известување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvestuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 18:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png известување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izvestuvanje/ 32 32 АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-rechisi-site-televizii-go-pochituvaa-printsipot-za-ednakov-tretman-na-kandidatite-za-pretsedatel/ Thu, 02 May 2024 18:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=773591

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.

Наодите од мониторингот покажаа дека речиси сите телевизии во вестите го почитуваа принципот за еднаков третман при изборното медиумско претставување на кандидатите за претседател на државата. Активностите за претседателската кампања кај сите телевизии беа одвоени во посебна информативна рубрика каде што се прикажуваа поенти извлечени од обраќањата на кандидатите пред гласачите. Само Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и ТВ 24 Вести направија интервјуа со сите седуммина кандидата за претседател на државата.

Во однос на дебатите, единствено МРТ 1 успеа да организира дебатно соочување на кое присуствуваа сите седуммина кандидати за претседател на државата.

Од аспект на аудиовизуелниот квалитет на известувањето за претседателската кампања, поради недостиг од ажурна дописничка мрежа, екипирана со воедначени продукциски стандарди, редакциите беа принудени да адаптираат аудиовизуелен изборен материјал доставен или од комуникациските/маркетиншките тимови на кандидатите за претседател на државата или од нивните официјални профили на социјалните мрежи што беше очигледно од применетиот начин на снимање/кадрирање, од сценографската/амбиенталната поставка за изборното претставување и од дополнителната графичка обработка на медиумски презентираниот аудиовизуелен материјал.

Со исклучок на ТВ Клан Мацедониа која спротивно на Изборниот законик не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, сите програмските сервиси опфатени со мониторингот обезбедија секојдневно едно издание на централните ТВ дневници и неделно едно издание на актуелно-информативна емисија со титлување или со превод на знаковен јазик за лицата со сетилна попреченост.

Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година е достапен на линкот.

The post АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал. Наодите од мониторингот покажаа дека речиси сите телевизии во вестите го почитуваа принципот за еднаков третман при изборното медиумско претставување на кандидатите за претседател на државата. Активностите за претседателската кампања кај сите телевизии беа одвоени во посебна информативна рубрика каде што се прикажуваа поенти извлечени од обраќањата на кандидатите пред гласачите. Само Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и ТВ 24 Вести направија интервјуа со сите седуммина кандидата за претседател на државата. Во однос на дебатите, единствено МРТ 1 успеа да организира дебатно соочување на кое присуствуваа сите седуммина кандидати за претседател на државата. Од аспект на аудиовизуелниот квалитет на известувањето за претседателската кампања, поради недостиг од ажурна дописничка мрежа, екипирана со воедначени продукциски стандарди, редакциите беа принудени да адаптираат аудиовизуелен изборен материјал доставен или од комуникациските/маркетиншките тимови на кандидатите за претседател на државата или од нивните официјални профили на социјалните мрежи што беше очигледно од применетиот начин на снимање/кадрирање, од сценографската/амбиенталната поставка за изборното претставување и од дополнителната графичка обработка на медиумски презентираниот аудиовизуелен материјал. Со исклучок на ТВ Клан Мацедониа која спротивно на Изборниот законик не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, сите програмските сервиси опфатени со мониторингот обезбедија секојдневно едно издание на централните ТВ дневници и неделно едно издание на актуелно-информативна емисија со титлување или со превод на знаковен јазик за лицата со сетилна попреченост. Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година е достапен на линкот.

The post АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>
„Би-би-си“: Системот за предупредувања на „Гугл“ затаил при земјотресот во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bi-bi-si-zatail-sistemot-za-predupreduvana-na-gugl-pri-zemjotresot-vo-turtsija/ Fri, 28 Jul 2023 18:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=666424

Системот за предупредување за земјотрес, којшто „Гугл“ го стави на располагање за паметните уреди со оперативен систем „Андроид“, треба да испраќа известувања за корисникот навреме да стигне на безбедно, но тоа не се случило на 6 февруари во Турција. Истражувачите на „Би-би-си“ разговарале со стотици луѓе во три турски градови и откриле дека ниту еден од нив не добил предупредување пред првиот земјотрес, а „ограничен број“ од нив биле известени за вториот.

Мика Берман од „Гугл“ вели дека милиони луѓе во Турција добиле предупредувања за земјотрес, но според наводите, компанијата не сподели податоци што покажуваат широко распространети известувања. Беа прикажани неколку објави од луѓе на социјалните мрежи кои тврдат дека добиле предупредување, но само една објава поврзана со првиот земјотрес.

Берман вели дека „нема дефинитивен одговор“ зошто социјалните мрежи „молчат“ за предупредувањата, но истакна дека природата на земјотресот и доверливоста на пристапот до интернет можат да влијаат на системот.

Системот за предупредување за земјотреси на „Андроид“ користи акцелерометар (сензор за препознавање движења) во телефоните за навреме и целисходно да генерира предупредувања.

Ако вибрираат повеќе телефони во истовреме, „Гугл“ може да ги искористи собраните податоци за предвреме да го пронајде и епицентарот и да ја одреди јачината на земјотресот, а потоа автоматски да испрати предупредување до луѓето кои веројатно ќе почувствуваат дека земјата се тресе. Иако времето од предупредувањето до земјотресот е помалку од минута, технологијата сепак теоретски може да им помогне на луѓето во областите каде што конвенционалните предупредувања не се достапни.

Постои загриженост дека системот откажал за време на земјотресот од 7,8 степени. Некои пак, велат дека дури и да функционирал, тешко е да се каже колку луѓе колку би добиле предупредувања и би биле спасени во таков случај, не сметајќи ги поблагите инциденти. Без повеќе податоци за ова, сепак не е сигурно дека предупредувањата за земјотреси на „Андроид“ се доволно безбедна мерка.

The post „Би-би-си“: Системот за предупредувања на „Гугл“ затаил при земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>

Системот за предупредување за земјотрес, којшто „Гугл“ го стави на располагање за паметните уреди со оперативен систем „Андроид“, треба да испраќа известувања за корисникот навреме да стигне на безбедно, но тоа не се случило на 6 февруари во Турција. Истражувачите на „Би-би-си“ разговарале со стотици луѓе во три турски градови и откриле дека ниту еден од нив не добил предупредување пред првиот земјотрес, а „ограничен број“ од нив биле известени за вториот. Мика Берман од „Гугл“ вели дека милиони луѓе во Турција добиле предупредувања за земјотрес, но според наводите, компанијата не сподели податоци што покажуваат широко распространети известувања. Беа прикажани неколку објави од луѓе на социјалните мрежи кои тврдат дека добиле предупредување, но само една објава поврзана со првиот земјотрес. Берман вели дека „нема дефинитивен одговор“ зошто социјалните мрежи „молчат“ за предупредувањата, но истакна дека природата на земјотресот и доверливоста на пристапот до интернет можат да влијаат на системот. Системот за предупредување за земјотреси на „Андроид“ користи акцелерометар (сензор за препознавање движења) во телефоните за навреме и целисходно да генерира предупредувања. Ако вибрираат повеќе телефони во истовреме, „Гугл“ може да ги искористи собраните податоци за предвреме да го пронајде и епицентарот и да ја одреди јачината на земјотресот, а потоа автоматски да испрати предупредување до луѓето кои веројатно ќе почувствуваат дека земјата се тресе. Иако времето од предупредувањето до земјотресот е помалку од минута, технологијата сепак теоретски може да им помогне на луѓето во областите каде што конвенционалните предупредувања не се достапни. Постои загриженост дека системот откажал за време на земјотресот од 7,8 степени. Некои пак, велат дека дури и да функционирал, тешко е да се каже колку луѓе колку би добиле предупредувања и би биле спасени во таков случај, не сметајќи ги поблагите инциденти. Без повеќе податоци за ова, сепак не е сигурно дека предупредувањата за земјотреси на „Андроид“ се доволно безбедна мерка.

The post „Би-би-си“: Системот за предупредувања на „Гугл“ затаил при земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-mediumite-profesionalno-i-etichki-da-izvestuvaat-za-tragichni-nastani-osobeno-ako-se-vklucheni-maloletnitsi/ Wed, 10 May 2023 11:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=639252

Имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои македонските граѓани ги упатуваат за начинот на информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува сите медиуми, при известувањето за трагични настани, да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности. Ова особено се однесува на информирањето за настани во кои се вклучени малолетни лица кои се сторители или жртви на кривични дела.

Вестите и информативните програми не треба да се темелат на сензационализам туку треба да содржат проверени информации. Вклучувањето описи, сцени и/или глетки на насилство или друг материјал којшто може да го загрози физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите, мора да биде засновано на одговорна уредничка проценка за неопходноста на нивно прикажување.

Професионалната одговорност подразбира и дека жртвите на насилство треба да се третираат со максимална почит и да се води сметка за заштита на приватноста, човековото достоинство, како и личната болка и жалост на жртвите.

Покрај медиумите и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи треба да покажат максимална општествена одговорност при реемитување сервиси кои содржат програми со насилство, вулгарен говор и други непримерни содржини кои лошо влијаат врз малолетниците и генерално, можат да ја вознемират општата јавност со таквите содржини. Тоа значи дека треба да бидат особено внимателни при одлучувањето какви сервиси ќе реемитуваат и да применуваат најстроги технички мерки за родителска контрола, се наведува во соопштението од АВМУ.

The post АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои македонските граѓани ги упатуваат за начинот на информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува сите медиуми, при известувањето за трагични настани, да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности. Ова особено се однесува на информирањето за настани во кои се вклучени малолетни лица кои се сторители или жртви на кривични дела. Вестите и информативните програми не треба да се темелат на сензационализам туку треба да содржат проверени информации. Вклучувањето описи, сцени и/или глетки на насилство или друг материјал којшто може да го загрози физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите, мора да биде засновано на одговорна уредничка проценка за неопходноста на нивно прикажување. Професионалната одговорност подразбира и дека жртвите на насилство треба да се третираат со максимална почит и да се води сметка за заштита на приватноста, човековото достоинство, како и личната болка и жалост на жртвите. Покрај медиумите и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи треба да покажат максимална општествена одговорност при реемитување сервиси кои содржат програми со насилство, вулгарен говор и други непримерни содржини кои лошо влијаат врз малолетниците и генерално, можат да ја вознемират општата јавност со таквите содржини. Тоа значи дека треба да бидат особено внимателни при одлучувањето какви сервиси ќе реемитуваат и да применуваат најстроги технички мерки за родителска контрола, се наведува во соопштението од АВМУ.

The post АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници appeared first on Република.

]]>
Странските медиуми информираат за огромен број граѓани кои поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа побараа предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stranskite-mediumi-informiraat-za-ogromen-broj-gragjani-koi-povedeni-od-vmro-dpmne-sinokja-pobaraa-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Sun, 19 Jun 2022 08:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=517127

Радио телевизија Србија информира дека огромен број граѓани поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа протестираа во Скопје и побараа одржување на вонредни парламентарни избори.

Целта е да се победи и казни владеачката СДСМ, порача лидерот Христијан Мицкоски и најави дека борбата ќе продолжи секаде-во парламентот, на улиците, во градовите и селата, пренесува РТС.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на протестот, кој го нарече величенствен собир се собрале неколку илјади луѓе за да си ја вратат слободата на Македонија и дека народот е на нозе бидејќи сака борбата да се избори за својата Македонија, пренесува Н1.

https://republika.mk/vesti/balkan/informer-gori-skopje-dali-po-bugarskata-pagja-i-makedonskata-vlada/

 

Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, објави abcnews.

И ВОА пренесе дека илјадници поддржувачи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа во саботата навечер во центарот на главниот град Скопје и бараат предвремени избори.

https://republika.mk/vesti/balkan/mediumite-od-regionot-go-sledat-deneshniot-golem-protest-iljadnici-lugje-na-ulica-vo-skopje-opozicijata-bara-novi-izbori/

 

 

The post Странските медиуми информираат за огромен број граѓани кои поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа побараа предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Радио телевизија Србија информира дека огромен број граѓани поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа протестираа во Скопје и побараа одржување на вонредни парламентарни избори.
Целта е да се победи и казни владеачката СДСМ, порача лидерот Христијан Мицкоски и најави дека борбата ќе продолжи секаде-во парламентот, на улиците, во градовите и селата, пренесува РТС.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на протестот, кој го нарече величенствен собир се собрале неколку илјади луѓе за да си ја вратат слободата на Македонија и дека народот е на нозе бидејќи сака борбата да се избори за својата Македонија, пренесува Н1. https://republika.mk/vesti/balkan/informer-gori-skopje-dali-po-bugarskata-pagja-i-makedonskata-vlada/   Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, објави abcnews. И ВОА пренесе дека илјадници поддржувачи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа во саботата навечер во центарот на главниот град Скопје и бараат предвремени избори. https://republika.mk/vesti/balkan/mediumite-od-regionot-go-sledat-deneshniot-golem-protest-iljadnici-lugje-na-ulica-vo-skopje-opozicijata-bara-novi-izbori/    

The post Странските медиуми информираат за огромен број граѓани кои поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа побараа предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>