извинување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvinuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 14:46:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извинување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvinuvanje/ 32 32 Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-stevcho-jakimovski-se-izvini-na-ministerkata-vesna-janevska-shto-ja-nareche-severdhanka/ Thu, 17 Oct 2024 14:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=828119

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“ и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.

Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно ѝ се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи.

Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење.

Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.

The post Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“ и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.
Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно ѝ се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи. Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење. Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.
 
The post Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“ appeared first on Република.

]]>
Муцунски очекува Бугарија да ни се извини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ochekuva-bugarija-da-ni-se-izvini/ Mon, 16 Sep 2024 20:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=816920

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски очекува извинување од соседна Бугарија оти беше изоставено поставувањето на македонското знаме при посетата на претседателката Гордана Силјановска Давкова во Софија, кај нејзиниот колега Радев.

Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, вели шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

The post Муцунски очекува Бугарија да ни се извини appeared first on Република.

Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-patuvaneto-na-sinot-go-plativ-od-lichen-dheb-ako-sum-pogreshil-spremen-sum-da-snosam-odgovornost-no-ako-ne-e-taka-baram-da-se-izvinat-javno/ Mon, 22 Jul 2024 19:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=799330

Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма.

Премиерот Мицкоски истакна дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже.

Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.

Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа, рече Мицкоски.

За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.

The post Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно appeared first on Република.

]]>

Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма. Премиерот Мицкоски истакна дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже. Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.
Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа, рече Мицкоски.
За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.    

The post Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно appeared first on Република.

]]>
Нѐ нарече „некого“: Албанскиот фудбалер, Мирлинд Даку, се извини без да ги спомене Македонците https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/n-nareche-nekogo-albanskiot-fudbaler-mirlind-daku-se-izvini-bez-da-gi-spomene-makedontsite/ Fri, 21 Jun 2024 06:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=789463

Мирлинд Даку, преку социјалните мрежи испрати извинување со цел да избегне казна поради која може да го пропушти останатиот дел од ЕП 2024.

Во неговата објаба тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно.

Извинете ако некого навредив по натпреварот со Хрватска, ефектот на играта си го направи своето.Продолжувам да работам за целиот тим за нашите соништа-напиша Даку.

За однесувањето на Даку истрага отвори и УЕФА.

Целото извинување може да го причитате во неговата објава на Фејсбук.

The post Нѐ нарече „некого“: Албанскиот фудбалер, Мирлинд Даку, се извини без да ги спомене Македонците appeared first on Република.

]]>

Мирлинд Даку, преку социјалните мрежи испрати извинување со цел да избегне казна поради која може да го пропушти останатиот дел од ЕП 2024.
Во неговата објаба тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно. Извинете ако некого навредив по натпреварот со Хрватска, ефектот на играта си го направи своето.Продолжувам да работам за целиот тим за нашите соништа-напиша Даку. За однесувањето на Даку истрага отвори и УЕФА.
Целото извинување може да го причитате во неговата објава на Фејсбук.
 
The post Нѐ нарече „некого“: Албанскиот фудбалер, Мирлинд Даку, се извини без да ги спомене Македонците appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-ssnm-preku-soopshtenie-baraat-izvinuvane-od-bogdan-ilievski-potoa-ja-spushtija-topkata/ Tue, 11 Jun 2024 18:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=786695

Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“.

Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.

Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.

Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“.

Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.

Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.

Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.

Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.

Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_

The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.

]]>

Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“. Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.
Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.
Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“. Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.
Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.
Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.
Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.
Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/   https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_

The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.

]]>
Димитров до Пендаровски: Нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, а не Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-do-pendarovski-natsistichka-germanija-e-vinovna-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-a-ne-bugarija/ Sun, 12 Mar 2023 17:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=618852

Да се ​​префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Македонија е несериозно, изјави денеска Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, како реакција на денешниот говор на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето – 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Македонскиот претседател побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји, вели професорот за „БТА“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/

-Бугарија е единствената земја во Европа која, од една страна, беше сојузник со нацистичка Германија, но не го исполни нејзиниот притисок и ги спаси сите свои Евреи. Велат 48.000, но нивниот број во тоа време бил многу над 50.000. Освен тоа, над 10.000 Евреи со помош на бугарските дипломатски претставништва во Европа успеале да добијат документи и преку Бугарија да се спасат, додал тој.

Димитров изјавил дека „депортацијата на Евреите од географската област Македонија започна уште во јануари 1943 година, со најконцентрирана група на еврејско население во Солун“.

Значи, да се препишува вина на Бугарија е несериозно, бидејќи депортацијата се случи на експресно инсистирање и под контрола на претставници на нацистичка Германија, рекол Димитров.

Тој додал дека „Бугарија во тоа време не ги поседувала тие територии, туку само управувала со нив“.

Тогаш нема македонска држава, тие се државјани на Југославија, а Југославија не само што ги депортираше своите Евреи, туку се фалеше дека е првата земја што го решила еврејското прашање. На територијата на Србија има концентрациони логори во кои масовно биле истребувани локални Евреи, смета копретседателот на Мешовитата историска комисија.

The post Димитров до Пендаровски: Нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, а не Бугарија appeared first on Република.

]]>

Да се ​​префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Македонија е несериозно, изјави денеска Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, како реакција на денешниот говор на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето – 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Македонскиот претседател побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.
Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји, вели професорот за „БТА“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/
-Бугарија е единствената земја во Европа која, од една страна, беше сојузник со нацистичка Германија, но не го исполни нејзиниот притисок и ги спаси сите свои Евреи. Велат 48.000, но нивниот број во тоа време бил многу над 50.000. Освен тоа, над 10.000 Евреи со помош на бугарските дипломатски претставништва во Европа успеале да добијат документи и преку Бугарија да се спасат, додал тој.
Димитров изјавил дека „депортацијата на Евреите од географската област Македонија започна уште во јануари 1943 година, со најконцентрирана група на еврејско население во Солун“.
Значи, да се препишува вина на Бугарија е несериозно, бидејќи депортацијата се случи на експресно инсистирање и под контрола на претставници на нацистичка Германија, рекол Димитров.
Тој додал дека „Бугарија во тоа време не ги поседувала тие територии, туку само управувала со нив“.
Тогаш нема македонска држава, тие се државјани на Југославија, а Југославија не само што ги депортираше своите Евреи, туку се фалеше дека е првата земја што го решила еврејското прашање. На територијата на Србија има концентрациони логори во кои масовно биле истребувани локални Евреи, смета копретседателот на Мешовитата историска комисија.
 
The post Димитров до Пендаровски: Нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, а не Бугарија appeared first on Република.

]]>
Бектеши им се извини на новинарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-im-se-izvini-na-novinarite/ Fri, 03 Feb 2023 09:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=604198

Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции.Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации, истакнува министерот за економија Крешник Бектеши во официјално соопштение во кое им се извинува на новинарите.

Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично и се извинувам доколку без намера ја навредив.
Мојата соработката со сите новинари ќе продолжи и во иднина, имајќи најголема почит кон нив. Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните, додава Бектеши.

Во спротивно, како што наведува, „горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата“, стои во информацијата од кабинетот на Бектеши.

The post Бектеши им се извини на новинарите appeared first on Република.

]]>

Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции.Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации, истакнува министерот за економија Крешник Бектеши во официјално соопштение во кое им се извинува на новинарите.
Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично и се извинувам доколку без намера ја навредив. Мојата соработката со сите новинари ќе продолжи и во иднина, имајќи најголема почит кон нив. Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните, додава Бектеши.
Во спротивно, како што наведува, „горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата“, стои во информацијата од кабинетот на Бектеши.

The post Бектеши им се извини на новинарите appeared first on Република.

]]>
Захарова ги праша Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-gi-prasha-poljacite-nema-da-se-izvinite-za-antiruskata-histerija/ Thu, 17 Nov 2022 19:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=575123

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, праша дали полските власти ќе се извинат за антируската хистерија што следеше по падот на ракетата на полска територија.

– Претседателот на Полска рече дека падот на ракетата е „несреќен случај“. Дури вчера ја слушавме хистеријата на полските функционери и политичари. Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат? – напиша Захарова на Телеграм.

Вечерта на 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина.

Во инцидентот загинаа две лица.

После тоа, ноќта на 16 ноември, рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, итно бил повикан во Министерството за надворешни работи на Полска.

Како што беше соопштено, рускиот амбасадор бил примен од полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау и по тој повод „се одржал многу краток разговор“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека официјални лица на голем број западни земји, вклучително и Полска, реагирале хистерично на ракетниот инцидент без вистински информации за настанот, посочувајќи дека тоа е уште една жестока русофобна реакција.

Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави денеска дека постои голема веројатност ракетата што паднала на територијата на Полска да припаѓа на силите за воздушна одбрана на Украина.

The post Захарова ги праша Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија? appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, праша дали полските власти ќе се извинат за антируската хистерија што следеше по падот на ракетата на полска територија. – Претседателот на Полска рече дека падот на ракетата е „несреќен случај“. Дури вчера ја слушавме хистеријата на полските функционери и политичари. Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат? – напиша Захарова на Телеграм.
Вечерта на 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина. Во инцидентот загинаа две лица. После тоа, ноќта на 16 ноември, рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, итно бил повикан во Министерството за надворешни работи на Полска. Како што беше соопштено, рускиот амбасадор бил примен од полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау и по тој повод „се одржал многу краток разговор“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека официјални лица на голем број западни земји, вклучително и Полска, реагирале хистерично на ракетниот инцидент без вистински информации за настанот, посочувајќи дека тоа е уште една жестока русофобна реакција. Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави денеска дека постои голема веројатност ракетата што паднала на територијата на Полска да припаѓа на силите за воздушна одбрана на Украина.

The post Захарова ги праша Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија? appeared first on Република.

]]>
Јанушев бара извинување од Арсовска за хистеричните изјави: ЈСП Скопје го оставив финансиски стабилно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/janushev-bara-izvinuvanje-od-arsovska-za-histerichnite-izjavi-jsp-skopje-go-ostaviv-finansiski-stabilno/ Fri, 21 Oct 2022 10:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=563977

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ побара извинување од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за, како што вели, клеветите и навредите кон него.

Гледам и слушам последниве денови дека (ш)пицнава градоначалничка Danela Arsovska од некои само за неа познати причини решила да зборува за мене и да ме напаѓа. Во ред, легитимно е тоа и немам ништо против, слободно нека продолжи жената, но за волја на вистината морам да и укажам на некои факти кои очигледно и се непознати, а впрочем и од каде би и биле. Директор на ЈСП Скопје бев речиси 3 години, на фукцијата стапив во Февруари 2015 година, а бев сменет во Ноември 2017 година. Така да, ниту сум бил, ниту сум можел да бидам директор на Мицкоски.

Во овој речиси 3 годишен период, финансиските проблеми беа огромен предизвик, но исто така станаа мисловна именка затоа што се работеше! Оставив во наследство модерно и финансиски стабилно јавно претпријатие, што успеавте да го уништите!
Ајде да ги видиме бројките:
• Добивка 2014 – 7.136.000 денари
• Добивка 2015 – 72.980.000 денари
• Добивка 2016 – 65.260.000 денари
Обврските за плаќање во Февруари 2015 изнесуваа 174.477.000 денари, а во Ноември 2017 – 96.518.000 денари.
Долгот за ДДВ во Февруари 2015 изнесуваше 90.422.000 денари, а во Ноември 2017 – 13.491.000 денари.
А, покрај тоа во овие речиси 3 години:
– се воведе АВЛ систем (Автоматска локација на возила),
– се воведе електронска наплата,
– се реорганизира Диспечерскиот центар во Оперативно-Контролен центар (преку кој во живо се следат сите возила кои учествуваат во јавниот градски превоз),
– се пушти во употреба официјалната android/iOS апликација „JSP – On The Go“,
– се воведе Интегриран тарифен систем,
– се прошири продажната мрежа, од 50 на над 250 продажни места,
– се постави лифт на „Милениумскиот крст“ на Водно“ наведува Јанушев.

Тој додава дека ако се сака и ако се знае како, може и финансиски да се консолидира претпријатието и истовремено да се инвестира и модернизира.

„ Јавно ја прашувам Данела АРсовска кои се финансисите резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се споредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да и биде, нека ги погледне и претходните 20-30 години од работењето на ЈСП. Градоначалничке не е убаво да се расфрлате со паушални и хистерични изјави и да напаѓате без било каков основ, само ја губите и таа минимална поддршка која ја имате, ако воопшто останала таква. Засукајте ги ракавите и земете нешто да сработите, им го должите тоа на граѓаните. И мислете уште од сега како ќе обезбедите средства за плата за овој месец за вработените во ЈСП, тоа е многу поважно него да се занимавате со мене.

Искрено ви посакувам во овие 3 години што ви остануваат од мандатот да имате дупло подобри резултати од тие што јас ги постигнав во ЈСП Скопје. А, да – во мое време во ЈСП се земаше плата до 5-ти во месецот и немаше ниту еден штрајк.
П.С. – бидејќи не знаете како, прашајте, не е срамота да се побара помош.
П.П.С. – очекувам јавно извинување за клеветите и навредите кон мене … да не мора да одиме по судови, напиша Јанушев на Фејсбук.

The post Јанушев бара извинување од Арсовска за хистеричните изјави: ЈСП Скопје го оставив финансиски стабилно appeared first on Република.

]]>

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ побара извинување од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за, како што вели, клеветите и навредите кон него.
Гледам и слушам последниве денови дека (ш)пицнава градоначалничка Danela Arsovska од некои само за неа познати причини решила да зборува за мене и да ме напаѓа. Во ред, легитимно е тоа и немам ништо против, слободно нека продолжи жената, но за волја на вистината морам да и укажам на некои факти кои очигледно и се непознати, а впрочем и од каде би и биле. Директор на ЈСП Скопје бев речиси 3 години, на фукцијата стапив во Февруари 2015 година, а бев сменет во Ноември 2017 година. Така да, ниту сум бил, ниту сум можел да бидам директор на Мицкоски.
Во овој речиси 3 годишен период, финансиските проблеми беа огромен предизвик, но исто така станаа мисловна именка затоа што се работеше! Оставив во наследство модерно и финансиски стабилно јавно претпријатие, што успеавте да го уништите! Ајде да ги видиме бројките: • Добивка 2014 – 7.136.000 денари • Добивка 2015 – 72.980.000 денари • Добивка 2016 – 65.260.000 денари Обврските за плаќање во Февруари 2015 изнесуваа 174.477.000 денари, а во Ноември 2017 – 96.518.000 денари. Долгот за ДДВ во Февруари 2015 изнесуваше 90.422.000 денари, а во Ноември 2017 – 13.491.000 денари. А, покрај тоа во овие речиси 3 години: – се воведе АВЛ систем (Автоматска локација на возила), – се воведе електронска наплата, – се реорганизира Диспечерскиот центар во Оперативно-Контролен центар (преку кој во живо се следат сите возила кои учествуваат во јавниот градски превоз), – се пушти во употреба официјалната android/iOS апликација „JSP – On The Go“, – се воведе Интегриран тарифен систем, – се прошири продажната мрежа, од 50 на над 250 продажни места, – се постави лифт на „Милениумскиот крст“ на Водно“ наведува Јанушев. Тој додава дека ако се сака и ако се знае како, може и финансиски да се консолидира претпријатието и истовремено да се инвестира и модернизира.
„ Јавно ја прашувам Данела АРсовска кои се финансисите резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се споредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да и биде, нека ги погледне и претходните 20-30 години од работењето на ЈСП. Градоначалничке не е убаво да се расфрлате со паушални и хистерични изјави и да напаѓате без било каков основ, само ја губите и таа минимална поддршка која ја имате, ако воопшто останала таква. Засукајте ги ракавите и земете нешто да сработите, им го должите тоа на граѓаните. И мислете уште од сега како ќе обезбедите средства за плата за овој месец за вработените во ЈСП, тоа е многу поважно него да се занимавате со мене. Искрено ви посакувам во овие 3 години што ви остануваат од мандатот да имате дупло подобри резултати од тие што јас ги постигнав во ЈСП Скопје. А, да – во мое време во ЈСП се земаше плата до 5-ти во месецот и немаше ниту еден штрајк. П.С. – бидејќи не знаете како, прашајте, не е срамота да се побара помош. П.П.С. – очекувам јавно извинување за клеветите и навредите кон мене … да не мора да одиме по судови, напиша Јанушев на Фејсбук.

The post Јанушев бара извинување од Арсовска за хистеричните изјави: ЈСП Скопје го оставив финансиски стабилно appeared first on Република.

]]>
МАН: Битиќи веднаш, а најдоцна до 24 часа јавно да се извини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/man-bitikji-vednash-a-najdocna-do-24-chasa-javno-da-se-izvini/ Fri, 10 Jun 2022 10:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=513499

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите од вицепремиерот Фатмир Битиќи, кои не се однесуваат само на новинарот Горан Момироски, туку на сите независни новинари кои критички извесутуваат за криминалите на владини претставници.

Фатмир Битиќи има рок веднаш а најдоцна до 24 часа јавно да се извини за заканите и квалификациите упатени кон Момироски и сите независни новинари. МАН секако ќе поднесе тужба за навредите и квалификациите во неговата изјава, кои се закана за слободата на медиумите, независното и професионално новинарство.

Оваа власт, позната по ширење лажни вести, невиситини и манипулации со граѓаните, нема никакво право да се повикува на закони, морализира за правила и стандарди, особено затоа што не постои владин или друг функционер кој не е вмешан во криминал до гуша.

Ако Битиќи продолжи да се заканува, МАН ќе преземе и други чекори за заштита на своите членови, а нашите новинари ќе продожат да објавуваат истражувачки стории за криминалот на власта и нивните семејства, соопшти МАН.

The post МАН: Битиќи веднаш, а најдоцна до 24 часа јавно да се извини appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите од вицепремиерот Фатмир Битиќи, кои не се однесуваат само на новинарот Горан Момироски, туку на сите независни новинари кои критички извесутуваат за криминалите на владини претставници.
Фатмир Битиќи има рок веднаш а најдоцна до 24 часа јавно да се извини за заканите и квалификациите упатени кон Момироски и сите независни новинари. МАН секако ќе поднесе тужба за навредите и квалификациите во неговата изјава, кои се закана за слободата на медиумите, независното и професионално новинарство. Оваа власт, позната по ширење лажни вести, невиситини и манипулации со граѓаните, нема никакво право да се повикува на закони, морализира за правила и стандарди, особено затоа што не постои владин или друг функционер кој не е вмешан во криминал до гуша. Ако Битиќи продолжи да се заканува, МАН ќе преземе и други чекори за заштита на своите членови, а нашите новинари ќе продожат да објавуваат истражувачки стории за криминалот на власта и нивните семејства, соопшти МАН.

The post МАН: Битиќи веднаш, а најдоцна до 24 часа јавно да се извини appeared first on Република.

]]>
Министерството за транспорт и врски се извини: Во иднина ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-transport-i-vrski-se-izvini-vo-idnina-kje-obezbedi-ednakov-pristap-na-site-mediumski-rabotnici-za-izvrshuvanje-na-nivnite-rabotni-zadachi/ Fri, 11 Feb 2022 12:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=457216

Министерството за транспорт и врски упатија извинување до медиумските работници, откако утринава при слетувањето на авионот Софија – Скопје, на снимателите на Влада, министерствата и на колегите од Бугарија им беше дозволен пристап до самиот авион и делегацијата, додека пак екипи на македонските национални телевизии останаа на стотици метри оддалечени.

Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради  ненамерениот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа. Како и досега, во иднина Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи, велат од Министерството.

The post Министерството за транспорт и врски се извини: Во иднина ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи appeared first on Република.

Иванов за изјавата на Колев: Ајде извинувања, тоа е вашиот бугарски историски долг и кон децата и кон човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-za-izjavata-na-kolev-ajde-izvinuvanja-toa-e-vashiot-bugarski-istoriski-dolg-i-kon-decata-i-kon-choveshtvoto/ Fri, 28 Jan 2022 15:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=450798

Новинарот Зоран Иванов, ја коментира изјавата на лидерот на ГДУ, Петар Колев, кој изјави дека за децата на Бугарите во Македонија било трауматично да читаат и да учат дека Бугарите за време на Втората светска војна биле фашисти.

Точно, подржувам, но, прво, што туку не мислеле дедовците им на време и, второ, ајде извинувања, малку на колена (како Брант, на пример), ајде, тоа е вашиот бугарски историски долг и спрема децата и спрема човештвото!! - пишува Иванов.

The post Иванов за изјавата на Колев: Ајде извинувања, тоа е вашиот бугарски историски долг и кон децата и кон човештвото appeared first on Република.

Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ: Ова беше срам за Австралија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstraliski-pratenik-mu-se-izvini-na-gjokovikj-ova-beshe-sram-za-avstralija/ Mon, 10 Jan 2022 12:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=442581

Австралискиот пратеник во сојузниот парламент Крејг Кели му се извини на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во името на Австралија и на австралискиот народ за срамот што го направија политичките власти во земјата.

Интересно Кели се извини со лајв-видео на Јутјуб, зашто ниту една австралиска телевизија не сакала да го пренесе неговото обраќање, а Кели директно ги посочи премиерите на сојузната држава Викторија, Ден Ендрјус и на федералната влада Скот Морисон како најодговорни што Австралија е посрамена.

Ѓоковиќ ја доби судската олука да остане во Австралија и да не биде депортиран, иако случајот не е завршен, поради дискрециското право на министерот за имиграција Хоук кој ѝ покрај судската пресуда може да донесе одлука за депортација. Такво нешто денеска не се случи и барем еден ден Ѓоковиќ е слободен, но може да се случи веќе утре или во следните денови.

Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија Ендрјус и премиерот на Австралија Морисон, рече Кели во своето обраќање.

Кели посочи дека двајцата премиери со одвратниот срам ја понижиле Австралија во светот.

Обајцата се одговорни за овој одвратен срам што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Му се извинувам на српскиот народ! Ова е срамота, рече Кели.

The post Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ: Ова беше срам за Австралија! appeared first on Република.

]]>

Австралискиот пратеник во сојузниот парламент Крејг Кели му се извини на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во името на Австралија и на австралискиот народ за срамот што го направија политичките власти во земјата. Интересно Кели се извини со лајв-видео на Јутјуб, зашто ниту една австралиска телевизија не сакала да го пренесе неговото обраќање, а Кели директно ги посочи премиерите на сојузната држава Викторија, Ден Ендрјус и на федералната влада Скот Морисон како најодговорни што Австралија е посрамена. Ѓоковиќ ја доби судската олука да остане во Австралија и да не биде депортиран, иако случајот не е завршен, поради дискрециското право на министерот за имиграција Хоук кој ѝ покрај судската пресуда може да донесе одлука за депортација. Такво нешто денеска не се случи и барем еден ден Ѓоковиќ е слободен, но може да се случи веќе утре или во следните денови. Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија Ендрјус и премиерот на Австралија Морисон, рече Кели во своето обраќање. Кели посочи дека двајцата премиери со одвратниот срам ја понижиле Австралија во светот. Обајцата се одговорни за овој одвратен срам што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Му се извинувам на српскиот народ! Ова е срамота, рече Кели.

The post Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ: Ова беше срам за Австралија! appeared first on Република.

]]>