Изреал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izreal/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Apr 2024 10:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Изреал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izreal/ 32 32 Нова војна или само заплашување: Дали Израел ќе возврати на иранскиот напад? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nova-vojna-ili-samo-zaplashuvane-dali-izrael-ke-vozvrati-na-iranskiot-napad/ Sun, 14 Apr 2024 10:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=765918

Израел објави дека, заедно со своите сојузници, пресретнал огромно мнозинство од повеќе од 300 беспилотни летала и ракети истрелани од Иран врз еврејската држава вчера и дека само мал број ја погодиле израелската територија.

Меѓу погодените цели беше и базата на израелските одбранбени сили (ИДФ) на југот на земјата.

Би-Би-Си наведува дека во овој напад без преседан, Иран за првпат гаѓал цели во Израел директно од своја територија.

Сирени одекнаа низ Израел и силни експлозии одекнаа над Ерусалим додека противвоздушната одбрана соборуваше проектили над градот.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази „железна поддршка“ на САД на Израел и додаде дека армијата под негова команда помогнала „да ги собори речиси сите дојдовни беспилотни летала и ракети“.

Иран претходно го предупреди Израел дека ќе биде казнет за воздушен напад на 1 април врз иранскиот конзулат во Сирија, во кој загинаа седум воени службеници, вклучително и двајца команданти на Револуционерната гарда.

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад врз еврејската држава.

Неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјавил дека утрово била направена проценка на ситуацијата, но не е донесена одлука.

The post Нова војна или само заплашување: Дали Израел ќе возврати на иранскиот напад? appeared first on Република.

]]>

Израел објави дека, заедно со своите сојузници, пресретнал огромно мнозинство од повеќе од 300 беспилотни летала и ракети истрелани од Иран врз еврејската држава вчера и дека само мал број ја погодиле израелската територија. Меѓу погодените цели беше и базата на израелските одбранбени сили (ИДФ) на југот на земјата. Би-Би-Си наведува дека во овој напад без преседан, Иран за првпат гаѓал цели во Израел директно од своја територија. Сирени одекнаа низ Израел и силни експлозии одекнаа над Ерусалим додека противвоздушната одбрана соборуваше проектили над градот. Американскиот претседател Џо Бајден изрази „железна поддршка“ на САД на Израел и додаде дека армијата под негова команда помогнала „да ги собори речиси сите дојдовни беспилотни летала и ракети“. Иран претходно го предупреди Израел дека ќе биде казнет за воздушен напад на 1 април врз иранскиот конзулат во Сирија, во кој загинаа седум воени службеници, вклучително и двајца команданти на Револуционерната гарда. Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад врз еврејската држава. Неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјавил дека утрово била направена проценка на ситуацијата, но не е донесена одлука.

The post Нова војна или само заплашување: Дали Израел ќе возврати на иранскиот напад? appeared first on Република.

]]>
Што е бел фосфор: Какво оружје користи Израел во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-e-bel-fosfor-kakvo-oruzhje-koristi-izrael-vo-gaza/ Fri, 13 Oct 2023 16:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=691011

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги отфрлија наводите дека користат бел фосфор во Газа, велејќи дека „сегашното обвинување против ИД во врска со употребата на бел фосфор во Газа е недвосмислено лажно“, пренесе ДПА.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера го обвини Израел дека користи бел фосфор во воените операции во Газа и Либан.

-ИД не распореди употреба на таква муниција, соопшти армијата.

Белиот фосфор се запалува кога е изложен на атмосферски кислород и може да создаде интензивна топлина од околу 815 степени Целзиусови, светлина и чад, забележува ДПА.

-ХРВ ги потврди видеата снимени во Либан и Газа на 10 и 11 октомври 2023 година, соодветно, на кои се прикажани повеќекратни воздушни истрели на бел фосфор истрелан од артилерија над пристаништето во градот Газа и две рурални локации долж границата меѓу Израел и Либан и интервјуирани две лица кои опишаа напад во Газа, се вели во соопштението на организацијата.

Употребата на бел фосфор на воени цели е контроверзна, но не и забранета, додава германската агенција.

Конвенцијата на ОН за одредени конвенционални оружја (CCW) од 1980 година забранува употреба на запаливи бомби врз цивили.

-ХРВ, исто така, прегледа две видеа од 10 октомври од две локации во близина на границата меѓу Израел и Либан. На секоја од нив се прикажани артилериски проектили од бел фосфор од 155 милиметри кои се користат, очигледно како димни завеси, означување или сигнализација, се вели во соопштението.

The post Што е бел фосфор: Какво оружје користи Израел во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги отфрлија наводите дека користат бел фосфор во Газа, велејќи дека „сегашното обвинување против ИД во врска со употребата на бел фосфор во Газа е недвосмислено лажно“, пренесе ДПА. Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера го обвини Израел дека користи бел фосфор во воените операции во Газа и Либан. -ИД не распореди употреба на таква муниција, соопшти армијата. Белиот фосфор се запалува кога е изложен на атмосферски кислород и може да создаде интензивна топлина од околу 815 степени Целзиусови, светлина и чад, забележува ДПА.
-ХРВ ги потврди видеата снимени во Либан и Газа на 10 и 11 октомври 2023 година, соодветно, на кои се прикажани повеќекратни воздушни истрели на бел фосфор истрелан од артилерија над пристаништето во градот Газа и две рурални локации долж границата меѓу Израел и Либан и интервјуирани две лица кои опишаа напад во Газа, се вели во соопштението на организацијата.
Употребата на бел фосфор на воени цели е контроверзна, но не и забранета, додава германската агенција. Конвенцијата на ОН за одредени конвенционални оружја (CCW) од 1980 година забранува употреба на запаливи бомби врз цивили. -ХРВ, исто така, прегледа две видеа од 10 октомври од две локации во близина на границата меѓу Израел и Либан. На секоја од нив се прикажани артилериски проектили од бел фосфор од 155 милиметри кои се користат, очигледно како димни завеси, означување или сигнализација, се вели во соопштението.

The post Што е бел фосфор: Какво оружје користи Израел во Газа appeared first on Република.

]]>
Повторно Србите помагаат: Владата обезбеди чартер лет на „Ер Србија“ да ги врати нашите граѓани од Изреал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-srbite-pomagaat-vladata-obezbedi-charter-let-na-er-srbija-da-gi-vrati-nashite-gragani-od-izreal/ Thu, 12 Oct 2023 14:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=690611

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во  Македонија, информираат попладнево од владината прес-служба.

Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Македонија, се посочува во соопштението.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.

-Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата.

Премиерот Ковачевски претходно на Фејсбук најави дека е обезбеден бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Македонија.

-Тие веќе утре треба да се на безбедно и во своите домови, напиша Ковачевски.

Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет, посочува тој.

-На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат. Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома, пишува Ковачевски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош. Најави дека преостанатите 90 ќе бидат евакуирани во текот на утрешниот ден

The post Повторно Србите помагаат: Владата обезбеди чартер лет на „Ер Србија“ да ги врати нашите граѓани од Изреал appeared first on Република.

]]>

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во  Македонија, информираат попладнево од владината прес-служба. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Македонија, се посочува во соопштението. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија. -Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата. Премиерот Ковачевски претходно на Фејсбук најави дека е обезбеден бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Македонија.
-Тие веќе утре треба да се на безбедно и во своите домови, напиша Ковачевски.
Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет, посочува тој.
-На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат. Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома, пишува Ковачевски.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош. Најави дека преостанатите 90 ќе бидат евакуирани во текот на утрешниот ден

The post Повторно Србите помагаат: Владата обезбеди чартер лет на „Ер Србија“ да ги врати нашите граѓани од Изреал appeared first on Република.

]]>