израелски напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izraelski-napad/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 21:42:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png израелски напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izraelski-napad/ 32 32 Шест луѓе, меѓу кои и три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз село во источен Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-luge-megu-koi-i-tri-detsa-zaginaa-a-11-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-selo-vo-istochen-liban/ Sat, 16 Nov 2024 21:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=838685

Шест лица, меѓу кои три деца, загинале, а 11 се ранети во израелски напад врз либанско село во областа на градот Баалбек, соопшти либанското Министерство за здравство.

Според либанските медиуми, сите загинати се членови на исто семејство.

Во напад на израелските непријатели врз Храјбех, загинаа шест лица, од кои три деца, од кои едно тригодишно, а 11 лица, од кои пет деца, се повредени, се вели во соопштението на Министерството за здравство, кое прецизира дека две од жртвите се во „критична состојба“.

Во меѓувреме, либанските медиуми соопштија дека бил извршен „многу моќен“ израелски напад и врз населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, која била цел на серија бомбашки напади во текот на денот.

The post Шест луѓе, меѓу кои и три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз село во источен Либан appeared first on Република.

]]>

Шест лица, меѓу кои три деца, загинале, а 11 се ранети во израелски напад врз либанско село во областа на градот Баалбек, соопшти либанското Министерство за здравство. Според либанските медиуми, сите загинати се членови на исто семејство.
Во напад на израелските непријатели врз Храјбех, загинаа шест лица, од кои три деца, од кои едно тригодишно, а 11 лица, од кои пет деца, се повредени, се вели во соопштението на Министерството за здравство, кое прецизира дека две од жртвите се во „критична состојба“.
Во меѓувреме, либанските медиуми соопштија дека бил извршен „многу моќен“ израелски напад и врз населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, која била цел на серија бомбашки напади во текот на денот.

The post Шест луѓе, меѓу кои и три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз село во источен Либан appeared first on Република.

]]>
Во израелски напад во Газа загинале најмалку 30 луѓе меѓу кои има и деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-izraelski-napad-vo-gaza-zaginale-najmalku-30-luge-megu-koi-ima-i-detsa/ Sat, 19 Oct 2024 08:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=828715

Најмалку 30 луѓе загинале, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, објавија палестинските медиуми.

Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија.

Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште за оружје лоцирано во зграда која претходно била користена како клиника.

Израелската армија почна нова копнена офанзива на северот на Појасот Газа на 6 октомври, повикувајќи до 400.000 цивили кои издржале една година војна да се преселат на југ.

Сепак, многу од луѓето, од кои некои веќе неколку пати беа раселени, го игнорираа повикот, велејќи дека израелската војска нападнала и во таканаречените безбедни зони на југ.

По неколкумесечниот ќор-сокак во индиректните преговори меѓу двете страни за договор за прекин на огнот, некои се надеваат дека убиството на водачот на Хамас, Јахја ал Синвар во Газа претходно оваа недела може да резултира со завршување на војната од страна на Израел, иако неговото раководство посочи дека не е планира веднаш да го стори тоа, забележува ДПА.

Бројот на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот се искачи на над 42.000, според здравствените власти во Газа.

The post Во израелски напад во Газа загинале најмалку 30 луѓе меѓу кои има и деца appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 луѓе загинале, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, објавија палестинските медиуми. Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија. Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште за оружје лоцирано во зграда која претходно била користена како клиника. Израелската армија почна нова копнена офанзива на северот на Појасот Газа на 6 октомври, повикувајќи до 400.000 цивили кои издржале една година војна да се преселат на југ. Сепак, многу од луѓето, од кои некои веќе неколку пати беа раселени, го игнорираа повикот, велејќи дека израелската војска нападнала и во таканаречените безбедни зони на југ. По неколкумесечниот ќор-сокак во индиректните преговори меѓу двете страни за договор за прекин на огнот, некои се надеваат дека убиството на водачот на Хамас, Јахја ал Синвар во Газа претходно оваа недела може да резултира со завршување на војната од страна на Израел, иако неговото раководство посочи дека не е планира веднаш да го стори тоа, забележува ДПА. Бројот на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот се искачи на над 42.000, според здравствените власти во Газа.

The post Во израелски напад во Газа загинале најмалку 30 луѓе меѓу кои има и деца appeared first on Република.

]]>
Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ofitsijalen-pretstavnik-na-on-dvajtsa-mirovnitsi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vo-liban/ Thu, 10 Oct 2024 16:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=825325

Официјален претставник на Обединетите нации (ОН) денеска изјави дека двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан се ранети во израелски напад.

Како што јавија светските агенции, претставникот не бил овластен да зборува за медиумите и дал изјава под услов да остане анонимен.

Официјалниот претставник изјави дека денеска израелските сили пукале врз три позиции на УНИФИЛ, мировните сили во јужен Либан.

The post Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан appeared first on Република.

]]>

Официјален претставник на Обединетите нации (ОН) денеска изјави дека двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан се ранети во израелски напад. Како што јавија светските агенции, претставникот не бил овластен да зборува за медиумите и дал изјава под услов да остане анонимен. Официјалниот претставник изјави дека денеска израелските сили пукале врз три позиции на УНИФИЛ, мировните сили во јужен Либан.

The post Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан appeared first on Република.

]]>
Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут и покрај израелскиот воздушен напад во близина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avion-na-er-srbija-poleta-od-bejrut-i-pokraj-izraelskiot-vozdushen-napad-vo-blizina/ Thu, 10 Oct 2024 13:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=824703

Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот во Бејрут и покрај израелските воздушни напади во непосредна близина.

Станува збор за специјален лет на „Ер Србија“ организиран од српската Влада, кој со 88 патници од Либан, успешно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, со што се обезбеди евакуација на српските граѓани.

Најголем дел од патниците се државјани на Република Србија, а некои државјани на соседните земји живеат или престојуваат во Либан.

The post Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут и покрај израелскиот воздушен напад во близина appeared first on Република.

]]>

Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот во Бејрут и покрај израелските воздушни напади во непосредна близина. Станува збор за специјален лет на „Ер Србија“ организиран од српската Влада, кој со 88 патници од Либан, успешно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, со што се обезбеди евакуација на српските граѓани. Најголем дел од патниците се државјани на Република Србија, а некои државјани на соседните земји живеат или престојуваат во Либан.

The post Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут и покрај израелскиот воздушен напад во близина appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати од израелскиот напад врз Бејрут се искачи на 45 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-od-izraelskiot-napad-vrz-bejrut-se-iskachi-na-45-luge/ Sun, 22 Sep 2024 08:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=818625

Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад во јужните предградија на Бејрут оваа недела се искачи на 45, соопшти либанското Министерство за здравство.

Бројот на загинатите се искачи на 45 лица“, се вели во соопштението на министерството, ажурирајќи го претходниот биланс од 37 од нападот во петокот.

Во соопштението се додава дека „работата продолжува на отстранување на урнатините трет ден по ред“ и дека примерок од ДНК ќе се користи за да се утврди идентитетот на некои од телата.

The post Бројот на загинати од израелскиот напад врз Бејрут се искачи на 45 луѓе appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад во јужните предградија на Бејрут оваа недела се искачи на 45, соопшти либанското Министерство за здравство.
Бројот на загинатите се искачи на 45 лица“, се вели во соопштението на министерството, ажурирајќи го претходниот биланс од 37 од нападот во петокот.
Во соопштението се додава дека „работата продолжува на отстранување на урнатините трет ден по ред“ и дека примерок од ДНК ќе се користи за да се утврди идентитетот на некои од телата.

The post Бројот на загинати од израелскиот напад врз Бејрут се искачи на 45 луѓе appeared first on Република.

]]>
Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-100-palestintsi-ubieni-vo-izraelski-napad-vrz-uchilishte-vo-gaza/ Sat, 10 Aug 2024 09:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=805127

Над 100 луѓе загинале во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија палестинските медиуми.

Бројот на загинатите сега е 100, има уште десетици ранети. Три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци“, изјави портпаролот на палестинската Агенција за цивилна одбрана, Махмуд Басал.

Израелската војска соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај.

Палестинската воена група Исламски џихад соопшти дека нападот се случил „за време на утринска молитва“.

Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека „голем дел од повредените се во тешка и критична состојба“.

Во училиштето имало околу 250 жени и деца.

The post Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа appeared first on Република.

]]>

Над 100 луѓе загинале во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија палестинските медиуми.
Бројот на загинатите сега е 100, има уште десетици ранети. Три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци“, изјави портпаролот на палестинската Агенција за цивилна одбрана, Махмуд Басал.
Израелската војска соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај. Палестинската воена група Исламски џихад соопшти дека нападот се случил „за време на утринска молитва“. Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека „голем дел од повредените се во тешка и критична состојба“. Во училиштето имало околу 250 жени и деца.

The post Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа appeared first on Република.

]]>
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад на куќа во Рафа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-detsa-i-trojtsa-vozrasni-zaginaa-vo-izraelski-napad-na-kuka-vo-rafa/ Sat, 20 Apr 2024 13:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=768458

Шест деца и тројца возрасни загинале во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври.

The post Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад на куќа во Рафа appeared first on Република.

]]>

Шест деца и тројца возрасни загинале во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава. И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври.

The post Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад на куќа во Рафа appeared first on Република.

]]>
Израел ја нападна иранската амбасада во Сирија – Блискиот Исток пред сериозна ескалација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-ja-napadna-iranskata-ambasada-vo-sirija-bliskiot-istok-pred-seriozna-eskalatsija/ Mon, 01 Apr 2024 18:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=761044

Израелските воздухопловни сили извршиле нов напад на сириска територија. Целта на овој напад била зграда во Дамаск веднаш до иранската амбасада во Сирија, која била дел од конзуларниот објект.

Според првичните информации, најмалку шест лица загинале. Овој напад може да има сериозни последици и да се смета како директен напад на иранска територија.

Сепак, според познавачите на случувањата на Блискиот Исток, иранскиот одговор нема да има форма на директен напад врз Израел, туку Иран ќе продолжи да ја вооружува оската на отпорот против израелските сили во регионот.

Во врска со израелскиот напад во Дамаск, „Ројтерс“ објави дека еден од загинатите во израелскиот напад бил високиот командант на иранската Револуционерна гарда - ИРГЦ, Мохамад Реза Захеди.

The post Израел ја нападна иранската амбасада во Сирија – Блискиот Исток пред сериозна ескалација appeared first on Република.

]]>

Израелските воздухопловни сили извршиле нов напад на сириска територија. Целта на овој напад била зграда во Дамаск веднаш до иранската амбасада во Сирија, која била дел од конзуларниот објект. Според првичните информации, најмалку шест лица загинале. Овој напад може да има сериозни последици и да се смета како директен напад на иранска територија. Сепак, според познавачите на случувањата на Блискиот Исток, иранскиот одговор нема да има форма на директен напад врз Израел, туку Иран ќе продолжи да ја вооружува оската на отпорот против израелските сили во регионот. Во врска со израелскиот напад во Дамаск, „Ројтерс“ објави дека еден од загинатите во израелскиот напад бил високиот командант на иранската Револуционерна гарда - ИРГЦ, Мохамад Реза Захеди.

The post Израел ја нападна иранската амбасада во Сирија – Блискиот Исток пред сериозна ескалација appeared first on Република.

]]>