деца. Имам 61. година и не жалам за тоа што го сторив, рекол Кочјан.

Тој додал дека се обидел да најде решение на суд, но се било залудно.

Според локалните медиуми Кочјан со пушка ги чекал извршителите цела ноќ, а кога стигнале отворил оган.

The post Ги убил извршителите, па застанал пред камера да објасни appeared first on Република.

]]>

Вартан Кочјан од област во близината на Сочи убил двајца извршители откако дошле да го отселат неговото семејство. Според медиумите, по двократното убиство Русинот сам се предал, а навел дека од властите ја бранел земјата која ја наследил од родителите. Имено, наведеното земјиште и објектите биле предвидени за рушење и наводно судот утврдил дека објектите се нелегално подигнати. Пред неколку години во кафуле кое се граничи со имотот на Кочјан избил пожар поради неисправни електрични инсталации во кој загинале 11 луѓе. И тој објект бил изграден без дозвола, па сопствениците на кафулето завршиле зад решетки. За да се избегнат во иднина слични инциденти, локалните власти одлучиле да ги срушат сите опасни градби. Кочјан инаку, пред апсењето самиот се обратил на еден очевидец кому со смирен глас му објаснил што се случило, пренесува РТ. Убиените се Алберт Агозјан (35) и Андроник Мативосјан (36), а уште еден нивен колега го преживеал нападот.
Ова не се продава, јас не сум за продажба. Ова е мое. Тоа е земјата на моите родители, земја на моите деца. Имам 61. година и не жалам за тоа што го сторив, рекол Кочјан.
Тој додал дека се обидел да најде решение на суд, но се било залудно. Според локалните медиуми Кочјан со пушка ги чекал извршителите цела ноќ, а кога стигнале отворил оган.

The post Ги убил извршителите, па застанал пред камера да објасни appeared first on Република.

]]>