израелски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izraelski-vojnitsi/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 19:51:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png израелски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izraelski-vojnitsi/ 32 32 „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-buldozheri-gazele-zhivi-luge-mnogu-izraelski-vojnitsi-se-soochuvaat-so-teshki-psihichki-traumi-po-sluchuvanata-vo-gaza/ Wed, 23 Oct 2024 20:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=830344

Во интервјуа за Си-Ен-Ен, израелските војници се жалат дека биле сведоци на „ужас“ и дека претрпеле психичка траума при учеството во борбите во Газа.

Во нивното сведочење, многумина сведочат како со оклопни булдожери „превртеле стотици луѓе, и мртви и живи“.

Како што се вели во текстот, додека ги извршувале задачите на терен, на почетокот им помагало тоа што добивале наредби да се борат против терористите и оние кои го поддржуваат Хамас во Газа“. Сепак, состојбата се променила како одминувал текот на борбените дејствија.

Експлозиите сега одекнуваат во главите на војниците на израелската војска, и некои од нив веќе не можат да јадат месо откако виделе „толку многу месо на улица“, се вели во написот.

Во текот на борбите во Газа, кои траат една година, загинаа речиси 42 илјади Палестинци.

 

The post „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа appeared first on Република.

]]>

Во интервјуа за Си-Ен-Ен, израелските војници се жалат дека биле сведоци на „ужас“ и дека претрпеле психичка траума при учеството во борбите во Газа. Во нивното сведочење, многумина сведочат како со оклопни булдожери „превртеле стотици луѓе, и мртви и живи“. Како што се вели во текстот, додека ги извршувале задачите на терен, на почетокот им помагало тоа што добивале наредби да се борат против терористите и оние кои го поддржуваат Хамас во Газа“. Сепак, состојбата се променила како одминувал текот на борбените дејствија.
Експлозиите сега одекнуваат во главите на војниците на израелската војска, и некои од нив веќе не можат да јадат месо откако виделе „толку многу месо на улица“, се вели во написот.
Во текот на борбите во Газа, кои траат една година, загинаа речиси 42 илјади Палестинци.  

The post „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа appeared first on Република.

]]>
Израелските војници ги прекопуваат гробовите на палестинските гробишта во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-vojnitsi-gi-prekopuvaat-grobovite-na-palestinskite-grobishta-vo-gaza/ Mon, 05 Aug 2024 16:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=803643

Жителите на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа се жалат дека израелските војници постојано ги прекопуват гробниците на гробиштата Бани Сухаил во палестинската енклава.

Израелската армија не ги коментираше овие тврдења, но претходно сooпшти дека гробиштата се прекопани со цел да се најде и уништи тунел во кој наводно се наоѓа командниот центар на палестинската група Хамас.

Според Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, сквернавењето на гробовите претставува воено злосторство. Поради израелските воздушни напади, големите гробишта во Газа станаа опасни, па семејствата своите мртви ги погребуваат на неформални гробишта.

Гробиштата во Кан Јунис беа оштетени неколку пати од израелските воздушни напади, како и за време на копнените операции.

The post Израелските војници ги прекопуваат гробовите на палестинските гробишта во Газа appeared first on Република.

]]>

Жителите на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа се жалат дека израелските војници постојано ги прекопуват гробниците на гробиштата Бани Сухаил во палестинската енклава. Израелската армија не ги коментираше овие тврдења, но претходно сooпшти дека гробиштата се прекопани со цел да се најде и уништи тунел во кој наводно се наоѓа командниот центар на палестинската група Хамас. Според Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, сквернавењето на гробовите претставува воено злосторство. Поради израелските воздушни напади, големите гробишта во Газа станаа опасни, па семејствата своите мртви ги погребуваат на неформални гробишта. Гробиштата во Кан Јунис беа оштетени неколку пати од израелските воздушни напади, како и за време на копнените операции.

The post Израелските војници ги прекопуваат гробовите на палестинските гробишта во Газа appeared first on Република.

]]>
Осум израелски војници загиналe во јужниот дел на Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-izraelski-vojnitsi-zaginale-vo-juzhniot-del-na-gaza/ Sat, 15 Jun 2024 18:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=787972

Израелската армија соопшти дека осум нејзини војници биле убиени на југот на Појасот Газа.

Претходно, израелската армија имаше најголеми загуби за еден ден во јануари, кога 21 војник загинаа во само една пресметка со палестинските борци во Газа.

Минатиот месец, израелскиот Врховен суд нареди крај на владините субвенции за многу ултраортодоксни Евреи кои не служат војска. Нивното ослободување од воена служба налути голем дел од израелското општество.

Месечните преговори за прекин на огнот пропаднаа поради длабоките несогласувања меѓу Израел и Хамас. Во средата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Хамас предложил промени на планот поддржани од САД, од кои некои рече дека се „остварливи“, а некои не.

The post Осум израелски војници загиналe во јужниот дел на Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската армија соопшти дека осум нејзини војници биле убиени на југот на Појасот Газа. Претходно, израелската армија имаше најголеми загуби за еден ден во јануари, кога 21 војник загинаа во само една пресметка со палестинските борци во Газа. Минатиот месец, израелскиот Врховен суд нареди крај на владините субвенции за многу ултраортодоксни Евреи кои не служат војска. Нивното ослободување од воена служба налути голем дел од израелското општество. Месечните преговори за прекин на огнот пропаднаа поради длабоките несогласувања меѓу Израел и Хамас. Во средата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Хамас предложил промени на планот поддржани од САД, од кои некои рече дека се „остварливи“, а некои не.

The post Осум израелски војници загиналe во јужниот дел на Газа appeared first on Република.

]]>
Најмалку пет израелски војници загинаа во „пријателски оган“ во Џабалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-pet-izraelski-vojnitsi-zaginaa-vo-prijatelski-ogan-vo-dhabalija/ Thu, 16 May 2024 06:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=778595

Петмина израелски војници загинаа, а седум се повредени во така наречен пријателски оган во северниот дел на Газа, Џабалија, соопштија Израелските безбедносни сили (ИДФ).

Сите настрадани војници служеа во 202-от баталјон на падобранската бригада.

Според првичната истрага на ИДФ, тенк што дејствувал заедно со нив во кампот Џабалија испукал две гранати врз зградата каде што биле израелските војници.

Тенковските сили идентификуваа цевка од пушка од еден од прозорците на зградата и верувале дека станува збор за непријателски сили, што ги навело да испукаат две гранати, соопшти ИДФ.

The post Најмалку пет израелски војници загинаа во „пријателски оган“ во Џабалија appeared first on Република.

]]>

Петмина израелски војници загинаа, а седум се повредени во така наречен пријателски оган во северниот дел на Газа, Џабалија, соопштија Израелските безбедносни сили (ИДФ). Сите настрадани војници служеа во 202-от баталјон на падобранската бригада. Според првичната истрага на ИДФ, тенк што дејствувал заедно со нив во кампот Џабалија испукал две гранати врз зградата каде што биле израелските војници. Тенковските сили идентификуваа цевка од пушка од еден од прозорците на зградата и верувале дека станува збор за непријателски сили, што ги навело да испукаат две гранати, соопшти ИДФ.

The post Најмалку пет израелски војници загинаа во „пријателски оган“ во Џабалија appeared first on Република.

]]>
Израелските сили упаднаа во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-sili-upadnaa-vo-bolnitsa/ Fri, 09 Feb 2024 19:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=742321

Израелските сили денеска упаднаа во болница во Кан Јунис, најголемиот град на југот на Појасот Газа, кој го опколуваа со недели, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Се наведува дека „окупациските сили упаднале во болницата Ал-Амал и почнале да ја пребаруваат“ и дека Црвената полумесечина има потешкотии да комуницира со своите тимови во болницата.

Болницата Ал-Амал е во центарот на конфликтот меѓу израелските сили и борците на Хамас, кој владее со Газа од 2007 година.

Палестинската Црвена полумесечина вчера извести за „силно гранатирање и истрели“ околу болницата.

Невладината организација за медицинска помош апелира да се заштити установата и да се овозможи продолжување на снабдувањето, посочувајќи дека нема доволно кислород, лекови и гориво за генераторите на струја во болницата.

Црвената полумесечина оваа недела соопшти дека 8.000 луѓе биле евакуирани, кои се засолниле во болницата Ал-Амал и околу нејзините блиски локални канцеларии.

Околу 40 раселени лица, 80 пациенти и 100 вработени останаа во болницата по евакуацијата.

Иако теоретски имаат посебна заштита според законите на војната, болниците се цел на израелската армија во војната што започна во октомври.

Во Газа веќе нема ниту една болница што нормално функционира, објавија во средата ОН.

 

The post Израелските сили упаднаа во болница appeared first on Република.

]]>

Израелските сили денеска упаднаа во болница во Кан Јунис, најголемиот град на југот на Појасот Газа, кој го опколуваа со недели, соопшти палестинската Црвена полумесечина. Се наведува дека „окупациските сили упаднале во болницата Ал-Амал и почнале да ја пребаруваат“ и дека Црвената полумесечина има потешкотии да комуницира со своите тимови во болницата. Болницата Ал-Амал е во центарот на конфликтот меѓу израелските сили и борците на Хамас, кој владее со Газа од 2007 година. Палестинската Црвена полумесечина вчера извести за „силно гранатирање и истрели“ околу болницата. Невладината организација за медицинска помош апелира да се заштити установата и да се овозможи продолжување на снабдувањето, посочувајќи дека нема доволно кислород, лекови и гориво за генераторите на струја во болницата. Црвената полумесечина оваа недела соопшти дека 8.000 луѓе биле евакуирани, кои се засолниле во болницата Ал-Амал и околу нејзините блиски локални канцеларии. Околу 40 раселени лица, 80 пациенти и 100 вработени останаа во болницата по евакуацијата. Иако теоретски имаат посебна заштита според законите на војната, болниците се цел на израелската армија во војната што започна во октомври. Во Газа веќе нема ниту една болница што нормално функционира, објавија во средата ОН.  

The post Израелските сили упаднаа во болница appeared first on Република.

]]>
Израелските војници ја демолираа куќата на висок функционер на Хамас на Западниот Брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-vojnitsi-ja-demoliraa-kukata-na-visok-funktsioner-na-hamas-na-zapadniot-breg/ Tue, 31 Oct 2023 09:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=696601

Израелските војници денеска ја срушија куќата на функционерот на Хамас, Салех ал-Арури во населбата Арура кај Рамалах на окупираниот Западен Брег.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како е предизвикана контролирана експлозија. Наредбата за уривање е донесена пред неколку дена.

Ал-Арури живее во Либан и се смета де факто за лидер на Хамас на Западниот Брег и е одговорен за некои активности на исламската екстремистичка организација на таа територија, јавуваат израелските медиуми.

 

The post Израелските војници ја демолираа куќата на висок функционер на Хамас на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Израелските војници денеска ја срушија куќата на функционерот на Хамас, Салех ал-Арури во населбата Арура кај Рамалах на окупираниот Западен Брег. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како е предизвикана контролирана експлозија. Наредбата за уривање е донесена пред неколку дена. Ал-Арури живее во Либан и се смета де факто за лидер на Хамас на Западниот Брег и е одговорен за некои активности на исламската екстремистичка организација на таа територија, јавуваат израелските медиуми.  

The post Израелските војници ја демолираа куќата на висок функционер на Хамас на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>