извод од матична книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvod-od-matichna-kniga/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 17:07:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извод од матична книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvod-od-matichna-kniga/ 32 32 Кривична пријава за три лица, фалсификувале извод од матична книга на родени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-tri-litsa-falsifikuvale-izvod-od-matichna-kniga-na-rodeni/ Thu, 21 Mar 2024 19:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=757138

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава против К.Н.(33) од Скопје, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик и против М.К.(30) и Ј.М.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина ” по член 380 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, вработен на работно место помлад референт-матичар, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил со свој потпис и службен печат извод од матична книга на родените за нивното малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки. Таквиот извод тие го употребиле во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка.

The post Кривична пријава за три лица, фалсификувале извод од матична книга на родени appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава против К.Н.(33) од Скопје, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик и против М.К.(30) и Ј.М.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина ” по член 380 од Кривичниот законик. Првопријавениот, вработен на работно место помлад референт-матичар, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил со свој потпис и службен печат извод од матична книга на родените за нивното малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки. Таквиот извод тие го употребиле во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка.

The post Кривична пријава за три лица, фалсификувале извод од матична книга на родени appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука дали националноста да стои во матичните изводи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-deneska-treba-da-donese-konechna-odluka-dali-natsionalnosta-da-stoi-vo-matichnite-izvodi/ Wed, 28 Feb 2024 07:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=749082

Уставниот суд денеска ќе ја одржи осмата седница на која теба да бидат разгледани две иницијативи за оценување на уставност и законитост и два предлога за одлучување со нацрт-одлуки. Уставните судии треба да донесат одлука за предметот во кој е оспорен делот „националност" во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на судот.

За овој предмет веќе е исцрпена дискусијата, и предвидено е гласање. Подносител на иницијативата е политичка партија Левица. Оспорен е член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.

Уставниот суд на 20 декември 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот. Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, за што Судот изрази сомнеж за согласноста на оспорените делови содржани во одредбите на Законот со член 8 став 1 алинеја 2 од Уставот за слободното изразување на националната припадност како темелна вредност на уставниот поредок што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност. Исто така, оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот изрази сомнеж за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот, се наведува во образложението од Уставниот суд

The post Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука дали националноста да стои во матичните изводи appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска ќе ја одржи осмата седница на која теба да бидат разгледани две иницијативи за оценување на уставност и законитост и два предлога за одлучување со нацрт-одлуки. Уставните судии треба да донесат одлука за предметот во кој е оспорен делот „националност" во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на судот. За овој предмет веќе е исцрпена дискусијата, и предвидено е гласање. Подносител на иницијативата е политичка партија Левица. Оспорен е член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција. Уставниот суд на 20 декември 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот. Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, за што Судот изрази сомнеж за согласноста на оспорените делови содржани во одредбите на Законот со член 8 став 1 алинеја 2 од Уставот за слободното изразување на националната припадност како темелна вредност на уставниот поредок што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност. Исто така, оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот изрази сомнеж за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот, се наведува во образложението од Уставниот суд

The post Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука дали националноста да стои во матичните изводи appeared first on Република.

]]>
Нема ниту Македонец ниту Албанец: Уставен суд ја поништи националноста во изводите од матична книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-nitu-makedonets-nitu-albanets-ustaven-sud-ja-ponishti-etnichkata-natsionalnosta-vo-izvodite-od-matichna-kniga/ Wed, 27 Sep 2023 12:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=685661

Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.

Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.

- Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.

Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство.

  1. - Тој член предвидува рок за објавување „најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето. Уставниот суд веќе појасни во јавноста дека на прашањето за рокот не му пристапува технички, туку суштински и тој треба да биде почитуван од сите, додаде Беловска.

Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

The post Нема ниту Македонец ниту Албанец: Уставен суд ја поништи националноста во изводите од матична книга appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.

Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.

- Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.

Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство.
  1. - Тој член предвидува рок за објавување „најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето. Уставниот суд веќе појасни во јавноста дека на прашањето за рокот не му пристапува технички, туку суштински и тој треба да биде почитуван од сите, додаде Беловска.
Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

The post Нема ниту Македонец ниту Албанец: Уставен суд ја поништи националноста во изводите од матична книга appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда не се откажува од новите изводи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-ne-se-otkazhuva-od-novite-izvodi/ Wed, 05 Jul 2023 12:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=658387

Министерот за правда, Кренар Лога, смета дека времената мерка која Устваниот суд ја донел за упатството ќе биде беспредметна и наскоро ќе биде исработен прочистен текст. Тој, одлуката на Уставен ја оцени како „купување време“.

- За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството кој ќе биде деновиве пуштен за објавување. Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога денеска на прес конференција.

Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-na-loga-za-grafa-za-etnichka-pripadnost-vo-izvodite-privremeno-nema-da-vazhi/

Министерот за правда Кренар Лога во врска со последните случувања на релација Уставен суд-Министерство за правда и воведувањато на времена мерка и на прашање во врска со наводите дека Министертоство не го испочитувало рокот за иницијативата и уставниот рок за упатството.

- Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став.

-Од утре, сите подзаконски акти ќе бидат доставени до Уставен суд од моја страна, рече министерот

The post Министерот за правда не се откажува од новите изводи appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога, смета дека времената мерка која Устваниот суд ја донел за упатството ќе биде беспредметна и наскоро ќе биде исработен прочистен текст. Тој, одлуката на Уставен ја оцени како „купување време“.
- За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството кој ќе биде деновиве пуштен за објавување. Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога денеска на прес конференција.
Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор. https://republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-na-loga-za-grafa-za-etnichka-pripadnost-vo-izvodite-privremeno-nema-da-vazhi/ Министерот за правда Кренар Лога во врска со последните случувања на релација Уставен суд-Министерство за правда и воведувањато на времена мерка и на прашање во врска со наводите дека Министертоство не го испочитувало рокот за иницијативата и уставниот рок за упатството.
- Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став.
-Од утре, сите подзаконски акти ќе бидат доставени до Уставен суд од моја страна, рече министерот

The post Министерот за правда не се откажува од новите изводи appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда смета дека новите изводи не се косат со законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-smeta-deka-novite-izvodi-ne-se-kosat-so-zakonite/ Tue, 04 Jul 2023 15:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=658107

 Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи.

- Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Министерството за правда смета дека новите изводи не се косат со законите appeared first on Република.

]]>

 Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи. - Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Министерството за правда смета дека новите изводи не се косат со законите appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-na-fejsbuk-se-pofali-so-noviot-dvojazichen-izvod-od-matichnata-kniga-na-rodeni/ Fri, 30 Jun 2023 19:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=657001

Министерот за правда, Кренар Лога на својот Фејсбук профил се пофали со својот извод од матичната книга на родени, издаден на 27 месецов, според новите правила - двојазичен.

На крајот на минатиот месец министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-potvrdi-vo-grafata-natsionalnost-ke-stoi-makedonets-i-makedonka/

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред неколку дена порача дека упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот и има одредби кои го кршат Уставот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-za-vodene-na-matichna-evidentsija-na-masa-na-ustavniot-sud-na-5-juli/

The post Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога на својот Фејсбук профил се пофали со својот извод од матичната книга на родени, издаден на 27 месецов, според новите правила - двојазичен. На крајот на минатиот месец министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-potvrdi-vo-grafata-natsionalnost-ke-stoi-makedonets-i-makedonka/ Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред неколку дена порача дека упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот и има одредби кои го кршат Уставот. https://republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-za-vodene-na-matichna-evidentsija-na-masa-na-ustavniot-sud-na-5-juli/

The post Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени appeared first on Република.

]]>
Трите црти заминуваат во историјата: Се враќа ли Македонецот во личните документи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trite-tsrti-zaminuvaat-vo-istorijata-se-vraka-li-makedonetsot-vo-lichnite-dokumenti/ Tue, 30 May 2023 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=646084

Министерството за правда одново ја отвори Пандорината кутија и само Господ знае што ќе излезе од неа!

Ова се наметнува како дилема, по вчерашното соопштение на Министерството во беше наведено дека министерот Кренар Лога го потпишал Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност коментира новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски во својата анализа.

Во соопштението беше уште наведено дека Упатството ќе стапи во сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи, поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Основната причина за најавените промени лежи во фактот дека при вработувањата се злоупотребува балансерот, па граѓаните се принудени да ја менуваат својата етничка припадност за да стигнат до свое работно место, иако тоа е и кривично дело, што е потврдено и со судската пракса.

Меѓутоа, иако во соопштението е наведено дека во личните документи се враќа етничката припадност, во формуларот за извод од матичната книга на родените, што беше објавен заедно со соопштението, не стои етничка припадност, туку националност! И сега кој термин е точен, веројатно знае само министерот!

И ако кај државјанството во фромуларот работите се јасни-македонско/граѓанин на Република Македонија, покрај грешката во термините националност и етничка припадност, апсолутно нејасно е што ќе стои, еве, во етничката припадност? Ова е особено важно за Македонците. Дали ќе стои именката Македонец или придавката македонска?

Со потпишувањето на Преспанскиот договор, именката Македонец беше целосно исфрлена од употреба во личните документи, а придавката македонски/а/о остана само во називите на МАНУ и МНТ, а сите останати добија предзнак национална.

И сега се отвораат најмалку две дилеми. Првата, што и да се употребува во формуларите, било именката Македонец, било придавката македонски/а/о, се поставува прашањето зошто до сега на родените пред 2018 година во графата националност им се ставаа трите коси црти? И втората, дали со ова се прекршува досегашното толкување на примената на Преспанскиот договор и се воведува нова пракса и како на неа ќе реагира Република Грција?!

Доколку, пак, се користи само придавката македонски/а/о, тогаш дефинитивно станува јасно дека Македонците дефинитивно ќе мораат да се збогуваат со именката Македонец/Македонка!

За потсетување, пред парламентарните избори во 2020 година, албанските партии покренаа иницијатива за ставање на етничката припадност во личните карти, но по препорака на Венецијанската комисија, тоа не беше прифатено.

 

The post Трите црти заминуваат во историјата: Се враќа ли Македонецот во личните документи? appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда одново ја отвори Пандорината кутија и само Господ знае што ќе излезе од неа!
Ова се наметнува како дилема, по вчерашното соопштение на Министерството во беше наведено дека министерот Кренар Лога го потпишал Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност коментира новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски во својата анализа.
Во соопштението беше уште наведено дека Упатството ќе стапи во сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи, поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. Основната причина за најавените промени лежи во фактот дека при вработувањата се злоупотребува балансерот, па граѓаните се принудени да ја менуваат својата етничка припадност за да стигнат до свое работно место, иако тоа е и кривично дело, што е потврдено и со судската пракса. Меѓутоа, иако во соопштението е наведено дека во личните документи се враќа етничката припадност, во формуларот за извод од матичната книга на родените, што беше објавен заедно со соопштението, не стои етничка припадност, туку националност! И сега кој термин е точен, веројатно знае само министерот! И ако кај државјанството во фромуларот работите се јасни-македонско/граѓанин на Република Македонија, покрај грешката во термините националност и етничка припадност, апсолутно нејасно е што ќе стои, еве, во етничката припадност? Ова е особено важно за Македонците. Дали ќе стои именката Македонец или придавката македонска? Со потпишувањето на Преспанскиот договор, именката Македонец беше целосно исфрлена од употреба во личните документи, а придавката македонски/а/о остана само во називите на МАНУ и МНТ, а сите останати добија предзнак национална. И сега се отвораат најмалку две дилеми. Првата, што и да се употребува во формуларите, било именката Македонец, било придавката македонски/а/о, се поставува прашањето зошто до сега на родените пред 2018 година во графата националност им се ставаа трите коси црти? И втората, дали со ова се прекршува досегашното толкување на примената на Преспанскиот договор и се воведува нова пракса и како на неа ќе реагира Република Грција?! Доколку, пак, се користи само придавката македонски/а/о, тогаш дефинитивно станува јасно дека Македонците дефинитивно ќе мораат да се збогуваат со именката Македонец/Македонка! За потсетување, пред парламентарните избори во 2020 година, албанските партии покренаа иницијатива за ставање на етничката припадност во личните карти, но по препорака на Венецијанската комисија, тоа не беше прифатено.  

The post Трите црти заминуваат во историјата: Се враќа ли Македонецот во личните документи? appeared first on Република.

]]>
Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-go-potpisha-upatstvoto-so-koe-se-predviduva-da-stoi-grafa-za-etnichka-pripadnost-vo-izvodite/ Mon, 29 May 2023 14:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=645811

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството   за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/etnichkata-pripadnost-ke-se-najde-na-izvodite-na-rodeni-venchani-i-pochinati-2/
Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

The post Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството   за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. https://republika.mk/vesti/makedonija/etnichkata-pripadnost-ke-se-najde-na-izvodite-na-rodeni-venchani-i-pochinati-2/ Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

The post Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите appeared first on Република.

]]>
Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/etnichkata-pripadnost-ke-se-najde-na-izvodite-na-rodeni-venchani-i-pochinati-2/ Mon, 29 May 2023 09:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=645672

Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за цел да се справи со проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување. Министерот Кренар Лога во понеделник ќе го потпише новото упатство. Тој претходно за Алсат го потврди ова, додавајќи дека нема потреба од други законски измени за да се избегне злоупотреба.

„Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече Лога.

Можноста граѓаните да се изјаснуваат за етничката припадност без да се има документ за потврда, остави простор за злоупотреба при вработување во државните институции. Во случаи кога балансерот пресметал дека во одредена институција, за да се постигне правична етничка застапеност, треба да се вработат лица од одредена етничка припадност, апликантите за тоа работно место лажно се декларираа дека имаат одредена етничка припадност за да се прилагодат на конкурсот. Со ова на местата резервирани за Албанци, Роми, Турци и сл., се вработуваа Македонци или обратно. Алсат информираше за десетици вакви случаи, а последен е оној со вработување на осум Македонци во општина Куманово, кои при вработувањето се изјасниле како Албанци. Поради ваквите манипулации, сомнителни се бројките за правична етничка застапеност што Народниот правобранител ги објавува секоја година, а кои покажуваат континуиран пораст на вработеноста на Албанците, Турците, Ромите и етничките малцинства во државните институции. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу пред неколку недели за Алсат изјави дека не верува оти оваа злоупотреба е честа.

„Можеби имате име кое е прогласен како Албанец и може да е од друга националност или обратно, во овој поглед верувам дека овие бројки не се многу точни, не се бројки што ни даваат голема точност. Но, злоупотребата верувам, сакам да верувам, не е повеќе од, да речеме, 0,5%, туку помалку“, рече Алиу.

Балансерот како механизам за обезбедување правична етничка застапеност во институциите беше резултат на Охридскиот договор. Нејзините злоупотреби започнаа во последните години и решението беше ветувано неколку пати но досега не беше постигнато.

The post Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати appeared first on Република.

]]>

Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за цел да се справи со проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување. Министерот Кренар Лога во понеделник ќе го потпише новото упатство. Тој претходно за Алсат го потврди ова, додавајќи дека нема потреба од други законски измени за да се избегне злоупотреба. „Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече Лога. Можноста граѓаните да се изјаснуваат за етничката припадност без да се има документ за потврда, остави простор за злоупотреба при вработување во државните институции. Во случаи кога балансерот пресметал дека во одредена институција, за да се постигне правична етничка застапеност, треба да се вработат лица од одредена етничка припадност, апликантите за тоа работно место лажно се декларираа дека имаат одредена етничка припадност за да се прилагодат на конкурсот. Со ова на местата резервирани за Албанци, Роми, Турци и сл., се вработуваа Македонци или обратно. Алсат информираше за десетици вакви случаи, а последен е оној со вработување на осум Македонци во општина Куманово, кои при вработувањето се изјасниле како Албанци. Поради ваквите манипулации, сомнителни се бројките за правична етничка застапеност што Народниот правобранител ги објавува секоја година, а кои покажуваат континуиран пораст на вработеноста на Албанците, Турците, Ромите и етничките малцинства во државните институции. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу пред неколку недели за Алсат изјави дека не верува оти оваа злоупотреба е честа. „Можеби имате име кое е прогласен како Албанец и може да е од друга националност или обратно, во овој поглед верувам дека овие бројки не се многу точни, не се бројки што ни даваат голема точност. Но, злоупотребата верувам, сакам да верувам, не е повеќе од, да речеме, 0,5%, туку помалку“, рече Алиу. Балансерот како механизам за обезбедување правична етничка застапеност во институциите беше резултат на Охридскиот договор. Нејзините злоупотреби започнаа во последните години и решението беше ветувано неколку пати но досега не беше постигнато.

The post Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати appeared first on Република.

]]>