извештај на ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izveshtaj-na-eu/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 19:47:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извештај на ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izveshtaj-na-eu/ 32 32 Судството е во критична точка – Гир очекува спроведување на препораките на оценската мисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudstvoto-e-vo-kritichna-tochka-gir-ochekuva-sproveduvane-na-preporakite-na-otsenskata-misija/ Tue, 12 Dec 2023 19:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=722330

Критериуми за тоа кој може да биде член на судскиот совет, дефинирање на поимот истакната правник, но и јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет. На ова се однесуваат дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ), соопшти евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите, објави Телма.

По двете посети во земјава, средби разговори и анализи, експертите предводени од хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин заклучиле дека проблемите во судскиот совет се акумулирани низ годините, без да се решаваат навремено и, освен во законскиот дел, недостатици има и во добри практики.

Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува од нив да почне имплементирањето.

Судството е дојдено до критична точка и потребно е да има итна акција, рече евроамбасадорот Гир, според кого извештајот има силни препораки, но за нивна имплементација неопходна е политичка волја. Очекува спроведувањето на овој извештај да биде меѓу топ приоритетите и на идните влади. Потенцираше и дека реформите во судството не можат да се заобиколат за влез во ЕУ

За 17 од 40-те препораки не се потребни измени на легислативата и ги посочи дека дел од нив може веднаш да почнат да се спроведуваат во судскиот совет. За останатите, потребни се или законски или измени на уставот.

Конкретни мерки експертите предложиле во делот на транспарентноста и комуницирањето со јавноста и ресурсите и финансиската автономија на советот, околу унапредување на судиите. Се препорачува и скратување на мандатот од шест години на членовите, затоа што конкретно оние што доаѓаат од редот на судиите кои подолго време се оддалечуваат од работата во судовите. Меѓу препораките е и разгледување на улогата на министерот за правда и на претседателот на Врховниот суд како членови по функција.

Оценската мисија ЕУ ја испратени по скандалите и превирањата во Судски со разрешувањето на експретседателката Дамева, но во извештајот на ЕК, состојбата во судски се анализира од оставката на нејзината претходничка Црвенковска која обвини за влијание од судско бизнис елита.

The post Судството е во критична точка – Гир очекува спроведување на препораките на оценската мисија appeared first on Република.

]]>

Критериуми за тоа кој може да биде член на судскиот совет, дефинирање на поимот истакната правник, но и јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет. На ова се однесуваат дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ), соопшти евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите, објави Телма. По двете посети во земјава, средби разговори и анализи, експертите предводени од хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин заклучиле дека проблемите во судскиот совет се акумулирани низ годините, без да се решаваат навремено и, освен во законскиот дел, недостатици има и во добри практики. Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува од нив да почне имплементирањето. Судството е дојдено до критична точка и потребно е да има итна акција, рече евроамбасадорот Гир, според кого извештајот има силни препораки, но за нивна имплементација неопходна е политичка волја. Очекува спроведувањето на овој извештај да биде меѓу топ приоритетите и на идните влади. Потенцираше и дека реформите во судството не можат да се заобиколат за влез во ЕУ За 17 од 40-те препораки не се потребни измени на легислативата и ги посочи дека дел од нив може веднаш да почнат да се спроведуваат во судскиот совет. За останатите, потребни се или законски или измени на уставот. Конкретни мерки експертите предложиле во делот на транспарентноста и комуницирањето со јавноста и ресурсите и финансиската автономија на советот, околу унапредување на судиите. Се препорачува и скратување на мандатот од шест години на членовите, затоа што конкретно оние што доаѓаат од редот на судиите кои подолго време се оддалечуваат од работата во судовите. Меѓу препораките е и разгледување на улогата на министерот за правда и на претседателот на Врховниот суд како членови по функција. Оценската мисија ЕУ ја испратени по скандалите и превирањата во Судски со разрешувањето на експретседателката Дамева, но во извештајот на ЕК, состојбата во судски се анализира од оставката на нејзината претходничка Црвенковска која обвини за влијание од судско бизнис елита.

The post Судството е во критична точка – Гир очекува спроведување на препораките на оценската мисија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за извештајот на ЕК: Никогаш полош, ова е извештај за назадување, не за напредок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-izveshtajot-na-ek-nikogash-polosh-evropskiot-fron-ne-bil-evropski/ Sat, 11 Nov 2023 08:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=700424

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ го коментираше извештајот на ЕК.Според него, Извештајот никогаш не бил полош и оти ја отсликува реалноста.

https://www.youtube.com/watch?v=XPqTaWb4KtM

Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе трне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори.Имаме рекордно ниска недоверба во партизираното обвинителство и судство.Недовребата во правдата е основа на извештајот.Не гледам никаква визија и персектива што ја нуди оваа влада на СДСМ и ДУИ..

Мицкоски има коментар за т.н европски фронт.

Тоа го користеа како п.р трик мислејќи дека на тој начин ќе заведат дел од граѓаните  и ќе добијат некаква милост од страна на меѓународната заедница.Од една страна потпишуваа договори кои не се во можност да ги испорачаат бидејќи се понижувачки, а од друга страна додека тоа го правеа со едната рака со другата крадеа.Тие се водеа од максимата дека тоа што тие и го прават на Македонија и на граѓаните е внатрешен проблем а дека меѓународната заедница тоа не ја интересира толку колку што ја интересира тоа што го потишуваат.Има простор за уште поголема критика посебно во делот на злоупотреба на европското знаменце каде што на еден брутален начин се избегнуваат процедурите во Парламентот како со измените во Кривичниот законик со кој се обидуваат да се амнестираат-анализира Мицкоски

 

The post Мицкоски за извештајот на ЕК: Никогаш полош, ова е извештај за назадување, не за напредок appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ го коментираше извештајот на ЕК.Според него, Извештајот никогаш не бил полош и оти ја отсликува реалноста. https://www.youtube.com/watch?v=XPqTaWb4KtM
Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе трне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори.Имаме рекордно ниска недоверба во партизираното обвинителство и судство.Недовребата во правдата е основа на извештајот.Не гледам никаква визија и персектива што ја нуди оваа влада на СДСМ и ДУИ..
Мицкоски има коментар за т.н европски фронт.
Тоа го користеа како п.р трик мислејќи дека на тој начин ќе заведат дел од граѓаните  и ќе добијат некаква милост од страна на меѓународната заедница.Од една страна потпишуваа договори кои не се во можност да ги испорачаат бидејќи се понижувачки, а од друга страна додека тоа го правеа со едната рака со другата крадеа.Тие се водеа од максимата дека тоа што тие и го прават на Македонија и на граѓаните е внатрешен проблем а дека меѓународната заедница тоа не ја интересира толку колку што ја интересира тоа што го потишуваат.Има простор за уште поголема критика посебно во делот на злоупотреба на европското знаменце каде што на еден брутален начин се избегнуваат процедурите во Парламентот како со измените во Кривичниот законик со кој се обидуваат да се амнестираат-анализира Мицкоски
 

The post Мицкоски за извештајот на ЕК: Никогаш полош, ова е извештај за назадување, не за напредок appeared first on Република.

]]>
Николоски: Како меур од сапуница се распрсна лагата на владата дека ја имаат поддршката од меѓународната заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-kako-meur-od-sapunitsa-se-rasprsna-lagata-na-vladata-deka-ja-imaat-poddrshkata-od-megunarodnata-zaednitsa/ Thu, 09 Nov 2023 18:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=700022

Извештајот на Европската комисија не е ништо различно од тоа што ние го живееме секој ден и уште помалку различно од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години, бидејќи основната карактеристика на оваа влада на СДСМ и ДУИ е дека корупцијата цвета, а економијата тоне. И тоа е тажната реалност во која што ние живееме, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната дебата насловена „Извештајот на ЕУ за Македонија - Одраз на реалноста“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Николоски потенцираше дека Европската комисија во извештајот нотира немање на владеење на правото, високиот степен на корупција како и злоупотреба на процедурите.

Делот кој што се однесува на владеењето на правото, делот кој што се однесува на корупцијата и делот кој што се однесува на злоупотребата на процедури се јасно нотирани во овој последен Извештај за Македонија, рече Николоски.

Според Николоски дека Извештајот од Европската комисија е лош е и самиот факт што изостанува еуфоријата од владата на СДСМ и ДУИ, и тоа што Ковачевски избегал надвор од државата на некакво измислено обраќање, само за да не е присутен тука.

Гледате дека изостана еуфоријата оваа година, премиерот избега, надвор од државата е на некакво си измислено обраќање во УНЕСКО, истакна тој.

Потпретседателот Николоски додаде со Извештајот од Европската комисија како меур од сапуница се распрснала лагата на владата на СДСМ и ДУИ дека имаат поддршка од меѓународната заедница.

Им се распрсна како меур од сапуница нивната приказна која ја говореа континуирано години наназад, а тоа е дека ја имаат меѓународната поддршка, дека Европската унија само што не ја примила Македонија, дека да не се лошите од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе оди со полна пареа напред. И сега кога се удираат во ѕид, кога сите сфаќаат дека она кое што го зборуваме со години е вистина а тоа е дека причината поради која Македонија не почнува преговори со ЕУ, најмалку е Бугарија, кажа Николоски.

Потпретседателот Николоски посочи дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ не е Бугарија, туку затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција.

Основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ е затоа што нема воспоставено функционален систем на владеење на правото, и затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција, изјави тој.

Николоски рече дека решението од ваквиот состојба е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинство од 61 пратеник се со цел силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа како што рече тој може да го направат во првите 6 до 9 месеци.

Решението е убедлива победа на парламентарните избори, мнозинство од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа може да го направиме во првите 6 до 9 месеци и многу работи ќе се сменат самите од себе, нагласи Николоски.

The post Николоски: Како меур од сапуница се распрсна лагата на владата дека ја имаат поддршката од меѓународната заедница appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Европската комисија не е ништо различно од тоа што ние го живееме секој ден и уште помалку различно од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години, бидејќи основната карактеристика на оваа влада на СДСМ и ДУИ е дека корупцијата цвета, а економијата тоне. И тоа е тажната реалност во која што ние живееме, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната дебата насловена „Извештајот на ЕУ за Македонија - Одраз на реалноста“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Николоски потенцираше дека Европската комисија во извештајот нотира немање на владеење на правото, високиот степен на корупција како и злоупотреба на процедурите.
Делот кој што се однесува на владеењето на правото, делот кој што се однесува на корупцијата и делот кој што се однесува на злоупотребата на процедури се јасно нотирани во овој последен Извештај за Македонија, рече Николоски.
Според Николоски дека Извештајот од Европската комисија е лош е и самиот факт што изостанува еуфоријата од владата на СДСМ и ДУИ, и тоа што Ковачевски избегал надвор од државата на некакво измислено обраќање, само за да не е присутен тука.
Гледате дека изостана еуфоријата оваа година, премиерот избега, надвор од државата е на некакво си измислено обраќање во УНЕСКО, истакна тој.
Потпретседателот Николоски додаде со Извештајот од Европската комисија како меур од сапуница се распрснала лагата на владата на СДСМ и ДУИ дека имаат поддршка од меѓународната заедница.
Им се распрсна како меур од сапуница нивната приказна која ја говореа континуирано години наназад, а тоа е дека ја имаат меѓународната поддршка, дека Европската унија само што не ја примила Македонија, дека да не се лошите од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе оди со полна пареа напред. И сега кога се удираат во ѕид, кога сите сфаќаат дека она кое што го зборуваме со години е вистина а тоа е дека причината поради која Македонија не почнува преговори со ЕУ, најмалку е Бугарија, кажа Николоски.
Потпретседателот Николоски посочи дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ не е Бугарија, туку затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција.
Основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ е затоа што нема воспоставено функционален систем на владеење на правото, и затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција, изјави тој.
Николоски рече дека решението од ваквиот состојба е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинство од 61 пратеник се со цел силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа како што рече тој може да го направат во првите 6 до 9 месеци.
Решението е убедлива победа на парламентарните избори, мнозинство од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа може да го направиме во првите 6 до 9 месеци и многу работи ќе се сменат самите од себе, нагласи Николоски.

The post Николоски: Како меур од сапуница се распрсна лагата на владата дека ја имаат поддршката од меѓународната заедница appeared first on Република.

]]>
„Европскиот фронт“ го доби најлошиот извештај од Европската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropskiot-front-go-dobi-najloshiot-izveshtaj-od-evropskata-komisija/ Thu, 09 Nov 2023 08:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=699738

Maкедонија го доби најлошиот извштај од независноста до сега.ЕК не забележа напредок во ниту една област. Со ова паднаа маските за т.н „европски фронт“ бидејќи тој фронт доби најниски оценки во борбата против корупцијата и судството. Наместо да се свести дека не ја бива и оти се неопходни избори власта ја обвини опозицијата дека е виновна за неуспехот.

ВМРО-ДПМНЕ смета Извештајот на ЕК за Македонија констатира неуспеси и неспособност на власта на секое поле. Имено јасно е наведено дека во извештајниот период не е постигнат напредок, т.е. не успеале да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. И тоа во година во која МНР Османи се промовира како претседавач на ОБСЕ.

ЕК констатира дека власта прекумерно употребува брзи процедури за носење закони, вклучително и користењето на така нареченото европско знаменце, со што не се дава можност законски решенија да поминат низ квалитетна дебата.

ЕК нотира дека нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Немањето пак реформи резултира со немање напредок во борба против корупцијата. А јасно се нотирани и Измените во КЗ кои ја поречуваат работата на органите во иднина да гонат и санкционираат кривични дела кои се опфатени со измените.

 

The post „Европскиот фронт“ го доби најлошиот извештај од Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Maкедонија го доби најлошиот извштај од независноста до сега.ЕК не забележа напредок во ниту една област. Со ова паднаа маските за т.н „европски фронт“ бидејќи тој фронт доби најниски оценки во борбата против корупцијата и судството. Наместо да се свести дека не ја бива и оти се неопходни избори власта ја обвини опозицијата дека е виновна за неуспехот. ВМРО-ДПМНЕ смета Извештајот на ЕК за Македонија констатира неуспеси и неспособност на власта на секое поле. Имено јасно е наведено дека во извештајниот период не е постигнат напредок, т.е. не успеале да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. И тоа во година во која МНР Османи се промовира како претседавач на ОБСЕ.
ЕК констатира дека власта прекумерно употребува брзи процедури за носење закони, вклучително и користењето на така нареченото европско знаменце, со што не се дава можност законски решенија да поминат низ квалитетна дебата.
ЕК нотира дека нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Немањето пак реформи резултира со немање напредок во борба против корупцијата. А јасно се нотирани и Измените во КЗ кои ја поречуваат работата на органите во иднина да гонат и санкционираат кривични дела кои се опфатени со измените.  

The post „Европскиот фронт“ го доби најлошиот извештај од Европската комисија appeared first on Република.

]]>
ЕК во извештајот не ветува дека Бугарија нема да има нови услови, бара атмосфера на дијалог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-vo-izveshtajot-ne-vetuva-deka-bugarija-nema-da-ima-novi-uslovi-bara-atmosfera-na-dijalog/ Wed, 08 Nov 2023 15:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=699587

Европската комисија оценува дека Македонија во однос на регионалната соработка одржува добри односи со другите земји од проширувањето и продолжила да се ангажира во регионалните иницијативи. При тоа се додава дека постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во делот на односите со Бугарија во Извештајот на ЕК се констатира дека во извештајниот период, односите со Софија се фокусирале на следните чекори во процесот на преговори за пристапување на Македонија во ЕУ и на билатералните обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговиот Протокол. Се набројуваат сите позитивни чекори кои ги презеле двете земји за зајакнување на односите, но и негативноте настани, кои довеле до одредено заострување. При тоа се заклучува дека се потребни дополнителни напори за промоција на атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување.

-Македонија формираше меѓуресорска работна група, со која претседава министерот за надворешни работи, за да го координира спроведувањето на мерките предвидени во Протоколот. Беа создадени и тематски подгрупи за говор на омраза, рехабилитација на жртвите на репресијата од комунистичкиот период, спроведување на препораките усвоени од Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања и заштита од дискриминација. Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања одржа неколку состаноци во текот на извештајниот период, стои меѓу другото во Извештајот на ЕК.

Се наведува и дека во октомври 2022 година, претседателот на Македонија беше во официјална посета на Бугарија, а еден месец подоцна во официјална посета на бугарскиот главен град замина и шефот на дипломатијата. -Во октомври 2022 година, двајцата премиери ги започнаа градежните работи на железнички дел од Коридорот 8 во Македонија на церемонија на која присуствуваа повеќе министри од двете земји. Во декември 2022 година, двајцата министри за надворешни работи го отворија билатералниот бизнис форум во Скопје.

Воедно, во документот се наведува и дека билатералните односи беа негативно погодени од изјавите дадени од поединечни политичари и од неколку инциденти, особено оние поврзани со бугарските културни клубови, со прослави на историски настани и историски личности, фудбалски настани и недозволување на влез на граѓани, вклучително и пратеници во Европскиот парламент.

-Надлежните власти во Македонија презедоа одредени чекори за да се справат со овие ситуации и, каде што е потребно, да воспостават одговорност, вклучително и со започнување истраги и изведување на одговорните за криминални дела пред лицето на правдата. Потребни се дополнителни напори за промовирање на атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување, препорачува ЕК во овогодишниот Извештај за напредокот на земјава.

Препораки се дадени и во однос на билатералните релации со Атина.

-Соработката со Грција се интензивираше, особено во клучните области од заеднички интерес. Постигнат е напредок во спроведувањето на Договорот од Преспа и треба да продолжат понатамошните напори на овој план, се наведува во Извештајот на ЕК за напредоток на земјава за 2023 година.

Македонија во однос на надворешните односи е умерено подготвена и достигнала добро ниво на подготовка за заедничката надворешна и безбедносна политика.

-Земјата постигна одреден напредок во текот на периодот на известување за заедничката трговска политика. Таа постигна добар напредок со одржување на целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Со тоа, Македонија се покажа како доверлив партнер, вклучително и на меѓународно ниво, стои во Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2023 година

The post ЕК во извештајот не ветува дека Бугарија нема да има нови услови, бара атмосфера на дијалог appeared first on Република.

]]>

Европската комисија оценува дека Македонија во однос на регионалната соработка одржува добри односи со другите земји од проширувањето и продолжила да се ангажира во регионалните иницијативи. При тоа се додава дека постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во делот на односите со Бугарија во Извештајот на ЕК се констатира дека во извештајниот период, односите со Софија се фокусирале на следните чекори во процесот на преговори за пристапување на Македонија во ЕУ и на билатералните обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговиот Протокол. Се набројуваат сите позитивни чекори кои ги презеле двете земји за зајакнување на односите, но и негативноте настани, кои довеле до одредено заострување. При тоа се заклучува дека се потребни дополнителни напори за промоција на атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување. -Македонија формираше меѓуресорска работна група, со која претседава министерот за надворешни работи, за да го координира спроведувањето на мерките предвидени во Протоколот. Беа создадени и тематски подгрупи за говор на омраза, рехабилитација на жртвите на репресијата од комунистичкиот период, спроведување на препораките усвоени од Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања и заштита од дискриминација. Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања одржа неколку состаноци во текот на извештајниот период, стои меѓу другото во Извештајот на ЕК. Се наведува и дека во октомври 2022 година, претседателот на Македонија беше во официјална посета на Бугарија, а еден месец подоцна во официјална посета на бугарскиот главен град замина и шефот на дипломатијата. -Во октомври 2022 година, двајцата премиери ги започнаа градежните работи на железнички дел од Коридорот 8 во Македонија на церемонија на која присуствуваа повеќе министри од двете земји. Во декември 2022 година, двајцата министри за надворешни работи го отворија билатералниот бизнис форум во Скопје.
Воедно, во документот се наведува и дека билатералните односи беа негативно погодени од изјавите дадени од поединечни политичари и од неколку инциденти, особено оние поврзани со бугарските културни клубови, со прослави на историски настани и историски личности, фудбалски настани и недозволување на влез на граѓани, вклучително и пратеници во Европскиот парламент.
-Надлежните власти во Македонија презедоа одредени чекори за да се справат со овие ситуации и, каде што е потребно, да воспостават одговорност, вклучително и со започнување истраги и изведување на одговорните за криминални дела пред лицето на правдата. Потребни се дополнителни напори за промовирање на атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување, препорачува ЕК во овогодишниот Извештај за напредокот на земјава. Препораки се дадени и во однос на билатералните релации со Атина.

-Соработката со Грција се интензивираше, особено во клучните области од заеднички интерес. Постигнат е напредок во спроведувањето на Договорот од Преспа и треба да продолжат понатамошните напори на овој план, се наведува во Извештајот на ЕК за напредоток на земјава за 2023 година.

Македонија во однос на надворешните односи е умерено подготвена и достигнала добро ниво на подготовка за заедничката надворешна и безбедносна политика. -Земјата постигна одреден напредок во текот на периодот на известување за заедничката трговска политика. Таа постигна добар напредок со одржување на целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Со тоа, Македонија се покажа како доверлив партнер, вклучително и на меѓународно ниво, стои во Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2023 година

The post ЕК во извештајот не ветува дека Бугарија нема да има нови услови, бара атмосфера на дијалог appeared first on Република.

]]>
Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-na-ep-vo-eu-shiroko-se-koristel-softverot-pegaz-za-shpioniranje-svoi-gragjani/ Wed, 09 Nov 2022 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=571720

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент.

„Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“.

Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ.

Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер.

DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули.

„Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.

Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.

Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа.

Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.

Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд.

Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

The post Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани appeared first on Република.

]]>

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент. „Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија. Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“. Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ. Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер. DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули. „Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.
Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.
Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа.
Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.
Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд. Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

The post Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани appeared first on Република.

]]>
Џафери го прими Извештајот на ЕК за напредокот на државата за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-go-primi-izveshtajot-na-ek-za-napredokot-na-drzavata-za-2022-godina/ Wed, 12 Oct 2022 15:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=560241

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир кој официјално му го предаде Извештајот за напредок на Република Македонија за 2022 година.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата покрај претседателот, присуствуваа и, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ДУИ, Арбер Адеми, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратеникот на Алијанса за Албанците, Атнан Незири и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Амбасадорот Гир, при презентацијата на Извештајот за напредокот на земјата, го потенцираше делот за Собранието како форум за конструктивен политички дијалог, особено за реформската агенда на ЕУ и како централна институција во која се одвива дебатата на сите политички партии. Се потенцира дека треба да игра активна и позитивна улога во процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Потребни се заеднички и брзи напори од сите партии како приоритетни чекори за зајакнување на улогата на законодавниот дом. Во него се нотираат очекувањата и важноста од активно вклучување и интерес и во процесот на Дијалогот Жан Моне на сите политички партии во Собранието, се наведува во соопштението.

Претседателот Џафери, се посочува, ја потенцираше важноста од доследно спроведување на дело на декларираните евроинтеграциски цели отсликани во партиските програми на сите пратенички групи и претставници на политички партии претставени во Собранието.

На кратката средба го разгледавме делот кој се однесува на Собранието. Извештајот потврдува дека потребни се заеднички и брзи чекори од сите политички партии во Собранието, особено за реформскста агенда на ЕУ, објави Џафери за средбата и на неговиот официјален фејсбук профил.


Во наредниот период надлежните комисии на Собранието детално ќе го разгледаат Извештајот по што ќе се усвојат заклучоци.

The post Џафери го прими Извештајот на ЕК за напредокот на државата за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир кој официјално му го предаде Извештајот за напредок на Република Македонија за 2022 година. Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата покрај претседателот, присуствуваа и, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ДУИ, Арбер Адеми, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратеникот на Алијанса за Албанците, Атнан Незири и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.
Амбасадорот Гир, при презентацијата на Извештајот за напредокот на земјата, го потенцираше делот за Собранието како форум за конструктивен политички дијалог, особено за реформската агенда на ЕУ и како централна институција во која се одвива дебатата на сите политички партии. Се потенцира дека треба да игра активна и позитивна улога во процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Потребни се заеднички и брзи напори од сите партии како приоритетни чекори за зајакнување на улогата на законодавниот дом. Во него се нотираат очекувањата и важноста од активно вклучување и интерес и во процесот на Дијалогот Жан Моне на сите политички партии во Собранието, се наведува во соопштението.
Претседателот Џафери, се посочува, ја потенцираше важноста од доследно спроведување на дело на декларираните евроинтеграциски цели отсликани во партиските програми на сите пратенички групи и претставници на политички партии претставени во Собранието.
На кратката средба го разгледавме делот кој се однесува на Собранието. Извештајот потврдува дека потребни се заеднички и брзи чекори од сите политички партии во Собранието, особено за реформскста агенда на ЕУ, објави Џафери за средбата и на неговиот официјален фејсбук профил.
Во наредниот период надлежните комисии на Собранието детално ќе го разгледаат Извештајот по што ќе се усвојат заклучоци.

The post Џафери го прими Извештајот на ЕК за напредокот на државата за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Само умерено подготвени: ДУИ и СДСМ добиваат полоши извештаи од ЕУ во споредба со претходната власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-umereno-podgotveni-dui-i-sdsm-dobivaat-poloshi-izveshtai-od-eu-vo-sporedba-so-prethodnata-vlast/ Wed, 12 Oct 2022 06:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=559847

Европската Комисија денеска ќе го усвои пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан со посебен извештај за напредокот на секоја од државите во процесот на евроинтеграции, вклучително и за Македонија.

Ова е прв Извештај на ЕК за земјава откако на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите за членство.

Во Нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави денеска, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид, оценето е дека Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.

Потребни се решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои меѓу другото во извештајот.

Се наведува дека се направени реформи во службите за безбедност, но треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано е дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

-Државната комисија за спречување на корупцијата беше проактивна во справување со случаите на непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управни одбори, стои во извештајот.

Правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен, а земјата постигнала и одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.

Во извештајот е наведено дека земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување, а реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет

The post Само умерено подготвени: ДУИ и СДСМ добиваат полоши извештаи од ЕУ во споредба со претходната власт appeared first on Република.

]]>

Европската Комисија денеска ќе го усвои пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан со посебен извештај за напредокот на секоја од државите во процесот на евроинтеграции, вклучително и за Македонија. Ова е прв Извештај на ЕК за земјава откако на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите за членство. Во Нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави денеска, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид, оценето е дека Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес. Потребни се решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои меѓу другото во извештајот.

Се наведува дека се направени реформи во службите за безбедност, но треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано е дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

-Државната комисија за спречување на корупцијата беше проактивна во справување со случаите на непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управни одбори, стои во извештајот.
Правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен, а земјата постигнала и одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.
Во извештајот е наведено дека земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување, а реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет

The post Само умерено подготвени: ДУИ и СДСМ добиваат полоши извештаи од ЕУ во споредба со претходната власт appeared first on Република.

]]>
Извештај на ЕУ: И Европејците сакаат поагилна и поправедна Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-na-eu-i-evropejcite-sakaat-poagilna-i-popravedna-unija/ Mon, 09 May 2022 14:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=499992

Граѓаните на Европската унија би сакале блокот од 27 нации да стане поправеден, да покаже поголема солидарност, да ја води борбата против климатските промени и да носи побрзи одлуки, дури и ако тоа значи укинување на потребата од едногласност за некои прашања, се вели во извештајот на ЕУ.

Извештајот е резултат на едногодишни консултации со граѓаните од страна на институциите на ЕУ, процес наречен Конференција за иднината на Европа, и ги наведува идеите за промени, од кои некои ќе бараат измена на договорите на ЕУ.

Доставените 49 предлози сега ќе бидат разгледани од Европскиот парламент, владите на ЕУ и Европската комисија, која е единствената која може да предложи нови закони на ЕУ.

– Веќе следниот месец ќе утврдиме што е потребно за да ги реализираме вашите предлози и да одговориме најдобро што можеме, нагласи шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ во Стразбур

The post Извештај на ЕУ: И Европејците сакаат поагилна и поправедна Унија appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Европската унија би сакале блокот од 27 нации да стане поправеден, да покаже поголема солидарност, да ја води борбата против климатските промени и да носи побрзи одлуки, дури и ако тоа значи укинување на потребата од едногласност за некои прашања, се вели во извештајот на ЕУ. Извештајот е резултат на едногодишни консултации со граѓаните од страна на институциите на ЕУ, процес наречен Конференција за иднината на Европа, и ги наведува идеите за промени, од кои некои ќе бараат измена на договорите на ЕУ. Доставените 49 предлози сега ќе бидат разгледани од Европскиот парламент, владите на ЕУ и Европската комисија, која е единствената која може да предложи нови закони на ЕУ. – Веќе следниот месец ќе утврдиме што е потребно за да ги реализираме вашите предлози и да одговориме најдобро што можеме, нагласи шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ во Стразбур

The post Извештај на ЕУ: И Европејците сакаат поагилна и поправедна Унија appeared first on Република.

]]>