Израел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izrael/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 12:56:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Израел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izrael/ 32 32 Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-potvrdi-deka-utrinata-izvrshila-napad-vo-juzhen-liban/ Thu, 28 Nov 2024 12:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=842782

Израелската армија (ИДФ) потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан, што го опиша како „предупредувачки напад“.

Ова е прв извештај за напад со беспилотно летало откако вчераутро стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

ИДФ објави дека ги идентификувала осомничените, кои со возила пристигнале во неколку области на јужен Либан, што претставува прекршување на прекинот на огнот, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата отвори оган врз осомничените во областа Маркаба, но немала намера да убие никого.

Либанските медиуми јавија дека во нападот се повредени најмалку две лица, додека Израел најави дека ќе преземе соодветни мерки против секое прекршување на примирјето.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила вчераутро, како дел од договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

The post Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан appeared first on Република.

]]>

Израелската армија (ИДФ) потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан, што го опиша како „предупредувачки напад“. Ова е прв извештај за напад со беспилотно летало откако вчераутро стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах. ИДФ објави дека ги идентификувала осомничените, кои со возила пристигнале во неколку области на јужен Либан, што претставува прекршување на прекинот на огнот, објави „Тајмс оф Израел“. Армијата отвори оган врз осомничените во областа Маркаба, но немала намера да убие никого. Либанските медиуми јавија дека во нападот се повредени најмалку две лица, додека Израел најави дека ќе преземе соодветни мерки против секое прекршување на примирјето. Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила вчераутро, како дел од договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

The post Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан appeared first on Република.

]]>
Израел поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-podnese-zhalba-protiv-odlukata-na-megunarodniot-krivichen-sud-za-nalogot-za-apsene-na-netanjahu-i-galant/ Wed, 27 Nov 2024 21:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=842546

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ја обжалил одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант.

Во владиното соопштение се наведува дека во жалбата „детално се објаснува колку е апсурдно издавањето на налогот за апсење и колку истиот нема фактичка и правна основа“.

Ако МКС ја отфрли жалбата, тоа само „ќе им покаже на пријателите на Израел во САД и светот колку е пристрасен Меѓународниот кривичен суд против Израел“, се додава во соопштението.

МКС минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант и водачот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

Судот го отфрли тврдењето на Израел дека требало да го извести Израел за истрагата за борбите, иако рече дека земјата може да поднесе жалба на надлежноста на судот по одлуката за издавање на налогот за апсење.

The post Израел поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ја обжалил одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант. Во владиното соопштение се наведува дека во жалбата „детално се објаснува колку е апсурдно издавањето на налогот за апсење и колку истиот нема фактичка и правна основа“. Ако МКС ја отфрли жалбата, тоа само „ќе им покаже на пријателите на Израел во САД и светот колку е пристрасен Меѓународниот кривичен суд против Израел“, се додава во соопштението. МКС минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант и водачот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа. Судот го отфрли тврдењето на Израел дека требало да го извести Израел за истрагата за борбите, иако рече дека земјата може да поднесе жалба на надлежноста на судот по одлуката за издавање на налогот за апсење.

The post Израел поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант appeared first on Република.

]]>
Меѓународни реакции на примирјето во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodni-reaktsii-na-primirjeto-vo-liban/ Wed, 27 Nov 2024 16:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=842431

Либанскиот премиер, Наџиб Микати ијави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е „фундаментален чекор“ кон регионалната стабилност. Заблагодарувајќи им се на Париз и Вашингтон за нивниот ангажман, Микати истакна дека либанската влада е посветена на „зајакнување на присуството на армијата на југот на земјата“, упориштето на движењето Хезболах.

Палестинските власти денеска го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах и изразија надеж дека тоа „ќе помогне да се запре насилството и нестабилноста“ во регионот.

Техеран го поздрави „запирањето на израелската агресија“ во Либан, каде Иран финансиски и воено го поддржува Хезболах.

Иран цврсто ја поддржува владата, нацијата и либанскиот отпор“, изјави иранскиот дипломатски портпарол Есмаил Багај.

Ирачкото Министерство за надворешни работи го поздрави прекинот на огнот во Либан, повикувајќи на дополнителни меѓународни напори за да се избегне каква било понатамошна ескалација.

Меѓународната заедница, исто така, мора да преземе сериозни и итни мерки за да ги запре масакрите и нападите врз Палестинците во Газа, додаде Министерството.

Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН.

Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“.

Тој чекор „мора да биде придружен со меѓународни напори насочени кон ставање крај на агресијата врз Појасот Газа, како и израелските напади на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Катар „го поздравува прекинот на огнот склучен во Либан“.

Како што се наведува во соопштението, Министерството додаде дека се надева на „сличен договор за ставање крај на тековната војна во Појасот Газа и израелските напади на окупираниот Западен Брег“.

Турското Министерство за надворешни работи „го поздрави позитивниот исход од преговорите за прекин на огнот во Либан и се надева дека тој ќе биде постојан“.

Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел строго да го почитува прекинот на огнот и да ја компензира штетата што ја предизвика во Либан, додаде тој.

Пекинг соопшти дека го „поздравува“ прекинот на огнот во Либан меѓу Израел и Хезболах.

Ги поддржуваме сите напори за намалување на тензиите и постигнување мир и го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат од релевантните страни, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека договорот е „трошка надеж за целиот регион“.

Населението од двете страни на границата сака да живее во вистинска безбедност што трае, рече Бербок.

Прекинот на огнот „ќе донесе одредено олеснување за цивилното население на Либан и северен Израел, кои претрпеа незамисливи последици во последните месеци од разорниот конфликт“, рече британскиот премиер, Кир Стармер.

Тој додаде дека прекинот на огнот „сега мора да се трансформира во трајно политичко решение во Либан“.

The post Меѓународни реакции на примирјето во Либан appeared first on Република.

]]>

Либанскиот премиер, Наџиб Микати ијави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е „фундаментален чекор“ кон регионалната стабилност. Заблагодарувајќи им се на Париз и Вашингтон за нивниот ангажман, Микати истакна дека либанската влада е посветена на „зајакнување на присуството на армијата на југот на земјата“, упориштето на движењето Хезболах. Палестинските власти денеска го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах и изразија надеж дека тоа „ќе помогне да се запре насилството и нестабилноста“ во регионот. Техеран го поздрави „запирањето на израелската агресија“ во Либан, каде Иран финансиски и воено го поддржува Хезболах.
Иран цврсто ја поддржува владата, нацијата и либанскиот отпор“, изјави иранскиот дипломатски портпарол Есмаил Багај.
Ирачкото Министерство за надворешни работи го поздрави прекинот на огнот во Либан, повикувајќи на дополнителни меѓународни напори за да се избегне каква било понатамошна ескалација.
Меѓународната заедница, исто така, мора да преземе сериозни и итни мерки за да ги запре масакрите и нападите врз Палестинците во Газа, додаде Министерството.
Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН. Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“.
Тој чекор „мора да биде придружен со меѓународни напори насочени кон ставање крај на агресијата врз Појасот Газа, како и израелските напади на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Катар „го поздравува прекинот на огнот склучен во Либан“. Како што се наведува во соопштението, Министерството додаде дека се надева на „сличен договор за ставање крај на тековната војна во Појасот Газа и израелските напади на окупираниот Западен Брег“. Турското Министерство за надворешни работи „го поздрави позитивниот исход од преговорите за прекин на огнот во Либан и се надева дека тој ќе биде постојан“.
Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел строго да го почитува прекинот на огнот и да ја компензира штетата што ја предизвика во Либан, додаде тој.
Пекинг соопшти дека го „поздравува“ прекинот на огнот во Либан меѓу Израел и Хезболах.
Ги поддржуваме сите напори за намалување на тензиите и постигнување мир и го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат од релевантните страни, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека договорот е „трошка надеж за целиот регион“.
Населението од двете страни на границата сака да живее во вистинска безбедност што трае, рече Бербок.
Прекинот на огнот „ќе донесе одредено олеснување за цивилното население на Либан и северен Израел, кои претрпеа незамисливи последици во последните месеци од разорниот конфликт“, рече британскиот премиер, Кир Стармер. Тој додаде дека прекинот на огнот „сега мора да се трансформира во трајно политичко решение во Либан“.

The post Меѓународни реакции на примирјето во Либан appeared first on Република.

]]>
Израел се согласи на примирје со Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-se-soglasi-na-primirje-so-hezbolah/ Tue, 26 Nov 2024 21:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=842061

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран.

Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.

- Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.

Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

The post Израел се согласи на примирје со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран. Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток. - Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах. Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

The post Израел се согласи на примирје со Хезболах appeared first on Република.

]]>
ИДФ: Хезболах лансираше околу 240 ракети кон Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/idf-hezbolah-lansirashe-okolu-240-raketi-kon-izrael/ Sun, 24 Nov 2024 19:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=841381

Сирените за тревога денеска се огласија во централен и северен Израел, вклучително и во Тел Авив поради ракети лансирани од Либан од страна на милитантното движење Хезболах.

Според израелската армија (ИДФ) врз Израел истрелани се околу 240 ракети. ИДФ претходно соопшти дека врз Израел лансирани се околу 150 ракети.

Претставникот на спасувачката служба Маген Дејвид Адом изјави дека при нападите повредени се најмалку шест лица. Во Петач Тиква, источно од Тел Авив, оштетени се куќи, а вечерва таму повторно се слушнаа сирени.

Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, како поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан.

Според најновите информации на либанското Министерство за здравство во вчерашните израелските воздушни напади во Либан загинале околу 84 лица, а 213 се повредени.

The post ИДФ: Хезболах лансираше околу 240 ракети кон Израел appeared first on Република.

]]>

Сирените за тревога денеска се огласија во централен и северен Израел, вклучително и во Тел Авив поради ракети лансирани од Либан од страна на милитантното движење Хезболах. Според израелската армија (ИДФ) врз Израел истрелани се околу 240 ракети. ИДФ претходно соопшти дека врз Израел лансирани се околу 150 ракети. Претставникот на спасувачката служба Маген Дејвид Адом изјави дека при нападите повредени се најмалку шест лица. Во Петач Тиква, источно од Тел Авив, оштетени се куќи, а вечерва таму повторно се слушнаа сирени. Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, како поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан. Според најновите информации на либанското Министерство за здравство во вчерашните израелските воздушни напади во Либан загинале околу 84 лица, а 213 се повредени.

The post ИДФ: Хезболах лансираше околу 240 ракети кон Израел appeared first on Република.

]]>
Израел ја критикувa нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-ja-kritikuva-natsrt-zavrshnata-deklaratsija-od-pretstojniot-samit-na-g-20-vo-brazil/ Sun, 17 Nov 2024 09:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=838742

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, го критикуваше нацртот на завршната декларација на претстојниот самит на Г-20 во Бразил, нарекувајќи го текстот „неурамнотежен и пристрасен“, јави ДПА.

Саар на социјалната мрежа „Х“ изјави дека деновиве се јавил на неколку свои колеги од земјите на Г-20 и го изразил своето незадоволство од проектот пред дводневниот состанок што почнува утре во Рио де Жанеиро.

Им изјавив на моите колеги дека сеопфатната изјава за конфликтот во нашиот регион мора да вклучува признавање на правото на Израел да се брани, барање за ослободување на сите заложници кои ги држат терористите на Хамас повеќе од 400 дена во ужасни услови и осуда на Хамас и Хезболах, рече тој.

Според неговите зборови, секоја изјава што не се однесува на овие теми „ќе им наштети на мирот и безбедноста и само ќе го охрабри Иран и неговите полномошници да продолжат да предизвикуваат нестабилност на Блискиот Исток“.

Израел не е членка на Г-20, а Саудиска Арабија е единствената арапска земја која е дел од овој формат, забележува ДПА.

The post Израел ја критикувa нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, го критикуваше нацртот на завршната декларација на претстојниот самит на Г-20 во Бразил, нарекувајќи го текстот „неурамнотежен и пристрасен“, јави ДПА. Саар на социјалната мрежа „Х“ изјави дека деновиве се јавил на неколку свои колеги од земјите на Г-20 и го изразил своето незадоволство од проектот пред дводневниот состанок што почнува утре во Рио де Жанеиро.
Им изјавив на моите колеги дека сеопфатната изјава за конфликтот во нашиот регион мора да вклучува признавање на правото на Израел да се брани, барање за ослободување на сите заложници кои ги држат терористите на Хамас повеќе од 400 дена во ужасни услови и осуда на Хамас и Хезболах, рече тој.
Според неговите зборови, секоја изјава што не се однесува на овие теми „ќе им наштети на мирот и безбедноста и само ќе го охрабри Иран и неговите полномошници да продолжат да предизвикуваат нестабилност на Блискиот Исток“. Израел не е членка на Г-20, а Саудиска Арабија е единствената арапска земја која е дел од овој формат, забележува ДПА.

The post Израел ја критикувa нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил appeared first on Република.

]]>
Израелците уапсиле три лица во врска со ракетите испукани кон резиденцијата на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-uapsile-tri-litsa-vo-vrska-so-raketite-ispukani-kon-rezidentsijata-na-netanjahu/ Sun, 17 Nov 2024 08:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=838728

Израелската полиција соопшти дека уапсила три лица во врска со синоќешните лесни ракети паднати во вилата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во крајбрежниот град Цезареја, соопштија израелската служба за безбедност Шин Бет и полицијата.

Синоќа беа уапсени тројца осомничени за нивната вмешаност во инцидент што се случи во Цезареја и централниот дел на земјата, се вели во соопштението и се додава дека судот забранил објавување информации за истрагата и идентитетот на осомничените во рок од 30 дена.

Израелските медиуми објавија дека еден од уапсените е висок воен резервист.

Надлежните укажаа дека премиерот и неговото семејство не биле во резиденцијата во моментот кога биле испукани двата ракети. Немало повредени.

https://republika.mk/vesti/svet/dve-raketi-padnale-vo-blizina-na-rezidentsijata-na-netanjahu/

Полицијата не објави детали за идентитетот на осомничените, но властите посочија дека тие најверојатно се домашни политички критичари на Нетанјаху. Израелскиот претседател Јицак Херцог го осуди чинот и предупреди на алармантен тренд на „зголемување на насилството во јавната сфера“.

На видеото кое на социјалните мрежи го објави репортер на јавниот сервис Кан, се гледа дека лесните ракети се истрелани во воздух над домот на премиерот, а не кон него. Една ракета очигледно не функционирала и веднаш паднала на земја.

Нетанјаху со месеци беше предмет на масовни протести поради неговото справување со заложничката криза што уследи по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинското движење „Хамас“ што ја поттикна сè уште немилосрдната војна во Појасот Газа.

Критичарите го обвинуваат Нетанјаху за безбедносен неуспех што овозможил нападот да се случи и дека поради него не може да се постигне договор за ослободување на десетиците израелски граѓани кои се уште се држат во заробеништво во Газа.

Минатиот месец дрон лансиран од либанското шиитско движење Хезболах ја погоди резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја, но дури и тогаш тој и неговото семејство не беа таму.

The post Израелците уапсиле три лица во врска со ракетите испукани кон резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелската полиција соопшти дека уапсила три лица во врска со синоќешните лесни ракети паднати во вилата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во крајбрежниот град Цезареја, соопштија израелската служба за безбедност Шин Бет и полицијата.
Синоќа беа уапсени тројца осомничени за нивната вмешаност во инцидент што се случи во Цезареја и централниот дел на земјата, се вели во соопштението и се додава дека судот забранил објавување информации за истрагата и идентитетот на осомничените во рок од 30 дена.
Израелските медиуми објавија дека еден од уапсените е висок воен резервист. Надлежните укажаа дека премиерот и неговото семејство не биле во резиденцијата во моментот кога биле испукани двата ракети. Немало повредени. https://republika.mk/vesti/svet/dve-raketi-padnale-vo-blizina-na-rezidentsijata-na-netanjahu/ Полицијата не објави детали за идентитетот на осомничените, но властите посочија дека тие најверојатно се домашни политички критичари на Нетанјаху. Израелскиот претседател Јицак Херцог го осуди чинот и предупреди на алармантен тренд на „зголемување на насилството во јавната сфера“. На видеото кое на социјалните мрежи го објави репортер на јавниот сервис Кан, се гледа дека лесните ракети се истрелани во воздух над домот на премиерот, а не кон него. Една ракета очигледно не функционирала и веднаш паднала на земја. Нетанјаху со месеци беше предмет на масовни протести поради неговото справување со заложничката криза што уследи по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинското движење „Хамас“ што ја поттикна сè уште немилосрдната војна во Појасот Газа. Критичарите го обвинуваат Нетанјаху за безбедносен неуспех што овозможил нападот да се случи и дека поради него не може да се постигне договор за ослободување на десетиците израелски граѓани кои се уште се држат во заробеништво во Газа. Минатиот месец дрон лансиран од либанското шиитско движење Хезболах ја погоди резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја, но дури и тогаш тој и неговото семејство не беа таму.

The post Израелците уапсиле три лица во врска со ракетите испукани кон резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dve-raketi-padnale-vo-blizina-na-rezidentsijata-na-netanjahu/ Sun, 17 Nov 2024 08:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=838717

Две ракети синоќа паднале во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „сериозен случај“.

Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција. Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.

Службите оценуваат дека станува збор за „опасна ескалација“.

Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.

На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое Израел војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга. Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.

The post Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Две ракети синоќа паднале во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „сериозен случај“.
Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција. Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.
Службите оценуваат дека станува збор за „опасна ескалација“. Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите. На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое Израел војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга. Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.

The post Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Израелскиот претседател го откажа патувањето на самитот на ОН за климатски промени поради безбедносни причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskiot-pretsedatel-go-otkazha-patuvaneto-za-samitot-na-on-za-klimatski-promeni-poradi-bezbednosni-prichini/ Sat, 16 Nov 2024 21:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=838633

Израелскиот претседател Исак Херцог ја откажа планираната посета на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан поради „безбедносни грижи“, соопшти неговиот кабинет, без да даде дополнителни детали.

Израелските медиуми шпекулираа дека постои загриженост за можни ирански напади врз израелски цели во Азербејџан, кој е домаќин на разговорите на КОП29 што се водат во Баку.

Херцог отпатува за Азербејџан за прв пат во државна посета во мај 2023 година.

Оваа претежно муслиманска земја се смета за важен геостратешки партнер за израелската влада бидејќи се граничи со Иран. Односите меѓу Баку и Техеран генерално беа ладни.

The post Израелскиот претседател го откажа патувањето на самитот на ОН за климатски промени поради безбедносни причини appeared first on Република.

]]>

Израелскиот претседател Исак Херцог ја откажа планираната посета на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан поради „безбедносни грижи“, соопшти неговиот кабинет, без да даде дополнителни детали. Израелските медиуми шпекулираа дека постои загриженост за можни ирански напади врз израелски цели во Азербејџан, кој е домаќин на разговорите на КОП29 што се водат во Баку. Херцог отпатува за Азербејџан за прв пат во државна посета во мај 2023 година. Оваа претежно муслиманска земја се смета за важен геостратешки партнер за израелската влада бидејќи се граничи со Иран. Односите меѓу Баку и Техеран генерално беа ладни.

The post Израелскиот претседател го откажа патувањето на самитот на ОН за климатски промени поради безбедносни причини appeared first on Република.

]]>
Израелски министер: Израел е поблиску од кога било до договор за прекин на огнот со Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelski-minister-izrael-e-poblisku-od-koga-bilo-do-dogovor-za-prekin-na-ognot-so-hezbolah/ Thu, 14 Nov 2024 20:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=837878

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен денеска изјави дека Израел е поблиску до постигнување договор за прекин на огнот со либанскиот Хезболах отколку што беше од почетокот на војната.

Коен, член на безбедносниот кабинет на израелската влада, сепак, во изјава за Ројтерс рече дека Израел мора да ја задржи слободата на дејствување во Либан доколку се прекрши некој договор.

Клучниот камен на сопнување за Израел, како што рече министерот, е обезбедувањето слобода на дејствување доколку Хезболах се врати во пограничните области каде што може да претставува закана за израелските заедници.

„Помалку ќе простуваме од претходно за обидите да се создадат упоришта на териториите во близина на Израел“, рече Коен.

Израелските медиуми објавија дека одговорот на Либан на предлогот за прекин на огнот испратен до Бејрут од САД би можел да пристигне во следните 24 часа.

Министерот за стратешки прашања Рон Дермер оваа недела разговараше во Вашингтон со претставници на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за последните детали од предлогот, вклучително и писмени гаранции дека Израел има слобода на дејствување против заканите на Хезболах во Либан.

Дермер се сретна и со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар неодамна изјави дека е постигнат одреден напредок во напорите да се постигне прекин на огнот во конфликтот со Хезболах.

Малку подоцна израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека Израел нема да се повлече додека не се постигнат целите на војната.

Тој го повтори ова во средата и изјави дека целта е да се разоружа Хезболах, да се истурка оваа проиранска организација преку реката Литани и да им се овозможи на жителите на северен Израел безбедно да се вратат во своите домови.

Според податоците на либанските власти, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и тешко вооружената организација, ден по почетокот на војната во Газа, на 8 октомври минатата година, загинале повеќе од 3.200 луѓе, главно цивили. Повеќето од нив починале од крајот на септември.

76 лица загинаа во Израел, од кои 31 војник, според Асошиејтед прес.

The post Израелски министер: Израел е поблиску од кога било до договор за прекин на огнот со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен денеска изјави дека Израел е поблиску до постигнување договор за прекин на огнот со либанскиот Хезболах отколку што беше од почетокот на војната. Коен, член на безбедносниот кабинет на израелската влада, сепак, во изјава за Ројтерс рече дека Израел мора да ја задржи слободата на дејствување во Либан доколку се прекрши некој договор. Клучниот камен на сопнување за Израел, како што рече министерот, е обезбедувањето слобода на дејствување доколку Хезболах се врати во пограничните области каде што може да претставува закана за израелските заедници.
„Помалку ќе простуваме од претходно за обидите да се создадат упоришта на териториите во близина на Израел“, рече Коен.
Израелските медиуми објавија дека одговорот на Либан на предлогот за прекин на огнот испратен до Бејрут од САД би можел да пристигне во следните 24 часа. Министерот за стратешки прашања Рон Дермер оваа недела разговараше во Вашингтон со претставници на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за последните детали од предлогот, вклучително и писмени гаранции дека Израел има слобода на дејствување против заканите на Хезболах во Либан. Дермер се сретна и со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар неодамна изјави дека е постигнат одреден напредок во напорите да се постигне прекин на огнот во конфликтот со Хезболах. Малку подоцна израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека Израел нема да се повлече додека не се постигнат целите на војната. Тој го повтори ова во средата и изјави дека целта е да се разоружа Хезболах, да се истурка оваа проиранска организација преку реката Литани и да им се овозможи на жителите на северен Израел безбедно да се вратат во своите домови. Според податоците на либанските власти, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и тешко вооружената организација, ден по почетокот на војната во Газа, на 8 октомври минатата година, загинале повеќе од 3.200 луѓе, главно цивили. Повеќето од нив починале од крајот на септември. 76 лица загинаа во Израел, од кои 31 војник, според Асошиејтед прес.

The post Израелски министер: Израел е поблиску од кога било до договор за прекин на огнот со Хезболах appeared first on Република.

]]>
Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komesarot-na-on-zabranata-na-rabotata-na-unrva-ke-gi-lishi-palestinskite-detsa-od-obrazovanie-i-ke-gi-radikalizira/ Sun, 03 Nov 2024 16:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=833803

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која им обезбедува засолниште, образование, медицински услуги, храна и вода на луѓето раселени во Палестина, предупреди дека забраната за работата на агенцијата во рамките на Израел и окупираниот Источен Ерусалим ќе ги лиши палестинските деца од образование во догледна иднина.

Во соопштението објавено на платформата Икс, Лазарини наведува дека лишувањето од образование ќе ги зголеми шансите децата да се радикализираат и да се навикнат да се приклучуваат на вооружени групи, а исто така ќе го зголеми нивото на сиромаштија.

Без УНРВА, судбината на милиони луѓе ќе виси на конец. Наместо да се фокусираме на забрана на УНРВА или изнаоѓање алтернативи, фокусот треба да биде на постигнување договор за ставање крај на конфликтот“, напиша Лазарини.

Поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, речиси сите жители на палестинската територија живеат во сиромаштија, а показателите за квалитетот на животот, како што се здравството и образованието, покажуваат дека тој се вратил 70 години наназад, соопшти во октомври Агенцијата за развој при ОН.

Од почетокот на војната во октомври минатата година, училиштата беа бомбардирани во израелски напади или претворени во засолништа за раселените луѓе, а околу 625.000 ученици во Газа не можат да присуствуваат на настава.

Лазарини рече дека до крајот на минатиот октомври УНРВА одржала предавања за повеќе од 300.000 деца, но дека тие сега се лишени од образование втора година по ред.

Палестинското Министерство за образование отвори виртуелни и отворени училишта на Западниот Брег за учениците во Газа, велејќи дека одлучило да обезбеди училишни часови секаде каде што е можно, дури и во шатори.

Минатата недела 92 израелски пратеници гласаа за забрана на активностите на УНРВА во Израел, а само десет беа против.

The post Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира appeared first on Република.

]]>

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која им обезбедува засолниште, образование, медицински услуги, храна и вода на луѓето раселени во Палестина, предупреди дека забраната за работата на агенцијата во рамките на Израел и окупираниот Источен Ерусалим ќе ги лиши палестинските деца од образование во догледна иднина. Во соопштението објавено на платформата Икс, Лазарини наведува дека лишувањето од образование ќе ги зголеми шансите децата да се радикализираат и да се навикнат да се приклучуваат на вооружени групи, а исто така ќе го зголеми нивото на сиромаштија.
Без УНРВА, судбината на милиони луѓе ќе виси на конец. Наместо да се фокусираме на забрана на УНРВА или изнаоѓање алтернативи, фокусот треба да биде на постигнување договор за ставање крај на конфликтот“, напиша Лазарини.
Поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, речиси сите жители на палестинската територија живеат во сиромаштија, а показателите за квалитетот на животот, како што се здравството и образованието, покажуваат дека тој се вратил 70 години наназад, соопшти во октомври Агенцијата за развој при ОН. Од почетокот на војната во октомври минатата година, училиштата беа бомбардирани во израелски напади или претворени во засолништа за раселените луѓе, а околу 625.000 ученици во Газа не можат да присуствуваат на настава. Лазарини рече дека до крајот на минатиот октомври УНРВА одржала предавања за повеќе од 300.000 деца, но дека тие сега се лишени од образование втора година по ред. Палестинското Министерство за образование отвори виртуелни и отворени училишта на Западниот Брег за учениците во Газа, велејќи дека одлучило да обезбеди училишни часови секаде каде што е можно, дури и во шатори. Минатата недела 92 израелски пратеници гласаа за забрана на активностите на УНРВА во Израел, а само десет беа против.

The post Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира appeared first on Република.

]]>
Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-bara-od-rusija-da-posreduva-za-dogovor-so-hezbolah/ Sun, 03 Nov 2024 14:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=833782

Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“.

Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк.

Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот.

„Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.

Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.

The post Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“. Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк. Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот. „Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.
Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.

The post Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах appeared first on Република.

]]>
Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ajatolahot-hamnei-nalozhil-iran-voeno-da-odgovori-na-izraelskiot-napad-na-iranska-teritorija/ Fri, 01 Nov 2024 20:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=833266

Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел.

Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.

Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.

Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел.

Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа.

Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети.

Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.

The post Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија appeared first on Република.

]]>

Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел. Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.
Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.
Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел. Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа. Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети. Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.

The post Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија appeared first on Република.

]]>
ОН имаат намера да воведат санкции против Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-imaat-namera-da-vovedat-sanktsii-protiv-izrael/ Tue, 29 Oct 2024 14:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=832096

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш има намера да го ограничи членството на Израел во оваа меѓународна организација доколку израелскиот парламент - Кнесетот, одобри закон со кој агенцијата на ОН, УНРВА се признава како соучесник на Хамас.

Со закон усвоен од израелскиот Кнесет денеска се спречува УНРВА да продолжи со својата важна работа на окупираните палестински територии, со катастрофални последици за палестинските бегалци.

 

Го повикувам Израел да дејствува во согласност со своите обврски според Повелбата на ОН и меѓународното право. Националните закони не можат да ги променат овие обврски.

 

Го свртувам вниманието на Генералното собрание на Обединетите нации на ова прашање и ќе го информирам Собранието додека се развива ситуацијата.

 

Нема алтернатива за УНРВА, изјави Гутереш.

 

The post ОН имаат намера да воведат санкции против Израел appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш има намера да го ограничи членството на Израел во оваа меѓународна организација доколку израелскиот парламент - Кнесетот, одобри закон со кој агенцијата на ОН, УНРВА се признава како соучесник на Хамас.
Со закон усвоен од израелскиот Кнесет денеска се спречува УНРВА да продолжи со својата важна работа на окупираните палестински територии, со катастрофални последици за палестинските бегалци.   Го повикувам Израел да дејствува во согласност со своите обврски според Повелбата на ОН и меѓународното право. Националните закони не можат да ги променат овие обврски.   Го свртувам вниманието на Генералното собрание на Обединетите нации на ова прашање и ќе го информирам Собранието додека се развива ситуацијата.   Нема алтернатива за УНРВА, изјави Гутереш.
 

The post ОН имаат намера да воведат санкции против Израел appeared first on Република.

]]>
Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/satelitski-snimki-eve-shto-pogodi-izrael-vo-iran/ Tue, 29 Oct 2024 07:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=831894

Објавени се сателитски снимки кои наводно покажуваат што погодил Израел за време на неговиот напад врз Иран.

Израелскиот воздушен напад во саботата погодил зграда која била дел од непостоечката програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто гориво за проектили.

Израел го погоди и Коџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.

 

The post Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран appeared first on Република.

]]>

Објавени се сателитски снимки кои наводно покажуваат што погодил Израел за време на неговиот напад врз Иран. Израелскиот воздушен напад во саботата погодил зграда која била дел од непостоечката програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто гориво за проектили. Израел го погоди и Коџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.  

The post Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран appeared first on Република.

]]>
Израел гаѓаше во источен Либан , загинаа 62 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gagashe-vo-istochen-liban-zaginaa-62-litsa/ Tue, 29 Oct 2024 06:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=831899

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз долината Бека во источен Либан, пренесе водечкиот либански весник Ан-Нахар.

Според извештајот, во бомбардирањето има голем број цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца. Локални жители и градоначалникот на градот Балбек потврдуваат дека нападот предизвикал големи човечки загуби и разурнувања во неколку населени места, вклучувајќи ги Халанија, Будаи, Хфир, Џунин, Рам и Алак.

Интензивните напади траеја околу пет часа и започнаа вчера рано изутрина.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртвите од почетокот на израелските напади на 8 октомври минатата година достигнал 2.672 цивили, а ранети се 12.468 луѓе.

Судирот меѓу Израел и Хезболах ескалираше откако Хезболах почна да лансира ракети кон северните делови на Израел како поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа, а Израел одговори со копнена офанзива и силни воздушни напади

The post Израел гаѓаше во источен Либан , загинаа 62 лица appeared first on Република.

]]>

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз долината Бека во источен Либан, пренесе водечкиот либански весник Ан-Нахар. Според извештајот, во бомбардирањето има голем број цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца. Локални жители и градоначалникот на градот Балбек потврдуваат дека нападот предизвикал големи човечки загуби и разурнувања во неколку населени места, вклучувајќи ги Халанија, Будаи, Хфир, Џунин, Рам и Алак. Интензивните напади траеја околу пет часа и започнаа вчера рано изутрина. Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртвите од почетокот на израелските напади на 8 октомври минатата година достигнал 2.672 цивили, а ранети се 12.468 луѓе. Судирот меѓу Израел и Хезболах ескалираше откако Хезболах почна да лансира ракети кон северните делови на Израел како поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа, а Израел одговори со копнена офанзива и силни воздушни напади

The post Израел гаѓаше во источен Либан , загинаа 62 лица appeared first on Република.

]]>
Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-pobara-itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-napadot-na-izrael/ Sun, 27 Oct 2024 08:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=831342

Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.

„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.

Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш.

За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел appeared first on Република.

]]>

Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.
„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.
Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш. За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници. Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел appeared first on Република.

]]>
ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-povika-na-najgolema-vozdrzhanost-po-napadot-na-izrael-vrz-iran/ Sat, 26 Oct 2024 16:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=831301

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.

„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.

Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.

Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.
„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.
Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници. Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>
Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-izrazi-dlaboka-zagrizhenost-poradi-eskalatsijata-na-tenziite-megu-izrael-i-iran/ Sat, 26 Oct 2024 15:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=831284

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.

Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.

Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.

„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.

The post Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.
Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.
Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.
„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.

The post Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>
Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-go-napadna-iran-eksplozii-i-vo-glavniot-grad-teheran/ Sat, 26 Oct 2024 08:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=831197

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета.

Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран.

„Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран.

Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена.

Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти.

Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета. Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран. „Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран. Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена. Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти. Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>