извештај ек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izveshtaj-ek/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 13:35:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извештај ек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izveshtaj-ek/ 32 32 Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evroambasadorot-rokas-deneska-ke-gi-predade-kopiite-od-izveshtajot-za-napredokot-na-makedonija-za-2024/ Wed, 30 Oct 2024 13:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=832475

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми.

Прес-конференција за презентација на Извештајот за Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.

Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Македонија, како и пред граѓански организации.

Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

The post Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 appeared first on Република.

]]>

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава. Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми. Прес-конференција за презентација на Извештајот за Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата. Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Македонија, како и пред граѓански организации. Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

The post Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 appeared first on Република.

]]>
ЕК забележува несоодветни услови при „упатување во Воспитно-поправен дом“ и во извештајот за 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-zabelezhuva-nesoodvetni-uslovi-pri-upatuvane-vo-vospitno-popraven-dom-i-vo-izveshtajot-za-2023/ Thu, 09 Nov 2023 08:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=699731

Треба да се измени законодавството за да се изнајдат погодни решенија за воспитно-поправните мерки за девојчињата. Во Воспитно-поправниот дом во Волковија се сместуваат само момчиња, а во отсуство на женски оддел, не постои долгорочна одредба за законско образование за девојчињата, нотира Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Македонија.

Во делот кој се однесува на основните права, каде се сместени и правата на децата, ЕК и оваа година ги даде препораките за овој проблем што во јавноста го откри МИА во 2021 година, во серијата стории кои ги работеше во соработка со платформата „Само прашај“ на Институтут за комуникациски студии, а се однесуваа на условите во кои се сместуваат децата кои дошле во судир со законот и на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“, како и за правата што таму ги остваруваат.

Преку сториите, МИА откри дека во Воспитно-поправните установи во земјава нема образовен процес веќе подолго време, иако, според закон, е задолжителен, и дека девојчињата кои ја издржуваат оваа мерка, за разлика од момчињата, се сместени во несоодветни услови во адаптирана соба во ходник во рамките на КПУ Идризово во непосредна близина на возрасните осуденички. Откако го објави серијалот стории, МИА постојано ја следи состојбата и во однос на образованието на малолетниците упатени во ВПД, за кои, според последните информации, ниту годинава не започна првиот училишен ден.

null

Во Извештајот на ЕК се посочува дека е потребен редовен мониторинг и инспекција на Воспитно-поправниот дом во Тетово и затворот во Охрид, за да се осигура дека властите обезбедуваат соодветна заштита и други услуги за децата кои се таму.

- Пристапот до правдата и правното застапување сè уште е несоодветен, како што е и капацитетот на јавните службеници вклучени со деца жртви, деца сведоци и деца, вкупно 37, кои се во судир со законот. Професионалците за малолетничка правда треба да преземат поконзистентен меѓусекторски и рационализиран пристап за спроведување на правната рамка, стои во извештајот.

Како позитивен исчекор го посочуваат новиот Закон за правда за деца кој беше донесен во согласност со меѓународните стандарди и правото на ЕУ, вклучувајќи ја и Директивата за процедурални заштитни мерки за децата кои се осомничени или обвинети лица во кривичната постапка.

- Управувањето со детската правда беше подобрено со усвојувањето на стратегијата за правда за децата 2022-2026 година и акциониот план 2022-2023 година, со што дополнително се промовираат алтернативни мерки за старателство и ресоцијализација на децата. Има потреба од конкретни мерки за поддршка на давателите на судска обука и на сите релевантни стручни тела за да се осврнат на правата на детето и достапна правда во нивните активности, велат од Европската Комисија.

Ова е втор извештај во кој Европската Комисија повторно укажува на истите проблеми во врска со регулативата и условите во кои децата ја издржуваат мерката „упатување во „Воспитно-поправен дом“.

The post ЕК забележува несоодветни услови при „упатување во Воспитно-поправен дом“ и во извештајот за 2023 appeared first on Република.

]]>

Треба да се измени законодавството за да се изнајдат погодни решенија за воспитно-поправните мерки за девојчињата. Во Воспитно-поправниот дом во Волковија се сместуваат само момчиња, а во отсуство на женски оддел, не постои долгорочна одредба за законско образование за девојчињата, нотира Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Македонија. Во делот кој се однесува на основните права, каде се сместени и правата на децата, ЕК и оваа година ги даде препораките за овој проблем што во јавноста го откри МИА во 2021 година, во серијата стории кои ги работеше во соработка со платформата „Само прашај“ на Институтут за комуникациски студии, а се однесуваа на условите во кои се сместуваат децата кои дошле во судир со законот и на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“, како и за правата што таму ги остваруваат. Преку сториите, МИА откри дека во Воспитно-поправните установи во земјава нема образовен процес веќе подолго време, иако, според закон, е задолжителен, и дека девојчињата кои ја издржуваат оваа мерка, за разлика од момчињата, се сместени во несоодветни услови во адаптирана соба во ходник во рамките на КПУ Идризово во непосредна близина на возрасните осуденички. Откако го објави серијалот стории, МИА постојано ја следи состојбата и во однос на образованието на малолетниците упатени во ВПД, за кои, според последните информации, ниту годинава не започна првиот училишен ден. null Во Извештајот на ЕК се посочува дека е потребен редовен мониторинг и инспекција на Воспитно-поправниот дом во Тетово и затворот во Охрид, за да се осигура дека властите обезбедуваат соодветна заштита и други услуги за децата кои се таму. - Пристапот до правдата и правното застапување сè уште е несоодветен, како што е и капацитетот на јавните службеници вклучени со деца жртви, деца сведоци и деца, вкупно 37, кои се во судир со законот. Професионалците за малолетничка правда треба да преземат поконзистентен меѓусекторски и рационализиран пристап за спроведување на правната рамка, стои во извештајот. Како позитивен исчекор го посочуваат новиот Закон за правда за деца кој беше донесен во согласност со меѓународните стандарди и правото на ЕУ, вклучувајќи ја и Директивата за процедурални заштитни мерки за децата кои се осомничени или обвинети лица во кривичната постапка. - Управувањето со детската правда беше подобрено со усвојувањето на стратегијата за правда за децата 2022-2026 година и акциониот план 2022-2023 година, со што дополнително се промовираат алтернативни мерки за старателство и ресоцијализација на децата. Има потреба од конкретни мерки за поддршка на давателите на судска обука и на сите релевантни стручни тела за да се осврнат на правата на детето и достапна правда во нивните активности, велат од Европската Комисија. Ова е втор извештај во кој Европската Комисија повторно укажува на истите проблеми во врска со регулативата и условите во кои децата ја издржуваат мерката „упатување во „Воспитно-поправен дом“.

The post ЕК забележува несоодветни услови при „упатување во Воспитно-поправен дом“ и во извештајот за 2023 appeared first on Република.

]]>