извини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvini/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Feb 2023 19:13:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvini/ 32 32 Латас жали ако некој се почуствувал навреден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/latas-zhali-ako-nekoj-se-pochustvuval-navreden/ Tue, 21 Feb 2023 18:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=611633

Новинарот Драган Павловиќ Латас во изјава за Канал 5 по денешното покренато обвинение од страна на ЈОРМ за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем вели дека е изненаден дека се бара одземање на пасош.

Јас сум шокиран од тоа дека таму се бараат одземање пасош а јас сум веќе шест години во машината за мелење на СЈО и не сум избегал од државава. Второ, се бара забрана за мој јавен настап, на новинар на кој јавн настап му е пофесија, практично тоа е забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука во процес, вие можете сега да направите забрана и две-три години да не донесете пресуда и три години новинарот не може да врши дејност и да работи.

Мене ми е лично жал ако некој се почувствувал навреден или повреден од тоа затоа што секој има право да си тумачи на свој начин, да ги гледа работите во однос на тоа што ние го покажуваме или кажуваме така да јас можам да се извинам на тие луѓе кои се осетиле повредени или навредени но, кои и го виделе видеото а не само прочитале наслов а некој само им кажал…

До сега е познато дека јас никогаш не сум имал ваков проблем, особено не со жени, и јас ја почнав емисијата (кај Стефан Лазаров) и ја завршив со тоа што е мојот мотив за занимавање со оваа професија. Тоа е што потекнувам од сиромашна населба и маало и што жените во моето маало брзо стареат, и што јас сум видел дека причина за тоа е политика и затоа се бавам со политичко новинарство. Да им помогнам на жените во моето маало да не стареат (брзо).

Што значи жените ми се мотив за бавење со оваа професија а не предмет на еветуална омраза.

И водителот (Стефан Лазаров) и јас кажавме дека ниту тој во својата изјава постирана на неговиот профил на Инстаграм и јас, и овој пат, дека во мојот исказ станува збор за некакво раскажување за силување, не станува збор за силување, но тоа ќе го раскажеме таму каде што институциите не повикале.

Сакам да завршам со тоа дека јас имам триесет и пет години кариера, со над 10.000 направени текстови, прилози, емисии, напишани книги, со шест награди за новинар на година и немам ниту еден спор изгубно на суд за клевета а камоли за кривично дело. И тоа за мене доволно кажува и за мојата работа и моите намери.

Овде е целта да се тргнам од јавност затоа што на интересите на таа власт и на нивните невладини организации јас правам пречка и проблем и во нивната времена мерка се бара првично и императвно – тргање од јавност. Тоа е, црно на бело, и потпишано дека тоа е целта на оваа хајка, изјави Латас за Канал 5.

 

The post Латас жали ако некој се почуствувал навреден appeared first on Република.

]]>

Новинарот Драган Павловиќ Латас во изјава за Канал 5 по денешното покренато обвинение од страна на ЈОРМ за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем вели дека е изненаден дека се бара одземање на пасош.
Јас сум шокиран од тоа дека таму се бараат одземање пасош а јас сум веќе шест години во машината за мелење на СЈО и не сум избегал од државава. Второ, се бара забрана за мој јавен настап, на новинар на кој јавн настап му е пофесија, практично тоа е забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука во процес, вие можете сега да направите забрана и две-три години да не донесете пресуда и три години новинарот не може да врши дејност и да работи. Мене ми е лично жал ако некој се почувствувал навреден или повреден од тоа затоа што секој има право да си тумачи на свој начин, да ги гледа работите во однос на тоа што ние го покажуваме или кажуваме така да јас можам да се извинам на тие луѓе кои се осетиле повредени или навредени но, кои и го виделе видеото а не само прочитале наслов а некој само им кажал… До сега е познато дека јас никогаш не сум имал ваков проблем, особено не со жени, и јас ја почнав емисијата (кај Стефан Лазаров) и ја завршив со тоа што е мојот мотив за занимавање со оваа професија. Тоа е што потекнувам од сиромашна населба и маало и што жените во моето маало брзо стареат, и што јас сум видел дека причина за тоа е политика и затоа се бавам со политичко новинарство. Да им помогнам на жените во моето маало да не стареат (брзо). Што значи жените ми се мотив за бавење со оваа професија а не предмет на еветуална омраза. И водителот (Стефан Лазаров) и јас кажавме дека ниту тој во својата изјава постирана на неговиот профил на Инстаграм и јас, и овој пат, дека во мојот исказ станува збор за некакво раскажување за силување, не станува збор за силување, но тоа ќе го раскажеме таму каде што институциите не повикале. Сакам да завршам со тоа дека јас имам триесет и пет години кариера, со над 10.000 направени текстови, прилози, емисии, напишани книги, со шест награди за новинар на година и немам ниту еден спор изгубно на суд за клевета а камоли за кривично дело. И тоа за мене доволно кажува и за мојата работа и моите намери. Овде е целта да се тргнам од јавност затоа што на интересите на таа власт и на нивните невладини организации јас правам пречка и проблем и во нивната времена мерка се бара првично и императвно – тргање од јавност. Тоа е, црно на бело, и потпишано дека тоа е целта на оваа хајка, изјави Латас за Канал 5.  

The post Латас жали ако некој се почуствувал навреден appeared first on Република.

]]>
„Слобода превоз“ им се извини на скопјани за хаосот на улиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sloboda-prevoz-im-se-izvini-na-skopjani-za-haosot-na-ulicite/ Mon, 05 Dec 2022 09:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=582063

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на „Слобода превоз“.

Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, утрово во изјава за МИА, рече дека нема да се тргнат блокадите се додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат.

Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави Муриќ.

Од друга страна, граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации.

За во 11 часот е најавена изјава за медиумите на директорт на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за последните случувања и натамошните чекори на превозниците.

The post „Слобода превоз“ им се извини на скопјани за хаосот на улиците appeared first on Република.

]]>

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје.
Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на „Слобода превоз“.
Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание. Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, утрово во изјава за МИА, рече дека нема да се тргнат блокадите се додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат.
Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави Муриќ.
Од друга страна, граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации. За во 11 часот е најавена изјава за медиумите на директорт на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за последните случувања и натамошните чекори на превозниците.

The post „Слобода превоз“ им се извини на скопјани за хаосот на улиците appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Јужна Кореја се извини поради трагедијата на Ноќта на вештерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-juzna-koreja-se-izvini-poradi-tragedijata-na-nokjta-na-veshterkite/ Mon, 07 Nov 2022 08:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=570663

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска им се извини на граѓаните за трагичната несреќа за време на Ноќта на вештерките во Сеул, во која загинаа 156 лица.

Британските медиуми наведуваат дека претседателот Јун вети дека на одговорност ќе бидат повикани сите функционери за кои ќе се утврди дека се виновни за трагедијата.

Жал ми е и им се извинувам на ужалените семејства кои се погодени од оваа неискажлива трагедија и на луѓето кои ја споделуваат нивната болка и тага, рече Јун.

Тој додаде дека не се осмелува да се споредува со родители кои изгубиле синови и ќерки, но дека „како претседател кој е должен да ги штити животите и безбедноста на луѓето, срцето му е скршено”.

Полицијата се соочи со остри критики од јавноста за непрофесионалниот одговор пред и за време на трагедијата, бидејќи испрати само 137 полицајци во спорната област, и покрај претходните проценки дека ќе се соберат околу 100.000 лица.

Трагедијата се случи вечерта на 30 октомври, за време на прославата на празникот Ноќ на вештерките, кога во еден момент неколку стотици лица се нашле на удолница, во тесна уличка, широка само четири метри, од каде не можеле да се затскријат ниту да излезат, па почнале да паѓаат еден врз друг, пренесе агенцијата Јонхап.

Стампедото почнало кога луѓето почнале да се превртуваат, како „домино”, и во хаосот настанат од турканиците почнале да се трупаат еден врз друг, оставајќи многумина без воздух или прегазени, наведоа очевидци.

Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога потона траект и се удавија 304 лица, од кои повеќето беа средношколци.

The post Претседателот на Јужна Кореја се извини поради трагедијата на Ноќта на вештерките appeared first on Република.

]]>

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска им се извини на граѓаните за трагичната несреќа за време на Ноќта на вештерките во Сеул, во која загинаа 156 лица. Британските медиуми наведуваат дека претседателот Јун вети дека на одговорност ќе бидат повикани сите функционери за кои ќе се утврди дека се виновни за трагедијата.
Жал ми е и им се извинувам на ужалените семејства кои се погодени од оваа неискажлива трагедија и на луѓето кои ја споделуваат нивната болка и тага, рече Јун.
Тој додаде дека не се осмелува да се споредува со родители кои изгубиле синови и ќерки, но дека „како претседател кој е должен да ги штити животите и безбедноста на луѓето, срцето му е скршено”. Полицијата се соочи со остри критики од јавноста за непрофесионалниот одговор пред и за време на трагедијата, бидејќи испрати само 137 полицајци во спорната област, и покрај претходните проценки дека ќе се соберат околу 100.000 лица. Трагедијата се случи вечерта на 30 октомври, за време на прославата на празникот Ноќ на вештерките, кога во еден момент неколку стотици лица се нашле на удолница, во тесна уличка, широка само четири метри, од каде не можеле да се затскријат ниту да излезат, па почнале да паѓаат еден врз друг, пренесе агенцијата Јонхап. Стампедото почнало кога луѓето почнале да се превртуваат, како „домино”, и во хаосот настанат од турканиците почнале да се трупаат еден врз друг, оставајќи многумина без воздух или прегазени, наведоа очевидци. Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога потона траект и се удавија 304 лица, од кои повеќето беа средношколци.

The post Претседателот на Јужна Кореја се извини поради трагедијата на Ноќта на вештерките appeared first on Република.

]]>
Извини Арачиново https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/izvini-arachinovo/ Thu, 25 Aug 2022 09:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=543931

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvini-vredno-5-000-evra-vo-centarot-na-skopje/

The post Извини Арачиново appeared first on Република.

]]>

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvini-vredno-5-000-evra-vo-centarot-na-skopje/

The post Извини Арачиново appeared first on Република.

]]>
„Извини“ вредно 5.000 евра во центарот на Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvini-vredno-5-000-evra-vo-centarot-na-skopje/ Wed, 24 Aug 2022 12:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=543679

Вчера во центарот на Скопје осамна билборд кој инстантно стана вирален хит.

Билбордот гласи „Извини Мони“ и на крај потпис „Д.“, па многумина претпоставија дека станува збор за дечко кој згрешил многу, па сега јавно ѝ се извинува на девојката.

The post „Извини“ вредно 5.000 евра во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера во центарот на Скопје осамна билборд кој инстантно стана вирален хит. Билбордот гласи „Извини Мони“ и на крај потпис „Д.“, па многумина претпоставија дека станува збор за дечко кој згрешил многу, па сега јавно ѝ се извинува на девојката.

The post „Извини“ вредно 5.000 евра во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Ласица им се извини на македонските навивачи што ги плукаше https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/lasica-im-se-izvini-na-makedonskite-navivachi-shto-gi-plukashe/ Sun, 16 Jan 2022 15:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=445341

Дисцилплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни црногорскиот ракометар Марко Ласица со 5.000 евра (од кои 2.000 евра се условна казна на две години), откако влезе во конфликт со македонските навивачи по вчерашната победа на Црна Гора против Македонија (28-24) на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ласица плукна кон навивачите на Македонија, по што за среќа беше избегнат поголем инцидент, поради реакцијата на соиграчите на Ласица. Денеска, тој се извини на македонските навивачи.

Сакам да се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Во текот на целиот меч бев гаѓан со монети и плукан, а по натпреварот еден таканаречен навивач повторно ме плукна кога бев во негова близина. Направив грешка и затоа се извинувам. Посебно ја ценам македонската публика и нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Мојата реакција е за осуда и уште еднаш се извинувам – вели Ласица.

https://republika.mk/sport/rakomet/skandalozno-odnesuvanje-na-crnogorski-reprezentativec-lasica-gi-plukna-makedonskite-navivachi/

The post Ласица им се извини на македонските навивачи што ги плукаше appeared first on Република.

]]>

Дисцилплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни црногорскиот ракометар Марко Ласица со 5.000 евра (од кои 2.000 евра се условна казна на две години), откако влезе во конфликт со македонските навивачи по вчерашната победа на Црна Гора против Македонија (28-24) на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Ласица плукна кон навивачите на Македонија, по што за среќа беше избегнат поголем инцидент, поради реакцијата на соиграчите на Ласица. Денеска, тој се извини на македонските навивачи.
Сакам да се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Во текот на целиот меч бев гаѓан со монети и плукан, а по натпреварот еден таканаречен навивач повторно ме плукна кога бев во негова близина. Направив грешка и затоа се извинувам. Посебно ја ценам македонската публика и нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Мојата реакција е за осуда и уште еднаш се извинувам – вели Ласица.
https://republika.mk/sport/rakomet/skandalozno-odnesuvanje-na-crnogorski-reprezentativec-lasica-gi-plukna-makedonskite-navivachi/

The post Ласица им се извини на македонските навивачи што ги плукаше appeared first on Република.

]]>